Финска затвори четири гранични премини со Русија во обид да го запре повеќедневниот прилив на баратели на азил за кој Хелсинки вели дека бил поттикнат од Москва. Финските граничари најавија во петокот дека од полноќ по локално време ќе подигнат бариери на граничните премини Ваалимаа, Нуијамаа, Иматра и Ниирала во југоисточна Финска, низ кои минува најголемиот дел од патувањата меѓу двете земји. – Имавме поголеми бројки како во понеделникот 39 и ...

Унгарскиот шеф на дипломатијата, Петер Сијарто, најавата на Бугарија дека ќе воведе данок за транспорт на руски гас преку нејзина територија ја нарече непријателски чин што ја доведува во прашање европската солидарност и е против европските регулативи кои не дозволуваат воведување даноци и царини меѓу земјите-членки на Европската Унија. Сијарто на заедничката прес-конференција по разговорот со српската министерка за енергетика Дубравка ...

На денешен ден пред 149 години, на 18-ти ноември во 1874 година е роден Крсте Петков Мисирков. Првите чекори ги правел во селото Постол кое се се наоѓа недалеку од античката македонска престолнина Пела. На училиште учел на грчки, но македонскиот му бил мајчиниот јазик. Како ќе одминуваат годините така тој се повеќе ќе станува собирач и проучувач на македонското народно творештво, па историчар, па славист и особено е значајно што ќе стане и ...

Репрезентацијата на Италија си обезбеди сигурна победа вчера на Олимпико против Македонија со 5:2. Самиот почеток на средбата беше и повеќе од силен за домаќините, отворија со голот на Дармиан во 17. минута. Подоцна промашија и пенал, Димитриевски му фати топка на Жоргињо, а до крајот на полувремето, Италија веќе водеше со 3:0, благодарение на двојниот стрелец Федерико Киеза. Сигурната игра на Италија беше крунисана со три гола и сигурна ...

Суфицитот на тековната сметка на Русија нагло се зголеми, поддржувајќи ја националната валута, бидејќи извозот на енергија закрепна и покрај притисокот од западните санкции, објави централната банка на земјата. Тековната сметка, која ја мери разликата помеѓу парите што влегуваат во земја преку трговија, инвестиции и трансфери наспроти одливи, изнесува 53,8 милијарди долари во првите десет месеци од оваа година, покажаа податоците на регулаторот, ...

Во моменти кога македонските возови или стојат на слеп колосек или се движат со безмалку 40 километри на час, вистинско освежување е најавата од страна на Владата дека ќе гради пруга по која возовите ќе се движат со 160 километри на час. Имено, денеска е потпишан меморандум за градење на супер модерна железничка пруга од Ниш до Скопје чиј дел од 50 километри ќе биде на македонска територија. Документот за изградба на железничка мрежа со високи ...

Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва на „Олимпико“, во претпоследното коло ќе гостува кај актуелниот европски првак Италија. Италија мора да победи, доколку сака да ги задржи шансите за пласман на ЕП, додека Македонија ќе игра за својата чест. Со оглед на тоа дека последните неколку натпревари, на Италија им направивме вистински пекол, домаќините вечерва ќе бидат максимално мотивирани, но и дефинитивно поттајно неизвесни до самиот ...

Убедлива победа на Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје врз српскиот клуб „Сутјеска“. Со што МЗТ Скопје забележа втората победа во АБА 2 лига. Аеродромци ја совладаа Сутјеска со 93:64 во 4.коло од регионалното натпреварување. Најефикасни во македонскиот тим беа Војдан Стојановски со 17 и Душан Танасковиќ. Во спротивниот тим се истакна Дејкуан Брејси со 15 постигнати поени. По четири одиграни натпревари МЗТ Скопје има половичен ефект, две ...

Италија го забрани производството и продажбата на „култивираното месо“, наведувајќи ги здравствените проблеми и потребата да се заштитат сточарите, дури и ако производот сè уште не е одобрен за продажба во ЕУ. Во четвртокот, Италија стана првата земја во Европската унија што го забрани „култивираното месо“, произведено во лабораторија од клетки од животинско ткиво. Законот за ова, кој го одобри Парламентот со закана со високи казни, забранува и ...

Според дефиницијата на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Иран има доволно ураниум збогатен до 60 проценти чистота или блиску до нивото потребно за производство на оружје, што е доволно за три атомски бомби, според доверливите извештаи на МААЕ презентирани денес. Забележано е и дека Иран сè уште ја опструира агенцијата кога станува збор за контрола над клучните прашања, објави „Ројтерс“. Залихите на ураниум во Иран, збогатен до ...

Витенум е мал град во сојузната држава Западна Австралија наречен – „најопасното на светот“. Се вели, само вдишување воздух во него е доволно да убие. Поради тоа, местото денес е напуштено и се брише од картите, а тука некогаш живееле илјадници луѓе. Имено, австралиските власти го избришаа Витенум од мапата во обид да ги одвратат посетителите. Инаку, до 2015 година тука имало само шест жители, а до годинава останала само 80-годишната Лорејн ...

Во време кога во целиот нормален свет се прават брзи возови и експресни железнички линии, во Македонија локомотивите се стари, стојат на слеп колосек, а пругите се распаѓаат. Дали целта е се тотално да се уништи или пак не ги бива да го одржуваат ниту она што претходните генерации го направиле? Железничкиот сообраќај од Скопје кон Гевгелија е се уште во прекин. Напукнатиот столб на мостот на Црна Река и натаму ги принудува патниците да се ...

Горан Пандев, не сакаше да го прогнозира исходот на мечот Италија-Македонија. Тој целата кариера, со исклучок на една сезона, ја мина во Италија, што го прави одличен соговорник особено за италијанските медиуми пред квалификацискиот натпревар Италија-Македонија. – Ќе го гледам натпреварот на телевизија, нема да одам во Рим. Ова за мене ќе биде посебен натпревар и поради тоа нема да давам никакви прогнози, изјави Пандев за „Фудбал Италија“. Тој ...

Шефот на германскиот регулатор за лекови размислува да го забрани извозот на лекот за дијабетес „Оземпик“ на компанијата „Ново Нордиск“, кој е многу баран за неговите ефекти за губење на тежината, за да спречи недостиг на понудата, пишува „Ројтерс“. „Оземпик“ е одобрен за третман на дијабетес тип 2, но сè повеќе се препишува за слабеење бидејќи ја има истата активна состојка како и исклучително популарниот, но редок лек за дебелина. – Во ...

Долги редици на граѓани кои чекаат и по неколку часа се она што веќе неколку дена го одбележува работењето на новиот пункт на МВР за вадење на лични документи во ПС „Пролет“. Несомнено, така ќе биде и во наредниот период со оглед на тоа дека е голем бројот на граѓаните кои се уште во личните документи го немаат омилениот збор на власта – „Северна“. Зарем големите редици и чекање полно со нервози се решение кое доликува на организирана држава? ...

Запленета огромна количина на фалсификувана роба во САД. Имено, две лица се уапсени во Њујорк откако поицијата заплени фалсификувани стоки вредни над милијарда долари, јавија американските медиуми Обвинителите ја објавија „најголемата досега заплена на фалсификувана стока во историјата на САД“ – околу 219.000 лажни чанти, чевли, облека и други предмети. -Запленетите стоки се со проценета малопродажна вредност над милијарда долари, најголемата ...

Полициските службеници извршиле претрес и во седиштето на шиитската исламска заедница во Германија, пренесува „Шпигел“. Весникот наведува дека германските власти се надеваат дека ќе најдат докази кои ќе бидат доволни за целосно затворање на Исламскиот центар. Минатата година во Бундестагот беше поднесен предлог за затворање на Исламскиот центар, за кој се тврди дека е центар на иранскиот режим во Германија. По нападот на палестинскиот Хамас врз ...

Средбата на кинескиот претседател со неговиот американски колега ги покажа првите позитивни резултати. Имено, Кина и САД се согласија да ја обноват комуникацијата на високо ниво меѓу нивните војски, вклучително и работни состаноци меѓу министерствата за одбрана, објавија денеска кинеските државни медиуми, повикувајќи се на изјавата на претседателот Си Џинпинг на неговата средба со претседателот Џо Бајден. Си Џинпинг, исто така, рече дека двете ...

Се вели дека преку животниот пат на одредени личности може и да се реконструираат и одредени големи историски настани. За ова, потврда може да се најде при следење на животниот пат на Чеде Филиповски – Даме, народен херој, учесник во НОБ и во сите значајни настани за новата македонска држава во периодот на Втората светска војна. Тој е роден пред точно 100 години, на денешен ден 16-ти ноември 1923 година во гостиварското село Никифорово. Чеде ...

Ватикан денеска ја потврди забраната според која, католиците не смеат да станат масони, односно членови на вековното тајно друштво на кое Католичката црква долго време не гледа благонаклонето и кое има до шест милиони членови ширум светот. Активното членство на верниците во масонството е забрането поради непомирливоста на католичката доктрина и масонството, се вели во писмото на Конгрегацијата за доктрина на верата на Ватикан, објавено денеска ...

Кина го пушти во употреба најбрзиот интернет во светот, десет пати побрз од сегашниот. Со помош на оваа конекција, е овозможен трансфер на податоци со брзина од 1,2 терабити по секунда помеѓу Пекинг на север, Вухан во централниот дел и Гвангжу во југот од земјата. Во прашање е пат на оптички кабли во должина од повеќе од 3.000 километри, а бил активиран во јули, но официјално пуштен во употреба дури сега, откако биле извршени сите потребни ...

Кошаркарите на македонскиот првак МЗТ Скопје долго го контролираа натпреварот против Хелиос, имаа и двоцифрена предност, но на крајот мораа да се соочат со пораз (83:87) на првиот настап на вториот турнир од АБА2 лигата. МЗТ го доби првиот период со 22:15, до крајот на полувремето обезбеди плус осум, а на почетокот на третиот период имаше и плус петнаесет (50:35). Сепак и тоа не беше доволно, бидејќи словенечкиот ривал најпрвин ја намали ...

Американскиот претседател Џо Бајден и кинескиот лидер Си Џинпинг денеска ќе се сретнат во Калифорнија за да се обидат да ги стабилизираат заладените односи меѓу двете сили. Средбата е планирана во областа Сан Франциско и ќе се одржи на маргините на самитот на Азиско-пацифичката економска заедница. Бајден и Си не се виделе лично од самитот на Г-20 во Бали, Индонезија пред една година. Американската страна соопшти дека целта на разговорите е да се ...

Израелските сили сега се насобрани во близина на портите на главната болница во градот Газа, подготвени да упаднат во лавиринтот од тунели за кои велат дека се наоѓаат под медицинскиот центар во кој се сместени борците на Хамас. Нивната цел е да влезат во мрежата на тунели долга 300 милји што се наоѓаат под болницата Ал-Шифа и градот Газа како целина и да ги уништат терористите. Но, тоа не е лесна задача, пишува „Дејли мејли“. Подземните борби ...

Македонија е сиромашна држава, ама во последниве години има се побогат буџет. Чудно е, ама „функционира“. Забрзан раст, поголеми инвестиции, помал дефицит, зголемена потрошувачка… Ова на вчерашното претставување на новиот буџет за 2024 година го најавија премиерот Димитар Ковачевски и министерот за финансии Фатмир Бесими. Буџетот е рекорден, ќе тежи цели 5,5 милијарди евра. И секако, пак ни најавија дека ќе биде развоен. За капитални инвестиции ...

Колумна на Никола Тасев: Владата многу сака да планира. Се изнаслушавме стотици планови досега. Де долгорочни, па краткорочни, па тромесечни, па планови на 4 години, па развојни, па инвестициски… Сите се различни, но сите имаат една заедничка нитка: ученички скоцкана презентација, пред камери наредени министри во строј, надежни зборови, многу очекувања… Ама, потоа таквите планови никако да се остварат. Но, тоа не ги разочарува, напротив – прават ...

РК Алкалоид синоќа го изгуби натпреварот со данскиот тим Силкеборг 23:31. Тоа беше натпревар од третото коло во Лигата на Европа на ЕХФ. Натпреварот се играше скоро и изедначено во почетните десетина минути, но потоа данскиот тим ја зголеми брзината, а на тоа се надоврзаа и многуте технички грешки и промашени седмерци од страна на ракометарите на Алкалоид. Добро почна и второто полувреме, но секогаш кога Алкалоид ќе дојдеше до шанса да се ...

Се сеќавате ли кога поодамна (средината на октомври) власта вети дека ќе најде начин за најмногу две недели да си ги скрати преголемите плати? И? Поминаа ли за нив двете недели? Околу илјада македонски функционери, министри, пратеници, директори… нема да треба да се грижат околу трошењата за Нова година. Платите кои пред половина година им ги покачија за рекордни 78 проценти ќе им останат и до тогаш. Така барем вчера најави министерката за труд ...

Ракометниот репрезентативец на Македонија, Филип Кузмановски, до крајот на сезоната ќе го носи дресот на актуелниот шампион Еурофарм Пелистер. Овој трансфер, клубот од Битола го потврди на социјалните мрежи. Претходно, сега веќе поранешниот клуб на Кузмановски, Вецлар, објави дека спогодбено се разделил со македонскиот репрезентативец. -Ни претставува особена чест и задоволство да ја информираме јавноста дека од денес нов член на Еурофарм ...

Грција одби да го поддржи писмото со кое се бара од Европската комисија да ги отвори првите пет поглавја од разговорите за пристап во ЕУ. Ова го изјави дипломатски извор за порталот „Еурактив“, со оценка дека на овој начин Атина врши притисок врз Тирана да покаже „креативност“ за да се реши тековната билатерална криза која настана во мај поради апсењето на етничкиот Грк. кандидат за градоначалник Фреди Белери, кој се кандидираше под знамето на ...

weather icon

Белград

6ᴼ / 6ᴼ
6.69
74%
1016
weather icon

Загреб

8ᴼ / 6ᴼ
0.0
93%
1016
weather icon

Софија

4ᴼ / 4ᴼ
2.06
70%
1016
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
3.2
92%
1018
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
0.44
95%
1016
weather icon

Атина

15ᴼ / 12ᴼ
1.54
87%
1009
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
87%
1010
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
93%
1011
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 2ᴼ
7.2
90%
1018
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 6ᴼ
0.45
90%
1016
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 15ᴼ
6.69
88%
1007
weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
4.63
81%
1013
Currency

61.6238

Currency

52.9069

Currency

70.6047

Currency

35.1461

Currency

38.2593

Currency

65.7014

Currency

7.48319

Currency

0.6928

Currency

0.34051

Currency

0.52462

Currency

1.24411

Currency

0.58842

Платина

52864.82

Злато

134976.58

Алуминиум

2.91

Калај

40.49

Кобалт

58.42

Родиум

255598.44

Сребро

1876.20

Цинк

3.22

Иридиум

145787.60

Рутениум

29192.88

Паладиум

46361.38

Бакар

10.96