Второлигашот Охрид заврши многу важна работа кога е во прашања тимот за пролетната полусезона. Целта на популарните „рибари“ е една – директен влез во Прва лига. За да се оствари таа цел раководството на клубот изминатите денови водеше интензивни преговори и договори многу важна работа со што „рибарите“ ќе бидат во предност во однос на конкурентите. Охрид го задржа тимот од есенската полусезона, тим кој направи големи резултати завршувајќи на ...

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Масар Омерагиќ, оствари средба со еден од најреномираните македонски фудбалски тренери во меѓународни рамки – Влатко Андоновски. Средбата помина во пријателска атмосфера, исполнета со разговори за фудбалот, развојот на играта и искуствата стекнати на највисоко светско ниво. Андоновски, кој е роден во Скопје, од 2000 година ја гради својата кариера во Соединетите Американски Држави. ...

Ракометниот клуб Аеродром ја заокружи есенската полусезона во Првата ракометна лига со пласман во ТОП 5 на табелата. Аеродромци собраа 14 бодови, со биланс од седум победи и шест порази, а формата во финишот беше особено охрабрувачка со четири триумфи во последните пет натпревари. По завршувањето на полусезоната, импресиите ги сумираше претседателот на клубот, Лазо Мајнов, кој истакна дека е исклучително задоволен од досега сработеното, ...

Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер ќе продолжи во вториот дел од сезоната без египетскиот интернационалец Мохамед Калид Валид. Клубот и ракометарот донеле заедничка одлука за прекин на соработката пред истекот на договорот, со што двете страни го затвораат ова кратко поглавје. Калид Валид во Битола пристигна летово и беше дел од ростерот во натпреварите од Суперлигата и Лигата на шампионите, а со „зелено-белите“ успеа да го ...

ЖРК Атлетик продолжува со јасната стратегија за стабилност и континуитет, откако клубот официјално потврди дека капитенот Матеа Чурлиновска го продолжи договорот до 2029 година. Со оваа одлука, раководството испраќа силна порака за доверба во една од клучните фигури на тимот и во иднината на клубот. Чурлиновска, родена на 6 декември 2005 година во Прилеп, ракометниот пат го започна во ЖРК Деспина, каде што ги направи првите чекори во спортот. ...

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија на денешната седница донесе одлука за покренување дисциплинска постапка пред Дисциплинската комисија на ФФМ против поранешниот претседател на федерацијата, Муамед Сејдини. Постапката е иницирана поради основано сомнение за измама и доведување во заблуда на членовите на Управниот одбор, поврзано со авансна исплата во износ од 700.000 евра кон фирмата-изведувач задолжена за изградба на ...

Вечерва се одигра натпреварот за трето место и големото финале кај јуниорите од генерација 2010/2011 на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“. Во малото финале се соочија Фавела Бојс против Mild Home Store, каде во регуларниот дел беше 0:0, а во пенал серијата со 2:1 славеше тимот на Фавела Бојс и со тоа го освои третото место. Во големото финале Бригада 12 се соочи со Маркет Го-Да Чонов Микро, а тимот на Брегада 12 со резултат од убедливи ...

Фудбалскиот клуб Шкупи се наоѓа во еден од најтешките и најчувствителни периоди во својата понова историја, а состојбата кулминираше со јавно обраќање и ултиматум од навивачката група „Шверцери“ до сопственикот Јасин Коњали. Навивачите отворено порачаа дека актуелната ситуација во клубот е неприфатлива, со долготраен молк, неизвесност и отсуство на одговорност, што директно ја загрозува иднината на поранешниот македонски шампион. Според нив, ...

По одигрувањето на четвртфиналните натпревари од Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“, следи кратка пауза и во „Шпаркасе Лајф“ Првата лига во женска конкуренција, која дојде како идеален момент за детална анализа на тимските бројки во досегашниот дел од сезоната. По девет одиграни кола, статистиката јасно покажува дека екипата на Крива Паланка се издвојува како најстандарден и најефикасен тим во шампионатот. Крива Паланка, која го дели врвот на ...

По комплетирањето на првиот круг во „МТЕЛ“ Супер лигата и одиграни 11 кола, компаративната тимска статистика јасно ја издвојува екипата на Пелистер како една од најстандардните и најконстантни во шампионатот. Битолскиот состав моментално има скор од седум победи и четири порази, што е доволно за четвртата позиција на табелата, а бројките потврдуваат дека „зелено-белите“ играат препознатлива и ефикасна кошарка. Пелистер е најефикасната екипа ...

Третата македонска фудбалска лига – Југозапад пролетниот дел ќе го продолжи со една екипа помалку, односно со девет екипи, откако беше донесе одлука со која екипата на Велешта Унитед од с. Велешта се дисквалификува од системот на понатамошно натпреварување. Причината поради која се дисквалификува екипата е поради неоправдан настап на два првенствени натпревари. Според самата одлука, екипата во наредната натпреварувачка година се враќа во ...

Почетокот на пролетната полусезона во ракометната Суперлига ќе ја решава битката околу кои две екипи да фатат место во плеј-офот, односно регуларниот дел да го завршат на петтото и шестото место и со тоа да бидат дел од разигрувањето за титула и излез во Европа. Во битка за плеј-офот се четири екипи, но место има за две, кои две екипи ќе извисат? На делба на петтото место се Тиквеш и Бутел со по 18 бодови, Еурофарм Пелистер 2 е седми со 17 ...

ГФК Охрид Лихнидос го најави своето ново засилување, искусниот фудбалер Благоја Спиркоски, кој доаѓа од редовите на ФК Кожуф од Гевгелија. Спиркоски е играч со богато искуство на средината на теренот и се очекува да донесе стабилност, креативност и лидерство во редовите на охридскиот второлигаш. Во својата кариера, Спиркоски има остварено над 150 настапи во ПМФЛ, настапувајќи за неколку познати македонски клубови како ФК Кожуф, Победа, ...

Во стручниот тим на селекторот Гоце Седлоски, како негови асистенти ќе работат: Борче Христов – шеф на стручниот штаб на ФК Тиквеш и директор на Центарот за едукација, Ерхан Селими – досегашен селектор на Македонија до 19 години, и Зоран Бошковски – Чоко, легендарен голгетер и стрелец на првиот гол во историјата на македонската репрезентација. Дел од стручниот тим ќе биде и поранешниот репрезентативен дефанзивец Ванче Шиков, кој има 58 ...

Фудбалскиот клуб Шкупи остана без тренер, откако Минас Османи официјално поднесе оставка по петгодишен ангажман во првиот тим. Искусниот стратег преку јавно соопштение ја информираше спортската јавност за својата одлука да ја прекине соработката со чаирскиот клуб. Како што наведува Османи, причините за неговото заминување се поврзани со долг период на работа во тешки услови, при што потенцира дека една година не биле исполнети финансиските ...

Македонската машка ракометна репрезентација го одигра првиот контролен натпревар воочи Европското првенство и загуби од Хрватска со 23-26 во дуел одигран во Пореч. Овој меч беше прва можност за селекторот Кире Лазаров да ги тестира новите решенија и ротации во составот, особено со оглед дека ривалот настапи без дел од своите носители на играта. Избраниците на Лазаров добро го започнаа мечот, но серијата промашени пенали во клучни моменти го ...

Фудбалската федерација на Македонија ги објави резултатите од Аналитичкиот извештај за јавна перцепција 2025, изработен врз основа на независно истражување на јавното мислење. Истражувањето не е нарачано од ФФМ, а е спроведено од агенцијата „Фјучар Инвест“, согласно европските стандарди за спортска аналитика и принципите на UEFA Good Governance Framework. Истражувањето е реализирано на репрезентативен примерок од 1.563 испитаници, преку ...

Со одигрувањето на 11. коло во Првата македонска кошаркарска лига – мажи, јасно е дека продолжението од сезоната ќе донесе уште поголема неизвесност и борба за врвот во двете групи. Дерби дуели, убедливи победи и резултатски изненадувања го одбележаа последното коло пред паузата. ГРУПА А Црн Дрим – Охрид 75:66 „Езерското дерби“ во Струга им припадна на кошаркарите на Црн Дрим, кои со поцврста игра во второто полувреме ги освоија бодовите. По ...

Иако настапуваше речиси во комплетен состав, машката ракометна репрезентација на Македонија го започна подготвителниот период со пораз на гостувањето кај светскиот вицепрвак Хрватска во Пореч — 26:23. Домашниот селектор- Сигурдсон, настапи со значително изменет ростер и без голем дел од стандардните носители на играта, но и покрај тоа Хрватите успеаја да слават благодарение на подобрата завршница во последните минути од мечот. Иако на само ...

Оваа сезона бројот на третолигаши кои се откажуваат од натпреварување продолжува да се зголемува. Од пет региони ги има Трета лига, само на Северот нема екипи кои се откажани, во сите останати региони има екипи кои се откажале, дали пред почеток на сезона или во текот на самата сезона. Во Трета лига – Југ екипата на Слога од Лажани воопшто и не започна со натпреварување, иако екипата беше во ждребот сепак се откажа и тоа предизвика во секое ...

Како што вчера ексклузивно прва објави Спортска Мрежа за згаснувањето на фудбалскиот клуб Светлост од Зрновци, Третата македонска фудбалска лига ќе продолжи со десет екипи. Овој третолигашки регион кој требаше сезоната да ја започне со 12 екипи, сепак ја започна со една екипа помалку, откако Вардарски од Богданци по испаѓањето од Втора лига одлучи да не продолжи со натпреварување во сениорска конкуренција, па така во секое коло имаше по една ...

Во најновото издание од рубриката „На полувреме со…“ на Спортска Мрежа, на краток и опуштен разговор го имавме ракометарот на РК Струга – Филип Талевски. Играч кој со својата борбеност и карактер важи за еден од оние што секогаш оставаат срце на теренот, без разлика на резултатот. Филип зад себе има богато искуство настапувајќи за повеќе македонски клубови, меѓу кои РК Радовиш, РК Алушовски, РК Еурофарм Пелистер 2 и тимот на Аеродром, а денес ...

Познати се сите учесници во четвртфиналето од националниот Куп „Благоја Георгиевски-Буштур“, откако беа одиграни натпреварите од осминафиналната фаза, која понуди убедливи победи, но и вистинска драма до последен напад. МКК Куманово без поголеми проблеми ја оправда фаворитската улога пред својата публика и со сигурна игра го совлада тимот на Ангели со 95:65. Кумановци го решија мечот уште во воведните десет минути, кога направија огромна ...

Женскиот Куп „Благоја Георгиевски-Буштур“ влегува во завршната фаза, откако по елиминациските дуели стана јасно кои четири екипи ќе се борат за трофејот. Баскет Кам, Бадел 1862, Крива Паланка и МЗТ Бела вода обезбедија пласман на финалниот турнир по настапите во осминафиналето, во кое учествуваа осумте клуба од „Шпаркасе Лајф“ Првата лига. Бадел 1862 одигра доминантен меч против Пробаскет и со убедливи 93:62 без дилеми чекореше кон ...

Екипата на Работнички направи уште една промена во играчкиот кадар во пресрет на продолжението од сезоната, откако спогодбено се раздели со грузискиот фудбалер Лука Робакидзе. 25-годишниот играч за врска не беше во прв план кај „романтичарите“ во изминатиот период, а двете страни одлучија соработката да ја прекинат пред истекот на договорот. Робакидзе последен пат настапи на стартот од сезоната, кога запиша четири настапи во првите четири ...

Фудбалскиот клуб Светлост од Зрновци нема да продолжи со натпреварување во Третата македонска фудбалска лига – Исток, дознава ексклузивно Спортска Мрежа. Според нашите информации кои Спортска Мрежа прва и ексклузивно ги објавува, клубот донел одлука целосно да згасне, што значи дека малата рурална општина Зрновци од источниот дел на Македонија повторно ќе остане без сениорски фудбал. Светлост беше формиран пред околу две и пол години и веднаш ...

Македонската машка ракометна репрезентација вечерва го игра првиот контролен натпревар во рамки на подготовките за Европското првенство што ќе се одржи во Данска, Шведска и Норвешка. Дуелот ќе се игра во салата „Жатика“ во Пореч, со почеток од 20:30 часот, а избраниците на селекторот Кирил Лазаров ќе настапат во речиси комплетен состав — единствено ќе недостасува голманот Мартин Томовски, кој ќе им се придружи подоцна. Ривал на Македонија ќе ...

Македонскиот репрезентативен голман Мартин Томовски имаше значајна улога во големиот триумф на Битигхајм, кој со победа во дербито го обезбеди врвот на табелата на крајот од календарската година. Во натпревар од 17. коло, Битигхајм на домашен терен го надигра директниот конкурент Балинген со 32-27, во дуел кој понуди жестока борба и големо резултатско значење. Одбраната беше клучот за успехот, а токму таму се истакна Томовски, кој бранеше во ...

Второлигашот Шкендија Арачиново го претстави своето трето зимско засилување, се работи за Махир Ајрули кој во тимот на Љупчо Марковски – Калц доаѓа од редовите на Каменица Саса. Ајрули ќе биде освежување на крилните позиции и се очекува да бид одлично засилување во офанзивата. 22-годишниот Ајрули низ својат кариера покрај за Каменица Саса има настапувано и за Арсими, Велазерими од Кичево, Работнички и Шкупи. Претходно, Шкендија од Арачиново ...

Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, управата на клубот и годинава ја продолжи убавата традиција и организираше Новогодишно дружење со Дедо Мраз за најмладите членови на клубот. Настанот се одржа во СЦ „Пандев“, каде што дечињата – фудбалерчиња од генерациите 2013 до 2020 година имаа можност да се фотографираат со Дедо Мраз и да добијат новогодишни пакетчиња. Радоста и насмевките беа присутни на секој чекор, а празничната ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
1.54
39%
1011
weather icon

Белград

14ᴼ / 12ᴼ
8.23
51%
1014
weather icon

Загреб

14ᴼ / 13ᴼ
4.63
41%
1014
weather icon

Софија

8ᴼ / 8ᴼ
5.14
54%
1016
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
5.04
78%
1017
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 11ᴼ
3.6
47%
1014
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
5.66
65%
1011
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
3.09
41%
1011
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
3.6
25%
1012
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 8ᴼ
8.75
70%
1017
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 15ᴼ
4.12
32%
1015
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 8ᴼ
5.66
85%
1012
Currency

61.64

Currency

53.1769

Currency

71.3542

Currency

37.4525

Currency

38.7262

Currency

67.692

Currency

7.72202

Currency

0.64206

Currency

0.33395

Currency

0.52487

Currency

1.20167

Currency

0.56757

Калај

43.91

Паладиум

44753.84

Платина

61858.04

Рутениум

56199.51

Кобалт

3.86

Злато

144593.23

Бакар

10.65

Сребро

2179.44

Иридиум

258288.78

Цинк

0.00

Родиум

358480.82

Алуминиум

3.19