Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Пакистан изврши напади во Иран насочени кон сепаратистичките милитанти, соопшти пакистанското Министерство за надворешни работи, два дена откако Техеран соопшти дека нападнал бази на милитанти поврзани со Израел на пакистанска територија. Иранските медиуми јавуваат дека неколку проектили погодиле локација во провинцијата Систан и во Белуџистан, која се граничи со Пакистан, при што загинале три жени и четири деца, од кои ниту едно по потекло ...
Шефот на американската дипломатија, кој помина ден и половина во Давос за да присуствува на форумот, не можеше да го напушти Цирих поради дефект поврзан со кислородот во неговиот авион, изјави американски официјален претставник. Друг авион бил испратен да го земе додека членовите на неговата делегација се враќале во Вашингтон со редовен лет. Проблемите со авионите не се невообичаени за државниот секретар кој зависи од флотата на застарени ...
Поради случајот со притворениот градоначалник на албанскиот град Химара Фреди Белерис, Грција блокирала одбранбен договор меѓу Албанија и Европската Унија, пишува грчкиот весник „Катимерини“. Според весникот, ЕУ е во фаза на забрзување на процесите на потпишување договори со трети земји со цел подобра одбранбена соработка, а пред неколку дена во Брисел се одржал состанок за склучување низа договори за одбрана и безбедност со Канада, Јапонија, ...
Најдобриот македонски атлетичар и рекордер во повеќе дисциплини, Дарио Ивановски доби елитен статус за настап на маратонот во Севилја, Шпанија, на 18 февруари. Ивановски лани во декември на маратонот во Валенсија, забележа одличен резултат, во време на нов македонски рекорд, 2.11;51 часа со што го трасира патот за учество на најмоќните светски маратони. Рекордот на маратонската патека во Севилја од 2022 година го држи Етиопјанецот Асрар ...
Гренланд поради климатските промени губи речиси 30 милиони тони мраз секој час, покажа новото истражување, што е за 20% повеќе отколку што се мислеше, пишува „Гардијан“. Научниците се загрижени дека таквиот дополнителен прилив на свежа вода што се влева во Северниот Атлантик може да не доближи до колапс на океанските струи (феноменот Амок), со несогледливи последици за човештвото. Губењето на мразот од Гренланд како резултат на глобалното ...
Стотици и стотици македoнски граѓани и денеска ќе се најдат во долгите редови пред пунктовите на МВР за да го исполнат ултиматумот на власта – промена на личните документи. Ќе чекаат понижени по студот, по дождот, меѓу отпадоците што се повеќе се трупаат, без клупи, столчиња… Ова не е нормално однесување на државни институции кон своите граѓани. Но, наместо работата да се среди, јавноста сигурно деновиве ќе слушат нова „тура“ на изјави од ...
И покрај пандемијата, кризите и војните, мнозинството граѓани на земјите-членки на Европската унија се задоволни од животот, покажуваат резултатите од најновото истражување објавено од европската статистичка служба Еуростат. Истражувањето беше спроведено во 2022 година и побара од луѓето ширум ЕУ да оценат колку се задоволни од нивниот живот на скала од еден до десет. Жителите на ЕУ го оценија животот во просек со 7,1, додека во 18 од 27 ...
Работнички се активира на трансфер пазарот! „Херојот од Дебар Маало“ конечно се активираше и прво засилување во своите редови ќе биде Сабит Билали. Тој во Работнички ќе пристигне од албанскиот прволигаш Партизани како слободен играч. Сабит Билали изминатата полусезона за Партизани одигра 9 натпревари во Првата Лига на Албанија и уште 6 во квалификациите за ЛШ и ЕКЛ. Во Македонија има настапувано за Шкендија, Македонија ЃП, Шкупи, Гостивар и ...
Пратеничка од Нов Зеланд поднесе оставка по повеќе обвинувања за кражба во продавница. Голриз Гахраман од Партијата на зелените, наводно три пати крадела од две продавници за облека. Поранешната адвокатка на ОН за човекови права влезе во историјата во 2017 година како прв бегалец во владата на Нов Зеланд. 42-годишната пратеничка, која не е обвинета за никакво кривично дело, во изјавата рече дека нејзините постапки не биле во согласност со ...
Невидена снежна бура ја покри Норвешка, а во главниот град Осло предизвика хаос во транспортот. – Жал ни е, ова е хаос. Надвор е минус 10, но тоа не е проблемот. Падна толку многу снег што немаа време да го расчистат. Вака никогаш не било, минатата недела беше -25. Беше тотален колапс, луѓето се евакуирани од метроата, снема струја во делови од градот, изјави за 24сата.хр една Хрватка која живее во Осло. Таа вели дека едвај стигнала на работа ...
Еднаш годишно, глобалните елити од сите сектори присуствуваат на петдневна конференција во завеаниот од снег град Давос, Швајцарија, која по напорна работа се надополнува со кавијар, шампањ и секакви разврати, пишува Дејли мејл во својот коментар, а пренесува српски Блиц. Учесниците не само што разговараат за глобалните конфликти, економијата и еволуцијата на технологијата, туку и се поврзуваат едни со други и градат деловни мостови на вечери ...
Претседателот Стево Пендаровски e во Давос, Швајцарија. Таму ќе учествува на многу важни дебати во рамки на 54-от Годишен состанок на Светскиот економски форум. Македонија сигурно ќе има многу придобивки од тоа. Но, граѓаните имаат и една мака која Пендаровски треба да ја решава тука – во земјава. Хаосот и понижувачкото менување на личните документи уште трае иако имаше други ветувања. Дали уште трае и „расипаниот телефон“ меѓу премиерот ...
Македонското образование веќе со години и години оди надолу. Не се знае, просто кажано, има ли некој сегмент каде работата не е проблематична. Затоа, на тестирањата на ученичките знаења се покажуваат катастрофални резултати. Загрижувачко е знаењето кое го стекнуваат децата. Да споменуваме ли дека секоја учебна година се случува да нема дел од учебниците, а и кога ги има тие се полни со парадоксални грешки? Никој веќе не сака да биде рецензент ...
Иран изврши серија напади со дронови и проектили врз цели во Пакистан. Мета на иранскиот напад бил штаб на сунитска милитантна група која според „Ал Арабија“, се спротивставува на Техеран во Пакистан. Новинската агенција „Тасним“ објави дека два „важни штаба“ на Џаиш ал-Адл што во превод значи Армија на правдата во Пакистан биле „уништени“. Агенцијата соопшти и дека нападите биле насочени кон област во пакистанската провинција Балучистан ...
Швајцарските научници развиваат метод за „лемење“ на раните наместо да ги зашијат, бидејќи тоа би можело да помогне да се спречат компликации опасни по живот. Истражувачки тим од Швајцарската федерална лабораторија за наука и технологија за материјали (Емпа) и Федералниот институт за технологија ЕТХ Цирих аплицираа за патент за процесот, објави денеска Емпа. Во принцип, „лемењето“ на рани со новиот метод функционира на ист начин како и ...
Неколкумина се глумците кои оставија сериозна трага во македонското актерство. Еден од нив е Мето Јовановски. За жал, со него македонската јавност се прости минатата година во ноември, а денеска се навраќаме на него по повод денот кога пред 78 години беше роден на 17 јануари 1946 година во пехчевското село Панчарево, во 1946 година. Овој одличен актер има улоги во околу стотина филмски и телевизиски остварувања. Тој има добиено бројни награди ...
Селекторот на македонските ракометари, Кирил Лазаров, им ја честита играта и борбата во денешниот натпревар против Швајцарија, каде нашите момци излегоа како победници. -Одигравме екстра квалитетен натпревар, со голема борба, голема жар, многу желба за победа и знаете, кога посакувате, тоа им го кажав на момците пред натпревар, не е важна ниту стратегија ниту тактика, само да ја посакуваме победата повеќе од Швајцарија. Така и беше иако и тие ...
Вештачката интелигенција ќе влијае, односно загрози најмалку 40 проценти работни места ширум светот и клучно е земјите да изградат мрежа на социјална безбедност за да го ублажат влијанието на ранливите работници, смета лидерката на Меѓународниот монетарен фонд Кристалина Георгиева, пишува „Гардијан“. Вештачката интелигенција е подготвена длабоко да ја промени глобалната економија, а понапредните економии ќе бидат во поголем ризик од ...
Четворица муслимански ученици побарале да се воведат строги исламски правила во нивното средно училиште „Нордштат“ во Нојс, град во германската покраина Северна Рајна-Вестфалија. Како што пренесе „ДВ“, 17-годишник, двајца 18-годишници и еден 19-годишен ученик барале часовите да бидат строго поделени по пол, мажи да им држат часови по пливање на момчиња, а жени на девојчињата и дека девојките мора да носат шамии. Тие бараа дури и групите за ...
Нешто не е како што треба во комуникацијата меѓу премиерот Димитар Ковачевски и шефот на државата Стево Пендаровски. Тоа го покажа и денешната „размена“ на изјави на двајцава околу тоа – кој што треба да прави за да се реши големиот проблем – што самите го направија наметнувајки обврска граѓаните да мора да ги сменат личните документи. Срамното и понижувашко чекање на граѓаните за промена на пасошите и други лични документи продолжува иако ...
Научниците анализирале 13-годишни податоци од вселенскиот телескоп Ферми со гама-зраци и забележале мистериозен сигнал. Не го очекувавме тоа. Сè уште не можеме да објасниме, вели Френсис Реди од Центарот за вселенски летови Годард на НАСА. Моќен телескоп може да детектира гама зраци, огромни изливи на енергија илјадници до стотици милијарди пати посилни од она што можеме да го видиме со голо око. Ваквите „сигнали“ се јавуваат кога ѕвезди ...
Толку многу афери има во Македонија што дури и големите се подзабораваат иако неодамна беа. Да ве потсетиме на една таква – клиниката за онкологија и страшното манипулирање со терапијата наменета за тешко болните од карцином. Еј, излезе во јавноста дека дури на некои пациенти им давале физиолошки раствори, а вистинските лекови се препродавале на трети лица. И, до каде е расветлувањето на оваа афера која ја згрози македонската јавност? Веќе ...
Околу 1.000 туристи останаа заробени во зафрлено туристичко село откако лавини го погодија северозападниот кинески регион Ксинџијанг со метри снег и променливо време што ја отежнува евакуацијата, објави во вторникот државната телевизија. Патот до селото Хем, живописна дестинација во близина на границите на Казахстан, Русија и Монголија, каде што беа заробени туристи, веќе неколку дена е отсечен од лавини, пренесува Кинеската државна ...
Македонската ракометна репрезентација вечер ќе го има својот последен настап на Европското првенство во Германија. Противник на избраниците на селекторот Кирил Лазаров, ќе биде репрезентацијата на Швајцарија. Во првите две кола, Македонците забележаа два пораза, од Франција и од Германија, додека Швајцарците успеаја да изигра нерешено со Франција. Селекторот Кирил Лазаров смета дека сепак има каква таква шанса за победа. – Швајцарија завчера ...
Нијаз Јусуфи повеќе не е дел од ФК Вардар и од наредната полусезона ќе настапува за ФК Гостивар. Трансфер спогодбата е постигната во согласност помеѓу двата клуба. -Би сакале да истакнеме дека направивме максимални напори, со цел да изнајдеме позитивен договор за продолжување на соработката, свесни за потенцијалот на младиот Вардаров бисер, но сепак на крајот не успеавме да ја промениме одлуката и пред се желбата да си замине. За ...
Скоро да нема ден да не се слушне во јавноста за некое ново масовно вработување во државните институции. И тоа не во оние каде платите се поскромни, не се одбираат работните местенца… Треба ли да се каже кој тоа на осиромашениот македонски грб товара нови лица од кои повеќето ќе бидат по занимање: клати врата – земај плата? Треба ли да се каже кој тоа сиве овие години не убедуваше дека веќе нема да има партиски вработувања и дека приоритет им ...
„Република Македонија воведува сопствена парична единица што ќе го носи името „денар“ и еве задоволство ми е да видите како тие парични единици се печатени..“ Со овие зборови во април 1992 година од собраниската говорница беше промовирана прва македонска валута „денар“. Обзнанувањето го направи првиот македонски премиер во осамостоената независна македонска држава Република Македонија Никола Кљусев. Тоа е историски чин. Секако, историски ...
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп за започна изборната сезона во САД, откако во Ајова ги доби гласовите за претседателски кандидат на Републиканската партија, пренесува Си-Ен-Ен. Телевизијата објави и дека голем број републикански конгресмени со симпатии кон Трамп изјавиле за станицата по објавувањето на резултатите од Ајова дека неговата победа таму е јасен сигнал до неговите ривали дека треба да се откажат од трката. Според ...
Нешто пред полноќ во северниот дел на Косовска Митровица е фрлена бомба во близина на еден од рестораните, на раскрсницата кај Техничкиот факултет. Најмалку едно лице е повредено, а екипи на косовската полиција се на терен, јавува „КоССев“. Заменик-командантот на косовската полиција за северниот регион, Ветон Ељшани за „Радио Контакт плус“ изјави дека експлозивната направа, најверојатно рачна бомба, била фрлена во близина на мотелот ...
Македонската заедница во Австралија објави фотографија со забранети знамиња, каде што се наоѓа и македонското знаме. Знамето е забрането заедно со Израел, Русија, Белорусија, Палестина и Тајван, а засега не е позната причината на организаторот, јавува австралиското радио СБС на македонски. Забрането е и старото знаме со 16 краци од Кутлеш. Знамињата на Палестина и Израел се забранети поради војната, а руските и белоруските знамиња поради ...