Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Македонија Ѓорче Петров освои бод против АП Брера на стартот на пролетта, а сега ќе треба тоа да го завери и со триумф против Шкупи на домашен терен. Ѓорчепетровци ја имаат улогата на фаворити, со оглед на ситуацијата во која се наоѓа Шкупи, но ќе треба и да ја потврдат на теренот. Искусниот голман Ристе Јанков верува дека Македонија ЃП ќе стигне до триумф, но апсолутно не потценува ниеден противник. „Шкyпи има променет ростер, со млади ...
По европската победа над Дукла Прага и чекорот кон четвртфинале, ракометарите на ГРК Охрид, се враќаат на домашните обврски. Во рамки на 21. коло од Супер лигата, охриѓани во вторник во „Билјанини Извори“ го пречекуваат составот на РК Бутел Скопје, во меч кој доаѓа меѓу двата европски предизвици против Дукла. И покрај густиот распоред и краткото време за подготовка, во таборот на Охрид владее максимална концентрација. Левиот бек на охриѓани, ...
Обилните врнежи од дожд предизвикаа сериозни поплави во Кичево, поради што денеска немаше услови за одигрување ракометен натпревар. Средбата меѓу РК Кичево и РК Вардар Неготино е одложена и ќе се одигра во дополнително утврден термин. Наместо спортски возбудувања, спортската сала „Христо Узунов“ беше ставена во функција на помош за граѓаните. Околу 200 лица кои беа евакуирани поради поплавите се привремено сместени во салата додека трае ...
Прволигашот Бутел лесно се пласираше во четвртфиналето од Футсал Купот на Македонија откако со 7:2 славеше над второлигашот ССК. Во листата на стрелци за домашниот тим се запишаа Никола Илијоски, Андреј Јаневски, Давид Манџуковски, Филип Јаневски, Иван Крстевски и Владимир Трендафиловиќ. За гостинот во првиот дел погоди Борјан Цветановски, кој си постигна и автогол, а во вториот дел стрелаше Несим Сулејман. Возбудлив меч одиграа прволигашот ...
Утре во Гостивар ќе се одигра натпреварот меѓу Арсими и Брера Струмица од 18. коло на Првата македонска фудбалска лига. Играчот од средниот ред на Арсими, Малиќ Белули вели дека високиот пораз од претходното коло е минато, сега фокусот е на мечот со Брера Струмица, додава дека целта е јасна – победа и три бода против струмичани. “Станува збор за квалитетен противник, но екипата е максимално подготвена и фокусирана со јасна цел освојување на ...
Општински фудбалски сојуз Струмица објави јавен повик до сите млади момци и девојки кои ја сакаат фудбалската игра и сакаат да бидат дел од неа на поинаков начин – како фудбалски судии. Од ОФС Струмица ги повикуваат сите љубители на фудбалот да ја искористат можноста да станат директни учесници во натпреварите, но од судиската страна. Повикот е наменет за млади и амбициозни лица кои имаат желба за личен развој, стекнување нови знаења и ...
Овој викенд беше искористен за да се одиграат пријателските натпревари, а веќе следниот стартува пролетната полусезона во Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ). Второлигашите имаа доволно време за одмор, за подготовки, одигрување на пријателски натпревари и секако за засилувања односно промени во ростерите. Едно е сигурно, претходно како што пишувавме листата на „отпишани“ второлигаши ја сочинуваат Големо Коњари, Слога Виница и Преспа кои ...
Мулти Есенс со висока и убедлива победа ја отвори 2026 година откако со 22:46 славеше над Шампион, лесно стигајќи до трумф. Од самиот почеток тимот од Автокоманда ја полнеше мрежата на Шампион, кој беше инфериорен да парира и да го запре барем на моменти налетот на Мулти Есенс. Давид Јовчевски со седум погодоци беше прво име кај Шампион, додека пак кај Мулти Есенс Дарјан Ѓоќески беше прв стрелец со девет гола, а пак Јован Петрески имаше осум. ...
Ракометарките на Ѓорче Петров 2 славеа убедлива победа од 13:38 над Јехона во Гостивар во рамки на 14. коло или прва пролетна рунда. Уште од самиот почеток беше јасно дека домаќинот ќе се соочи со висок пораз, бидејќи на полувреме резултатот беше 4:18. Во вториот дел „лавиците“ играа на рутина и стигнаа до убедливата победа. Со пет погодоци Алтина Хасани беше прво име кај Јехона, кај Ѓорче Петров 2 прво име беше Мирјана Наумоска со пет гола, ...
МЗТ Скопје уште еднаш потврди зошто е водечка сила во македонската кошарка, откако во финалето на Купот на Македонија „Благоја Георгиевски – Буштур“ убедливо го совлада домаќинот МКК Куманово со 70-96. Со овој триумф, аеродромци стигнаа до четвртиот куп-трофеј во низа и вкупно 14-ти во клупската историја. Пред околу 3.500 гледачи во Куманово, неизвесност имаше само во воведните минути, кога резултатот беше израмнет (18-18). Потоа следуваше ...
На едно коло пред крајот на регуларниот дел од Супер лигата, Тиквеш обезбеди место во плеј-офот каде се разигрува за титула и излез во Европа, откако вечерва во „Јасмин“ славеа над Куманово со резултат од 33:26. Пред верната публика во Кавадарци и верните „лозари“ Тиквеш одлично го отвори натпреварот и имаше предност од два до три погодоци, кога при 10:6 успеа да се одлепи и на плус пет, а на полувреме резултатот беше 15:11 и плус четири. Во ...
Третолигашите Лопате и БВК Коњаре денес одиграа пријателски натпревар на кој беа постигнати шест погодоци, но немаше победник – ефикасно реми од 3:3. Натпреварот понуди многу погодоци, шанси и добра игра од двете екипи како проверка за појасна слика пред стартот на пролетниот дел. За Лопате кој е нов третолигаш овој контролен меч беше јасен сигнал дека тимот има одличен напредок и дека во пролетниот дел ќе цели кон што е можно повисок ...
Пелистер го заокружи преодниот рок со ангажман на млад и перспективен фудбалер од Србија. Ново име во зелено-белиот табор е 20-годишниот офанзивен играч за врска Михајло Петровиќ, кој доаѓа на позајмица од ОФК Београд до крајот на сезоната. Петровиќ важи за фудбалер со сериозен развоен пат. Тој е производ на младинската школа на Партизан, каде што ги мина сите возрасни категории, а стигна и до сениорскиот состав. Во досегашниот тек од ...
Второлигашот Каменица Саса загуби на „генералката“ со третолигашот Борец во Велес со минимални 1:0. „Рударите“ имаа шанси кои не успеаја да ги претворат во погодок, стручниот штаб ротираше и пробуваше комбинации како последен тест пред стартот на пролетниот дел бидејќи резултатот беше во втор план. Каменица Саса на стартот од пролетниот дел ја очекува тешко гостување во Кочани дерби на Истокот против Осогово. Од друга страна, Борец ќе има ...
Второлигашот Тетекс за пролетниот дел се засили со осум ново играчи, со кои го подига квалитетот во сопствените редови за остварување на целта во пролетниот дел – опстанок во Втора лига. „Штофарите“ имаа интензивни и успешни подготовки, од управата на клубот и стручниот се задоволни од досегашната работа, како и од одиграните пријателски натпревари, со кои се доби јасна слика за тимот. Нови има во тимот се Амар Хаџибулуќ, Или Зибери, Максим ...
Во сабота (21 февруари) започнува пролетната полусезона во Втората фудбалска лига со натпреварите од 16. коло. Борбата за место во Првата лига, како и за опстанок ќе биде исклучителна неизвесна. Околу битката за опстанок Охрид кој е лидер ќе сака потврда на првото место, Шкендија Арачиново, Брегалница, Беласица и Скопје сакаат директен влез, но само првиот има директен влез, а вториот и третиот ги очекува потешка битка бидејќи треба да играат ...
Викендот започнува пролетната полусезона во Втората македонска фудбалска лига со натпреварите од 16. коло. Зимската пауза завршува, до сабота второлигашите ќе имаат можност за последни проверки, откако викендот што измина се одиграа „генералките“ со што тоа беше последен тест за да се провери формата. Во рамки на првото пролетно коло во Струмица ќе се одигра дербито на колото меѓу Беласица и Охрид, Детонит Плачковица во Радовиш го чека ...
Денес се одигра пријателски натпревар во Ношпал меѓу третолигашот Напредок и Големо Коњари, а конечниот исход од истиот беше триумф од 1:2 за второлигашот. Ова беше „генералка“ за Големо Коњари бидејќи веќе следниот викенд започнува пролетниот дел во Втора лига, а Големо Коњари ќе гостува во Радовиш кај Детонит Плачковица. Александар Кочишки беше единствениот стрелец за Напредок, а пак за Големо Коњари двоен стрелец беше Беким Алими. Успешна ...
По едногодишна пауза, повторно се враќа Меѓународниот летен голмански камп „Пријателство“, кој оваа година ќе се одржи по четврти пат и веќе важи за еден од најреномираните специјализирани кампови за голмани во регионот. Летното издание за 2026 година ќе се реализира од 19 до 25 јуни во Крупањ, Србија, во современ тренинг-центар кој располага со фудбалски терени, базен, теретана и сопствен ресторан. Условите овозможуваат комплетна спортска ...
Фудбалерите на Силекс приредија вистински подвиг во 18. коло од ПМФЛ, откако на гостувањето кај Струга Трим Лум славеа со 2-3 по драматичен пресврт во самиот финиш. Домашните двапати водеа, но бодовите заминаа за Кратово. Стружани први зададоа удар во 22. минута. По одлична акција, Марјан Радески со прецизен удар од дистанца ја погоди мрежата на Џеков и донесе предност од 1-0. До паузата домаќините ја контролираа играта, но не успеаја да ја ...
Со мечевите од 14. коло беше отворен пролетниот дел во Првата женска ракометна лига, а каде беа постигнати две убедливи гостински победи. Непоразениот лидер Атлетик лесно стигна до победата во Свети Николе каде со 18:28 го доби Овче Поле СУ. Домаќинот имаше катастрофално прво полувреме во кое постигна скромни пет погодоци. Атлетик мечот го отвори со неверојатна серија од 0:6, домаќинот се обидуваше да се разбуди од „зимскиот сон“, но не ...
Вардар со висока победа во Штип го отвори пролетниот дел во Супер лигата откако славеше со 31:43 над Астибо во рамки на 14. коло. Натпреварот понуди возбудливо и израмнето прво полувреме, со игра гол за гол и менување на водството. Астибо со голот на Анчева го отвори резултатот во „Тошо Арсов“, потоа Вардар дојде до водство од 2:4. Во 18. минута од натпреварот Астибо дојде до предност од еден гол 11:10, а имаше и водство и при 14:13 во 25. ...
Лидерот во ПМФЛ, Вардар, продолжува со сигурните изданија сезонава, откако во рамките на 18. коло како гостин го совлада градскиот ривал Работнички со убедливи 3-0. Натпреварот се одигра на тренинг-центарот „Петар Милошевски“ при ФФМ и целосно мина во знакот на „црвено-црните“. Вардар тргна офанзивно уште од првиот свиреж. По една течна акција по левата страна, Азер Омерагиќ испрати топка во петерецот, а Горан Закариќ во 8. минута ја смести ...
Струга Трим Лум со пораз ја отвори пролетната полусезона во Првата лига, откако загуби во дербито од Шкендија во Тетово. Младинскиот репрезентативец Меметриза Хамза вели дека добро го анализираше Силекс и се надева дека ќе ги освојат трите бодови. „Подготвени сме и за овој натпревар, исто како и за претходните. Силекс го анализиравме доволно и се надеваме дека на крајот ќе ги освоиме сите три бода. На почеток сме од пролетниот дел од ...
Работнички е во тешка ситуација за опстанок во Прва лига, а пролетниот дел го отвори со тежок пораз од 4:1 во Битола од Пелистер, а веќе денес го очекува тежок меч со Вардар. Капитенот на Работнички, Бесир Демири вели дека продолжуваат на секој натпревар да се борат за својата цел, а притоа вели дека натпреварот со Вардар ќе биде мотивација да одиграат најдобро што можат. „Продолжуваме да се бориме и на секој нареден натпревар ќе даваме ...
Лидерот во ПМФЛ, Вардар денес игра градско дерби со Работнички, а мечот ќе се игра на стадионот на ФФМ. Вардар по одличното отварање на пролетниот дел против Арсими со 5:1 ќе цели кон нов триумф. Играчот за врска, Димитар Тодоровски, очекува нова добра претстава од својот тим и триумф, иако секогаш има посебни емоции кога игра против Работнички. „Секако дека кога играм против мојот некогашен клуб буди некакви емоции. Во Работнички пораснав, ...
Второлигашот Детонит Плачковица за пролетната полусезона се засили со големиот талент Емир Шаботиќ, кој доаѓа од школата на скопски Вардар. Станува збор за 18-годишен везен фудбалер, кој ги има поминати сите младински категории на Вардар, а кој веќе имаше настап за радовишкиот второлигаш на пријателскиот натпревар со Кожуф во Валандово. Стратегот Горан Здравков во ростерот добива млад и талентиран фудбалер, кој ќе биде вистинско освежување за ...
Силекс денес покрај Охридското Езеро ќе се соочи со Струга Трим Лум, каде и двете екипи ќе целат кон прва победа во пролетниот дел, откако Силекс ремизираше со Башкими, а пак Струга загуби на дербито во Тетово со Шкендија. За тимот од Кратово овој меч е последна шанса за да фати приклучок кон првите три места, а токму и дефанзивецот Ѓорге Џеков вели дека се надеваат дека во Кратово ќе се вратат со бодови. „Одиме во Струга да се надигруваме, ...
По убедливата победа на Охрид против Дукла Прага со 30-21 во „Билјанини Извори“, вниманието веќе се свртува кон реваншот во Прага. Домашната победа им даде силна предност на „гладијаторите“, но тренерот Борис Ројевиќ е свесен дека вториот натпревар ќе биде сосема нов предизвик. Ројевиќ, во изјава за Спортска Мрежа, искрено ја оцени играта на својот тим и потенцира дека и покрај резултатот, постојат области кои бараат подобрување, особено со ...
Ракометарките на шампионот Ѓорче Петров со убедлива победа над Спартак од 35:21 го отворија пролетниот дел во Супер лигата. По петнаесет минути игра „лавиците“ имаат предност од 8:5, а потоа Спартак дојде до минус два при 12:10, по тоа Ѓорче Петров до крајот на првиот дел направи плус седум односно серија од 5-0 за 17:10 на полувреме. Во вториот дел разликата постојано растеше до конечните 35:21 за висока победа над Ѓорче Петров. Прв име кај ...