Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Војската на Израел соопшти дека 21 војник е убиен во Газа, што го означува најсмртоносниот ден за израелските сили од почетокот на нивната копнена операција. Портпаролот на израелските одбранбени сили (ИДФ), Даниел Хагари, изјави дека се верува дека ракетна граната го погодила тенкот во близина на двете згради во кои се наоѓале, пренесува „Би-би-си“. Зградите експлодирале веројатно како резултат на мините поставени таму. ИДФ соопшти дека се ...
Властите на американската сојузна држава Илиноис синоќа почнаа потрага по 23-годишниот Ромео Ненс, осомничен за убиство на осум лица со огнено оружје во градот Џолиет, на околу 56 километри од Чикаго, извести полицијата. Масовниот убиец бил пронајден во голема полициска потрага во близина на градот Наталија, Тексас, каде по пресметката со полицијата извршил самоубиство. Засега не е познат мотивот за убиствата, но осомничениот ги знаел своите ...
Колумна на Никола Тасев: Ќе дојдат странски инвестиции, ќе се вбризгаат во македонската економија, милијарда, три, пет… ама прво треба да го смениме името на државата и откако ќе станеме членка на НАТО ќе бидеме местото каде инвеститорите ќе трчаат да пристигнат. Ќе дојдат дури и Гугл, Фејсбук… а и многу други големи светски брендови. Вака, пред неколку години тогашниот премиер Заев, со рака на срцето и со милни зборови ги уверуваше ...
Екипата на ракометниот клуб Охрид не се шегува кога станува збор за амбициите, а доказ за тоа е најновото засилување кое треба да пристигне. „Спортклуб.мк“ дознава дека нов играч на охриѓани треба да биде одличниот 29-годишен хрватски десен бек Никола Јукиќ. Станува збор за искусен играч кој има и три настапи за најдобрата селекција на Хрватска, а во Охрид доаѓа по шест месеци минати во Мудхар од Саудиска Арабија. Но она што е за издвојување ...
Нема крај на сообраќајна некултура и на непочитувањето на правилата низ Македонија. Инаку, во мноштвото на сообраќајни прекршоци пребрзото возење е најчест сообраќаен прекршок. Здивените возачи се чуствуваат комотно по македонските патичта и само додаваат гас. Ограничувањето на брзината на 50 километни на час по градските подрачја, знаци за ограничување од 100, 110, 120 километри на час на автопатиштата како да не постојат. Се вози пребрзо ...
По првпат по повеќе од 15 години, односно од кризата во 2008 година, годинава повторно ќе има масовни отпуштања на работници во градежната индустрија во Германија. Се проценува дека поради кризата во станоградбата, околу 10 илјади луѓе ќе останат без работа, објавија германските медиуми. Очекуваме дека околу 10.000 работници ќе треба да бидат отпуштени во наредните месеци, изјави за германската новинска агенција „ДПА“ Тим-Оливер Милер, ...
Хаосот околу ултимативното менување на личните документи во Македонија продолжува. Со тоа продолжува и малтретирањето и понижувањето на македонските граѓани. Веќе сите видоа дека власта е крајно неорганизирана, а и не баш заинтересирана хаосот да го среди. Сега на големите гужви се додава и тоа дека и државниот правобранител Насер Зибери кажа – има информација за недостаток на обрасци за лични документи. Што значи ова? Може на мразот да чекаш ...
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп го изрази своето задоволство што ја добил поддршката од гувернерот на Флорида, Рон Де Сантис во трката за номинација на Републиканската партија за претседателските избори во земјата во ноември. Де Сантис вчера попладне на социјалната мрежа „Х“ објави дека се повлекува од трката и стои зад Трамп. -Голема чест ми е што ја имам неговата поддршка. Со нетрпение очекувам да работам со него за да го ...
Министерството за одбрана на Тајван соопшти дека вчера се регистрирани шест кинески балони кои летале над Тајванскиот Теснец, од кои еден прелетал над островот. Другите пет балони одлетале над северниот дел на Тајван, но не прелетале над копното. Сите балони се движеле кон исток пред да исчезнат. Претходно тајванското Министерство за одбрана ја обвини Кина за загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај со балони и со психолошката војна ...
Маж и жена се пронајдени мртви заедно со две девојчиња во куќа во Норфолк, Англија, соопшти тамошната полиција, а пренесува „Скај њуз“. Маж и жена починале од убодни рани во пределот на вратот, додека точната причина за смртта на девојчињата се уште се утврдува, соопшти полицијата. Во петокот наутро, полициските службеници ги пронашле телата на 45-годишната Бартломеј Кучински и две девојчиња, за кои се верува дека се негови ќерки. Заедно со ...
Каратистите на Макпетрол освоија три медали на меѓународниот турнир „Гран при Кроација“ што викендов се одржува во Самобор. Стефан Стојановиќ се закити со сребро, а Јована Мицовска и Данило Божовиќ освоија бронзени медали. Стојановиќ, актуелен светски вицепрвак и европски бронзен медалист, се натпреваруваше во категоријата +84 кг. (У21), Божовиќ, во истата тежинска и возрасна категорија, (над 84 кг., постари јуниори), додека Мицовска медалот ...
Податоците од локалните власти во Англија и Велс предупредуваат на загрижувачки пораст на бројот на случаи на гонореја и сифилис. Според извештајот на Здружението за локална самоуправа (LGA), бројот на регистрирани случаи на гонореја се зголемил за неверојатни 97% од 2017 година. Во исто време, потврдените случаи на сифилис се зголемени за 71%. Во извештајот се претпоставува дека зголемувањето на бројот на потврдени случаи на сексуално ...
Родителскиот додаток за првороденото дете во Србија ќе се зголеми од 378.000 на 500.000 динари (4.300 евра), во согласност со политиката на државата за зголемување на бројот на раѓања. За второ дете додатокот се зголемува на над пет илјади евра. – Кога ќе се роди првото дете ќе добиваат од државата – и не зборувам за дополнителни бенефиции од локалните самоуправи – 500.000 динари, а за второто нема да добијат веќе 460.000 динари, туку 600.000 ...
Балтичките држави Естонија, Латвија и Литванија сакаат да ги обезбедат своите граници кон Русија и Белорусија од можни напади со помош на стотици бункери, изјавија денеска министрите за одбрана на тие земји. Министрите потпишаа договор во Рига според кој Естонија, Латвија и Литванија ќе градат одбранбени капацитети во наредните години за да се одвратат и, доколку е потребно, да се одбранат од воени закани, соопшти естонското Министерство за ...
Дете (12) додека се санкало излегло од патеката и се излизгало во грмушките, при што гранка му го прободела стомакот. Несреќата се случила во петокот. Според противпожарната служба, тој се здобил со „повреда поради набивање на гранка“ и бил пренесен во болница. Спасувачите во петокот околу 17:15 часот биле повикани во шумата во замокот Харденберг, пренесува германски „Билд“. – Во шумска површина над теренот за мини голф, 12-годишно момче ...
Најмалку 83 лица ги загубија животите за време на минатонеделниот леден бран што зафати големи делови од САД и сѐ уште трае, јавува „CBS News“. Одделот за здравство на Тенеси потврди 19 смртни случаи поврзани со студ, додека официјални лица од Орегон потврдија 16 смртни случаи, вклучително и три лица кои починаа кога дрво падна врз нивниот автомобил, додека едно бебе, кое исто така беше во возилото, преживеа. Повеќе смртни случаи беа ...
Колумбиската полиција спровела две акции против шверц на дрога во пристаништето Санта Марта во кои се запленети 2.600 килограми чист кокаин. Можно е дрогата да била наменета за балкански картел, пренесува РТС. Според полициски извори, првата заплена била извршена при проверка на товарни контејнери лоцирани во пристаништето Санта Марта. На лице место бил прегледан контејнер за кој што било пријавено дека е товар со банани кој требало да биде ...
Ракометарките на ЖРК Ѓорче Петров изборија европско четвртфинале. Тие вчера во реванш дуелот од 1/8 финалето се поразени минимално од чешка Хазена Книжварт со 33-34, но со оглед победата од Скопје со 32-29 нашиот тим се радува на пласман во следната рунда. Па така избраничките на Симе Симовски ќе играат 1/4 финале во ЕХФ Купот што е големо достигнување за нашиот женски ракомет по подолги години апстиненција. Денес во таборот на Ѓорче Петров, ...
Платформата Инстаграм испраќа автоматска порака до своите корисници на возраст од 13 до 18 години, апелирајќи ги да не ја користат социјалната мрежа во текот на ноќта, помеѓу 22 и 4 часот наутро. Tоа е како што велат со цел да ги поттикне да прифатат поздрав начин на живот. – Спиењето е важно, особено за младите луѓе, па затоа објавуваме нови вечерни пораки што ќе се појавуваат кога тинејџерите ќе поминат повеќе од 10 минути на Инстаграм, ...
Американскиот претседател Џо Бајден при вчерашниот говор во Белата куќа предупреди дека откажувањето на финансиската помош за Украина може да доведе до криза во балканските земји. Ако ние заминеме, а Русија го издржи нападот и ја победи Украина, што мислите дека ќе се случи во балканските земји? Што мислите дека ќе се случи од Полска до Унгарија?, праша тој. Соработниците на Бајден отворено им кажаа на членовите на Конгресот на приватна ...
Во кантонот Цирих, дури 1.500 таксисти останаа без работа бидејќи не зборуваат доволно добро германски. Имено, на почетокот на оваа година стапи на сила нов закон според кој секој што не може да покаже потврда за познавање на јазикот на ниво Б1, не може да добие дозвола за работа како таксист. Ова го потврди и претседателот на Здружението на таксисти во кантонот Цирих, Георг Ботонакис, кој немал разбирање за таксистите кои останале без ...
Пред неколку дена мечка нападна група мигранти во близина на Бихаќ во БиХ објави Порталот „Радиосараево.ба“. Нападот се случил на планината Пљешивица, која е дел од стандардната мигрантска рута кон Хрватска. Мечката тешко ги повредила мигрантите. Животното ги нападнало мигрантите во текот на ноќта, а единственото нешто што ги спасило бил мал нож што го имале со себе. Граничната полиција на БиХ го пријавила нападот во СОС Бихаќ, организација ...
Mајкрософт вчера објави дека група спонзорирана од Русија на 12 јануари упаднала во нејзините корпоративни системи и украла некои мејлови и документи од сметките на нејзините вработени. Американската компанија соопшти дека руската хакерска група можела да пристапи само до „многу мал процент“ од корпоративните сметки за е-пошта на Мајкрософт, вклучувајќи ги членовите на повисокото раководство и вработени во кибер безбедноста, правните и други ...
Повремениот македонски репрезентативец, Дејан Манасков во иднина ќе го гледаме во дресот на Еурофарм Пелистер. Левото крило Дејан Манасков ќе го носи дресот со број 11 во битолскиот клуб, а првиот официјален натпревар е предвиден на почетокот на плеј-офот во февруари. -По подолги преговори успеавме да се договориме со клубот. Чест и задоволство ми е што ќе бидам во Битола, град во кој навивачите го познаваат ракометот. Тука сум настапувал ...
Во јужнокорејскиот град Гангвон денеска со свечена церемонија ќе бидат отворени 4. Зимски младински олимписки на кои меѓу над 1.800 спортистки и спортисти, на возраст од 15 до 18 години, од околу 80 земји, ќе настапат и четворица македонски претставници, по двајца во двете конкуренции. Македонското знаме на отворањето ќе го носат Андријана Каевска и Давид Торевски. Каевска, заедно со Благоја Најденоски, ќе настапат во биатлон, додека Торевски ...
Претседателот на Комитетот за вооружени сили на Претставничкиот дом побара од министерот за одбрана Лојд Остин да сведочи пред панелот зошто не успеал навреме да ја открие својата неодамнешна хоспитализација, дури ни на претседателот Џо Бајден. Остин од почетокот на годината е во болница поради лекување рак на простата. Неговoто неизвестување на Бајден навреме дека е хоспитализиран, предизвика критики од пратениците и ја изненади Белата куќа. ...
НАТО има намера да мобилизира 90.000 војници за најголемите воени вежби на Алијансата од крајот на Студената војна со цел да ја одврати руската агресија, пишува германската агенција ДПА. Според информациите што денеска ги добија агенцијата, сценариото за вежбата која треба да започне во Европа во февруари, е руски напад на сојузничка територија што би го активирал членот 5 од Северноатлантскиот договор, кој гарантира колективна одбрана. ...
Уште како мало дете покажувал афинитети кон музиката. Во своите сеќавања кажувал дека уште како четиригодишник посебно го доживувал хорското пеење. Потоа, почнал да покажува и интерес и талент за музика, за да на 11-годишна возраст по наговор на татко му почнал да учи виолина. Така почнува музичкиот пат на композиторот Кирил Македонски (првично презиме му било Виденов). Се навраќаме на него оти е роден на денешен ден пред 99 години, на 19-ти ...
Јапонија утре околу 16 часот ќе се обиде да изврши тежок вселенски маневар и да слета на површината на Месечината за прв пат. Досега во тоа успеале само четири земји: САД, Кина, поранешниот Советски Сојуз и Индија. Тоа е многу ризичен потфат. Во август минатата година, Индија стана четвртата земја која успешно изврши меко или контролирано слетување на Месечината, откако Русија не успеа да го стори тоа во истиот месец. Минатата недела ...
Познатиот македонски актер Ѓорѓи Јолевски, кој е и универзитетски професор по актерска игра, има што да каже на 10 прашања: – Среќата е состојба на умот и треперење на срцето. Го сакам тоа чувство и се обидувам да бидам колку што може подолго во таа состојба. Ако морам да бирам баш три…Запишувањето на Факултетот за драмска уметност во Скопје, раѓањето на кученцата на Леда (мојата Хаски миленица ) и летањето со параглајдер над Скопје на 1.700 ...