Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Русија од 1 март на половина година ќе го забрани извозот на бензини, изјави портпаролката на Александар Новак, вицепремиер задолжен за надзор на енергетскиот сектор во земјата. Со овој потег Москва има намера да ја компензира зголемената побарувачка на домашните потрошувачи и земјоделци и да овозможи планирано сервисирање на рафинериите. Русија усвои слична забрана и меѓу септември и ноември минатата година за да се справи со високите ...
Најдобрата македонска тенисерка на најновата ранг-листа нема промена во пласманот и има ист број поени како и претходната недела. Таа се наоѓа на 235. место на ВТА ранг-листата со 319 поени. Магдалена Стоилковска има скок за едно место и сега е 1.211. со девет поени. Без поголеми промени во рангот и за македонските тенисери. Пад за една позиција на најновата ранг-листа има најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски. Тој се наоѓа на 361. ...
Американските власти истражуваат откако Доналд Трамп Јуниор, најстариот син на поранешниот американски претседател, вчера отворил писмо со неидентификуван бел прав во неговиот дом во Флорида. – Резултатите од тестот на супстанцијата не дадоа јасен заклучок за што точно се работи, но официјалните лица на местото на настанот не веруваат дека е смртоносен, изјави Ендрју Сурабијан, портпарол на Трамп Џуниор. Трамп Јуниор дели дом во Флорида со ...
Пелистер во среда го игра последниот натпревар на домашен терен во Лигата на шампиони. Во салата „Боро Чурелвски“ гостува тимот на Алборг, а билетите веќе се пуштени во продажба. Фановите имаат да одберат две варијанти, билети кои чинат 450 денари и билети кои се малку поскапи, односно чинат 550 денари. Актуелниот македонски првак во кам-бекот во ова натпреварување не се прослави. Има 12 порази во низа, а желбата кај сите е една – победа ...
Помина една година од страшниот судир на патнички и товарен воз во близина на Лариса, Грција. Невидената несреќа однесе дури 57 животи, а меѓу телата беше пронајден и млад човек, кој преживеа. Герасимо Јасонас Георгиадис, студент од Волос, беше единствениот преживеан од првиот вагон на патничкиот воз, но и една година по несреќата тој сè уште е во кома. -Сè уште не можам да се соочам со сликата на тие два вагона, вели неговата мајка, пишува ...
Тлото на Балканот не стивнува, а попладнево беше регистриран земјотрес во Хрватска и Босна и Херцеговина. Според информацијата на ЕМСЦ, земјотрес со јачина од 2,8 степени според Рихтеровата скала е почувствуван во Бања Лука во 16 часот и 48 минути, а само неколку минути претходно ја погоди областа во Славонски Брод. Епицентарот на земјотресот во БиХ бил на 23 километри од градот Мркоњиќ и бил со јачина од 2,8 степени. Жителите на Бања Лука ...
Бил многу вреден и одлучен, посветен на идеите за кои се борел. Со сето тоа пријателите и соборците ги потсетувал на главниот лик на главниот јунaк на романот „Како се калеше челикот“ од рускиот писател Николај Островски, мошне популарен во периодот пред Втората светска војна. Оттаму и Раде Јовчевски го добил прекарот – Корчагин. Подоцна, ќе се види и ќе се потврди дека со право го носел тоа име. Роден на 14 август 1919 година во Скопје во ...
Скопјанецот Марко Илиевски го сподели искуството на социјалните мрежи откако со стариот пасош на кој пишува „Република Македонија“ успеал да стигне во Македонија без никој да му направи проблеми. Во неговиот пост тој напиша дека патувал од Лас Палмас – Мадрид, Мадрид – Софија, Софија – Скопје со стар пасош иако од нашата амбасада во Мадрид го убедувале дека му треба патен лист. -Дечки патував Лас Палмас – Мадрид, Мадрид – Софија, Софија – ...
Динамо Загреб и Ријека вчера се сретнаа во рамките на 24. коло во ХНЛ, а на крајот победа славеше тимот на Адеми и Ристовски со минимални 1:0. Единствениот гол на натпреварот го постигна Фран Бродиќ од пенал во самата завршница. Пред овој натпревар мета на навивачите на Ријека бил Марко Ливаја, додека по натпреварот гостинските фудбалери ја чекале полицијата да ги спроведе од јужната трибина. Во таа ситуација според информациите на хрватските ...
Екс македонскиот кошаркар Перо Антиќ отворено проговори за соработката со познатиот српски тренер Жељко Обрадовиќ. Антиќ настапуваше во Фенербахче под водство на актуелниот тренер на Партизан и во 2017 година ја освои шампионската титула во Евролигата. Тој потсети на неколку интересни анегдоти од тој период. -Жељко Обрадовиќ е мислител. Едноставно е, има девет титули во Евролигата и седи и гледа НБА до три часот наутро и учи, вели Антиќ. ...
Домаќинот на следното Европско првенство, Полска беше поразен дома со 71-96 од кошаркарската федерација на Македонија. Освен Димитријевиќ, добри беа и Итан Хап, Маслинко и Ѓуровски кои на своето конто запишаа двоцифрен ефект. Освен на самиот почеток на мечот, Македонија беше доминантна во текот на целата игра. Највисоката предност ја достигнавме кога имавме 69-46, пред домашните да намалат на 50-69 на крајот од третиот период. Во финишот ...
Колумна на Пеце Лозанов: Останува ли Македонија црна точка на балканските патишта, според безбедноста на патиштата? Почетокот на оваа година започна доста тешко на нашите улици, секојдневниот број на тешки сообраќајни незгоди и зголемениот број на повредени и загинати лица не прави една од најризичните земји на Балканот. Тоа повлекува и прашање дали доволно се превземаат мерки за спречување или намалување на сообраќајните незгоди или дали ...
Почина американскиот војник што се самозапали пред израелската амбасада во САД. Полицијата го идентификувала мажот како 25-годишниот Арон Бушнел од Тексас. Службениците на американската тајна служба го изгаснале пламенот по што мажот во критична состојба бил пренесен во болница со тешки повреди. Војникот снимил сè на својот телефон и во живо го пренесувал на социјалната мрежа „Твич“, а за време на преносот во живо се претставил како активен ...
Железници на Индија наредија истрага, откако товарен воз мина повеќе од 70 километри без машиновозач. Снимките на социјалните мрежи покажаат како железничката композиција минува низ неколку станици со голема брзина. Индиските железници соопштуваат дека возот е запрен и дека нема повредени. Возот со 53 вагони, кој превезувал иверка, бил на пат од Џамуа до Пенџаб, кога запрел во Катуи поради смена на екипажот. Железници на Индија наредија ...
Земјоделците запалија купишта стари гуми во Брисел во знак на протест барајќи акција од ЕУ за прашањата од евтините цени на супермаркетите до договорите за слободна трговија, а министрите за земјоделство се собраа да разговараат за кризата во овој сектор. Полицијата употреби водни топови за да го изгасне пламенот, но и земјоделците ги пробија полициските блокади. Над 100 трактори беа паркирани околу седиштето на институциите на Европската ...
47-годишниот Алексеј Навални почина на 16 февруари во затвор лоциран во автономниот округ Јамал-Сконенет. Во последните години тој се профилираше како најголема и најпозната фигура на опозицијата на режимот во Руската Федерација. Соработниците и луѓето блиски до Навални и многу медиумски работници кои пишуваат критички за актуелниот режим се убедени дека Навални бил убиен од руските власти. И политичката елита на Украина, се во чекор со ова ...
Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш денеска изјави дека Советот за безбедност на ОН не успеал соодветно да одговори на конфликтот меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас и војната во Украина, оценувајќи дека овие два конфликти „можеби фатално“ го поткопале авторитетот на Советот за безбедност. – Недостигот на единство во Советот во врска со рускиот напад врз Украина и израелските воени операции во Газа по ...
Скопје е преплавено од бездомни кучиња. Ги има насекаде, се шетаат по плоштадите, на улиците, во парковите… . Сликата за македонската метропола е баш онака – селска. А, да не споменуваме дека често, скоро секој ден, има и пријави за каснувања на луѓе од кучиња. Долги се списоците за тоа во билтените на Министерството за внатрешни работи. Кај многу скопјани веќе има страв од движење по градот особено ноќе. Зошто надлежните не успеаја да го ...
Повеќе од 3.000 луѓе се блокирани на брод за крстарење во близина на источноафриканскиот остров Маурициус поради сомневање за појава на колера. По серијата гастроинтестинални заболувања на бродот „Норвешката зора“, властите во Маурициус одбија да му дозволат на бродот да се закотви во пристаништето на главниот град Порт Луис во неделата, откако францускиот остров Ла Реунион веќе го врати бродот. Јужна Африка моментално ја доживува една од ...
Грчките земјоделци од северниот и северозападниот дел на Грција, денеска, на неколку часа ќе ги затворат граничните премини Евзони (Богородица) и Ники (Меџитлија) кон Македонија. На Евзони ќе се одржи земјоделски собир што ќе започне околу 13-13.30 по грчко, односно 12-12.30 часот по македонско време и во периодот додека трае протестот се очекува да биде блокиран сообраќајот на граничниот премин на неколку часа. Граничниот премин Ники, според ...
Кошаркарите на Денвер Нагетс го победија Голден стејт Вориорс со 119:103, а Никола Јокиќ го забележа 18. трипл-дабл во сезоната, 124. во кариерата. Ова беше седми триумф во низа на Денвер во дуелите со Ворирос. Јокиќ продолжи да игра во неверојатна форма по Ол-стар викендот, го запиша третиот трипл-дабл по ред. Двократниот МВП на лигата натпреварот го заврши со 32 поени, 16 скока и 16 асистенции. Јокиќ стана првиот кошаркар во историјата со ...
Една мајка (50) од Карловац е прогласена за виновна и осудена за навреда на синот (18) кого го навредувала преку пораки поради лошите оценки во училиште. Судијата пресудил дека лани во септември таа извршила психичко насилство во семејството бидејќи преку апликацијата WhatsApp му праќала пораки на синот, навредувајќи го со погрдни зборови. – Срам да ти е болен психопат шупак. Ми се гади, убиј се ѓубре, фрли се под воз да испадне дека си ...
Женската репрезентација на Македонија доживеа пораз од Грузија од 3-0 во првиот пријателски меч кој денеска се одигра во Тбилиси. Првото полувреме мина без погодоци, но во вториот дел домашните фудбалерки беа поконретно и успеаа дури трипати да ја затресат нашата мрежа. Резултатот го отвори Бебиа во 54 минута, а потоа на сцена стапи членот на Трабзонспор и воедно капитен на Грузијките, Чеминава која стрелаше во 62 и 83 минута. Вториот тест ...
Земјоделците од северниот дел на Грција за денеска напладне закажаа протест на двата гранични премини со Македонија. На граничниот премин „Евзони“ („Богородица“) грчките земјоделци ќе одржат собир кој ќе започне околу 13 часот по локално време, односно околу 12 часот по македонско време. Се очекува дека сообраќајот на овој премин да биде блокиран неколку часа. Преминот „Ники“ („Меџитлија“), пак, според локалните медиуми, ќе биде затворен во ...
За познатата македонска историчарка, Катерина Тодороска, единствено што властите ѝ дале на државата е понижувачко омаловажување. Таа во интервјуто за бесплатниот неделник „Македонско Ехо“ зборува и за направените големи грешки, за тоа што е нужно да се направи, за… Кога ќе кажете Македонија, кои мисли и слики прво Ви се појавуваат? – Прва мисла ми е прашањето „Како дозволивме државава да нѝ се распаѓа пред очи?“. Иако го знам одговорот, ...
Бара ли Владата и парламентарното мнозинство решение за државниот притвор во кој е пикната третина од македонското население? Граѓаните не по своја вина го немаат во пасошите омилениот збор на власта – „Северна“. Гледаат ли првите луѓе на СДСМ и ДУИ дека 650.000 лица што се во Македонија не смеат да излегуваат преку граница, а дел од нив кои се во странство, пак, не смеат да влезат оти не знаат на кој начин би можеле да се вратат на своите ...
Земјотрес со јачина од 3 степени според Рихтеровата скала ја погоди Бугарија околу 18 часот и 45 минути. Земјотресот е регистриран на 88 километри јужно од Софија, на длабочина од 13 километри. Можни се помали материјални штети со земјотреси од оваа јачина. Инаку, денеска беа забележани уште два земјотреса во регионот, еден во Албанија, што беше почувствуван во западните делови на Македонија и еден во Босна и Херцеговина. Сите земјотреси беа ...
Кошаркарската репрезентација на Македонија со пораз од Естонија ги почна квалификациите за Евробаскетот 2025, загубивме со 74-69 и уште на стартот на минимум ги сведовме шансите за пласман. Нашиот најдобар кошаркар, Димитријевиќ поради повреда предвреме го заврши натпреварот. Македонија вечерва во СРЦ „Кале“ покажа две лица, добро во првото полувреме и лошо во вториот дел, особено ужасна беше третата четвртина. Во првото полувреме на крлијата ...
Кога е пред странски политичари нашата власт претежно клечи и прифаќа се што ќе им наредат. Кога е пред својот народ и опозицијата глуми цврстина и непоколебливост. Со тоа го срозаа достоинството на Македонија и не направија поранливи, вели Влатко Дамјановски Што ги одбележа минатите 4 години во кои владееа ДУИ и СДСМ? Малку работа и многу корупција. Друго? Па цело време се верглаше дека мора ова да се направи оти бара Брисел, ова мора да се ...
Вистинска драма се случи на небото на 18 јануари, кога при полетување беше оштетен авионот што го користеше „Ер Србија“, поради несоодветна проценка на параметрите за полетување. Авионот потоа леташе над Белград еден час, пред итно да слета на белградскиот аеродром. Авионот на компанијата Маратон ерлајнс, која врши летови за Ер Србија, со 106 патници слета во неделата вечерта на белградскиот аеродром „Никола Тесла“ со дупка на трупот и ...