Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
Според истражувањето спроведено од Refused Car Finance, дури 66 % од британските возачи немаат намера да купат електричен автомобил. Треба да се напомене дека се работи за возачи кои се уште немале електричен автомобил, односно немаат лично искуство со ваков тип на возење, но сепак огромното мнозинство немаат намера да го стекнат тоа искуство, пренесуваат специјализираните портали. Иако електричните автомобили силно се промовираат како ...
Динамо мина низ бурен период на домашна и интернационална сцена и со низа разочарувачки резултати влезе како апсолутен аутсајдер во пресметката со Бетис, но хрватскиот великан уште еднаш покажа дека знае да игра со големи екипи како Бетис. „Модрите“ успеаја да го неутрализираат великанот од Андалузија и на крајот остварија победа со гол постигнат од пенал, па сега наредната седмица ќе тргнат со позитива од 1:0. Стефан Ристовски одигра цел меч ...
Затворено, или отворено, e прашањето со амнестијата на хашките случаи кои во 2009 година беа вратени во Македонија на одлучување на македонските судови? Дилемата неодамна ја отвори Советот на Европа откако комесарката за човекови права Дуња Мијатовиќ минатиот месец до македонската Влада испрати писмо според кое овие случаи не се затворени. -Да се отповика автентичното толкување од 2012 година на Законот за амнестија од 2002 година и да се ...
Маж во Индија се прекачил на ограда висока седум метри во заградена зоолошка градина за да направи селфи со лав, по што животното скокнало и го убило. 38-годишниот Прахлад Гуџар вчера влегол во живеалиштето на лавот во зоолошката градина Шри Венкатесвара во државата Андра Прадеш и ги игнорирал предупредувањата од чуварот кој му рекол да не му приоѓа на животното. Лавот го нападнал Гуџар пред чуварот да се обиде да го спречи инцидентот. Сега ...
Грчкиот парламент вчера со големо мнозинство го усвои предлог-законот за брак и посвојување деца за истополови двојки, што претставува голема социјална реформа и покрај силното противење на Православната црква. Предлог-законот поднесен од владејачката партија Нова демократија на премиерот Киријакос Мицотакос беше усвоен со 176 гласа „за“ од присутните 254 пратеници, по дводневна расправа. Кога законот ќе стапи на сила, таа земја, каде што сè ...
Албанија ќе биде на страната на Косово ако некој го нападне беше изјавата на албанскиот премиер Еди Рама кој додаде дека се моли да не дојде до таква ситуација. За време на церемонијата по повод доделувањето одликувања на Денот на државноста, српскиот претседател Александар Вучиќ ја коментираше изјавата на Рама. „Денес некој рече дека ако некој го нападне Косово, Албанија нема тоа да го дозволи, ќе биде на таа страна, не знам кој би го ...
Дури 16 патници и членови на кабинскиот екипаж биле повредени за време на турбуленциите во кои влетал Боингот „Б777-200ЕР“ на Јунајтед ерлајнс (UA) кој полетал од Лос Анџелес, пренесуваат медиумите во регионот. Овој инцидент се случил на 10 февруари, пишува „The Aviation Herald“, а пренесува порталот „Simple Flying“. По слетувањето на пистата, три стјуардеси и двајца патници биле пренесени во болница, додека на 11 повредени лица не им била ...
Додека во Македонија има иницијатива и предлог Закон за оддалечување на обложувалниците и казината најмалку 500 метри од училиштата, во Албанија сличен Закон беше донесен пред неколку години, но денес вратен откако албанскиoт парламент го изгласа со 72 гласа „за“. Двајца социјалистички пратеници, поранешниот вицепремиер Ерион Браче и ексминистерот за внатрешни работи Фатмир Џафа, беа воздржани, додека опозициските демократи не гласаа. Во ...
Македонската фудбалска репрезентација се најде на 68. место на најновата ранг-листа на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) објавена денес, прва во 2024 година. „Црвено-жолтите“ имаат ист број бодови (1362,17) како и на претходното рангирање (декември 2024) кога беа 65-ти, но тие се престигнати од неколку репрезентации кои имаа успешни настапи на Африканскиот куп на нации 2024. Од противниците на македонските фудбалери во Лигата на нации, ...
Со поддршка од дел од пратениците од владејачката Нова демократија и со пратеници од четири опозициски партии, се очекува вечерва законот за истополовите бракови да биде изгласан во грчкиот Парламент. Расправата за предлог-законот „Еднаквост во граѓанските бракови, измена на граѓанскиот законик и други одредби“, што предвидува проширување на можноста за брак на лица од ист пол во Грција и да ја зајакне заштитата од дискриминација, започна ...
Мора надлежните да бараат разни начини за излез од мега аферата кога во државен притвор се ставени над 650.000 македонски граѓани. Многу од тие лица не смеат да излезат од Македонија, другите пак не смеат да влезат во татковината со патните листови оти потоа нема да знае кога ќе може да излезат. Актуелната техничка влада под водство на Талат Џафери како да не е решена сериозно да бара чаре за ова масовно кршење на човековите права. Да ...
Шпанскиот тенисер, Рафаел Надал изјави дека Србинот Новак Ѓоковиќ е најдобриот играч на сите времиња. Србинот освоил 24 грен слем трофеи во кариерата, а Надал два помалку. Бројките зборуваат сами за себе, секако дека е, тој е најдобриот во историјата. За мене – да, според сè што сум видел – изјави Надал во интервјуто за шпанскиот телевизиски канал „Ла Секста“. Понатаму, Надал вели дека немал его да каже работи што не ги чувствувал. – На ...
Само 100 од 500 европски компании официјално го напуштија рускиот пазар, а повеќето од нив го задржаа правото на откуп, изјави рускиот вицепремиер и министер за индустрија и трговија, Денис Мантуров на пленарната седница по повод Денот на индустријата. – Тоа е податок на Асоцијацијата на европските компании. Од 500 големи компании (не ги вклучувам оние со обрт помал од половина милијарда рубљи годишно) од различни европски земји, само 100 ...
Специјалниот претставник на Соединетите Американски Држави за Западен Балкан, Габриел Ескобар, изјави дека на Косово му е сосема јасно дека не може да направи унилатерални потези и да го спроведе указот на Централната банка на Косово за забрана на српскиот динар и дека таквите потези би имале последици. Ескобар кажал дека САД биле подготвени да помогнат во решавањето на овој проблем, но под услов Србија и Косово да се вратат на дијалогот. ...
Научниците тврдат дека пронашле начин со помош на едноставен тест на крвта, да ја предвидат деменцијата до 15 години пред да започнат првите симптоми, а ова би можело да биде откритие што ќе ги промени животите на илјадници луѓе низ светот, пишува „Дејли мејл“. Деменцијата е термин кој се користи за опишување на низа прогресивни невролошки нарушувања (оние кои влијаат на мозокот) кои влијаат на меморијата, размислувањето и однесувањето. ...
Трет ден како голем дел од македонските граѓани (околу 650.000 лица) се уште не можат да патуваат надвор од Македонија. Го немаат пасошот во кој стои омилениот збор на власта – „Северна“. Значи, една третина од населението е ставена во државен притвор. Дали за ова масовно кршење на човековите права загарантирани со Уставот некој правно ќе одговара? Видни правници во Македонија уште пред два дена рекоа дека обвинителството е на потег. ...
Колумна на Ивица Боцевски: Зошто меѓународното кривично судство е „дамоклов меч” над главата на Али Ахмети? Во дваесеттиот век човештвото на двапати се обиде со помош на правото да ја обезакони војната (меѓудржавна и граѓанска). Во 1928 година Франција, Германија и САД го потпишуваат познатиот Општ договор за одрекување од војната како инструмент на националната политика, попознат и како Брајан–Келог пакт. Договорот сè уште е на сила, а ...
РК Еурофарм Пелистер пред почетокот на средбата на француските репрезентативци кои неодамна станаа европски прваци во ракомет им додели пригодни подароци од градот Битола. Европскиот ракометен спектакл во Битола меѓу Еурофарм Пелистер и Парис Сен Жермен заврши со очекувана победа на францускиот шампион и со спортски аплауз за сите ракометари. Ракометните ѕвезди на Парис Сен Жермен предводени од Никола Карабатиќ победија со 31:25 односно со 6 ...
Српкиот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ денеска изјави дека Грција, членка на ЕУ, благодарение на договорот на претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерот на Грција Киријакос Мицотакис се вклучува во проектот за градење брза пруга од Будимпешта преку Србија и Македонија до Грција, што е историска победа за Западен Балкан бидејќи Европскиот Коридор 10 повторно ќе стане еден од најважните европски ...
36 – годишниот Александар Волкановски австралиски борец во мешани боречки вештини со македонско потекло кој е специјализиран е за перолесната категорија испрати порака до Илија Топурија пред нивната борба која е закажана за 17 февруари. Волкановски е полн со самодоверба пред битката и смета дека ќе му одржи добра лекција на Топурија во рингот. – Прогнозата е дека ќе му одржам добра лекција. Ќе биде посрамотен. Мислам дека ќе го скршам уште во ...
Во Србија се одбележува Денот на државноста во знак на сеќавање на 15 февруари 1804 година, кога во Орашац започна Првото српско востание за ослободување од Турците, а на истиот ден во 1835 година е прогласен првиот Устав кој го означи и почетокот на современата државност. Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, по овој повод доби честитки од повеќе светски претседатели меѓу кои од претседателот на САД, Џозеф Бајден. Бајден ...
Тензиите меѓу Србија и Косово продолжуваат. Директорот на српската владина Канцеларија за Косово и Метохија, Петар Петковиќ изјави дека на административниот премин Јариње е забранета уште една пратка динари наменета за исплата на плати, пензии и социјални надоместоци. Петковиќ изјавил дека на административниот премин Јариње е забранета уште една пратка динари наменета за исплата на плати, пензии и социјални надоместоци за Србите и другите ...
Директорот на Агенцијата за млади и спорт (АМС), Наумче Мојсовски, денес организираше прием за македонскиот каратист Витомир Трајковски кој пред три дена освои сребрен на Европското првенство У-21 во Тбилиси, Грузија. Мојсовски му го честиташе големиот успех на младиот Трајковски и му порача да не застанува тука, туку да продолжи со напорна работа до уште поголеми резултати. – Каратето во континуитет не радува со големи остварувања. Такво е и ...
Владата на Република Србија на денешната седница ја донесе Одлуката за посебно јавно признание за наставничката по историја во ОУ „Владислав Рибникар“ од Белград Татјана Стевановиќ. Владата на Република Србија на денешната седница ја донесе Одлуката за посебно јавно признание за наставничката по историја во ОУ „Владислав Рибникар“ од Белград Татјана Стевановиќ, како израз на поддршка и почит за нејзината лична храброст кога таа била повредена ...
Втор ден од државниот притвор за над 650.000 граѓани на Македонија. Тие, не по своја вина, немаат пасоши со омилениот збор на власта – „Северна“ и не можат да патуваат надвор од земјата. А ако се некаде надвор, тешко и со многу перипетии можат и да се вратат во земјата Да биде пострашно и да сакаш да смениш пасош, тоа е неизводливо. Има преголема гужва, ќе ти закажат термин за кој знае кога, а и уште пострашното е дека нема доволно обрасци ...
Државниот притвор за над 650.000 македонски граѓани влезе во вториот ден. Власта не им стави лисици, ама им забрани на граѓаните да излегуваат од Македонија ако на пасошите го немаат нивниот омилен збор – „Северна“. И така, втор ден голем хаос во Македонија, уште поголемо разочарување и супер големо понижување. Бараат ли властите сериозен излез од оваа ситуагија на масовно кршење на основните човекови права – правото на слободно движење? На ...
Ракометарите на Еурофарм Пелистер вечерва ќе го пречекаат најбогатиот клуб во светот. Пролетниот дел од сезоната во Лигата на шампионите битолчани ќе го отворат против моќниот ПСЖ, во рамки од 11. коло од групата Б во елитата на ЕХФ. Македонскиот шампион во одличен моментум го пречекува големиот фаворит. Пред четири дена во Битола, пред полна сала и одлична атмосфера, падна лутиот ривал Вардар во првиот натпревар од плеј-офот. Пеколно се ...
Биткоинот забележа дневна добивка од речиси 3% до 45.391 долари, според Coin Metrics, повлекувајќи ги акциите поврзани со крипто повисоко, дури и кога етерот лебдеше на рамна линија. Потегот на водечката криптовалута дојде откако акциите на New York Community Bancorp ги зголемија загубите во четвртокот. Загриженоста за американските регионални банки е во корист на биткоинот уште од минатогодишната регионална банкарска криза, кога ...
Поминаа речиси две години откако започна Руската инвазија врз Украина. Војната однесе стотици жртви, а целосно опустоши многу градови и населени места. – Украина го нападна и уништи рускиот воен брод „Цезар Куников“ во Црното Море. Операцијата врз рускиот десантен брод ја извела украинската воена разузнавачка агенција ГУР, како дел од заеднички активности, стои во денешното соопштение на официјални претставници на Киев. Во нападот учествувале ...
Македонскиот голман, Столе Димитриевски и неговите колеги ќе добијат нов тренер во Рајо Валјекано откако клубот одлучи да се раздели со досегашниот предводник Франциско Родригез. Родригез дојде на оваа функција минатото лето заменувајќи го Андони Ираола кој го прифати повикот од Англија и го презема прволигашот Борнмут. Рајо имаше добар старт под негово водство, меѓутоа како што одминуваше времето клубот од Мадрид играше се полошо и полошо па ...