Белград
7ᴼ /
6ᴼ
„Зборуе Радио Скопје, зборуе Радио Скопје, Драги слушатели, од салата на Собранието вршиме директен пренос на Второто заседание на Антифашистичкото собрание на Народното ослободување на Македонија…”. Ова беа зборовите на познатиот писател и борец во НОВ Владо Малески со кои на 28 декември 1944 година беа означени два историски настана: почеток на работата на Радио Скопје и првото пренесување на македонскиот збор во етерот. До историското ...
Поранешниот лидер на германската Социјалдемократска партија (ГСДП) и поранешен вицеканцелар на Германија Зигмар Габриел изјави дека e неуспешна интеграцијата на мигрантите, ја пренесува неговата изјава „ДПА“. Габриел повика на нов курс во миграциската политика на Германија пред европските избори следната година. – Луѓето не се слепи и можат да видат дека, од една страна, Европа не ги заштитува ефикасно своите надворешни граници, а од друга ...
Сообраќајнaта некултура царува по македонските патишта. Како резултат на сето тоа има и многу незгоди, повредени и за жал многу загинати. Републички совет за безбедност во сообраќајот денеска објави дека во текот на годинава, заклучно ноември, на македонските патишта се случиле вкупно 106 сообраќајни незгоди со смртни последици, во кои животот го загубиле 114 лица. – Секојдневно сме сведоци на голем број сообраќајни незгоди кои често имаат и ...
Двајца браќа од Флорида се уапсени откога еден од нив ја застрелал сестрата за време на расправија за божиќните подароци. Девојката (23) била застрелана во градите од својот брат тинејџер (14) додека го држела својот 10-месечен син. По тоа, другиот брат (15) го извадил пиштолот и пукал во него. Полицијата соопшти дека до пукањето дошло за време на расправија за божиќните подароци, односно за тоа кој ќе добие повеќе од нив. Шерифот Боб Гуалтиери ...
Јавноста со стравување чека што ќе направи Владата околу големиот хидроенергетски проект ХЕЦ „Чебрен“. Ќе го даде под концесија на странци дури 60 години или поради многуте аргументи на јавноста дека тоа не треба да се стори – ќе ја прекине постапката. За Здружение на инженери на Македонија дури и нема потреба да има дилема оти рокот за потпишување на договорот е завршен и постапката треба Владата да констатира дека е завршена. Сепак, јавноста ...
Најмалку 241 лице загинаа во изминатите 24 часа во Појасот Газа, а 382 се повредени, додека шест Палестинци загинаа рано утринава на северот од окупираниот Западен Брег, според Министерството за здравство на Газа предводено од Хамас и Министерството за здравство на Западниот Брег. Најмалку 20.915 Палестинци се убиени, главно деца и жени, во повеќе од 11 недели борби во Појасот Газа, пренесе Би-Би-Си. Шест Палестинци загинаа рано утринава, а ...
Комитетот за надворешни работи на турскиот парламент ја одобри кандидатурата на Шведска за НАТО, што е клучен чекор кон проширување на западниот блок по 19-месечно одложување за време на кое Анкара бараше отстапки од Стокхолм врзани за тероризмот. Следниот чекор е гласање во парламентот, кое се очекува да се одржи во рок од неколку недели и таму да биде одобрена кандидатурата. Потоа се очекува турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган да го ...
Оваа календарска година, на која и се наѕира крајот Албанија ќе ја запише како најуспешна во историјата, во однос на посетата од странски туристи, чиј број е над 10 милиони евра. Веста денеска ја објави албанскиот премиер Еди Рама на социјалните мрежи, оценувајќи дека е „фантастично достигнување незамисливо до пред неколку години“. -Убава вест. Заедно со Божиќ, бројот на странски туристи во Албанија достигна 10.011.500. Фантастично достигнување ...
Лејтон Кларксон, играчот за врска на Абердин, поранешен фудбалер на англискиот Премиерлигаш, Ливерпул, „смета клубот треба да стори се“ за да го задржи македонскиот репрезентативец Бојан Миовски и по јануарскиот преоден рок. Според шкотските медиуми, Селтик веќе подготвува понуда за 24-годишниот Миовски кој сезонава постигна 14 гола во сите натпреварувања. – Тој е напаѓач со врвен квалитет. Би сакал да остане и знам дека тоа го сака остатокот од ...
Денеска последен на подготовките во Стара Пазова, Србија пристигна голманот и капитен, Никола Митревски. Тој доцнеше поради клупски обврски во Порто. Со тоа Кире Лазаров, селекторот на македонската ракометна репрезентација, на располагање ги има сите играчи кои ги повика на подготовките за настап на Европското првенство (ЕП) во Германија во јануари. На подготовкиѕе во Србија, Стручниот штаб главно внимание и’ посветува на физичката подготвеност ...
Лина Ѓорческа мечевите во квалификациите за првиот гран- слем турнир во 2024 година, Австралија опен во Мелбурн ќе ги започне на 8 јануари. Ѓорческа (29), најдобрата македоска тенисерка, по втор пат ќе настапи во квалификациите за Австралија опен. Во 2017 година таа стигна до третото коло. Во квалификациите треба да настапат по 128 тенисер(к)и кои ќе треба да одиграат три кола по што 16-те најдобри во двете конкуренции ќе се пласираат на ...
Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска најави дека Пекинг мора одлучно да спречи секој обид за одвојување на Тајван од Кина. На симпозиум по повод 130-годишнината од раѓањето на поранешниот кинески лидер Мао Це Тунг, Си рече дека татковината „мора и неизбежно ќе се обедини“, јави кинеската новинска агенција „Синхуа“. Според официјалниот став на Пекинг, кој го поддржуваат повеќе земји, Тајван, кој има своја администрација, е еден од регионите ...
Крсте Велкоски од Работнички се пресели во Македонија Ѓорче Петров, тој е четвртото засилување за овој тим во зимскиот преоден рок. Македонија Ѓорче Петров му посака добредојде на Крсте Велкоски. Ѓорчепетровци ќе бидат третиот клуб од Македонија за кој настапувал Велкоски, претходно играше за Металург и на трипати во Работнички. 35-годишниот напаѓач играше во повеќе странски клубови, а најголем траг остави во Сараево каде беше и капитен. Покрај ...
Како се ближат изборите така се засилуваат владините активности кои наликуваат на предизборна кампања. А што вообичаено политичар прави пред избори? Дава ветувања. Пред некој ден министерот за транспорт и врски Благој Бочварски истакна дека во годината што изминува имало историски најголеми капитални инвестиции. -До денеска инвестициите во капитални проекти се некаде 540 милиони евра и јас очекувам и таа бројка да продолжи да расте, рече ...
По наредба на претседателот Џо Бајден, американската војска изврши напади во Ирак во 2:45 часот по средноевропско време. При нападите веројатно убиени се „голем број милитанти на Катаиб Хезболах“ и уништени повеќе објекти што ги користела групата, соопшти американската војска. Американската војска изврши воздушни напади во Ирак синоќа како одговор на нападот со беспилотно летало на проирански милитанти врз американска воена база, во кој тројца ...
„Македонците, како посебен словенски народ, што низ вековите ја делел судбината заедно со соседните словенски и несловенски народи, си имаат сопствена национална историја и култура…“. Вака, пред полни 120 години, во своето епохално дело „За македонцките работи“ пишуваше големиот Крсте Петков Мисирков. Култното дело, по кое сега се препознава македонскиот народ, е, бездруго, и најголем дострел на Мисирков кој целиот свој живот го посвети на ...
56-годишна жена платила десетици илјади евра на лице за кое мислела дека е нејзин другар од средношколските денови, со кого комуницирала преку социјалната мрежа. Откако таа личност ја прекинала комуникацијата, 56-годишната жена сфатила дека е измамена. Полициските службеници од Вуковар-Сремска го примиле нејзиниот извештај за финансиска измама во петокот. „Имено, оваа година, 56-годишната жена по пат на социјални мрежи стапила во контакт со ...
Македонските клубови се наоѓаат на 50-та позиција на ранг листата на Европската фудбалска унија (УЕФА), меѓу 55 нејзини земји членки, според постигнатите резултати во минатите пет години. Македонија е подобро рангирана само од Андора, Велс, Црна Гора, Гибралтар и од Сан Марино. На врвот, на првите пет позиции, се клубовите од Англија, Шпанија, Италија, Германија и од Франција. Рангирањето на УЕФА се базира врз резултатите на клубовите кои се ...
Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски, 2023-та ќе ја заврши на 326-та позиција на АТП ранг листата. Годинава негов најдобар пласман беше на 305-то место, што е голем прогрес во споредба со лани кога годината ја заврши како 540-ти. Новак Ѓоковиќ останува на првата позиција на листата, 405-та недела за него. Зад него се Карлос Алкараз, Данил Медведев, Јаник Синер, Андреј Рубљов, Стефанос Циципас итн. Кај жените на првата позиција на ВТА ...
Амазон е крунисан за најскап бренд во светот во 2023 година, со проценета вредност од 299,28 милијарди долари (273,49 милијарди евра) и покрај тоа што бележи пад од 51 милијарда долари во изминатата година. Во студијата објавена од порталот за финансиска анализа „TradingPedia“, гигантот за е-трговија „Амазон“ се искачи на рангирањето и ја прескокна минатогодишната топ компанија„Епл“, која изгуби 16% од својата вредност која сега е 297,51 ...
Уште само четири работни дена до истекот на банкарската гаранција, а потоа почнува двонеделното одбројување за ХЕЦ „Чебрен“ за тоа дали ќе се потпише договорот или не. Што ќе направи власта, ќе го даде ли овој капитален проект под концесија на странци од дури 60 години? Воедно се чека и што ќе направи грчката фирма која веќе поднела една жалба околу начинот на кој треба да се спроведе договорот. Проблемот, познато е, произлезе од тоа што грчкиот ...
Европските парламентарни избори во јуни 2024 година би можеле да бидат исто судбоносни како и претседателската трка во САД, односно да донесат нагла победа до десничарските партии, предупреди високиот претставник на Европската Унија за надворешна и безбедносна политика Жозеп Борел. Тој за „Гардијан“ изјави дека верува оти стравот на гласачите од непознатото може да ги наведе да ги поддржат десничарските популистички партии. Тој за „Гардијан“ ...
Повеќе од 30 демонстранти биле уапсени во полициска акција во центарот на Белград, по инцидентите на седмиот протест на кој се бараше поништување на изборите во Србија. Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека во инцидентите биле повредени и седум полицајци. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека на седницата на Советот за национална безбедност се разговарало за ситуацијата околу нападот на градското собрание во ...
Познатиот микробиолог Никола Пановски, кој е и советник во Советот на Град Скопје, одговара на 10 прашања надвор од медицинската и политичката сфера: 1. Три најсреќни моменти во животот? -Прв: Раѓањето на моите пет деца, не би ги делел овие четири моменти од мојот живот. Четири, бидејќи првите се близнаци. Втор: Раѓањето на моите четири внучиња. Трет: откривање на изворот на болничка инфекција кај новородени во скопска болница, во далечната 1990 ...
Познатиот микробиолог Никола Пановски кој е и советник во Град Скопје одговара на 10 прашања надвор од медицинската и политичката сфера: 1. Три најсреќни моменти во животот? –Прв: Раѓањето на моите пет деца, не би ги делел овие четири моменти од мојот живот. Четири, бидејќи првите се близнаци. Втор: Раѓањето на моите четири внучиња. Трет: откривање на изворот на болничка инфекција кај новородени во скопска болница, во далечната 1990 година. 2. ...
Еден од гостите изјави дека на потонувањето на сплавот му претходел конфликт меѓу гостите и обезбедувањето. Познатиот сплав Картел во Нов Белград потона синоќа, ноќта меѓу саботата и неделата, нешто по полноќ, во време кога на него имало голем број млади луѓе кои дошле да го гледаат концертот на сараевскиот рапер Цунами, пишува Блиц. Како што може да се види на видеата објавени на Инстаграм профилот „moj_beo_grad_“, кога сплавот потонал, ...
Поезија и борба за слобода на македонскиот народ. Тоа се две големи нешта на коишто македонскиот поет и револуционер Коле Неделковски целосно им го посветил и го дал својот живот. Роден пред 111 години, на 16-ти декември 1912 година во Војница, велешко, како Никола Крстев Неделков уште во младоста ја запознал сиромаштијата. Притиснат од неа морал да го прекине гимназиското образование и да се пресели во Скопје каде го изучувал бојаџискиот ...
Македонија има неколку великани кои посебно се двојат оти многу направиле за нејзината слобода и за слободата на Македонците. Еден од најистакнатите такви македонски дејци е Даме Груев. Го споменуваме и славиме и му се поклонуваме денеска оти на на денешен ден ( 23-ти декември, пред 117 години) Даме Груев херојски загинува бранејќи ја Македонија. Со неколку свои соборци – комити тој ден се нашол во беровското село Русиново. Илинденското востание ...
Родителите и вујкото на 18-годишната девојка од Пакистан се осудени за нејзино убиство. Телото на Саман Абас беше ископано во ноември минатата година во напуштена фарма во близина на поле во северна Италија каде што работел нејзиниот татко, година и пол откако последен пат беше видена на снимките од надзорните камери како шета со нејзините родители во близина, пишува „Гардијан“. Италијанските обвинители тврдеа дека таа била убиена од нејзиното ...
Желбата на некои жени да имаат деца е толку силна што им пркосат на науката и природата. Така Мауриција Ибанез роди близнаци пред повеќе од пет години, на 64-годишна возраст! Таа родила деца со вештачко оплодување, но децата веднаш биле преземени од социјалните служби со образложение дека мајката не е способна да се грижи за нив. Шпанскиот Врховен суд, како највисок судски орган во таа земја, тогаш врз основа на судската одлука во Бургос пресуди ...