Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Силен земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина околу 9 часот и 20 минути. Според првичните информации, потресот бил со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот на земјотресот е регистриран на 10 километри северно од Сараево на длабочина од шест километри. Земјотресот се почувствувал во поширокото подрачје на Сараево, пишуваат босанските медиуми. ,,Се тресеше во Сараево, прилично се тресеше“, „Кратко, но силно тресење“, „Опасно ...
Бред Пит не ја крие среќата поради моменталната врска со 26 години помладата Инес де Рамон, а тоа го потврди и извор близок на актерот за магазинот „Пипл“ Познатиот холивудски заводник (60) и убавата Инес (34) го започнаа заедничкиот живот по 15 месеци врска, а извор близок на актерот потврдува дека Пит е во среќна врска за магазинот „Пипл“. „Поминаа толку многу време заедно што имаше смисла Бред да започне заеднички живот“, рече тој, ...
НБА Ол-стар натпреварот за 2024 година ќе биде запишан вечно во историјата како прв во кој еден тим успеа да ја надмине границата од 200 постигнати поени. Во тоа успеа Истокот кој го совлада Западот со 211-186. Натпреварот го одбележаа неверојатни 168 обиди за три поени од кои најмногу обиди му припаднаа на Дамиен Лилард. Кошаркарот на Милвоки се обиди 23 пати зад линијата за три поени, а беше успешен во 11 обиди па собра 39 поени за што му ...
Полетувањата и слетувањата на белградскиот аеродром беа одложени речиси помалку од еден час поради вонреден случај при полетување на авионот Маратон ерлјанс за Дизелдорф. Како што дознава Tango six, авионот на Маратон ерланс, авиокомпанија која врши летови за Ер Србија, безбедно се вратил на аеродромот „Никола Тесла“, без повредени. Како што соопшти српската национална авиокомпанија, авионот безбедно слетал на белградскиот аеродром. -Летот на ...
Немаше голови на мечот меѓу Работнички и Струга кој се играше на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари, ремито на шампионот го искористи Шкупи кој со убедлива победа од 3-0 над Воска се искачи на врвот на табелата во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ). Неефикасно беше првото коло од пролетниот дел на сезоната во ПМФЛ, денеска беа постигнати вкупно осум голови, на петте натпревари од кои по три на Чаир и во Штип. Шампионот Струга загуби ...
Хрватските земјоделци од источна Хрватска, утре ќе протестираат поради состојбите во земјоделскиот сектор и во знак на поддршка за германските земјоделци кои протестираат, јавија хрватските медиуми. Протестот го организира поранешното здружение на земјоделци „Бразда“. Организаторот истакна дека причина за протестот е актуелната состојба во земјоделскиот сектор во Хрватска, што „е оптоварен со многу проблеми“, како и желбата да им се изрази ...
Повеќе од 400 луѓе се приведени за време на протестите во 32 руски градови по смртта на Алексеј Навални, најистакнатиот критичар на претседателот Владимир Путин, соопшти организацијата за човекови права „ОВД-Инфо“. Тоа е најголемиот бран протести предизвикани од политичките случувања во Русија од септември 2022 година, кога повеќе од 1.300 луѓе беа уапсени за време на демонстрациите против „делумната мобилизација“ на резервистите за воената ...
Американскиот производител на спортска облека Nike отпушта речиси два отсто од својата работна сила за да ги намали трошоците во период на послаба побарувачка. Високите трошоци за живот доведе до тоа граѓаните да купуваат помалку спортска опрема, поради што трговците ги намалија нарачките, а Nike одлучи да ги намали трошоците за две милијарди долари. Компанијата соопшти дека ќе укине приближно 1.700 работни места од вкупно 83.700 работни ...
Данската премиерка, Мете Фредериксен, најави дека Данска ќе ја испрати сета своја артилерија во Украина и ги повика европските земји да ги снабдуваат украинските вооружени сили со муниција и системи за противвоздушна одбрана, бидејќи сега им се повеќе потребни, пренесува Euromaidan Press. Говорејќи на маргините на самитот за безбедност во Минхен, данската премиерка се пожали дека нема доволно чувство на итност во дискусиите на самитот во ...
Градоначалникот на скопската општина Бутел, Дарко Костовски, одговара на 10 прашања надвор од локалната самоуправа, надвор од политиката… 1. Три најсреќни моменти во животот? – Кога се родија синот и ќерката, внукот, а и освојувањето на олимпискиот медал. 2. Три работи кои се каете што сте ги направиле? – Не се каам за ништо. 3. Тројцата Македонци од сегашноста со кои се гордеете? – Дејан Георгиевски, Борче Костовски и Симон Трпчевски. 4. Три ...
Колумна на Владимир Величковски: Во луѓето има голем замор и резигнација, не кај сите зашто товарот на грдата стварност им е претежок. Што може да се очекува од човек кој е смачкан од сиромаштија и неправди, од целосна партизација на институциите (и од културата) која не им остава простор за хуман живот… . Сите ни забележуваат за високата корупција и криминалот кои ги намалуваат шансите да се наречеме нормална држава со прогресивни ...
„Итна гасификација“, „Гас до секој дом“, „Гасот ќе го намали загадувањето“, „Клучен проект“… сето ова беа ветувања кои скопјани, но и други македонски граѓани ги слушаат со години. Се даваа од властите во 2017 година, дури се кажуваа и конкретни рокови кога по домаќинствата гасот ќе ги замени дрвата, но и мазутот во државните институции. Се најавуваше дека се ќе биде завршено до 2021-ва година. Но, еве не во 2024 година ама од гасот и ...
Мек Мекланг од Орландо Меџик ја одбрани титулата во забивање на Ол Стар викендот во Индијанаполис. Мек совршено го прескокна Шек и ја одбрани титулата во забивање на Ол Старот. Мекланг стана првиот играч по Зак Левин (2015, 2016) кој го сторил тоа. За неговата изведба во одлучувачката серија и забивањето над огромниот Шекил Онил кошаркарот на Орландо од жирито доби максимални 50 поени. Вицешампион беше Џејлен Браун, која во последната рунда ...
Минатата година, најпосетениот град во светот бил Истанбул, според податоците на компанијата за истражување на пазарот „Еуромонитор интернационал“. Во 2023, Истанбул примил дури 20,2 милиони посетители. Ли Добсон, основачот на веб-страницата за туризам „Травел сити“, рече дека Истанбул е магнет за патниците и за туристите од целиот свет поради неговите богата култура, историја и географија, што го прават уникатен и фасцинантен. „Сместен на ...
Ракометарите на Порто претрпеа висок пораз во рамките од 11 коло во ЕХФ Лигата на шампионите. Португалците дома беа совладани од унгарскиот Веспрем со конечен резултат 40:26, а на паузата беше 21:11. Во победничките редови доминираше Омар кој шест пати се запиша во листата на стрелците. На спротивната страна пет погодоци забележа Алонсо. Македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски во домашниот состав собра осум интервенции. Моментно ...
Поранешната српска покраина, по распадот на СФРЈ и војната во 90-тите, на 17 февруари прогласи независност, која Белград не ја признава. Косово со бројни настани ја одбележува 16-годишнината од прогласувањето независност, додека официјален Белград вели дека тоа е денот кога бил урнат меѓународниот правен поредок, нагласувајќи дека независноста на Косово не ја признале повеќе од половина од земјите-членки на ОН. На формалната седница на ...
Вториот дел од сезоната во Првата македонската фудбалска лига беше отворен со натпервар во Гостивар, каде истоимениот тим го пречека реновинарниот Вардар на домашен терен. Гостивар влезе како голем фаворит за победа со оглед на тоа што повторно квалитетно се засили, но новиот Вардар предводен од Горазд Михајлов изгледаше многу компактно како тим и потврди дека ќе биде многу потежок ривал во пролетниот дел од сезоната. Двата тима го сочуваа ...
Тимот на Алексеј Навални објави дека неговото тело не е во мртовечницата каде што надлежните рекле дека го чуваат. Кира Џармиш, портпаролка на рускиот активист и политичар, рече дека мајката и адвокатот на Навални пристигнале во мртовечницата во Салехард, град во близина на затворот каде што тој одлежувал казна, но таа била затворена, пренесе „Би-би-си“. Во објава, Џармиш вели дека и двајцата биле уверувани оти неговото тело е таму од страна ...
На онколошкиот институт во Љубљана е опериран пациент на кој му бил изваден дел од желудникот поради дијагноза на рак на тој орган, но подоцна се испоставило дека е оперирана погрешна личност и дека човекот кој бил опериран нема рак. Медицинскиот центар „Барсос“ во октомври извршил гастроскопски тестови на двајца пациенти, земајќи примероци за хистопатолошки преглед, кои ги испратиле до Институтот за патологија. Меѓутоа, неколку месеци ...
Љубовта и почитта кон животните и ја пренеле родителите уште од дете. За 31-годишната скопјанка Маја Трајчева тоа се развило во потреба да им помага. При случајна средба со кучето Мина го вдомила и сега таквото помагање и е честа појава. Мина ја вдомила од здружение од Битола кое претходно ја нашле на улица. Подоцна, од неа научила колку чиста душа имаат кучињата, колку умеат да дадат, а колку малку бараат за возврат. Така започнала убавата ...
Албанија ги врати игрите на среќа. Одлуката на албанскиот парламент е донесена на предлог на Европската комисија со цел сузбивање на црниот пазар, зголемување на буџетските приходи и обезбедување на транспарентност во оваа економска активност. – Уште еднаш се покажа дека непромислените одлуки за затворање на обложувалниците се само популистички и контрапродуктивни мерки затоа што обложувањето продолжува, но преку нерегулиран црн пазар. Тоа ...
Двајца познати Руси, шахистот Гари Каспаров и уредникот Дмитриј Муратов денеска изјавија дека рускиот режим е одговорен за смртта на најголемиот критичар на Кремљ Алексеј Навални, додека познатиот писател Борис Акунин рече дека Навални станал бесмртен. Противникот на Кремљ и поранешен светски шампион во шах Гари Каспаров рече дека Владимир Путин го убил Навални „полека и јавно“. – Путин не успеа брзо и тајно да го убие Навални со труење, па ...
Земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала во текот на ноќта ја погоди Хрватска, покажуваат податоците на Републичкиот сеизмолошки завод на Србија, а луѓето на социјалните мрежи велат дека навистина изгледало страшно. Епицентарот бил на длабочина од десет километри кај Грачац, а земјотресот бил почувствуван во Задар, Водице и Загреб. Засега нема информации за евентуална материјална штета. – Живеам на четврти кат, прозорците ...
Српскиот претседател, Александар Вучиќ го посети системот против беспилотни летала „Репелент“, кој за првпат беше претставен на јавноста, на изложбата на оружје и воена опрема на Армијата на Србија, во комплексот на тврдината Ниш. Станува збор за руски систем кој може да потисне или уништи роеви извидувачки, шпионски беспилотни летала на територија од 30 километри. – Репелентот пристигна. Ова е Репелентот. Не е толку силен како Красуха, но е ...
Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални почина во затвор, соопшти Регионалниот оддел за поправни служби. – На 16 февруари годинава во воспитно-поправниот дом број 3 осуденикот Наваљни А.А. по прошетка се чувствувал лошо, а набрзо изгубил свест. Веднаш пристигнале медицински работници од установата и била повикана екипа на Итна медицинска помош, се наведува во соопштението. Во соопштението се наведува дека лекарите се обиделе да го ...
Иако власта најавуваше многу градење во патната инфраструктура, а и велеше дека многу гради, ама Македонија сепак кубури со квалитетни патишта. Но, не кубуриме со патарини. Ги имаат толку густо насадено по патиштата што просто човек не може да смени до шеста брзина во возилото, а еве ти нова патарина и треба да се кочи и да се плати. Едноставно, возачите плаќаат, патишта нови не се градат. Судбини, Македонски! Ама не е се така црно, барем на ...
на 7-ми октомври 2023 година Израел го нападна појасот Газа, а од тогаш има стотици жртви. Денес, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се осврна на војната и упати порака. – Не може да има мир додека Израел не ги признае основните права на палестинскиот народ и формирањето на државата Палестина во границите од 1967 година, изјави турскиот претседател. Ердоган рече дека повиците за мир во Појасот Газа, каде што повеќе од 28.000 луѓе загинаа ...
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски во петок ќе ги посети Германија и Франција и планира да се обрати на Минхенската безбедносна конференција на 17 февруари, соопшти денеска кабинетот на Зеленски. Елисејската палата денеска соопшти дека Франција и Украина во петок ќе потпишат билатерален договор за безбедносни гаранции. Во соопштението се наведува дека францускиот претседател Емануел Макрон требало да го потпише договорот во Украина ...
Руските семејства мора да имаат најмалку две деца за да се обезбеди етничкиот опстанок на нацијата и три или повеќе за нацијата да се развива и просперира, рече претседателот на Русија, Владимир Путин. Русија претрпе тешки, но непознати загуби откако ја започна војната против Украина пред две години, а стотици илјади луѓе ја напуштија земјата поради противење на конфликтот или поради страв од мобилизација. „Минимум две деца по семејство“ ...
Скопјани утрово куртулија од вчерашната најава на синдикатите во ЈСП „Скопје“ дека по градот нема да има јавен превоз. Сепак во последен момент решија да не штрајкуваат. Но, тоа не се знаеше до последен момент па за многу граѓани уште синоќа имаше нервози и неизвесност околу тоа како денес да стасаат до планираните одредишта. Вакво нешто имаше и пред еден месец. Го заслужуваат ли тоа скопјани? Решението се најде откако вработените одржале ...