Бритни Черч (33) од Арканзас Сити, Канзас, имала 16 години кога го родила своето прво дете во 2004 година, а имала уште три деца на возраст од 17 до 19 години. Таа минатата година го родила своето последно дете, 12-то по ред. Таа вели дека последните 17 години од нејзиниот живот се вртеле најмногу околу бременоста и бебињата, пишува „Дејли меил“. – Мислам дека завршив со тоа, иако мојот сопруг Крис би бил среќен кога би имале уште едно дете, ...

Скопје е пренатрупан град кој и понатаму урбанистички се осакатува. А нели требаше да има нов Генералниот урбанистички план на метрополата и недорешеностите да завршат? Дали Скопје уште да се шири, во која насока, колку да има зеленило, кои нови сообраќајници да има, колкава густина на населението, како да се прават новите општински ДУП-ови…? Сето ова се прашања на кои се уште се нема одговор бидејќи веќе цела година доцни изработка на ГУП-от на ...

Наближуваат изборните датуми за претседателските и парламентарните избори во Македонија. И веќе почнаа натегањата кога тие да се одржат. До сега расправиите беа дали да има предвремени избори, сега се – дали двата изборни циклуса да се поклопат во еден ист датум за да се намалaт милионските трошоци. Додека се чека на заседање на меѓупартиската работна група во македонскиот парламент која ќе го договара терминот, веќе сега се гледа дека СДСМ ...

Градежната компанија „Маланерги“ претвара поранешен магацин за нафта во резервоар за топла вода. Три подземни простории, ископани во 1970-тите, имаат волумен од 300.000 кубни метри и служеле како складиште за нафта до 1985 година. – Ги претвораме во огромен термос за складирање топла вода. Таму ќе се складира енергија, понекогаш вишок, за употреба кога има недостиг, рече Рикард Свенсон, кој е одговорен за проектот за енергетската групација ...

Во светот на автомобилите се повеќе се пробиваат возилата на елетричен погон. Но, изненадувачките податоци од студијата спроведена од SP Global покажуваат дека сопствениците на електрични автомобили не се строго посветени на електромобилноста. Ако Tesla биде отстранета од резултатите на анкетата, излегува дека во првата половина од оваа година, само 52,1% од домаќинствата во Америка остануваат лојални на електричната енергија како возач на ...

Нема да има средба на американскиот претседател Џо Бајден со палестинскиот претседател Махмуд Абас и со претседателот на Египет, Абдел Фатах ал Сиси. Тие требаше денеска да разговараат за ситуацијата во Газа, но средбата во главниот град на Јордан е откажана по експлозијата во болницата во Газа во која загинаа над 500 Палестинци. – Сега нема смисла да се зборува за ништо друго освен за запирање на војната, изјави шефот на јорданската дипломатија ...

Македонскиот фудбалски клуб Работнички, од денеска има нови сопственици. Се работи за странска компанија, која има блиски релации со „Џевахир“, добро позната компанија во нашата земја. Денеска на Македонска берза е реализирана трансакција за продажба на 250 акции, откупени се 100% од основната главнина, а вредноста на трансакцијата е 36.904.250 денари, односно околу 600.000 евра. Планот на новите газди е да го вратат четирикратниот македонски ...

Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот во понеделникот во Брисел, објави во вторникот каналот Телеграм на групата. Тие соопштуваат дека еден од нејзините борци го извршил нападот во кој загинаа две лица. Човекот осомничен дека застрелал двајца шведски фудбалски навивачи и ранил друг во Брисел е 45-годишен Тунижанец чие барање за азил било одбиено во 2020 година, но белгиските власти велат дека тој продолжил да живее илегално во ...

Стотици мртви и повредени лица, според првичните сознанија, се резулат на синоќешниот ракетен удар врз болницата „Ал Ахли“ во централна Газа, која се финансира од Англиканската црква во Газа. Според претставници на палестинското министерство за здравство, кое е под контрола на Хамас, во нападот се убиени и повредени најмалку 500 луѓе.Владата на Хамас во Газа го опиша нападот како „воено злосторство“ и им го припиша на израелските сили. -Во ...

Српскиот претседател Александар Вучиќ е во посета на Кина. Со него е и поголема делегација. Претставниците на Србија и Кина во Пекинг потпишаа неколку договори, меѓу кои и еден за слободна трговија. Договорот, кој го потпишаа двајцата министри за трговија, беше потпишан во присуство на кинескиот лидер Си Џинпинг и на српскиот претседател Александар Вучиќ, кој заедно со српската делегација учествува на третиот форум за меѓународна соработка ...

Македонската ракометна репрезентативка Андреа Седлоска се најде во идеалниот тим во изборот на ЕХФ за првите две кола од квалификациите за Европското првенство 2024. ЕХФ ја вброи меѓу седумте најдобри откако во Скопје со Азербејџан постигна седум гола, а во Вилнус против Литванија имаше осум. Покрај Седлоска како најдобар лев бек, во изборот се и: Ана Кристенсен (голман, Данска), Клои Валентини (лево крило, Франција), Кристина Ласло (среден бек, ...

Татко во Минхен, Германија, со дрвена палка го претепал силувачот на својата ќерка (19). Тој е обвинет за физички напад, а осомничениот силувач (37) е приведен. Како што пишува „Билд“, девојката била во пријателски односи со 37-годишникот неколку недели. Кога ја поминале ноќта во станот на една од пријателките на мажот, тој наводно ја силувал и ја претепал. Утрото 19-годишната девојка успеала да излезе од станот, но 37-годишниот маж тргнал по ...

Конфликтот во Израел се проширува и на северната граница на земјата каде израелските трупи со тенкови денеска ја нападнаа граничната област во соседен Либан. Портпаролот на израелските одбранбени сили (ИДФ) Даниел Хагари објави на социјалните мрежи дека израелски тенкови сега ја напаѓаат областа во Либан од која претходно бил нападнат градот Метула во северниот дел на Израел. Израелските власти објавија дела две лица се ранети во бомбардирањето ...

Денеска РК „Алкалоид“ ќе го има своето деби во натпреварувањата кои се во организација на ЕХФ. Македонските ракометари, во Лига Европа, ќе го пречека шампионот на Србија, „Војводина“. Легендарниот Кирил Лазаров, кој е тренер на РК Алкалоид, истакна дека е претпазлив и во исто време оптимист за стартот на неговите ракометари во второто по квалитет натпреварување на ЕХФ. -Ова е историски натпревар за нашиот клуб. Ќе пробаме да бидеме компетитивни, ...

Франција ја зголемува безбедноста на белгиската граница, изјави денеска министерот за внатрешни работи Жералд Дарманин. Безбедноста е зголемена откако претходната ноќ две лица беа убиени во Брисел. – Немаме информации дека напаѓачот би можел да се движи кон Франција, но како мерка на претпазливост ќе го удвоиме бројот на безбедносните службеници на границата, изјави Дарманин за радиото „ртл“, пренесува „Ројтерс“. Осомничениот за пукањето е ...

Италијанските власти утринава спроведоа антитерористичка операција која доведе до апсење на египетски државјанин и на италијански државјанин со египетско потекло, се наведува во полициското соопштение. Двајца осомничени се товарат за членство во терористичка група и поттикнување терористички акти. Акцијата ја координирало Јавното обвинителство на Милано. – Две лица се уапсени под обвинение за тероризам – изјави италијанскиот министер за ...

Во полициската акција утринава бил застрелан маж осомничениот за убиство на двајца шведски навивачи вчера, потврдија од полициски извори за за белгиски „ДеМорген“. Маж е застрелан во кафуле во Шаербек, но според последните информации тој е реанимиран и е пренесен во локална болница. Белгискиот „РТЛ“ пишува дека здравствената состојба на застреланиот терорист е комплицирана и дека тој е „помеѓу живот и смрт“. Според информациите што ги добиле, ...

Израелските одбранбени сили (ИДФ), на своите официјални социјални мрежи објавија видео на кое се гледа првиот човек на Хамас, Јахја Синвар, личност на израелската „листа за отстрел“. Во кратко видео, ИДФ прикажа делови од говорите на Синвар во кои се споменува борбата на Хамас против Израел. – Убиец баран од израелските безбедносни служби. Јахја Синвар е лидер на Хамас во Газа. Синвар е против дипломатските врски со Израел. За него геноцидот е ...

Во примитивно племе во прашумите на Амазон живеат 3.000 жени и само седум мажи. Мажите таму мора да живеат на дрвјата за да се одбранат од жените. Тоа е типично племе каде владее матријархатот. Жените имаат контрола над сè, вклучувајќи ги и мажите. Концептот на брак таму не постои, а жените во интервали ги менуваат неколкуте мажи за да „дојдат ред“, се објаснува во видеото од ТикТок. Единствената задача на преостанатите мажи во племето е ...

Синот на Реџеп Таип Ердоган, Билал и неговиот зет Селџук Бајрактар, учествуваа во првите редови на демонстрациите за поддршка на Хамас што во неделата се одржаа во Истанбул. Сликите беа објавени на платформата Х (поранешен Твитер) од авторот, историчар и новинар Бабак Тагваи, пишувајќи: „Овие слики се доказ за поддршката на Турција за терористичката организација Хамас“. Денеска, синот на Ердоган, Билал, кој имаше врски со ИСИЛ (Исламска држава) ...

Подолг период македонскиот јазик е под удар и негирање од надвор. На тоа треба да одговориме сите во Македонија. И политиката и науката и граѓаните… На ова треба силно да се дигнат и реагираат и македонските писатели и нивните здруженија. Многумина од писателите тоа и го прават. Деновиве во Друштвото на писателите бајаги се распишаа неговите членови, покажаа дека има во нив жар, ама, по друга тема и повод. Имено, тешки зборови деновиве си ...

Седумдесет и едногодишен маж од Илиноис е обвинет за убиство на шестгодишно момче и повредување на 32-годишна жена во, како што наведе полицијата, злосторство од омраза поради што биле муслимани и поради војната помеѓу Израел и исламистичката група Хамас. Полицијата ги пронашла жената и момчето во саботата наутро во дом во Плејнфилд, југозападно од Чикаго, се наведува во соопштението на Канцеларијата на шерифот на округот Вил. Детето било ...

Германска мултинационална компанија „Schott AG“ специјализирана за производство на стакло и стаклена керамика со седиште во Мајнц, испраќа речиси 20% од своите работници на работа со скратено работно време. Од мерката што се презема како последен чекор за спас од кризата се погодени околу 600 работници, јавуваат германските медиуми. – Работното време ќе се намали за 15%. Околу 600 вработени беа погодени. Околу 300 од нив се работници за ...

Астрономите и набљудувачите на ѕвездите викендов беа сведоци на прстенесто затемнување на Сонцето во делови од САД, Централна и Јужна Америка, пишува Би-Би-Си. Небесниот настан се случува кога Месечината минува помеѓу Земјата и Сонцето, блокирајќи го најголемиот дел, но не сосема целата сончева светлина. Патеката на прстенестото затемнување на Сонцето на 14 октомври се протегала на широк простор. Оние кои се наоѓале на патеката на прстенестото ...

Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски, го има најдобриот ранкинг на АТП листата во кариерата. На најновата АТП листа, Ивановски се наоѓа на 305. место во светот. Во однос на претходното рангирање, Ивановски напредуваше 26 места. Ивановски оваа недела ќе се натпреварува на челинџерот во Хамбург. Што се однесува до Топ 10 на АТП листата, лидер е Новак Ѓоковиќ. Српскиот тенисер ја започна својата 395. недела на првото место. Зад него се ...

Македонски таеквондист Дејан Георгиевски освои златен медал на Г1 „Загреб опен“ викендов во хрватската престолнина. На патот до златото Георгиевски забележа три победи. Најпрво го совлада Марко Насо од Италија, следуваше победа над Бразилецот Патрик Переира Кардосо, за во финалето да биде поуспешен од Холанѓанецот Брајан Зондероп од Холандија. Георгиевски победи и на претходниот турнир од Г1 серијата, одржан на почетокот на овој месец во Тирана. ...

Македонската женска ракометна репрезентација направи голем исчекор кон пласман на Европското првенство идната година по денешната победа на гостувањето кај Литванија со 31-28. Нашиот тим сега има две победи од два натпревари во групата 5. Македонија го диктираше резултатот и играта речиси цел натпревар, освен почетните 10 минути, кога Литванија имаше минимална предност. По 8-8, нашите девојки го преземаа водството и не го испуштија до крајот. ...

Колумна на Пеце Лозанов: На автопатот Гостивар – Тетово 19-годишното момче со своето возило излетало од патот по што починало на патот за болница. На патот од Битола кон Меџитлија, кој е во реконструкција, 42-годишниот маж загина откако со возилото излетал од патот. И во Скопје имаше слична несреќа: на влез-излез од парк-шума гази Баба возилото со две лица излетало од патот по што тие се повредени. Со повреди се здоби и возачот кој излетал од ...

Со Наташа Амдију, од невладината организација „Зелен институт“ зборуваме за состојбите со зеленилото во Скопје, како да се делува во иднина… Каква е состојбата со зеленилото во Скопје? Има ли доволно, загрозено ли е? -Велат, „една слика, илјада зборови“, Скопје е „заробен“ град кој не може да дише. Во периодов, „Зелен институт“ во партнерство со повеќе организации спроведува серија на активности токму за тоа, во рамките на проектот „Повеќе ...

Израелската војска го одложи планираниот упад во Појасот Газа, кој го контролира Хамас, за неколку дена поради лошите временски услови, се вели во извештајот на Њујорк Тајмс објавен доцна синоќа. Копнената офанзива требаше да започне овој викенд, но делумно беше одложена поради облачното небо што би им отежнало на израелските пилоти и оператори на беспилотни летала да обезбедат воздушна поддршка за копнените сили, објави американскиот весник, ...

weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
7.2
80%
1016
weather icon

Загреб

7ᴼ / 6ᴼ
0.51
92%
1016
weather icon

Софија

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
71%
1016
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
2.75
91%
1017
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
0.12
95%
1017
weather icon

Атина

14ᴼ / 11ᴼ
4.12
88%
1008
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
0.51
87%
1010
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
0.0
93%
1011
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
3.13
86%
1017
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 6ᴼ
0.89
93%
1016
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 13ᴼ
6.17
100%
1007
weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
2.57
87%
1013
Currency

61.64

Currency

52.9118

Currency

70.6047

Currency

35.1461

Currency

38.2593

Currency

65.7014

Currency

7.48319

Currency

0.6928

Currency

0.34051

Currency

0.52462

Currency

1.24411

Currency

0.58842

Кобалт

58.42

Платина

52864.82

Калај

40.49

Рутениум

29192.88

Паладиум

46361.38

Цинк

3.22

Иридиум

145787.60

Родиум

255598.44

Бакар

10.96

Злато

134976.58

Алуминиум

2.91

Сребро

1876.20