Германското здружение за воздушен транспорт (БДЛ) објави дека 80 луѓе ги загубиле животите во воздушниот сообраќај во 2023 година, вклучително и осум членови на екипажот, што е втор најмал број од 1970 година. Бројките се уште поимпресивни ако се земе предвид бројката на Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ICAO) од вкупно 4,6 милијарди патници минатата година. Тоа значи дека во 2023 година имало 14 пати повеќе авионски ...

По кратката дводневна пауза за Нова година, селекторот на машката ракометна репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров со своите избраници ги продолжува подготовките за Европското првенство (ЕП) во Германија (од 10 до 28 јануари). Во рамките на втората фаза од подготовките ќе бидат одиграни две контролни средби со Грција во Скопје. Првата е закажана за 4 јануари (17) часот во салата на СЦ „Борис Трајковски“ и отворена за јавноста, додека ...

Во две одвоени престрелки во првите часови од Новата година, во реонот на Лос Анџелес, загинаа три лица, а 12 се ранети, пренесува АП. Во пукање на забава во индустриска област во центарот на Лос Анџелес две лица загинаа, а осум други се ранети, соопштија властите. Полицајците кои реагираа на извештаите за истрели околу 1 часот по полноќ во понеделникот пријавиле дека слушнале истрели и затекнале толпа која бегала од областа, а неколку ранети ...

Oд вчера струјомерите си почнаа со пресметување на нови цени. Што ли ќе кажат тие апарати на крајот на месецот? Засега е сосема јасно дека на сметките ќе има и нова давачка која нежно ја нарекоа: „мрежарина“. Односно ќе плаќаме некаков си – пристап до мрежа која за сите корисници ќе чини 200 денари. Од Регулаторната комисија за енергетика побрзаа да објаснат дека со тоа ќе се исправи една голема неправда со која околу 240.000 сопственици на ...

Индиската организација за вселенски истражувања (ИСРО) почна мисија за проучување на црните дупки со помош на нова вселенска опсерваторија. Шефот на ИСРО, Срихара Соманат, соопшти дека лансирањето од вселенскиот центар Срихарикота било успешно. Индискиот телевизиски канал „НДТВ“ јави дека производството на сателитот, кој се очекува да има оперативен век од повеќе од пет години, чинел околу 2,5 милијарди рупии (околу 27 милиони евра). Тоа е ...

Најмалку 48 луѓе загинаа во силниот земјотрес што ја погоди Јапонија на Нова година, додека спасувачките тимови се борат да стигнат до изолираните области каде што се урнаа згради, уништени се патишта и десетици илјади домови останаа без струја. Земјотрес со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала ја потресе Јапонија во попладневните часови во понеделникот, поради што жителите на некои крајбрежни области побегнаа на повисоките места ...

Во Франција на новогодишната ноќ беа уапсени речиси 400 луѓе поради немири и палење автомобили, изјави министерот за внатрешни работи Жералд Дарманин, додавајќи дека со зголемените безбедносни мерки, забележани се помалку инциденти од претходно. Низ целата земја се уапсени 380 бунтовници, што е за околу 10 отсто помалку во споредба со претходната новогодишна ноќ, рече Дарманин, пренесува АП. Властите потврдија дека биле опожарени 745 возила, ...

Македонскиот репрезентативец напаѓач, Милан Ристовски, во првиот ден до 2024 година го промени клубот. Ристовски и официјално е фудбалер на Бохемијанс Прага. Тој во чешкиот тим се сели од словачкиот шампионат каде во изминатите две ипол години го носеше дресот на Спартак Трнава. За тој период, Ристовски одигра 113 натпревар за словачкиот тим и постигна 17 гола во шампионатот и уште пет во Купот. – Репрезентативецот на Македонија, Милан ...

Најмалку 15 полицајци се повредени на новогодишната ноќ низ Берлин, а околу 300 демонстранти се приведени, од кои многумина поради прекршување на Законот за експлозиви, пишува германскиот весник „Билд“. Весникот наведува дека во Горни Палатинату, во Баварија, осумнаесетгодишник починал од повредите со кои се здобил од петарда, наведува весникот. Во Берлин се повтори минатогодишното сценарио кога избувнаа немири во кои демонстрантите користеа ...

Почетокот на новата година, воедно и почеток на нова недела значи и нова ранг-листа на АТП. Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски новата година ја почнува од 325. то место со скок од едно место во однос на минатата недела со ист број поени – 159. Горазд Србљак има 10 поени и се наоѓа на 1057. то место и има пад од пет позиции. Трет македонски тенисер со сингл ранг е Обрад Марковски – 1.453.то место со 3 поени и има скок од едно место. ...

Стигна Новата Година. Ова е период кога секој од нас на своите најблиски роднини, пријатели, колеги… им посакува здравје, радост, мир… Всушност си посакуваме следните 365 дена да ни бидат поубави од минатите. Ама желбите се едно, но што ќе биде во реалноста во Новата година? Тука веќе кај македонското население владее песимизам. Ако не иста, како оваа што изминува, тогаш Новата 2024-та година ќе биде полоша. Вакво е доминантно чуство кај ...

Богатството на 38 од 50-те и 385 од 500-те најбогати луѓе во светот, годинава се зголемило, во еден случај дури за седум пати. Како што пишува „Гардијан“, растот на трошоците за живот значеше дека многумина мораа да се помачат да имаат пристоен оброк за Божиќ и Нова Година, за разлика од американските технолошки милијардери и руските олигарси, на кои празничниот период им е прилично лесен. Од Илон Маск и Марк Закерберг на врвот на пирамидата ...

Фудбалскиот клуб Вардар се заблагодарува на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, како и на сите советници кои едногласно ја донесоа и спроведоа одлуката за доделување на финансиска помош. ФК Вардар упатува благодарност и до својата верна навивачка група „Комити Запад“ која во текот на целиот изминат период, неуморно работеше на реализацијата на донесената одлука. – По сите перипетии, ова е прва голема победа и доказ дека искрената ...

Претворањето на Света Софија во џамија како личен успех го спомена во говорот синоќа турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, по повод доделувањето на ликовните награди во Истанбул. Предметните награди се востановени во спомен на милитантниот исламистички турски поет Неџип Фазил Кисакиурек, кој беше жесток борец за повторното отворање на Света Софија како џамија и политички се судри со кемалистичкиот естаблишмент. – 37 години по неговата смрт ...

Лидерот на опозициската Демократска партија на Косово (ПДК), Мемли Красниќи не очекува поголем егзодус на граѓаните по 1 јануари 2024 година, кога почнува безвизното движење на Косовците во Шенген-зоната, од миграцијата што се случи во последните две години, за време на владата на Албин Курти. Во новогодишното интервју за порталот „Економиа онлајн“ Красниќи изјави дека загрижувачко е заминувањето на 200. 000 луѓе, повеќето професионалци и ...

Соединетите Американски Држави вчера објавија дека собориле два проектила насочени кон танкер во јужниот дел на Црвеното Море, лансирани од делови на Јемен под контрола на Хутите. Брод кој плови под знамето на Сингапур, во данска сопственост, пријавил дека бил погоден од проектил, па американските воени бродови УСС Грејвли и УСС Лабун одговориле на неговите повици за помош, соопшти американската Централна команда (ЦЕНТКОМ) на платформата ...

Што најмногу верглаа највидните функционери од македонската власт во 2023 година? Да де, се знае, најчесто даваа ветувања. Сепак, има ли македонската јавност слушнато некоја голема поента во годината која истекува? Некој говор кој би останал запаметен? Впрочем, светската јавноста препознава дамнешни обраќањата на Винстон Черчил за „крвта, потта и солзите“ што ги чекаат Британците, на Мартин Лутер Кинг со неговото „Имам сон“… Што да се издвои ...

Американските научници од Универзитетот „Рајс“, Универзитетот „“АМ“ во Тексас и Универзитетот во Тексас идентификуваа нов метод за борба против клетките на ракот. Користејќи блиска инфрацрвена светлина за стимулирање на молекулите на аминоцијанин, научниците предизвикаа синхронизирани вибрации, ефикасно пробивајќи ги мембраните на клетките на ракот, пишува „Саенс алерт“. Молекулите на аминоцијанин, кои вообичаено се користат во био-слики, се ...

Турската полиција уапси 189 лица осомничени дека се екстремисти на Исламската држава (ИСИЛ) во рации низ целата земја, соопштија денеска официјални лица. Во 37 градови и провинции беа извршени апсења на осомничени за припадност на таа сунитска исламистичка група. Апсењето дојде еден ден откако Анкара ги спречи планираните џихадистички напади врз синагогите и црквите во Турција со апсење на околу 30 лица. Турција претходно доживеа неколку ...

Во градот Ниамеј илјадници луѓе го прославија заминувањето на француските војници од Нигер, земја во која воена хунта е на власт по државниот удар, јавија француските медиуми. На средбата присуствуваа премиерите на Нигер, Буркина Фасо и Мали. – Овој собир го означува крајот на протестите кои започнаа на 2 септември пред воздухопловната база во Ниамеј, а се одржаа „до заминувањето на француските сили, изјави членот на граѓанското општество ...

Ракометната репрезентација на Македонија во контролен натпревар ја победи Црна Гора со 39:37. Натпреварот се одигра во Стара Пазова, а според договорот по завршувањето на мечот, ракометарите одиграа уште едно полувреме. Македонските репрезентативци на овој начин ја завршија првата фаза од подготвките. Тие утре се враќаат во Македонија, од селекторот ќе добијат два слободни дена, а на 2 јануари ќе ја започнат втортата фаза од подготовките за ...

Малолетничка била вчера прегазена во Неготино. Во несреќата таа се здобила со тешки телесни повреди. – Вчера во 09.05 часот било пријавено дека на ул.„Маршал Тито“ во Неготино, патничко моторно возило „опел астра“ со неготински регистарски ознаки, управувано од И.Р.(41) од Неготино, удрило во малолетничка од Неготино, која се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во ЈЗУ Здравствен дом „Неготино“, информираат од МВР. Извршен бил увид ...

Јужна Африка денеска покрена постапка пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг, обвинувајќи го Израел за геноцид врз Палестинците во Газа и барајќи од судот да и нареди на земјата да ги запре нападите на палестинска територија. Како што е наведено во поднесокот до Меѓународниот суд на правдата, актите на Израел се од „геноциден карактер“, бидејќи се извршени со намера „да се уништат Палестинците во Газа како дел од пошироката палестинска ...

Слеп патник на летот од Алжир за Франција бил однесен на интензивна нега откако бил пронајден во подвозјето на авионот кој летал за Париз, соопштија француските власти. Како што пренесува „Би-Би-Си“, персоналот го пронашол човекот во одделот за опрема за слетување откако тој летал два и пол часа од Оран до парискиот аеродром Орли. Извор од аеродромот рекол дека патникот страдал од тешка хипотермија кога бил пронајден. Тој не носел никаква ...

Македонскиот олимписки комитет (МОК) синоќа на свечената церемонија во хотелот „Хилтон“ во Скопје по трет пат ги додели признанијата „Златна Олимпија“ за 2023 година на жените во спортот, за нивните врвни достигнувања и успеси. Традиционално, на овој настан се доделуваат 11 признанија во исто толку категории наменети за најуспешните спортистки, женски спортски клубови и женски спортски работници во олимписките спортови. Признанието за ...

Турските новинари кои се наоѓаат во Саудиска Арабија на стадионот во Ријад објавија дека натпреварот од Суперкупот меѓу Фенербахче и Галатасарај е одложен. Натпреварот меѓу Фенербахче и Галатасарај требаше да се одигра на стадионот Ал Наср со почеток во 18:45 часот. Турските новинари присутни на стадионот објавија дека натпреварот е откажан и дека ќе се игра на друго место, сега се чека само официјална потврда од двата клуба. Причината за ...

На социјалните мрежи се појави видео од експлозија во станбен облакодер во Киев. На видеото се гледа како проектилот удира во зградата и како се создава огромна експлозија и голем облак од чад. Во денешниот огромен руски напад врз неколку украински градови загинаа најмалку 28 лица, а повеќе од 140 беа повредени. Само во Киев загинаа пет лица, а 30 се повредени. Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека, според проценките, Русија ...

Во периодот од 18 до 24 декември во Грција е регистрирани зголемен број на заразени со Ковид-19, на хоспитализирани лица, но и на починати, согласно податоците од Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), а Министерството за здравство упатува силна препорака за носење маски во здравствените установи и вакцинација на лицата над 60 години, јави дописничката на МИА од Атина. Според неделниот извештај на ЕОДИ, починале 62 лица на возраст ...

Оние кои ќе одбијат работа во Германија повеќе нема да добиваат помош во вид на компензација, изјави германскиот министер за труд – Хубертус Хајл. Според неговиот план, на секој што целосно ќе одбие да работи, ќе му бидат укинати бенефициите до два месеци. Но, државата ќе продолжи да им ги плаќа становите за да се спречи бездомништвото. – Планираната уредба за вкупни одбитоци е наменета за оние кои неразумно и самоволно одбиваат да прифатат ...

Горзад Михајлов ќе биде тренер на Вардар во вториот дел од сезоната и тој доаѓа на местото на Александар Васоски кој пак го наследи него во Силекс. Ангажманот на Михајлов го потврдија од Вардар преку социјалната мрежа Фејсбук. – ФК Вардар ја известува јавноста дека Горазд Михајлов од денес е нов шеф на стручниот штаб на тимот. Му посакуваме среќа и успешна соработка со најтрофејниот клуб во Македонија. Добредојде во црвено црното семејство, ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
93%
1000
weather icon

Белград

8ᴼ / 6ᴼ
3.09
77%
998
weather icon

Загреб

8ᴼ / 5ᴼ
1.54
89%
999
weather icon

Софија

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
93%
1000
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
1.64
97%
1001
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
0.51
96%
1000
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
3.58
83%
1003
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
5.14
82%
1000
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
0.0
100%
1000
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 1ᴼ
3.09
93%
1000
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 6ᴼ
2.06
94%
998
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
3.09
76%
1002
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Иридиум

221848.72

Бакар

11.69

Алуминиум

3.03

Кобалт

64.04

Платина

67162.91

Калај

46.91

Цинк

3.25

Родиум

336779.07

Рутениум

45750.51

Паладиум

546.56

Сребро

2460.50

Злато

159231.39