Европската ракометна федерација официјално ги објави термините и саатниците за осминафиналниот двомеч во европските натпреварувања меѓу ГРК Охрид и чешка Дукла Прага. Охрид во досегашниот тек од натпреварувањето веќе ги мина азербејџанскиот Баку и босанската Слога Добој во втората и третата рунда, а евентуална елиминација на Дукла Прага би значела најголем европски клупски успех во историјата на охридскиот тим. Првиот натпревар ќе се одигра ...

ГРК Охрид го официјализираше ангажманот на Ален Ќосевски, кој во продолжението од сезоната ќе го носи сино-белиот дрес. 24-годишниот Ќосевски, кој настапува на позицијата десно крило и е висок 184 сантиметри, потпиша договор на една и пол сезона со охридскиот суперлигаш. Тој доаѓа од редовите на РК Вардар 1961, каде што мина дури шест и пол сезони и стекна богато искуство настапувајќи на домашната и меѓународната сцена. Во текот на својата ...

Ракометниот клуб Вардар и десното крило Ален Ќосевски го завршија заедничкиот пат, откако двете страни постигнаа договор за спогодбен раскин на соработката. Со тоа, Ќосевски веднаш станува слободен играч и може да ја продолжи кариерата во нова средина. Ќосевски е вистинско дете на „црвено-црните“, кој своите ракометни чекори ги направи во младинскиот погон на Вардар, а преку екипата на Вардар Јуниор во 2019 година се избори за место во првиот ...

По неколкугодишна пауза, фудбалот повторно дише во радовишкото село Злеово. Вчера, на теренот кој со години беше запоставен, се одигра ревијален натпревар што врати спомени, емоции и насмевки – дуел меѓу ветераните кои во минатото го носеле дресот на ФК Слога и сегашните активни фудбалери на клубот. Злеово повторно има свој клуб, а ФК Слога денес се натпреварува во Општинската фудбалска лига – Струмица, како единствен претставник од ...

Вечерва се одигра уште еден меч од последното есенско коло на Првата футсал лига – тимот на Кеги Моби со 1:3 славеше над Шкупи. Првиот дел помина со два гола – Несар Фазлиу му донесе водство на Шкупи кое траеше една минута откако Петар Левков погоди за 1:1 на пауза. Во вториот дел велешкиот тим рано ја обезбеди предност откако Димче Андов погоди во 23. минута за комплетен пресврт, а шест минути подоцна Николе Стојановски ги постави конечните ...

Вечерва се одиграа три натпревари од 9. коло на Втората футсал лига, најмногу погодоци имаше во Брвеница каде беа постигнати 19 гола за голем триумф на СЕЕ Университи над Партизан Југ во локалното дерби кое заврши со 8:11. Гостинот победата ја однесе на крилата на Хисен Мемеди кој постигна неверојатни седум гола, а по еден гол постигнаа Едис Муртезани, Самир Рамадани, Амин Шаќири и Арти Селмани. За домашниот тим кој забележа пораз пред ...

Македонскиот ракомет загуби голем спортски работник, тренер и педагог. Денеска, по долга и тешка борба со болеста, почина Новко Георгиевски, поранешен селектор на младинската женска ракометна репрезентација на Македонија и човек кој целиот свој живот го посвети на ракометот. Георгиевски остави силен печат во македонскиот женски ракомет, а најзначајниот репрезентативен ангажман го имаше како селектор на младинската селекција која настапи на ...

Заврши есенската полусезона во ракометната Суперлига со одигрување на 18 кола, со што покрај пласманот на екипите познати се и повеќе статистики, а меѓу која и таа за најдобрите стрелци во ракометната елита на Македонија. Најдобриот стрелец во Суперлигата доаѓа од редовите на Прилеп, Димитар Димитриоски кој пристигна летото во градот под Марковите кули постигна 122 погодоци на 18 натпревари, неговиот просек е 6.78 по натпревар. На второто ...

Вардар по неколку години резултатски пост, сезонава е оној вистинскиот. Под водство на тренерот Гоце Седлоски, есенската титула повторно е во рацете на нашиот најтрофеен клуб. Вардар одигра на потребното ниво , а притисокот што се створи околу тимот и очекувањата како од навивачите така и од јавноста на екипата очигледно дека беа дополнителен мотив и на крајот до посакуваната цел се дојде без загубен натпревар. „Можам да кажам дека сум ...

Ракометната федерација на Македонија доби меѓународно признание за успешната работа и организациските достигнувања во изминатиот четиригодишен период. На Конгресот на Светската ракометна федерација, македонската куќа на ракометот беше наградена за беспрекорната организација на Светското првенство за младинки што се одржа во 2024 година. Признанието лично му го врачи претседателот на ИХФ, Хасан Мустафа, на претседателот на РФМ, Александар ...

Денес во Струмица се одигра вториот контролен натпревар помеѓу младите селекции на Македонија и Црна Гора У18 каде Македонија повторно славеше со 2:1. Македонија прва го отвори резултатот во 21. минута, кога по една опасна акција и нафрлување во шеснаесетникот, Новак Фатиќ реагираше несигурно и со автогол ја испрати топката во сопствената мрежа. Тоа им донесе предност на нашите млади фудбалери и дополнителна самодоверба за продолжување со ...

Деветтото коло во Шпаркасе Лајф Првата лига – жени донесе спектакуларни натпревари, убедливи победи на фаворитите и еден резултат што ќе се памети долго. Кошаркарките на Вардар испишаа историја, поставувајќи клупски рекорд по бројот на постигнати поени во сениорска конкуренција, а капитенката Елена Тасевска блесна со трипл-дабл учинок. Вардар – Патриот 2016 136:35 Скопскиот тим одигра натпревар за аналите, совладувајќи го младинскиот состав ...

Успешната полусезона на ГРК Охрид носи јасен печат на стабилност, жар, желба и амбиција, а резултатите само ја потврдуваат насоката во која се движи клубот. Со Борис Ројевиќ на тренерската клупа, охриѓани уште летово ја најавија својата победничка ориентација, освојувајќи ги трофеите на турнирот во Струга, како и на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, а дополнителна тежина на настапите им дадоа и домашните победи над Еурофарм Пелистер и ...

Последното есенско коло го донесе најголемото изненадување досега во Првата футсал лига – актуелниот шампион Форца доживеа шокантен пораз од Мал Ајакс, резултат што сериозно ги искомплицира амбициите на тимот од Куманово во битката за одбрана на титулата. Неочекуваниот кикс на Форца широко ги отвори вратите за есенскиот лидер КМФ Проект, кој сега има јасна шанса уште посериозно да го нападне шампионскиот трофеј. Тимот од Јосифово од овој ...

Вечерва на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ на програмата ќе бидат четири натпревари, два кај јуниорите, а два кај сениорите. Во 18 часот меч од генерација 2010/2011 каде Mild Home Store ќе игра со Маркет Го-Да Чонов Микро, а од 18:30 часот окер Фурка ќе игра со Уни Глобал генерација 2012/2013. Кај сениорите во 19 часот Кафе Бар Проект на мегдан со Џокер од Фурка, а пак во 19:45 часот Дим Метал од Неготино ќе ги одмери силите со ...

Вечерва Мал Ајакс забележа голема победа над шампионот Форца среде Куманово во последниот меч од есенската полусезона на Првта футсал лига, откако штипскиот тим славеше со 5:6. Голема заслуга за овој голем триумф на Мал Ајакс има и голманот Филип Гигов, кој беше вистински „пантер“ на својот гол и имаше фантастични интервенции во клучни моменти од натпреварот што доведе до овој голем триумф. 21-годишниот голман за Спортска Мрежа истакна дека ...

Јувентус Серава забележа триумф во голеадата со тимот на Балкан откако славеше со 11:9 во меч од последното есенско коло на Првата футсал лига. Натпреварот го одбележа Ибрахим Алији кој постигнува голови како ракометар, а во мрежата на Јувентус постигна неверојатни седум гола. Балкан загуби преку пресврт откако на полувреме имаше предност од 5:6, а во вториот дел домаќинот беше подобар и славеше со конечни 11:9. За домашниот тим Фуркан Шабани ...

Вечерва тимот на Кратово славеше голема победа над ССК Скопје на крилата на Ѓорѓи Ивановски со резултат од 7:3 во рамки на 9. коло на Втората футсал лига. Ивановски вечерва во салата „Софија Петровска“ во Пробиштип постигна неверојатни шест гола, а еден гол беше дело на Горан Арсовски кој погоди во 30. минута. За скопскиот тим во првиот дел погоди Лучијано Ибраимов во 19. минута, а во вториот дел двоен стрелец беше Реџеп Бислим. Во првиот дел ...

Неверојатен херојски триумф запиша Мал Ајакс – победа која беше далеку од очекувана, откако штипскиот тим вечерва среде Куманово го „тресна на земја“ бранителот на двојната круна, тимот на Форца со резултат од 5:6 во рамки на последното есенско коло. Форца беше повеќе од апсолутен меч – но вечерва во составот ги немаше странците, а овој пораз само ги става на уште потешка мисијата за одбрана на шампионската титула. Дека Форца се соочуваше со ...

Неверојатен херојски триумф запиша Астибо – победа која беше далеку од очекувана, откако штипскиот тим вечерва среде Куманово го „тресна на земја“ бранителот на двојната круна, тимот на Форца со резултат од 5:6 во рамки на последното есенско коло. Форца беше повеќе од апсолутен меч – но вечерва во составот ги немаше странците, а овој пораз само ги става на уште потешка мисијата за одбрана на шампионската титула. Дека Форца се соочуваше со ...

Еурофарм Пелистер 2 се врати на победнички патеки и со сигурна партија пред својата публика го совлада составот на Пролет 62 со 32-25, останувајќи во игра за пласман во плеј-офот на ракометната Суперлига. Младите битолчани уште од стартот наметнаа висок ритам и брзо стекнаа предност од 5:1, со што јасно ставија до знаење дека бодовите ќе ги бараат само на своја страна. Гостите од Скопје накратко се вратија во игра и намалија на 7:4, но тоа ...

Ракометниот шампион на Македонија, Еурофарм Пелистер, ќе добие дополнителна финансиска поддршка во износ од седум милиони денари, средства кои треба да донесат нова стабилност и свежина во клубот пред продолжението на сезоната. Одлуката е донесена по предлог на советничката група на владејачката партија, во координација со градоначалникот на Општина Битола. Општината, која поседува 25 проценти од акциите во клубот, заедно со мнозинскиот ...

Започнуваат промените во ростерите на клубовите од Првата македонска фудбалска лига, веќе има двајца интернационални од Босна и Херцеговина кои заминаа и кариерите ќе ги продолжат во нова средина – се работи за фудбалери на новите прволигаш Арсими и Башкими. Од тимот на Арсими си замина стоперот Амер Дрљевиќ, 31-годишниот фудбалер ќе има нов клуб во неговата кариера, а тој во македонскиот прволигаш пристигна од редовите на босанскиот Игман ...

Македонското судење доби значајно признание на европско ниво, откако УЕФА ја финализираше најновата листа на арбитри кои од 2026 година ќе добијат можност да делат правда на меѓународната сцена. По спроведените семинари, едукации и проценки, двајца македонски судии ја добија довербата на УЕФА и ќе бидат дел од елитното европско судиско семејство. Во фудбалската конкуренција, нов носител на УЕФА значка е Стојанче Трпчевски, судија со ...

Македонскиот ракомет има многу тивки херои, а една од нив без сомнение е Гордана Ѓорѓеска – првата жена делегат од Македонија со ЕХФ значка за ракомет на песок, но и првиот македонски делегат за ракомет во инвалидски колички. Магистер по кривично право, поранешен ракометен судија и претседател на клуб, денес таа ја претставува Македонија на највисоката европска сцена. Во интервју за Спортска Мрежа, Ѓорѓеска зборува за љубовта кон ракометот, ...

Вечерва продолжуваат возбудувањата на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ откако петок беше слободен ден на турнирот. Програмата нуди четири натпревари, стандардно два кај јуниорите и два кај сениорите. Вечерата како и вообичаено се отвара во 18 часот со мечот во генерација 2010/2011 каде Mild Home Store ќе се соочи со Бригата 12, а пак половина час подоцна МК Гевгелија оди на мегдан со Џоко Чона Гевгелија. Кај сениорите предизвик ќе има ...

Актуелниот првак во ПМФЛ Шкендија, есенскиот дел од сезоната го заврши на третата позиција на табелата, со заостанување од шест бодови од првото место на Вардар, и пет од втората позиција на Струга ТЛ. Тренерот на тетовските „црвено-црни“ Јетон Беќири смета дека неговиот тим требало да има 3-4 бодови повеќе, односно да биде поблиску до водечките два тима Вардар и Струга ТЛ, но и дека европската есен и настапите во групата во Лигата на ...

Во периодот од 10 до 12 декември 2025 година, Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) во соработка со одделот за развој на фудбал на УЕФА организираше тродневна посета со цел оценка на реализираните проекти во рамки на шесте области предвидени со УЕФА Грасрут активностите. Во рамките на посетата, беа оценети активностите, беа дадени повратни информации од вклучените учесници, како и од страна на УЕФА, со цел анализа на достигнувањата на ...

Историскиот пласман на Шкендија во елиминациската фаза од Конференциската лига на УЕФА не помина незабележано. Македонскиот шампион доби официјални честитки од Фудбалската федерација на Македонија и од претседателот Масар Омерагиќ, кои го истакнаа значењето на овој успех за македонскиот клупски фудбал. Од ФФМ потенцираат дека настапите на Шкендија на европската сцена претставуваат силна промоција на македонскиот фудбал и потврда дека ...

Есенскиот дел од сезоната Силекс го заврши на четвртото место со 31 бод од 16 натпревари, и со биланс од 10 победи, едно реми и пет порази. Кратовскиот тим минатата сезона заврши на вицешампионската позиција, а оваа приоритет ќе биде излез во Европа. Шефот на стручниот штаб Александар Васоски е во целина задоволен од пролетниот дел, иако жали за бодовите од два натпревари – против АП Брера кога од 1:3, на крајот мечот заврши нерешено, и ...

weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
2.57
44%
1011
weather icon

Белград

12ᴼ / 12ᴼ
7.72
53%
1014
weather icon

Загреб

14ᴼ / 13ᴼ
4.12
40%
1014
weather icon

Софија

7ᴼ / 7ᴼ
4.12
54%
1016
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
4.08
82%
1017
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 11ᴼ
3.6
49%
1014
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
5.14
67%
1012
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
3.6
41%
1012
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
3.6
27%
1011
weather icon

Букурешт

9ᴼ / 7ᴼ
8.75
70%
1017
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 13ᴼ
4.63
35%
1015
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
90%
1012
Currency

61.64

Currency

53.1769

Currency

71.3542

Currency

37.4525

Currency

38.7262

Currency

67.692

Currency

7.72202

Currency

0.64206

Currency

0.33395

Currency

0.52487

Currency

1.20167

Currency

0.56757

Цинк

0.00

Алуминиум

3.19

Сребро

2179.44

Иридиум

258288.78

Кобалт

3.86

Бакар

10.65

Паладиум

44753.84

Родиум

358480.82

Рутениум

56199.51

Калај

43.91

Платина

61858.04

Злато

144593.23