Скопје
13ᴼ /
13ᴼ
Денес започнува пролетната полусезона во Втората фудбалска лига со натпреварите од 16. коло. Истите ќе можете да ги следите во живо со пренос овозможен од Фудбалската федерација на Македонија. Пренос во живо нема само од натпреварот во Прилеп, каде Победа го пречекува Новаци. БЕЛАСИЦА – ОХРИД ШКЕНДИЈА АРАЧИНОВО – ПРЕСПА СЛОГА ВИНИЦА – СКОПЈЕ КОЖУФ – БРЕГАЛНИЦА (КОМЕНТАТОР АЛЕКСАНДАР ВАНЕВ) ОСОГОВО – КАМЕНИЦА САСА ТЕТЕКС – ВАРДАР НЕГОТИНО ...
Денес со натпреварите од 16. коло стартува пролетната полусезона во Втората македонска фудбалска лига, која носи многу возбудлива пролет како за влез во Прва лига, така и за опстанок во Втора лига. Второлигашите имаа доволно време за подготовки, одигрување на пријателски натпревари и секако најважното – засилувања. Спортска Мрежа во продолжение ви ги претставува сите засилувања за кои имаме официјални потврди. Како се засилуваа второлигашите, ...
Градскиот стадион во Радовиш ќе има подобри услови за следење на натпревари, откако на истиот како што ексклузивно дознава Спортска Мрежа ќе бидат монтирани 1.000 сини столчиња, како донација од Фудбалската федерација на Македонија. Условите на Градскиот стадион во Радовиш продолжуваат да се подобруваат, а со монтажата на столчињата гледачите ќе имаат пристојни услови за следење на натпреварите. Управниот одбор на ФФМ, како што претходно ...
Осогово утре на домашен терен го отвора пролетниот дел од сезоната во Втората лига со дербито на Истокот против Каменица Саса. Натпреварот ќе се одигра во Кочани, а „жетварите“ во продолжението од сезоната влегуваат со јасна цел – задржување на осмото место и обезбедување директен опстанок. Шефот на стручниот штаб Крсте Крстев зборуваше за подготовките, новите засилувања и пријателските натпревари. Тој посочи дека тимот се соочил со чести ...
Продолжува европската мисија за ГРК Охрид. По триумфот од девет голови разлика на домашен терен, „гладијаторите“ утре гостуваат кај Дукла Прага во реваншот од осминафиналето на ЕХФ Европскиот куп, со јасна цел – потврда на пласманот во четвртфиналето. Охридските ракометари се веќе во Прага, каде го одржаа и единствениот тренинг во гостинската сала. Го почувствуваа теренот и максимално се сконцентрирани и фокусирани на новиот предизвик. ...
Денес во „Куќата на ракометот“ беа извлечени двојките за елиминациското коло од Купот на Македонија. Текстилец – Младост Богданци Овче Поле – Еурофарм Пелистер 2 Кичево – Драчево Јуниор Јехона – Радовиш Мулти Есенс – Вардар Неготино Струга – Аеродром Шампион – Куманово Македонија Ѓорче Петров – Преспа Прилеп – Партизан Гевгелија Победничките од овие двојки ќе обезбедат влез во четвртфиналната групна фаза. Веќе седум екипи имаат директно ...
РК Алкалоид и официјално потврди дека капитенот Игор Ѓорѓиев ќе продолжи да го носи синиот дрес и во наредниот период, со што клубот останува доследен на својата стратегија за градење конкурентен тим со македонски ракометари. Дваесет и петгодишниот среден бек, кој е и актуелен репрезентативец на Македонија, одлучи да ја продолжи лојалноста кон Алкалоид, чиј член е од 2021 година. Во изминатите сезони Ѓорѓиев израсна во вистински лидер на ...
Младинските селекции на Детонит Плачковица утре, сабота (21 февруари), ќе одиграат пријателски натпревари од контролен карактер против Академија Врање 23 во Врање, Србија. Во рамки на ова гостување ќе настапат генерациите 2009, 2010, 2011, 2012 и 2013, како дел од подготовките за пролетниот дел од сезоната во младинската лига. Планирано е да се одиграат три контролни натпревари, во кои сите генерации ќе добијат можност за настап и проверка на ...
Утре стартува пролетната полусезона во Првата женска фудбалска лига со натпреварите од 15. коло, а кое носи и дерби пресметки. Познати се и судиите кои ги делегираше Фудбалската федерација на Македонија, а кои ќе бидат задолжени да делат правда на петте натпревари. Дербито во Македонска Каменица каде ќе се соочат Каменица Саса и Тиверија Брера ќе го суди Никола Петковски, а негови помошници ќе бидат Станко Митровиќ и Александар Ѓурковски. ...
Ракометарите на ГРК Охрид ги финализираа подготовките за утрешниот реванш против Дукла Прага во осминафиналето од ЕХФ Европскиот куп. Охриѓани вечерва го одработија единствениот тренинг во салата „Sportovni Centrum Repy“ во Прага, каде што ќе се одигра решавачката пресметка за пласман во следната фаза. Со предност од девет голови од првиот натпревар во „Билјанини Извори“, македонскиот претставник патува со солиден капитал, но во таборот на ...
Последното коло од регуларниот дел во македонската Суперлига донесе убедливи победи за Прилеп и Еурофарм Пелистер, додека конечниот распоред пред плејофот ќе зависи и од останатите пресметки. Прилеп ја заврши работата, Радовиш без бодови Ракометарите на Прилеп со сигурна и доминантна игра го совладаа Радовиш и ја запишаа десеттата победа сезонава. Домаќинот уште од стартот наметна силно темпо, па по израмнетиот почеток бргу се одлепи и на ...
Познати судиите за првото пролетно коло односно 16-тата рунда од Втората фудбалска лига. Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ги делегираше судиите кои ќе ја делат правдата на осумте натпревари. Тетекс на домашен терен ќе игра со Вардар Неготино, а главен судија ќе биде Дејан Младеновски, негови асистенти ќе бидат Горан Милошевски и Бесар Абдули, а пак Бардхиљ Ибраими ќе биде четврт судија. Горан Илиќ ќе биде делегат, а Бурханедин ...
Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на натпреварите од 19. коло на Првата лига, кое беше отворено денес во Струмица со мечот меѓу Брера и Работнички, кој заврши со триумф за „романтичарите“ од 3:4. Правда на натпреварот меѓу Вардар и Башкими ќе дели Бењамин Ќерими, а негови асистенти ќе бидат Гоце Петрески и Даниел Василевски, додека пак четврт судија ќе бидат Игор Стојчевски. Во ВАР собата ќе бидат Фатмир Бафто и Мишо Ѓоргиески, а ...
Работнички стави крај на долгата резултатска агонија и во 19. коло од ПМФЛ забележа голема победа на гости кај Брера Струмица со 3-4. За тимот од Дебар Маало ова е само втора победа сезонава, но и прв гостински триумф, со што барем малку се враќа надежта во борбата за опстанок. Натпреварот започна идеално за скопјани. Новото зимско засилување Џејкоб Езеб уште во 5. минута ја отвори серијата, откако избега зад одбраната и рутински реализираше ...
Детонит Плачковица во сабота против Големо Коњари на домашен терен го започнува пролетниот дел во Втора лига. Како што вели тренерот на Детонит Плачковица, Горан Здравков, имале успешни подготовки, задоволен е од подигањето на формата и ангажманот на новите засилувања. “Имавме одлични зимски подготовки и донесовме неколку млади, талентирани засилувања. Задоволен сум од ангажманот на моите фудбалери и од начинот на кој се одвиваа подготовките. ...
ЖФК Истатов 2015 донесе одлука дресот со број 4 трајно да биде повлечен од употреба, во чест на Катерина Петкова – фудбалерката која со години беше еден од заштитните знаци на клубот. Бројот што таа го носеше нема повеќе да биде во функција и ќе остане симбол на нејзиниот придонес во синиот дрес. Петкова ги направи своите први фудбалски чекори токму во Истатов. Низ годините се изгради во стандарден и посветен член на екипата, прераснувајќи во ...
Со предност од девет голови од првиот натпревар во „Билјанини Извори“, ГРК Охрид викендов гостува кај Дукла Прага во реваншот од осминафиналето во Европскиот куп. Иако резултатот од првиот дуел дава сигурност, во таборот на охриѓани владее максимална сериозност и фокус кон задачата што следува во Прага. Пивотменот на Охрид, Џанфранко Прибетиќ нагласува дека тимот анализирал што било добро, а што треба да се подобри од првиот меч. Тој ...
Македонскиот шампион Шкендија го загуби првиот натпревар од плејофот во УЕФА Конференциска лига против Самсунспор со 0-1 и со гол заостанување ќе патува на реваншот во Турција. Тетовци на арената „Тодор Проески“ во Скопје се соочија со мотивиран противник кој од стартот ја презеде иницијативата. Турскиот состав имаше повеќе од играта и уште во раната фаза доби можност да поведе од пенал, но ударот од белата точка заврши над голот. Шкендија ...
Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер не успеа да направи изненадување против полскиот првак Висла Плоцк и во 11. коло од Лига на шампиони на ЕХФ претрпе пораз од 25-28 (9-13) пред својата публика во Битола. Гостите уште од самиот почеток наметнаа темпо и рано поведоа со 0-3, ставајќи му до знаење на домашниот состав дека нема да дозволат пад на концентрацијата. Иако битолчани имаа свои моменти, особено во средината на првото полувреме кога ...
Младата македонска фудбалерка Катерина Петкова ќе го има својот прв меѓународен ангажман во кариерата. Деветнаесетгодишната одбранбена фудбалерка од редовите на ЖФК Истатов 2015 кариерата ја продолжува во српскиот шампион ЖФК Спартак Суботица. Петкова ги направи своите први фудбалски чекори токму во Истатов, каде на само 14 години за првпат го облече синиот дрес и започна да се гради како играч во тимот предводен од стратегот Кирил Изов. Во ...
Возбудувањата во Првата македонска лига продолжуваат овој викенд со натпреварите од второто коло во фазата ТОП 8, како и во Плеј-аут конкуренцијата. По првиот круг од втората етапа стана јасно дека битката за позициите кои водат во плеј-офот ќе биде исклучително неизвесна, со оглед на тоа што дури шест екипи имаат идентичен биланс од 4 победи и 3 порази. На табелата во ТОП 8 води Струмица 2011 со 11 бодови (7 натпревари, 4-3, кош-разлика ...
Во Велес на 9 февруари 2026 година се одржа редовното годишно Генерално собрание на Синдикатот на фудбалери на Македонија (СФМ), на кое присуствуваа голем број членови на организацијата. Собранието имаше и изборен карактер, со оглед на тоа што беа отворени три места во Извршниот одбор и едно испразнето место во Надзорниот одбор. За членови на Извршниот одбор беа поднесени вкупно седум кандидатури, додека за Надзорниот одбор конкурираа двајца ...
Македонскиот шампион Шкендија вечерва од 21 часот го пречекува турскиот претставник Самсунспор на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, во важен европски предизвик. Стартните состави се веќе познати, а стратегот Јетон Беќири се реши за состав кој во изминатиот период ја носеше играта на тетовци. Без многу калкулации, Шкендија ќе настапи со тим кој добро се познава и кој треба да донесе стабилност и сигурност во сите линии. Шкендија ...
Четвртфиналниот натпревар од Купот на Македонија меѓу второлигашот Детонит Плачковица и прволигашот Силекс ќе се игра во Кратово, наместо во Радовиш. Причината поради која овој натпревар се „сели“ од Радовиш во Кратово е поради тоа што Градскиот стадион во Радовиш нема услови за спроведување на ВАР технологија, односно оваа технологија воопшто не е имплементирана. Според пропозициите за Купот на Македонија, ВАР технологијата се спроведува од ...
Македонските фудбалски судии добија ново големо признание од УЕФА, откако им беше доверено да ја делат правдата на дербито од осминафиналето во рамки на УЕФА Младинска Лига на шампиони меѓу Реал Мадрид и Челзи. Главен судија на натпреварот ќе биде Игор Стојчевски, а ќе му асистираат Вјолца Изери и Филип Ицковски. Четврти судија на средбата ќе биде Алваро Родригез Ресио од Шпанија. Првиот натпревар од осминафиналната пресметка е закажан за 25 ...
Второлигашот Вардар Неготино го очекува „жешка“ пролет во обидот да обезбеди опстанок во Втората лига. Најреалната шанса за спас сезонава е пласман во баражот, преку кој ќе се бара место во второлигашкото друштво и следната сезона. Во пролетниот дел од шампионатот тимот од Неготино ќе го предводи Борче Боев, професор по спорт со УЕФА А лиценца. За остварување на целта, клубот се засили со неколку млади и талентирани фудбалери, а како што ...
Штипските „соколи“ сериозно го засилуваат ростерот во клучниот дел од сезоната. Во борбата за пласман во Суперлигата, редовите на КК Соколи ги засили Даниел Нацевски, кој пристигнува од составот на суперлигашот Маџари. Станува збор за кошаркар висок 195 сантиметри, кој покрива бековски позиции, односно може да одговори на улогите „два“ и „три“. Од клубот истакнуваат дека Нацевски се одликува со сигурен шут од дистанца, добра атлетичност и ...
Денес на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп се одржа најавениот собир преку кој се бара спас за Победа, како клубот да продолжи со натпреварување во Втората лига. Навивачите се децидни дека во сабота Победа ќе го одигра домашниот натпревар против Новаци, а како што најавувате Спортска Мрежа изминатиот период, клубот ќе игра со „крпен“ тим од неколку играчи од сениорскиот тим кој останаа во Победа и фудбалери од младинската екипа. ...
Денес на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп имаше собир на кој се бараше решение за спас на фудбалскиот бренд Победа, односно како клубот да продолжи со натпреварување без притоа да згасне. Навивачите се едногласни клубот мора да продолжи со натпреварување, и да се изнајде решение. Во сабота Победа ќе го игра првиот пролетен меч против Новаци на домашен терен, но без присуство на публика поради тоа што клубот претходно беше казнет со ...
Вечерва се комплетираше 15. коло во Првата ракометна лига односно првата пролетна рунда со одложениот меч меѓу Кичево и Вардар Неготино, каде гостинската екипа славеше убедлива победа од 22:37. Овој натпревар беше одложен поради големите поплави во Кичево, каде спортската сала „Христо Узунов“ беше претворена во пункт каде беа сместени погодени семејства од поплавите, со што Кичево се „пресели“ во Охрид и во СРЦ „Билјанини Извори“ ќе ги игра ...