Белград
8ᴼ /
7ᴼ
Вообичаено секој ден АМСМ излегува со податоци околу состојбата на патиштата во Македонија. Тоа е многу корисна информација за секој што има намера да патува. За денеска пишува: Поради поставување на заштитна мрежа на Регионалниот пат Р1102, делница Велес – Градско, на ден 24.01.2024 г., ќе биде затворена за сообраќај во период од 09:00 – 16:00 часот. Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози. ...
Да бидеме обединети, единствени, да одиме заедно кон целта… Многу вакви пораки во изминативе години упатуваа највисоки македонски државни функционери. Најчесто за државни празници, шефот на државата Стево Пендаровски и премиерот Димитар Ковачевски јавно порачуваа деке е потребно заедништво а не кавги и продлабочување на внатрешните судири во македонското општество. Но, дали потоа работеа на остварување на заедништвото? И Ковачевски и Пендаровски ...
Американскиот Стејт департмент ја повика Приштина да ја преиспитаат одлуката за укинување на српскиот динар како платежно средство, објавија српските медиуми. – Ја повикуваме Владата на Косово да ја разгледа одлуката, да се консултира со засегнатите заедници, да одговори на загриженоста изразена од меѓународната заедница и да обезбеди доволно време за спроведување на нејзините одлуки, со цел да се ублажи влијанието што овие одлуки ќе го имаат ...
Ситно брои владата на ДУИ и СДСМ. Веќе утре наутро сите министри сосе премиерот ќе бидат во оставка. Што сработеа, сработеа за доброто на народот во Македонија, сега ќе чекаат народот да ги оцени. Додуша некои од министрите пак ќе се министри во техничката влада, ама на пример на премиерот Ковачевски му остануваат уште неколку часа од збогувањето со удобната владина фотелја. Ќе треба Димитар Ковачевски да си ги собере во кутија личните работи од ...
Германските машиновозачи утрово повторно не работат и ова ќе биде најдолгиот штрајк на германските железници во историјата. Штрајкот, кој започна во 2 часот изутринава, а треба да трае до вечерта во понеделник на 29 јануари, е четвртиот круг индустриски акции во спорот меѓу синдикатот на машиновозачите ГДЛ и железничкиот оператор Дојче Бан (DB). Штрајкот дојде само две недели по претходниот прекин на работата, кој речиси целосно го парализираше ...
Голем пожар во Кинески трговски центар избувна утрово околу 7 часот во Белград, во населбата Блок 70. Од деловните објекти се крева густ облак чад додека пожарникарите се обидуваат да го локализираат огнот. Ова е нов пожар во овој комплекс по големиот пожар во 2021 година. Се уште не е позната причината за пожарот. На лице место интервенираат 15 противпожарни возила и 51 пожарникар. Сопственциите на трговските дуќани коишто се уште не се ...
Во весникот „Револуција” кој го покренал во 1895 година, како прво македонско социјалистичко гласило ги објавил и овие негови мисли: „Македонија не припаѓа, ниту на Бугарите, ниту на Србите, ниту на Грците, а си припаѓа сама на себе.., Ние сакаме Македонија да биде за Македонците…“ Ваквите јасни заложби и повици за ослободување на Македонија и создавање на независна македонска Република доаѓаа од тогаш 26-годишниот велешанец Васил Главинов кој ...
Турскиот парламент го одобри предлог-законот за протоколот за пристапување на Шведска во НАТО, јави ТРТ. По вчерашното гласање во турскиот парламент, Унгарија стана единствената членка на НАТО која сè уште не ја одобрила кандидатурата на Шведска за влез во Алијансата. Предлог – законот е испратен до турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на конечен потпис, што се очекува да се случи во наредните неколку дена. Во октомври 2023 година, турскиот ...
Европската куќа на фудбалот (УЕФА) изрече санкција кон Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) заради недолично однесување за време на гостинската химна на Англија. Во извештајот на УЕФА стои дека исвиркана била националната химна на Гордиот албион за време на мечот на Арената „Тодор Проески“ во Скопје кој се одигра на 20 ноември. Поради тоа, според членот 16, ФФМ ќе треба да плати казна од 15.000 евра. Натпреварот меѓу Македонија и Англија ...
Македонскиот женски ракометен клуб Ѓорче Петров денес по ждрепката во ЕХФ ги дозна противниците на 1/4 финалето во ЕХФ Купот, како и за евентуалното полуфинале. Ѓорче Петров за ривал во следната фаза го доби тимот на Елче Мустанг. Првиот меч се игра во гости на 9/10 март, а реваншот во Скопје е предвидено да се игра на 16/17 март. Ако Ѓорче Петров го мине Елче, во полуфиналето ќе има друг шпански противник, победникот од дуелот меѓу Гранољерс и ...
Во Скопје од утре до недела ќе се одржи Европско првенство во пинг-понг за играчи до 21 година. Во СЦ „Јане Сандански“ се е подготвено за овој голем спортски настан да помине во најдобра ред. Директорот на АМС Наумче Мојсоски ги повика и останатите „помали“ федерации да го следат примерот на Пингпонгарската федерација. – Македонија за прв пат ќе биде домаќин на едно вакво првенство. Ова ќе биде прв ваков настан по многу години организиран од ...
Во Украина веќе го нема оптимизмот што беше забележан минатата година за брзо завршување на конфликтот, јавува воениот дописник на шпанскиот весник „Мундо“ Хавиер Еспиноза. Според неговите зборови, самите Украинци веќе признаваат дека конфликтот може да се одолговлекува и да трае со години. – Мора да се каже дека ова чувство се споделува низ целата земја, во сите делови на земјата каде што сум ја посетил. На исток, во областите блиску до ...
Колумбиската морнарица пресретнала подморница со речиси 800 килограми кокаин. „Нарко-подморница“ долга 15 метри, прва откриена оваа година, е запленета во водите на Колумбија, јавува Би-би-си. Морнарицата процени дека „уловот“ вреди 27 милиони долари и рече дека се верува дека подморницата била на пат кон САД или Европа. Уапсени се три лица кои биле во подморницата. – Со оваа заплена беше спречен профит од близу 27 милиони долари на ...
Војската на Израел соопшти дека 21 војник е убиен во Газа, што го означува најсмртоносниот ден за израелските сили од почетокот на нивната копнена операција. Портпаролот на израелските одбранбени сили (ИДФ), Даниел Хагари, изјави дека се верува дека ракетна граната го погодила тенкот во близина на двете згради во кои се наоѓале, пренесува „Би-би-си“. Зградите експлодирале веројатно како резултат на мините поставени таму. ИДФ соопшти дека се уште ...
Властите на американската сојузна држава Илиноис синоќа почнаа потрага по 23-годишниот Ромео Ненс, осомничен за убиство на осум лица со огнено оружје во градот Џолиет, на околу 56 километри од Чикаго, извести полицијата. Масовниот убиец бил пронајден во голема полициска потрага во близина на градот Наталија, Тексас, каде по пресметката со полицијата извршил самоубиство. Засега не е познат мотивот за убиствата, но осомничениот ги знаел своите ...
Колумна на Никола Тасев: Ќе дојдат странски инвестиции, ќе се вбризгаат во македонската економија, милијарда, три, пет… ама прво треба да го смениме името на државата и откако ќе станеме членка на НАТО ќе бидеме местото каде инвеститорите ќе трчаат да пристигнат. Ќе дојдат дури и Гугл, Фејсбук… а и многу други големи светски брендови. Вака, пред неколку години тогашниот премиер Заев, со рака на срцето и со милни зборови ги уверуваше македонските ...
Екипата на ракометниот клуб Охрид не се шегува кога станува збор за амбициите, а доказ за тоа е најновото засилување кое треба да пристигне. „Спортклуб.мк“ дознава дека нов играч на охриѓани треба да биде одличниот 29-годишен хрватски десен бек Никола Јукиќ. Станува збор за искусен играч кој има и три настапи за најдобрата селекција на Хрватска, а во Охрид доаѓа по шест месеци минати во Мудхар од Саудиска Арабија. Но она што е за издвојување е ...
Нема крај на сообраќајна некултура и на непочитувањето на правилата низ Македонија. Инаку, во мноштвото на сообраќајни прекршоци пребрзото возење е најчест сообраќаен прекршок. Здивените возачи се чуствуваат комотно по македонските патичта и само додаваат гас. Ограничувањето на брзината на 50 километни на час по градските подрачја, знаци за ограничување од 100, 110, 120 километри на час на автопатиштата како да не постојат. Се вози пребрзо при ...
По првпат по повеќе од 15 години, односно од кризата во 2008 година, годинава повторно ќе има масовни отпуштања на работници во градежната индустрија во Германија. Се проценува дека поради кризата во станоградбата, околу 10 илјади луѓе ќе останат без работа, објавија германските медиуми. Очекуваме дека околу 10.000 работници ќе треба да бидат отпуштени во наредните месеци, изјави за германската новинска агенција „ДПА“ Тим-Оливер Милер, генерален ...
Хаосот околу ултимативното менување на личните документи во Македонија продолжува. Со тоа продолжува и малтретирањето и понижувањето на македонските граѓани. Веќе сите видоа дека власта е крајно неорганизирана, а и не баш заинтересирана хаосот да го среди. Сега на големите гужви се додава и тоа дека и државниот правобранител Насер Зибери кажа – има информација за недостаток на обрасци за лични документи. Што значи ова? Може на мразот да чекаш со ...
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп го изрази своето задоволство што ја добил поддршката од гувернерот на Флорида, Рон Де Сантис во трката за номинација на Републиканската партија за претседателските избори во земјата во ноември. Де Сантис вчера попладне на социјалната мрежа „Х“ објави дека се повлекува од трката и стои зад Трамп. -Голема чест ми е што ја имам неговата поддршка. Со нетрпение очекувам да работам со него за да го ...
Министерството за одбрана на Тајван соопшти дека вчера се регистрирани шест кинески балони кои летале над Тајванскиот Теснец, од кои еден прелетал над островот. Другите пет балони одлетале над северниот дел на Тајван, но не прелетале над копното. Сите балони се движеле кон исток пред да исчезнат. Претходно тајванското Министерство за одбрана ја обвини Кина за загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај со балони и со психолошката војна ...
Маж и жена се пронајдени мртви заедно со две девојчиња во куќа во Норфолк, Англија, соопшти тамошната полиција, а пренесува „Скај њуз“. Маж и жена починале од убодни рани во пределот на вратот, додека точната причина за смртта на девојчињата се уште се утврдува, соопшти полицијата. Во петокот наутро, полициските службеници ги пронашле телата на 45-годишната Бартломеј Кучински и две девојчиња, за кои се верува дека се негови ќерки. Заедно со нив ...
Каратистите на Макпетрол освоија три медали на меѓународниот турнир „Гран при Кроација“ што викендов се одржува во Самобор. Стефан Стојановиќ се закити со сребро, а Јована Мицовска и Данило Божовиќ освоија бронзени медали. Стојановиќ, актуелен светски вицепрвак и европски бронзен медалист, се натпреваруваше во категоријата +84 кг. (У21), Божовиќ, во истата тежинска и возрасна категорија, (над 84 кг., постари јуниори), додека Мицовска медалот го ...
Податоците од локалните власти во Англија и Велс предупредуваат на загрижувачки пораст на бројот на случаи на гонореја и сифилис. Според извештајот на Здружението за локална самоуправа (LGA), бројот на регистрирани случаи на гонореја се зголемил за неверојатни 97% од 2017 година. Во исто време, потврдените случаи на сифилис се зголемени за 71%. Во извештајот се претпоставува дека зголемувањето на бројот на потврдени случаи на сексуално ...
Родителскиот додаток за првороденото дете во Србија ќе се зголеми од 378.000 на 500.000 динари (4.300 евра), во согласност со политиката на државата за зголемување на бројот на раѓања. За второ дете додатокот се зголемува на над пет илјади евра. – Кога ќе се роди првото дете ќе добиваат од државата – и не зборувам за дополнителни бенефиции од локалните самоуправи – 500.000 динари, а за второто нема да добијат веќе 460.000 динари, туку 600.000 ...
Балтичките држави Естонија, Латвија и Литванија сакаат да ги обезбедат своите граници кон Русија и Белорусија од можни напади со помош на стотици бункери, изјавија денеска министрите за одбрана на тие земји. Министрите потпишаа договор во Рига според кој Естонија, Латвија и Литванија ќе градат одбранбени капацитети во наредните години за да се одвратат и, доколку е потребно, да се одбранат од воени закани, соопшти естонското Министерство за ...
Дете (12) додека се санкало излегло од патеката и се излизгало во грмушките, при што гранка му го прободела стомакот. Несреќата се случила во петокот. Според противпожарната служба, тој се здобил со „повреда поради набивање на гранка“ и бил пренесен во болница. Спасувачите во петокот околу 17:15 часот биле повикани во шумата во замокот Харденберг, пренесува германски „Билд“. – Во шумска површина над теренот за мини голф, 12-годишно момче ...
Најмалку 83 лица ги загубија животите за време на минатонеделниот леден бран што зафати големи делови од САД и сѐ уште трае, јавува „CBS News“. Одделот за здравство на Тенеси потврди 19 смртни случаи поврзани со студ, додека официјални лица од Орегон потврдија 16 смртни случаи, вклучително и три лица кои починаа кога дрво падна врз нивниот автомобил, додека едно бебе, кое исто така беше во возилото, преживеа. Повеќе смртни случаи беа пријавени ...
Колумбиската полиција спровела две акции против шверц на дрога во пристаништето Санта Марта во кои се запленети 2.600 килограми чист кокаин. Можно е дрогата да била наменета за балкански картел, пренесува РТС. Според полициски извори, првата заплена била извршена при проверка на товарни контејнери лоцирани во пристаништето Санта Марта. На лице место бил прегледан контејнер за кој што било пријавено дека е товар со банани кој требало да биде ...