Приватната фирма што го обезбедува М-НАВ доби засилување, нов тендер и полициска асистенција, по инцидентот на 4 јануари. Во меѓувреме се наметнува прашањето кој и како треба да ги обезбедува објектите од критичната инфраструктура. Полицајци им помагаат на приватното обезбедување на државната компанија за воздушна навигација М-Нав, по инцидентите од 4 јануари, велат два независни извори за Радио Слободна Европа. Интервентна полиција и ...

Државната изборна комисија и „Дермалог“ договараат како ќе се користат терминалите за отпечатоци од прсти на двојните избори и за надградби на системот. Решение, тврдат, има. Партиите чекаат абер, а експретседателот на ДИК Новакоски вели - мора консензус за да нема сомнежи за изборите. Претставници на германската компанија „Дермалог“, од која беа набавени уредите за отпечатоци од прсти, деновиве се во Северна Македонија и со Државната изборна ...

Товарниот брод под панамско знаме пловеше во водите на Црното Море на пат кон речното пристаниште на Дунав за да товари жито,(клучна извозна стока за воено разурната Украина), кога беше погоден од експлозија кон крајот на декември 2023 година, што го исфрли од правецот на движење и предизвика пожар на палубата во која беа повредени двајца членови на екипажот, пишува редакцијата на Радио Слободна Европа (РСЕ) на англиски јазик. Украинската ...

За дигитализацијата потребни се лаптопи, таблети, компјутери за сите ученици, но најголем дел од основните училишта се далеку од подготвени. Од вкупно 966 училишта услови има само во 45, но и таму недостастува опрема, а Министерството за образование најави дигитализација во второто полугодие. Во многу училишта нема клупи и табли, па дигитализација е последно нешто на што помислуваат. Таков е примерот и во седумте училишта распространети во ...

УЈП се сомнева дека преку намерно создадена мрежа нафтени компании се обиделе да ја оштетат државата и да си наплатат ДДВ од 2,6 милиони евра. Управата тоа го спречила, тврди директорката. Претходно од ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека милиони се испумпани од државата со фиктивни фактури. Компаниите немале лиценци, смениле сопствеништво и немале бензински пумпи. Нафтени компании преку лажни фактури сакале да ја оштетат државата за речиси три милиони ...

Избори се ближат, а власта ветува покачување на платите. Синдикатите алрмираат дека животниот стандард опаѓа, со трошоци кои ги надминуваат приходите на граѓаните. Оние граѓани со кои разговараавме, велат дека цените се толку високи што платите и пензиите се доволни само да можат да преживеат. Со влегувањето во изборна година во која ќе се гласа на претседателски и парламентарни избори, власта се повеќе се фали дека платите растат, додека ...

Доналд Трамп и неговите републикански ривали во последен момент се обидуваат да ја добијат поддршката во Ајова, неколку часа пред гласачите во државата да ја започнат трката за Белата куќа во 2024 година. Кандидатите ги одржаа завршните настани, но студените услови ги комплицираат последните денови од кампањата. Американските републиканци го почнуваат процесот за избор на нивниот кандидат за ноемвриските претседателски избори на ...

Има многу заинтересирани фирми за изградба на интерконекторот за гас кој ќе не поврзе со Грција тврди министерот за економија Крешник Бектеши во неделното интервју за РСЕ. Ова значи дека земјава нема да зависи само од рускиот гас, а моментално се бара инвеститор за две гасно водородни централи. Владата донесе одлука за да се бара „стратешки инвеститор“ за изградба две гасно водородни централи? Каков ќе биде овој модел? Државата ќе биде ...

Ударите на американските и британските сили врз позициите на јеменските Хути дополнително ја влошија ситуацијата на Блискиот Исток, што ќе има и економски последици со оглед на тоа што Црвеното Море е една од главните трговски артерии во светот. Преку оваа рута се транспортираат 12 отсто различни стоки на глобално ниво, вклучително нафта, како и 30 отсто од контејнерската стока: од делови за автомобили, до папучи Crocs во вредност од илјада ...

Почна сезоната на зимските болести - грипот зема замав, во регионот коси голема кашлица. Според Комисијата за заразни болести, состојбата не е загрижувачка. Лекарите апелираат на вакцинација, бидејќи опфатот во Северна Македонија е под препорачаниот од 95 отсто, неопходен за колективен имунитет Пациенти со општа малаксаност, треска, кашлица, болки во грлото, во коските и мускулите, почнаа да ги полнат ординациите на матичните лекари веднаш по ...

Ова беше недела на милион прашања, а меѓу нив и: Ќе се расчисти ли во М-НАВ, ќе има ли учебници во второто полугодие, кој „притиска“ во судството, ќе има ли нов рок за промена на пасошите...? Њузлетер 12.01.2024 Нема празници за вработувања во администрација, нови огласи за над 500 луѓе Нема празник-делник кога се работи за вработување. На почетокот на годината најголем работодавец е Владата. Повеќе од 500 административци се бараат на ...

Соединетите Држави и Велика Британија започнаа напади од воздух и море врз воени цели на Хутите во Јемен како одговор на нападите на движењето врз бродови во Црвеното Море, што е драматично регионално проширување на војната меѓу Израел и Хамас во Газа. Додека сведоците во Јемен за Ројтерс ги потврдија експлозиите низ целата земја, претседателот Џо Бајден предупреди, во изјавата доцна во четвртокот, дека нема да се двоуми да преземе ...

Преку законски измени се планира да се наметне обврска и на обвинителството да отвори предмет доколку владата воведе рестрикции за некој што ќе најде на црните листи на САД и Велика Британија. Се предвидува и времено отстранување од функции во случај за некого да се покрене обвинение. Македонските државјани и фирми кои ќе завршат на црните листи на САД и Обединетото Кралство поради корупција и злоупотреба на службената положба, ќе ...

Пациентите често доаѓаат со барање да им се дадат антибиотици кои ги користеле членовите на нивното семејство или соседите и дека често се случува да не го знаат ни името на тие лекови, туку само да кажат „дај ми ги тие капсули што се црвено-црни“, вели доктор Валдет Хашани од Приштина. За да купите два вида антибиотици во аптеките во Приштина, Косово, потребни ви се околу седум евра и 60 центи. Освен пари, продавачите не бараат ништо друго, ...

Најголем проблем има за учебниците за новиот предмет Историја и општество, за кои рецензенти нема или се откажуваат заради сомневања за грешки во содржината. Министерството за образование ќе предложи - недостигот на рецензенти да се покрива со советници вработени во Бирото за развој на образование. Голем дел од учениците заминаа на зимски распуст без да ги имаат пред себе сите учебници за актуелната 2023/24 учебна година. И новата учебна ...

Повеќе од 500 административци се бараат на огласите распишани во последните денови од минатата и во првите од годинава, покажуваат податоците на Агенцијата за администрација. Опозицијата обвинува за предизборен поткуп, власта, пак, вели дека има реална потреба од нов кадар во јавната администрација. На почетокот на годината најголем работодавец е Владата, која во два огласи бара 69 административци, потоа следува Дирекцијата за спасување, која ...

Селекцијата на нова генерација судии и обвинители трае веќе една година. Бидејќи не функционира системот за електронско полагање, изборот е во застој, а за да го надмине власта ќе го менува законот. Полагањето во хартиена форма, пак, за опозицијата е сомнеж дека се брза да се протнат партиски кадри. Кариерите на стотина идни судии и обвинители би можеле да бидат етикетирани уште пред да почнат да судат и гонат криминалци. Во прашање се 130 ...

Владата на седница ќе разгледува дали може да се продолжи рокот за вадење нови лични документи, како што предложи претседателот Стево Пендаровски. Од Кабинетот на Пендаровски велат дека тој е подготвен да се вклучи во комуникација со грчката страна за прашањата од Преспанскиот договор Граѓани, компании, судови, нотарски канцеларии, матични служби и низа други институции збунето чекаат насоки за тоа дали можат да работат со личните карти на ...

Финансиска полиција влезе во Државна лотарија и компанијата „Хеј ДООЕЛ“, проверувајќи ја документацијата за склучениот договор тежок 2,6 милиони евра за изнајмување на деловен простор, но тоа не ја спречи Државната лотарија да објави оглас за избор на фирма која ќе изработи проектна документација и ревизија за реконструкција на новите простории во Визбегово. Државната лотарија која е под „лупа“ на Финансиската полиција, продолжува со ...

„Потклекнатата“ германска економија доживува тежок почеток на годината откако земјоделците започнаа национални протести против плановите на владата да ги намалат субвенциите на дизел, а машиновозачите планираат повеќедневни штрајкови поради споровите поврзани со платите. Зошто? Германската економија, инаку најголема во Европа, беше всушност најслаба меѓу најголемите економии во еврозоната минатата година, бидејќи високите трошоци за енергија, ...

Каква младина создава денешното општество, какви реформи се превземаат во образовниот сектор и како влијае улогата на технологијата врз учениците, се темите за раговор со Наде Молеровиќ долгогодишен просветен работник. Наде Молеровиќ долгогодишен просветен работник, директорка во две основни училишта која и никогаш не престанала да биде учител. Молеровиќ вели „Отсекогаш ми било многу поважно какви луѓе ќе станат моите ученици отколку какви ...

Владата препорача разрешување на двајца од тројца директори на М-НАВ и предложи нивна замена. Но, според Статутот еден од нив не исполнува услови. Синдикатот ќе го стави штрајкот во мирување додека чека конечно разрешување на раководството кое треба да го спроведе Надзорниот одбор на М-НАВ. Владата одлучи да му препорача на Надзорниот одбор на М-НАВ да разреши двајца од тројца директори и тоа Фахрудин Хамиди кој до сега ја извршуваше ...

Владата на седница ќе одлучува за иднината на директорите на М-НАВ, дали и натаму ќе седат на тие столчиња по низа скандали и инциденти во таа компанија. Во меѓувреме контролорите на летање се закануваат со генерален штрајк доколку не се разрешат директорите на М-НАВ. Од утре во 11 часот стартува генералниот штрајк на Синдикатот на контрола на летање во македонската навигација и нема да има полетување и слетување на авиони на скопскиот и на ...

Конфузната сезона во Брисел започна на почетокот на оваа година, кога претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел на 7 јануари најави дека ќе се кандидира на изборите за Европскиот парламент во јуни. Иако ЕУ е секогаш преокупирана со високите институционални позиции во изборна година, објавата ќе поттикне трка за позициите меѓу кандидатите и земјите-членки и најверојатно токму тоа ќе доминира во вестите од Брисел во наредните месеци. А ...

Пред Божиќ, аеродромот во Будимпешта беше преполн со Унгарци кои се враќаа дома за празниците. Семејствата со нетрпение ги чекаат своите најблиски во осветлената сала за пристигнувања, во скромни кафулиња, продавници за цигари и шарени билборди на кои на повеќе јазици пишува: „Унгарија, погодна за семејство“. Врне дожд, но времето не им го расипува расположението на 30-годишниот Арон и 34-годишната Маша, кои со автобус се упатуваат кон ...

Скандали, сомнителни смртни случаи, нема лекови, хаос во здравствениот систем. Годината која измина ја обележа случајот „Онкологија“, скандал каков што до сега не се памети во здравството. Резимираме, дали освен лекарите, и пациентите се селат во странство поради лошиот здравствен систем. Ликот на шестгодишната Јана Христовска од Битола која во март 2023 година почина во Клиничката болница во Битола, уште долго ќе предизвикува грутка в грло ...

Законот за спорт вели дека генералниот секретар на Македонскиот олимписки комитет мора да биде тема на разговор во Агенцијата за млади и спорт и таа да каже дали е тој подобен за да работи во Македонскиот олимписки комитет. Тоа е директно мешање на државата, вели Владимир Богоевски - спортски директор на Македонскиот олимписки комитет во неделното интервју на РСЕ. Влеговме во олимписка година. На 26 јули почнуваат летните Олимписки игри во ...

Младиот стоматолог Кристијан Ристовски е меѓу ретките стоматолози кој поправа заби на лица со попреченост со локална анестезија. Кај него доаѓаат деца и возрасни со Даунов синдром, аутизам, церебрална парализа...Иако за некои од нив услугата е бесплатна, тој вели дека финансиски може да се издржи Децата кои од други стоматолози плачат и бегаат, во ординацијата на д-р Кристијан Ристовски се смеат и пак се враќаат да им поправи заб. Особено ...

Случајот со упадот во М-НАВ е уште еден доказ за „вандализмот„ од редовите на ДУИ, вели за РСЕ аналитичарот Атанасоски. Коалициониот партнер СДСМ молчи, опозицијата не е изненадена. Додека „македонското небо“ е во неизвесност, Владата ќе чека да поминат празниците па да менува директори како единствена мерка. „Поздрав за премиерот Артан Груби“, рече Беким Незири на 13 ноември 2023 година, кога беше избран за претседател на огранокот во Чаир ...

Црната американска листа и годинава ќе се шири, а корумпираниот караван, пак, ќе си врви. Политичарите и контроверзните бизнисмени кои лани се најдоа на оваа листа во јавност го покажаа својот гламур во хотелски прослави со песни од Чолиќ и Цеца, ама правни последици од македонските институции не почувствуваа. Освен најавата на власта дека американската црна листа некогаш ќе влезе во македонското законодавство. Видеото во кое се гледа како ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
0.0
93%
1001
weather icon

Белград

7ᴼ / 5ᴼ
2.57
78%
1000
weather icon

Загреб

8ᴼ / 6ᴼ
2.06
89%
1001
weather icon

Софија

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
83%
1000
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
1.16
97%
1002
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
0.51
97%
1001
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
4.12
78%
1003
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
3.09
82%
1002
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
100%
1001
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 1ᴼ
3.6
93%
1001
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 6ᴼ
1.03
95%
1000
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 11ᴼ
2.57
69%
1001
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Платина

67162.91

Бакар

11.69

Калај

46.91

Родиум

336779.07

Алуминиум

3.03

Иридиум

221848.72

Паладиум

546.56

Рутениум

45750.51

Сребро

2460.50

Злато

159231.39

Кобалт

64.04

Цинк

3.25