На најновата, декемвриска ранг листа на Светската фудбалска федерација (ФИФА), Македонија остана на 65-та позиција, со идентични 1.362,17 поени, како и во ноември. На листата немаше поголеми промени со оглед на фактот дека во последните 30-на дена беа одиграни само 10-на натпревари. Кога станува збор за земјите од поранешна СФР Југославија и од соседството поредокот е следен. Хрватска е 10-та, (1.717.57) Србија е 34-та (1.517,43), Грција ...

Новинари на телевизијата „Топ чанел“ за потребите на истражувачка емисија „Фикс фаре“ успеале да купат потврда дека имаат бугарско потекло, која се бара при при поднесување за вадење на бугарско државјанство. Иако немале никако бугарско потекло, за сума од стари 100.000 леки односно 100 евра новинарите купиле две такви потврди потпишани и заверени со печат од Љуан Мјештри, администратор на Острени, во областа Голо Брдо, општина Булќиза. – ...

Собранието на Албанија денеска го одобри барањето на обвинителството за одземање на имунитетот на поранешниот премиер на земјата и лидер на Демократската партија, Сали Бериша. Собранието за само неколку минути го изгласа барањето на Специјалното обвинителство за борба против корупцијата и организираниот криминал, познато како СПАК, со поддршка од 75 од вкупно 140 пратеници, пишува „Албаниан пост“. Бериша одбил да зборува на почетокот на ...

Бојан Миовски, македонскиот репрезентативец, постигна два гола за Абердин на мечот против Ливингстон (2:1) во16-то коло од шкотската Премиер лига. Малку недостигаше тој да постигне и хет-трик, но голманот на гостите спаси сигурен гол.. Миовски стигна до бројката од 14 гола сезонава за Абердин кој се искачи на осмата позиција на табелата со 19 бода. По мечот во шкотските медиуми повторно се шпекулира за можниот јануарски трансфер на Миовски во ...

Моника Зајкова, пратеник во македонското Собрание и лидер на ЛДП, одговара на 10 прашања надвор од политиката: -Тоа е секако денот кога го положив правосудниот испит, потоа денот кога станав тетка на прекрасниот Лука, а посебно бев среќна и оној ден кога фудбалската репрезентација на Македонија се пласираше на Европско првенство. -Не се каам за ништо во животот. Се е или подарок или научена лекција. -Ѓоко Зајков (фудбалер), Мерсиха Шукри ...

Либанскиот Хезболах го предупреди Израел дека со иста мера ќе одговори на гаѓањето цивили, додека Тел Авив најави дека војната на либанскиот фронт е се поблиску, поради продолжувањето на меѓусебното бомбардирање на двете страни преку границата. Хезболах објави дека истрелал проектили врз населбата Кирјат Шмона, како одговор на целта на израелската окупаторска армија на погребната поворка на еден од борците на Хезболах во градот Аита ал-Шааб, ...

Мито Хаџивасилев – Јасмин кој е роден на денешен ден пред 101 година, на 22 декември 1922 година беше македонски револуционер, мислител, државник, новинар… Неговиот животен пат започнува почнува во Кавадарци, за да потоа се пресели во Битола каде што завршува гимназија. Уште во училишните клупи почнува да соработува со напредното младинско движење, да учествува во акции спроти почеток на Втората светска војна, а чијашто цел е слобода на ...

Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје Аеродром ја совлада вечерва црногорска Подгорица со 78-74 (39-29) во рамки на шестото коло во регионалната АБА 2 лига. Кошаркарите на МЗТ Скопје имаа висока предност од 14 поени (52-38) на средина од третата четвртина, по што уследи криза во играта на македонскиот шампион, а Подгорица во завршните минути од натпреварот во Широки Брег дојде и до израмнување на резултатот (68-68). Сепак, МЗТ Скопје не ...

Ванеса Балан, 27-годишна трудница од Италија е брутално убиена во нејзиниот дом во близина на Тревизо, а за делото е уапсен Бујар Фандај (41), Албанец од Косово. Ванеса била во третиот месец од бременоста кога осомничениот ја удрил неколку пати по лицето и ја убил со најмалку седум убоди со нож. Телото на трудницата го пронашол нејзиниот сопруг кога се вратил од работа и веднаш ја алармирал полицијата. Тој бил во шок, но успеал да ѝ даде на ...

Руски суд денеска го казни „Гугл“ со 4,6 милијарди рубли (50,84 милиони американски долари) затоа што не отстранил лажни информации за конфликтот во Украина, јави новинската агенција „ТАСС“. Русија е во речиси постојана битка со странските технолошки компании поради цензурата, која се интензивира по руската инвазија на Украина во февруари 2022 година. Русија тоа го нарекува специјална воена операција. Москва ја пресече казната на „Гугл“ во ...

Фудбалерите на Фросиноне го изненадија актуелниот шампион на Италија, Наполи во осминафиналето од Купот на Италија, на стадионот „Диего Марадона“, победувајќи го со убедливи 4:0. Тренерот на Наполи, Валтер Мацари мечот го почна со резервниот состав. Во тимот го немаше македонскиот репрезентативец Елиф Елмас поради повреда, како и неколку стандардни првотимци. Џовани Ди Лоренцо, Осимен и Кварачкелија влегоа во второто полувреме, во 60-та ...

Скопје има многу натрупани, а сериозни проблем. Скопјани често реагираат за сето тоа, ама сега за новогодишното украсување некако се најревносни. Те елката била накривена, те била ненакитена, сиромашна и мала, те… сето ова се коментарите коишто деновиве се даваа за изгледот на новоогодишната елка на централниот скопски плоштад. Ништо подобри деновиве не беа ниту коментарите коишто се даваа за вкупното новогодишно украсување на македонската ...

Односите меѓу Русија и Кина се поставени на цврсти темели, а способноста на двете земји да се соочат со предизвиците станува се посилна, изјави денеска кинескиот претседател Си Џинпинг за време на разговорите со рускиот премиер Михаил Мишустин во Пекинг. Соработка меѓу овие две земји веќе достигнала 218,28 милијарди долари. – Денес поставивме цврста основа за интеракција, чиј обем и квалитет се зголемуваат, а нашата способност да издржиме ...

Нови предизборни вработувања или реална потреба на компанијата? Ова е дилемата која во јавноста ја појави по објавениот оглас за вработување на 500 нови работници во државната компанија ЕСМ. Како баш сега кога заминуваат од власта им затребаа работници во фирми каде платите се надпросечни? Ова го прашува јавноста. Дилемата се поставува од причина што големиот оглас се објавува на половина година пред одржувањето на најавените парламентарни ...

Македонскиот фудбалски бисер Елиф Елмас пд 1-ви јануари ќе отвори ново поглавје во својата успешна кариерата. Имено 24-годишникот го договорил трансферот во германскиот клуб Лајпциг. Како што пренесува Макфакс и минатото лето Германците покажале интерес за македонскиот репрезентативец, ама ете трансферот успеаја да го реализираат шест месеци подоцна. За потсетување, Елмас во 2019 година се пресели во Наполи. Италијанскиот клуб тогаш на ...

Откако судот во Колорадо донесе одлука, дека Доналд Трамп не може да се кандидира на претседателските избори во САД, тој и се обрати на јавноста.Трамп во својата објава вели дека ова е удар врз слободата на целиот народ на САД. Секогаш кога овие радикални демократи ќе се соберат и ќе донесат одлука против мене, многу им благодарам. Непријателот сака да ми ја одземе слободата затоа што сака и вас да ви ја одземе слободата. Никогаш нема да им ...

Време било да се редефинира патриотизмот во Македонија. Ова вчера го кажа претседателот Стево Пендаровски. Бара на сето тоа да се гледа во некоја модерна форма. -Крајно време е да го редефинираме патриотизмот, кој во една модерна форма, индивидуално и колективно треба да се темели на интегритетот на личноста и лојалноста кон државата. Патриотизам е кога не ја злоупотребувате функцијата за лично богатење, кога квалификувани лица доаѓаат на ...

Американската агенција за храна и лекови (ФДА) соопшти дека го одобрила првиот тест за проценка дали постои ризик од зависност од употреба на опиоиди кај одредени поединци. Како што пренесуваат странските агенции, тестот наречен АвертД (AvertD) е развиен од фармацевтската компанија СОЛВД и е наменет за употреба пред првата употреба на орални опиоидни лекови, како што се лекови против болки, кај лица кои ги земале помеѓу четири и 30 дена, како ...

Светската здравствена организација (СЗО) го класифицира видот на корона вирусот ЈН.1 како „варијанта од интерес“, наведувајќи дека во моментов постои мал ризик од овој вид по здравјето на луѓето. Двајца експерти за Ројтерс изјавија дека овој вид полесно се пренесува од другите варијанти на корона, но дека не предизвикува потешки форми на болеста. СЗО соопшти дека постојните вакцини ќе продолжат да штитат од ЈН.1 и други соеви на корона кои ...

Фудбалскиот клуб Трабзон во зимскиот преоден рок планира да направи реконструкција на тимот. Старо-новиот тренер Абдула Авчи на трансфер листата стави шестмина фудбалери, еден од ние е и македонскиот репрезентативец Енис Барди. Пред неколку недели, германските медиуми пишуваа дека Унион Берлин, на чија клупа сега седи екс-тренерот на Трабзон, Ненад Бјелица, сака да го донесе Барди во своите редови. Покрај Барди на траснфер листата се најдоа и ...

Сараево денеска повторно го достигна врвот на листата на градови со најголема загаденост на воздухот, покажуваат податоците на порталот AirVisual, кој собира информации од мерните станици од земјите низ светот. Концентрацијата на загадувачки материи во утринските часови е означена со индекс 235 и е во категоријата што укажува на „многу нездрав воздух“. Но, концентрацијата на микро честички од прашина со ознака ПМ 2,5 истовремено била во ...

Се појави скандалозно видео од Машинското техничко училиште Фран Бошњаковиќ во Загреб, каде професор и ученик физички се судираат, пренесува Index.hr. На вознемирувачко видеоа се гледа како на час ученик со мобилен телефон во рацете му приоѓа на професорот кој седи на неговото биро. Професорот се обидува да го оттргне од него, а се резултира со меѓусебно борење пред училишната табла. Професорот во еден момент завршува со грбот свртен кон ...

Русија го надградува својот нуклеарен арсенал и ги држи стратешките сили на највисока готовност додека Западот води хибридна војна против неа, изјави рускиот претседател Владимир Путин на конференција на високи претставници на одбраната. Путин рече и дека Москва ќе продолжи со својата „специјална воена операција“ во Украина и дека сите обиди да ѝ се нанесе стратешки пораз на Русија се неуспешни. Русија денеска го повика финскиот амбасадор да ...

Озлогласениот шеф на големата криминална организација е уапсен од шпанската Национална полиција, објавија локалните медиуми. Тој бил уапсен по длабинска истрага на шпанската полиција и соработката на мрежата ЕНФАСТА – Европска мрежа на тимови за пребарување на бегалци. Криминалната група на Љуљзим Б. се вика Драч, според името на градот во Албанија. Групата е поврзана со десетици убиства од 1998 година. Љуљзим Б. почнал да се занимава со ...

Столе Димитриевски, сезонава брани во одлична форма за на шпанскиот прволигаш Рајо Валјекано и според многу статистички показатели е меѓу најдобрите во Ла лига. Рајо, тимот на голманот на македонската фудбалска репрезентација, по 17. кола е на 11-ти на табелата, со 20 бода (гол разлика 16-23). Во минатото коло, Рајо загуби на гости од Осасуна (0:1), а вечерва од 19 часот ја пречекува Валенсија. Најуспешни сезонава кога станува збор за ...

Пентагон најави формирање на нова мултинационална безбедносна иницијатива во Црвеното Море, против нападите извршени од јеменските бунтовници Хути врз трговски бродови. Неодамнешната ескалација на нападите на јеменските бунтовници Хути го загрозува слободниот проток на трговија во Црвеното Море и го прекршува меѓународното право, а државите кои сакаат да го поддржат основниот принцип на слободата на пловидба мора да се здружат за да се ...

За Елиф Елмас, македонскиот репрезентативец и член на првакот на Италија, Наполи, заинтересирани се неколку европски екипи, меѓу нив и германскиот Лајпциг. Наводно германскиот клуб е подготвен на Наполи да му понуди 25 милиони евра за трансфер на Елмас, колку што изнесува неговата проценета вредност според „Трансфермаркт“ (26 милиони евра). Елмас се’ повеќе е фрустриран поради недостигот на минутажа во Наполи, како кај претходниот тренер Руди ...

Мултимилијардерот Илон Маск го повика населението во резвиените земји да има повеќе деца, бидејќи во спротивно, како што наведе, ќе исчезнат културите на Италија, Јапонија и Франција. На политичкиот фестивал Артеју во Рим, кој го организираше екстремно десничарската партија Браќа на Италија, на која ѝ припаѓа и премиерката Џорџа Мелони, тој порача дека имањето повеќе деца е единствениот начин да се запре намалувањето на бројот на жители што ...

На југозапад од Исланд синоќа еруптираше вулкан по неколкунеделни интензивни земјотреси, соопшти метеоролошката служба на таа земја. Четвртата вулканска ерупција во претходните три години во оваа земја ја најавија околу 800 земјотреси тој ден. Околу 4.000 жители на градот Гриндавик, во близина на кој изби лавата, се евакуирани. Официјални лица во Исланд пред четири дена предупредија дека веројатноста за вулканска ерупција е „голема“ бидејќи ...

Цените на становите во Скопје стасуваат до нови рекорди. Квадрат во одредени делови од градот каков што е центарот, населбата Дебар Маало, Тафталиџе веќе се продава по над 2.000… Но, и цените на станбениот простор во неколку други скопски населби не заостануваат. Зависно од оддалеченоста од центарот и тие се високи – 1.400, 1.600 евра… Колку е ова оправдано? Вакво прашање си поставуваат скопјани, тие наведуваат повеќе нејаснотии и за нив ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
0.0
93%
1001
weather icon

Белград

7ᴼ / 5ᴼ
2.57
78%
1000
weather icon

Загреб

8ᴼ / 6ᴼ
2.06
89%
1001
weather icon

Софија

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
83%
1000
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
1.16
97%
1002
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
0.51
97%
1001
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
4.12
78%
1003
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
3.09
82%
1002
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
100%
1001
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 1ᴼ
3.6
93%
1001
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 6ᴼ
1.03
95%
1000
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 11ᴼ
2.57
69%
1001
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Паладиум

546.56

Родиум

336779.07

Сребро

2460.50

Калај

46.91

Кобалт

64.04

Платина

67162.91

Цинк

3.25

Злато

159231.39

Рутениум

45750.51

Алуминиум

3.03

Бакар

11.69

Иридиум

221848.72