Скопје
11ᴼ /
11ᴼ
Започнува пролетната полусезона во Трета лига – Југ со натпреварите од 14. коло кои ќе се одиграа веќе утре. Во рамки на првото пролетно коло лидерот Превалец ќе гостува кај Млекар, Дреново на домашен терен ќе игра со Пити Гули од Крушево, додека пак во Прилеп се игра мечот меѓу Ултрас и Младост од Кривогаштани. Во Велес ќе се одигра дуелот меѓу некогашниот прволигаш Борец и поранешниот второлигаш Росоман, трите бодови од овој меч се ...
Некогашниот прволигаш Борец од Велес промовираше три нови засилувања, со кои ќе се обиде најпрво да го потврди првото место во Трета лига – Југ, а потоа преку бараж да се врати во Втората македонска фудбалска лига. Велешани минатата сезона експресно испаднаа од Втора лига, а сега се обидуваат одново да се вратат во второлигашкото друштво. Нови имиња во третолигашот од Велес се повратниците Стефан Филиповски и Трајче Костадинов, а ново име е и ...
Денес на стадионот „Билјанини Извори“ ќе се одигра мега дербито во Втора лига меѓу Охрид и Шкендија Арачиново, а верните „рибари“ и публиката најавуваат полн стадион и силна поддршка за фудбалерите во клучниот меч кој може да реши многу работи за влез во Прва лига. Натпреварот започнува во 14 часот, но со оглед дека истиот е од висок ризик, навивачката група „Рибари“ со соопштение информираше дека поради посебни рестрикции на влезот ги ...
Познати судиите за 20. коло на Првата женска фудбалска лига, кое коло беше отворено со денешниот меч во Куманово каде Брера Струмица со 0:2 го доби Башкими. Работнички на домашен терен ќе идеална шанса за триумф против Шкупи, а правда на овој меч ќе ја дели Марјан Стојановски, а ќе му помагаат Давор Цветаноски и Владимир Митревски, а Благојче Ралевски. Во ВАР собата ќе бидат Јован Качевски и Мишо Ѓорѓиески. Оператор за повторување на снимка е ...
Актуелниот првак Еурофарм Пелистер испрати јасна порака на стартот од плеј-офот во машката Суперлига, совладувајќи го на гости Тиквеш со убедливи 43-24 во салата „Јасмин“ во Кавадарци. Домашниот тим беше рамноправен само во воведните десетина минути, кога резултатот гласеше 7-8. Потоа битолчани го засилија ритамот, особено преку брзите транзиции и контри, што се покажа како клучно оружје. До паузата шампионот веќе создаде солидна предност ...
Пионерската екипа на РК Радовиш успешно ги одработи зимските подготовки и максимално подготвена ќе го дочека пролетниот дел од сезоната во Пионерска ракометна лига на Македонија. Под водство на тренерот Игор Конзулов, младите ракометари минаа низ сериозен и квалитетен тренажен процес. Дел од подготовките беа реализирани во спортската сала при гимназијата „Коста Сусинов“ во Радовиш, а дел во Спортско-рекреативниот центар „25 Мај“, каде што ...
Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на натпреварите од 17. коло во Втората македонска фудбалска лига. Во Радовиш каде ќе се соочат Детонит Плачковица и Тетекс правдата ќе ја дели Кирил Смоквоски а ќе му помагаат Борис Трајков и Дино Конески. Четврт судија ќе биде Влатко Илиоски. Делегат на натпреварот ќе биде Трајче Шопов, а пак контролор ќе биде Злате Лозаноски. Дербито од дното меѓу Големо Коњари и Слога Виница ќе го суди Дарко ...
Четвртфиналната пресметка во ЕХФ Европскиот Куп помеѓу ГРК Охрид и Олимпијакос доби и официјална временска рамка. Европската ракометна федерација ги објави термините за двата натпревари што ќе решаваат кој ќе направи чекор меѓу четирите најдобри во натпреварувањето. Охриѓани најпрво ќе гостуваат во Атина. Првиот дуел е закажан за 29 март со почеток во 16:00 часот, каде што македонскиот претставник ќе се обиде да избори поволен резултат пред ...
Брера Струмица запиша значајна гостинска победа над Башкими (0-2) во рамки на 20. коло од Прва македонска фудбалска лига и направи важен чекор во битката за опстанок. По поразот од Работнички во минатото коло, избраниците на Мартин Алаѓозовски реагираа на вистински начин и се вратија на победничките патеки, освојувајќи три злато вредни бодови во Куманово. Првото полувреме не понуди многу возбудувања, најчесто се играше меѓу двата ...
Селекторот на машката сениорска репрезентација на Македонија, Жозеп Мариа Берокал, ги одбра финалните 12 кошаркари кои ќе го предводат тимот во третото коло од групата „А“ од претквалификациите за пласман на Евробаскетот 2029 против Луксембург. Мечот ќе се одигра на 27 февруари (петок), во салата „Градски парк“ во Скопје, со почеток од 18:00 часот и со директен пренос на програмата на МРТ. Селекторот Берокал се одлучи на следните играчи: Овој ...
Третолигашот Света Троица од Охрид за пролетниот дел во Третата македонска фудбалска лига – Југозапад се засили со искусниот Шенол Меди. 33-годишниот Охриѓанец во редовите на Света Троица доаѓа од екипата на Кибо Пласт Сити Палас, а претходно настапуваше за Октиси, Воска Спорт, Охрид, Влазними од Струга и за екипата на Вулкан. Света Троица добива искусни име за пролетниот дел, а целта на тимот ќе биде што подобар пласман на табелата во Трета ...
Натпреварот меѓу Хоризонт Турново и Рудар Пробиштип нема да се одигра, иако беше закажан за 1 март, дознава ексклузивно Спортска Мрежа. Станува збор за средба од последното есенско коло, која претходно беше одложена и требаше да се одигра пред стартот на пролетниот дел од сезоната. Сепак, гостинскиот тим најавил дека нема да допатува и нема да настапи на натпреварот. Со тоа, Турново ќе добие службени три бода, додека тимот од Пробиштип се ...
Лидерот во Втората лига, Охрид, испиша историја откако за првпат се пласираше во полуфиналето на Куп на Македонија, елиминирајќи го актуелниот освојувач Вардар по изведување пенали со 2:4, откако во регуларниот дел резултатот беше 1:1. За „рибарите“ ова е историски успех и потврда дека располагаат со квалитетен тим и млад, амбициозен тренер. Охрид јасно цели кон влез во Првата лига. Младиот стратег Ромео Кочоски, откако го презеде кормилото ...
Првото пролетно коло во Трета македонска фудбалска лига – Север е официјално одложено. Наместо како што беше првично планирано да стартува на 1 март, пролетниот дел од сезоната ќе започне на 8 март. Одлуката доаѓа откако дел од клубовите поднеле барање до раководството на лигата за одложување на стартот. Како што наведуваат, причината е рамазанскиот пост, при што во барањето било истакнато дека тоа ќе влијае врз нивната физичка подготвеност. ...
Младиот лев бек на ГРК Охрид, Илија Трајчески, е талент кој уште од пионерски категории беше водечка фигура, лидер и МВП на шампионскиот тим. На само 14 години потпиша професионален договор и се приклучи на сениорскиот состав на ГРК Охрид, каде тренерот Борис Ројевиќ му дава шанса да се развива и натпреварува на највисоко ниво. Трајчески беше дел и од составот што дебитираше на европската сцена во ЕХФ Купот, добивајќи шанса за настап со ...
На денешната седница на Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) беа изречени казни за исклучените фудбалери, тренери и членови на стручни штабови од Првата и Втората македонска фудбалска лига. ФК Башкими: Реџеп Мурати доби забрана за настап на четири натпревари по црвениот картон на дуелот против Вардар. Тренерите Имери Флурим и Љатифи Сазан добија забрана за вршење на функција од еден месец по добиени црвени ...
Неверојатна атмосфера се подготвува во Охрид за дербито од 17. коло во Втора македонска фудбалска лига. Лидерот Охрид на домашен терен го пречекува второпласираниот тим Шкендија Арачиново во директна пресметка за првото место и чекор поблиску до елитата. Натпреварот започнува во 14 часот на стадионот „Билјанини Извори“, а се очекуваат полни трибини. Навивачката група „Рибари“ најавува масовна поддршка и вистинска фудбалска еуфорија. ...
Истатов игра во извонредна форма во Првата женска фудбалска лига. Составот предводен од искусниот стратег Кирил Изов врза пет победи во последните пет натпревари и се искачи на третото место со 32 бодови, осум помалку од второпласираниот и актуелен шампион Љуботен. Пролетниот дел го отворија сигурно, со триумф од 3:0 против Кочани на стадионот во Пржино. Потоа, во 16. коло, следуваше уште поубедлив настап – победа од 3:6 на гостувањето кај ...
Брегалница во сабота на домашен терен ќе го пречека Вардар Неготино, во обид да се врати на победничките патеки по поразот од Кожуф во минатото коло. На Градскиот стадион во Штип „сините“ ќе ја имаат фаворитската улога, а целта е јасна – освојување на трите бодови и продолжување на трката за враќање во Првата македонска фудбалска лига. Голема поддршка се очекува од навивачката група Фаланга, која најави мобилизација. Собирот е закажан во 13 ...
По успешниот настап во регуларниот дел од Супер Лигата, ракометарите на ГРК Охрид, викендов го започнуваат најважниот дел од сезоната. Во рамки на првото коло од плеј-офот, охриѓани гостуваат кај РК Бутел Скопје во салата „Антон Димитров“, во натпревар кој може да го навести правецот на продолжението од шампионатот. Во таборот на Охрид владее максимална сериозност. Десниот бек на охриѓани, Давид Савревски, го најави мечот и потенцира дека ...
Младост Богданци вечерва убедливо го совлада Текстилец со 36:22 во елиминациската фаза од ракометниот Куп на Македонија, но триумфот имаше и дополнителна симболика. Натпреварот беше во знакот на Бразилецот Жоао Габриел Диас Гекас, кој го прослави својот 24. роденден. Клубот му приреди изненадување со роденденска торта, а ракометарот ги изгасна свеќичките со бројот 24 и посака здравје, спортски успеси и исполнување на зацртаните цели. А целта ...
Младост Богданци вечерва оствари убедлива победа од 36:22 над Текстилец во првата елиминациска фаза од Купот на Македонија, но резултатот не беше единствената добра вест за тимот од Богданци. Клубот промовираше уште еден голем талент од својата школа. Станува збор за 13-годишниот десен бек Стојан Иванџиков, кој го запиша своето деби за сениорскиот состав. Младиот ракометар не само што доби минутажа, туку успеа и да се запише во листата на ...
Вечерва се одиграа натпреварите од првата елиминациска фаза во ракометниот Куп на Македонија, а фаворитите во најголем дел ја оправдаа улогата. Младост Богданци продолжува во победнички ритам. Лидерот во Првата лига славеше убедлива победа од 36:22 против Текстилец и уште еднаш ја потврди победничката форма. Тимот од Богданци сериозно чекори кон враќање во Суперлигата. Прволигашот Јехона на домашен терен во Гостивар загуби со 36:37 од ...
Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер освои бод на тешкото гостување кај ГОГ Гудме, ремизирајќи 28-28 во 12. коло од Лигата на шампионите. Со овој резултат битолчани остануваат во игра за осминафинале, иако шансите се сведени на теорија. Пелистер сега има пет бода и е седмопласиран, додека данскиот тим е на девет. Во пресметката за следната фаза е и ПСЖ со осум бода, па разврската ќе зависи од резултатите во наредните две кола. Натпреварот ...
ЖРК Металург Автокоманда и официјално е исклучен од понатамошното натпреварување во Супер женската лига, по одлука на дисциплинските органи на Ракометна федерација на Македонија. Клубот, кој во новата сезона влезе со високи амбиции и важеше за сериозен кандидат за титулата, доживеа целосен колапс поради финансиски проблеми. По одливот на ракометарките и неможноста да се обезбеди буџет за нормално функционирање, тимот не се појави на два ...
Второлигашот Скопје за пролетната полусезона се засили со поранешниот репрезентативец Душко Трајчевски, кој во Автокоманда доаѓа од редовите на Динамо Југ од Србија. „Пиратите“ продолжуваат да градат тим за влез во Првата лига, а за таа цел носат сигурни и проверени имиња. 35-годишникот низ неговата кариера беше дел од Локомотива, Тетекс, Работнички, Гостивар, а во Кипар настапуваше за Докса. Скопје победнички го отвори пролетниот дел против ...
Без изненадување во Кратово – прволигашот Силекс со убедливи 0:3 го совлада второлигашот Детонит Плачковица и обезбеди пласман во полуфиналето од Купот на Македонија. Кратовци го отворија резултатот во 30. минута преку Дарко Додев и со минимални 0:1 заминаа на полувреме. Во продолжението ја потврдија фаворитската улога – Дарко Ангелески во 64. минута зголеми на 0:2, а португалскиот интернационалец Мигуел Пиреш ги постави конечните 0:3. Во ...
Во сабота на „Билјанини Извори“ се игра големото дерби меѓу двете водечки екипи во Втората фудбалска лига, лидерот Охрид ќе биде домаќин на второпласираната Шкендија Арачиново во рамки на 17. коло. Верните „рибари“ веќе се мобилизираа за овој дерби меч, каде влогот од истиот е голем. Охрид сака триумф за да се зацврсти на врвот од табелата, а Охриѓани единствениот пораз го имаат токму од Шкендија Арачиново. Од друга страна гостинот се надева ...
Младиот фудбалер Игор Ристов потпиша тригодишен професионален договор со прволигашот АП Брера Струмица, а клубот денес го потврди договорот со 18-годишникот. Од струмичкиот клуб истакнуваат дека како средина која отсекогаш промовира млади фудбалери произлезени од сопствената школа, посебна гордост претставува моментот кога тие ќе се наметнат и во сениорскиот тим. Ристов е дете на клубот, фудбалер кој своите први чекори во Брера ги направил ...
Поради рамазанскиот пост можно е одложување на стартот на пролетниот дел во Трета македонска фудбалска лига – Север. Според информации на Спортска Мрежа, околу десетина клубови веќе поднеле барање до раководството на лигата за одложување на натпреварите од првото пролетно коло за една недела. Поради рамазанскиот пост, клубовите побарале едно коло помалку во текот на месец март, бидејќи како што се наведува во барањето, постот значително ...