Екипата на ФКВардар денес информираше за разделба со уште еден свој досегаше член. -Михајло Милосавиќ повеќе не е дел од ФК Вардар. За црвено-црните одигра вкупно 14 натпревари, од кои 12 во рамки на ПМФЛ, на кои постигна 2 гола, и 2 натпревари во рамки на Купот, на кои постигна еден гол. Во името на клубот му се заблагодаруваме за ангажманот и му посакуваме многу успех во понатамошниот дел од кариерата, велат од таборот на „црвено-црните. ...

Повеќе од 2,6 метри снег падна досега во снежната бура што ја зафати Алјаска, предизвикувајќи уривање на покриви на комерцијални згради во Енкориџ, а властите ги повикаа жителите да го исчистат снегот од покривите. Дополнителни 16 сантиметри снег паднаа во Енкориџ за време на викендот, со што снегот во најголемиот град на Алјаска е 254 см, а се очекува да се надмине рекордот од 342 сантиметри. Во текот на изминатите седум дена, температурите ...

Технолошкиот милијардер Илон Маск вели дека неговата компанија за прв пат успешно вградила еден од своите безжични мозочни чипови кај човек. Првичните резултати открија ветувачки шила на невроните или нервните импулси и пациентот добро закрепнува, рече тој. Целта на компанијата е да го поврзе човечкиот мозок со компјутерите и вели дека сака да помогне во справувањето со сложените невролошки состојби.Голем број ривалски компании веќе вградија ...

Една бодликава жица на границата на државата Тексас со Мексико која треба да ги одврати илегалните мигранти од Мексико прави хаос и уставна криза во САД. Додека Врховниот суд нареди дека жицата мора да се отстрани, државата Тексас, која граничи со Мексико се спротивстави на оваа одлука, ги извади своите тенкови и армија на преминот „Игл“(„Орел“) и соопшти дека доколку е потребно ќе побара воена поддршка од 25 други републикански гувернери за ...

Турскиот суд издал дозвола за развод на брачна двојка од Анкара поради лошата хигиена на сопругот и тој на својата сопруга треба да и плати отштета во износ од 500.000 турски лири (16.475 долари), пренесува „Хуриет дејли њуз“. Судот ја прифати причината на сопругата за несоодветната хигиена на сопругот како доволна основа за раскинување на нивниот брак и го смета сопругот целосно одговорен за неговиот распад. Сопругата поднела барање за ...

Француските земјоделци втор ден ги блокираат стратешките патишта околу Париз. Истовремено членовите на Конфедерацијата на селаните ги блокираат и влезовите во дистрибутивните центри на југот на Франција, јавува „БФМ ТВ“. – Сакаме да ги блокираме логистичките центри бидејќи бараме подобра распределба на додадената вредност. Бараме да ги зголемат нашите откупни цени без да ги зголемат цените за крајните потрошувачи. Бараме, всушност, да ги ...

Колумна на Никола Тасев: Дефинитивно Македонија има потреба од помирување, обединување, простување, заедништво на сите граѓани… Дефинитивно треба да се надминат и поделбите што со години тлеат во македонскиот народ. За ова често ги слушаме како зборуваат и македонските владини функционери на секој поголем државен празник. Постојано верглаат за заедништво, ама никако да го направат тоа на терен. Оти наспроти нивните пораки, во секојдневието на ...

Бројот на лажни банкноти повлечени од оптек во 2023 година е зголемен за 28,2 отсто во споредба со 2022 година, што изнесува 56.000 евра, се наведува во соопштението на Бундесбанк. Вкупната штета предизвикана од употреба на лажни банкноти изнесува 5,1 милион евра. Во исто време најголема штета е направена на банкнотите од 200 и 500 евра преку трговијата со накит, златни шипки, часовници и автомобили. Банкнотата од 50 евра и натаму е ...

Радикалната палестинска група Хамас истрела серија ракети кон Тел Авив и другите соседни израелски градови. Нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета. Израелската армија соопшти дека биле истрелани вкупно 15 ракети, од кои шест биле соборени. Војската обично се обидува да ги собори само оние проектили што се очекува да ги погодат населените области. Полицијата соопшти дека расчистувала остатоци од ракети во најмалку ...

Во Германија во моментот активни се над илјада припадници на некоја од италијанските организации за организиран криминал, соопшти германското Министерство за внатрешни работи. Врз основа на податоците од сојузните и покраинските министерства за внатрешни работи, од 1.003 припадници на мафијата во Германија, 519 се членови на калабриската Ндрангета, 134 на сицилијанската Коза ностра и 118 на неаполската Камора. Исто така се наведува дека во ...

За да купите ново возило, потребен ви е приход од 100.000 долари годишно, а просечното американско семејство заработува 80.000 долари годишно. Цените на новите автомобили се зголемени за неверојатни 30 проценти во последните четири години, покажуваат последните податоци на „Ко-пилот“, а пишува Политика рс. Пандемијата со коронавирус, инфлацијата и недостатокот на евтини опции се чини дека се главни причини поради кои просечниот Американец ...

Најдобриот македонски атлетичар и државен рекордер во повеќе дисциплини, Дарио Ивановски, го освои второто место на полумаратонската трка во Мајами, САД со одлично време, 1:05;17 часа. Топлото време (27 степени) беше главната пречка што Ивановски не успеа да го собори македонскиот, воедно и личен рекорд од 1:04;45 часа. Настапот во Мајами за Ивановски беше загревање пред следниот голем предизвик, маратонот во Севилја, Шпанија на 18 февруари. ...

Иако најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ не успеа да ја одбрани титулата на Австралија опен, тој остана светски рекет број 1. Феноменалниот Србин ја започна 409-та недела на врвот на АТП листата. Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски, на најновата АТП листата „падна“ за три позиции и од оваа недела се наоѓа на 329. место во светот. Ѓоковиќ е на првата позиција со 9.855 бодови, 1.200 помалку од претходната листа. Тој сигурно ќе ...

Германските компании од 1 февруари ќе воведат експериментална четиридневна работна недела и ќе ја мерат продуктивноста на работниците. Експериментот во кој ќе има 45 компании ќе трае шест месеци, а вработените ќе ги задржат сегашните плати и покрај намалениот број работни часови, пишува „Блумберг“. Целта на овој експеримент е да се провери дали тврдењата на синдикатите дека луѓето кои работат помалку не само што се посреќни или поздрави туку ...

Француските фармери денеска најавија најмасовни протести досега ќе го блокираат пристапот до големите градови, а навестија дека планираат „опсада“ на Париз, објавија локалните медиуми. Властите ќе распоредат околу 15.000 полицајци, додека министерот за внатрешни работи Џералд Дарманен побара од полицијата и жандармеријата да покажат умереност и да интервенираат само како последна мерка, доколку е загрозен интегритетот на луѓето или во случај ...

Да бев претседател, ќе имаше мир во целиот свет, наместо тоа, ние сме на работ на Трета светска војна, изјави вчера поранешниот американски претседател Доналд Трамп. Тој тврди дека дека „слабоста и предавањето“ на претседателот Џо Бајден се виновни за смртоносниот напад со беспилотно летало во Јордан во кој загинаа тројца американски воени лица. Во објавата на „Truth Social“, Трамп се осврна на, како што рече, „дрскиот“ напад со беспилотно ...

Италијанецот Јаник Синер со епски пресврт триумфира денеска во финалниот меч на престижниот тениски турнир Аустралијан Опен против Данил Медведев. Тој успеа да оствари победа по скоро четири часа игра на „Род Лејвер Арена“. Медведев беше далеку подобар, поквалитетен во првите два сета кои ги реализираше со 6-3 и 6-3. Меѓутоа, почнувајќи од третиот сет Јаник заигра на повисоко ниво пред се на својот сервис каде беше сигурен, па се доведе во ...

Што се случува во светската сила САД? Се уште постојат стравувањата од конфликт меѓу федералните единици и државните одреди на Тексас. Сета ова голема тензија во најдемократската земја во светот дојде по одлуката на американскиот Врховен суд за отстранување на жичената ограда меѓу Тексас и Мексико која ја постави Гувернерот на најголемата сојузна држава во САД. Гувернерот на Тексас, Грег Абот му се закани на американскиот претседател Бајден ...

Украинската служба за безбедност(СБУ) соопшти дека открила корупција при купување оружје во вредност од околу 40 милиони долари, по што во тек е истрага против петмина високи лица во Министерството за одбрана и еден добавувач на оружје, јави Би-би-си. Се вели дека претставниците на одбраната потпишале договор за 100.000 минофрлачки гранати во август 2022 година. Плаќањето било однапред извршено, со одреден трансфер на средства во странство, ...

Колумна на Пеце Лозанов: Вешто лице или експерт од своја област кој го има пресудниот збор за делење на правдата. Најчесто нивните дела се половина од пресудата. Без нив споровите се одолжуваат дури и со години, такви се скоро сите поголеми случаи на пример: “Ласкарци“, “Империја“, “Струма“ … каде се чека мислење на вешто лице од неколку години. Во Македонија според регистарот за вештаци објавен на Министерството за правда ги има вкупно ...

Лука Дончиќ со 73 поени го предводеше Далас до победа на гостувањето кај Атланта од 148-143, тоа беа најмногу поени за Словенецот на еден натпревар. Ѕвездата на Далас, Лука Дончиќ го имаше натпреварот на кариерата, Словенецот често има брилијантни партии, но овојпат се надмина себеси постигнувајќи фантастични 73 поени. Дончиќ беше незапирлив, покрај поените, имаше и десет скокови и седум асистенции. Со ова фантастичниот Словенец им се ...

Пробувам да се сетам на нешто крупно што властите изградија, но не ми текнува. А друго ќе беше ако ја направеа гасификацијата, барем до половина да го направеа Клиничкиот центар или автопат… Испадна дека огромни народни пари се арчеа, а ништо не изградија, ни вели скопјанката Елена Владата на ДУИ и СДСМ предводена од премиерот Димитар Ковачевски заминува во историја. А историјата, или запишува за долго сеќавање, или „брише“ оти нема што ...

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел соопшти дека нема да се кандидира на изборите за Европскиот парламент што ќе се одржат летово. Неговата одлука доаѓа неколку дена пред да се сретнат европските лидери во Брисел, пренесува Политико. -Сите напори ќе ги посветам на моите сегашни должности со непоколеблива решителност. Секогаш ќе бидам жесток поддржувач на Европа која е демократска, силна, обединета и господар на сопствената судбина. ...

Македонската судиска двојка Славе Николов и Ѓорѓи Начевски ќе ја делат правдата на денешниот прв полуфинален натпревар на Европското ракометно првенство меѓу Франција и Шведска. Натпреварот кој ќе го даде првиот финалист на Европското првенство во Германија е на програмата од 17:45 часот во Келн. Николов и Начевски се меѓу најдобрите светски ракометни судии, а главни арбитри во финалето на претходното Европско првенство, како и во финалето на ...

Повеќе од 300 германски земјоделци денеска пристигнаа со трактори во партиското седиште на коалициската Влада во Берлин, на нов протест против плановите за намалување на субвенциите за гориво. Протестите во изминатите недели покажаа дека професијата стои заедно и дека е постигнат пресврт што предизвика прелевање на чашата, изјави претседател на Здружението на фармери од покраината Бранденбург Хенрик Вендорф. Според здружението, земјоделците ...

Меѓународниот суд не му нареди на Израел да ја прекине својата офанзива во Газа, туку побара од него да стори сé што е во негова моќ за да спречи акти на геноцид. Меѓународниот суд на правдата (МСП) пресуди дека има јурисдикција да ги сослуша аргументите на обвинителството за геноцид и го отфрли барањето на Израел да го отфрли случајот. На Израел му е наредено да ги преземе сите мерки во негова моќ за да спречи геноцид, пренесува „Би-Би-Си“. ...

Претставничкиот дом на Флорида го поддржа предлогот да се забрани користењето на социјалните мрежи од страна на лица помлади од 16 години, без оглед на одобрението од родителите. Нацрт-законот усвоен од федералниот Претставнички дом пред два дена, не прецизира кои платформи ќе бидат забранети. Предлог-законот не се однесува на апликациите што се користат за размена на приватни пораки меѓу поединци. Пред да стигне до потпис на гувернерот, ...

Кина денеска влезе во најпрометниот период од годината со масовна миграција на луѓе и очекувани девет милијарди домашни патувања за време на 40-дневниот метеж по повод Лунарната Нова Година, во Годината на Змејот, јавуваат државните медиуми. Тоа е речиси двојно повеќе од 4,7 милијарди патувања за време на празничната сезона во 2023 година, кога беа укинати многу строгите ограничувања поврзани со Ковид-19. Милиони луѓе ќе патуваат во своите ...

Владата е во оставка. Некои министри ќе бидат пак реизбрани и во техничката влада. Ама ќе го нема премиерот Димитар Ковачевски. Членови од владата веќе како да ја чуствуваат големата празнина која настана во Владата откако премиерот мораше да се збогува од функционерската фотелја. Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, само со пофални зборови за својот шеф: -Изминатите две години беа предизвикувачко и плодно патешествие во кое ...

Најмалку 20 Палестинци загинаа синоќа, а 150 се ранети во израелски напад додека чекале ред за храна во Газа, соопшти Министерството за здравство во Појасот. Портпаролот на Министерството, Ашраф ал-Кидра изјави дека бројот на загинати најверојатно ќе се зголеми, бидејќи десетици тешко ранети луѓе се донесени во градската болница Ал-Шифа. Израелската војска соопшти дека го истражува инцидентот, но повтори дека целта не била цивили. Од 7 ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
93%
999
weather icon

Белград

9ᴼ / 7ᴼ
3.6
75%
997
weather icon

Загреб

8ᴼ / 7ᴼ
2.06
87%
998
weather icon

Софија

5ᴼ / 3ᴼ
1.54
83%
999
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
1.22
98%
1000
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
95%
998
weather icon

Атина

16ᴼ / 13ᴼ
2.24
81%
1002
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
3.09
72%
999
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
93%
998
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 2ᴼ
4.63
92%
999
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 6ᴼ
1.54
94%
997
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
88%
1001
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Цинк

3.25

Алуминиум

3.03

Родиум

336779.07

Кобалт

64.04

Рутениум

45750.51

Платина

67162.91

Калај

46.91

Злато

159231.39

Иридиум

221848.72

Сребро

2460.50

Бакар

11.69

Паладиум

546.56