Скопје
13ᴼ /
13ᴼ
Работнички имаше очајна есен, освои само седум бода во 16 првенствени натпревари. Тимот од Дебар Маало го заокружи првиот дел од сезоната со само една победа и четири ремија, а дури 11 пати ја почувствува горчината на поразот. Сезоната ја стартуваше рано, со настап во квалификациите за Конференциската лига и веднаш доживеа два порази и елиминација. Сепак, никој не очекуваше дека ќе следат многу слаби игри и резултати и во првенството. Бојан ...
Тимот на Македонија ЃП со високи амбиции ја стартуваше оваа сезона во ПМФЛ шампионатот. Клубот кој избори влез во елитата имаше за цел да обезбеди статус на стабилен прволигаш, а во првичниот дел од полусезоната, тоа и се оствари. Потоа, турбуленциите во клубот се одразија и на резултатите, па на крајот Македонија ЃП замина во сосема спротивен правец од планираното. Боби Божиновски како староседелец во Ѓорче Петров, ја презема функцијата на ...
Еден од најперспективните млади македонски голмани, Антонио Столевски, ја започнува новата страница во својата кариера како член на Шкендија Арачиново. По настапите за повеќе клубови во домашниот фудбал и значајните моменти во Втората лига, 23-годишниот прилепчанец зборува за новиот предизвик, патот што го измина, најдрагите победи, тешките порази и животот на еден голман во македонскиот фудбал. Столевски го замени тимот на Слога од Виница со ...
Шкупи доживува една од најтешките сезони во елитниот домашен фудбал. Тимот од Чаир е закован на последното место на табелата со само еден освоен бод по 16 одиграни кола во првата лига. „За нас како клуб, оваа полусезона беше разочарувачка и тешка. ФК Шкупи и нашите навивачи не ја заслужуваат оваа ситуација. Сепак, се надеваме дека ќе започнеме со нова енергија и поголема сила за да ги вратиме резултатите и гордоста што овој клуб ги ...
По вчерашниот меч меѓу Охрид и Еурофарм Пелистер, кој заврши со триумф на “гладијаторите” во спортската сала “Билјанини Извори”, поранешниот македонски репрезентативец и член на Еурофарм Пелистер, Дејан Манасков, синоќа бил приведен во полициска станица. Настанот го потврдија од СВР Охрид. “На 14.12.2025 година во 20.20 часот, во СВР Охрид приведен е Д.М.(33) ракометен играч од Скопје, член на ракометен клуб од Битола. Тој, по завршување на ...
Десеттото коло во македонската кошаркарска Суперлига понуди различни сценарија – од еднострано градско дерби во Скопје, до драматични завршници и високи резултати на останатите терени. Дербито на колото беше пресметката меѓу Работнички и МЗТ Скопје, во која актуелниот шампион уште еднаш ја покажа својата стабилност и квалитет. Во салата „Кале“, МЗТ Скопје одигра зрел и контролиран натпревар, со кој постепено ја презеде иницијативата и без ...
Екипата на Драчево Јуниор забележа висока победа во рамки на 14. коло на Првата ракометна лига откако на гостински терен со 26:43 го доби Шампион. Гостинот ја имаше фаворитската улога на себе и истата ја оправда со висок триумф, па така победнички ја затвара 2025 година. За домашниот тим Давид Јовчевски беше најдобар стрелец со девет гола, а пак за гостинот Александар Стојменов со 11 гола го водеше неговиот тим до голема победа. Во дербито од ...
Ракометарите на Тиквеш извојуваа исклучително значајна победа во борбата за пласман меѓу најдобрите, откако на домашен терен успеаја да го совладаат тимот на Еурофарм Пелистер 2 со 27-26 во рамки на 17. коло од Суперлигата. Натпреварот во Кавадарци донесе неизвесност до самиот крај, а домашниот состав покажа ментална цврстина во моменти кога резултатот не одеше во нивна корист. Гостите од Битола имаа подобро отворање на средбата и во текот на ...
Охрид продолжува да се наметнува на домашната сцена со своите импресивни настапи. Во 17. коло од македонската Супер лига, тимот на Охрид, вечерва го совлада Еурофарм Пелистер со 29-25, покажувајќи дека има квалитет и карактер за големите дуели. Натпреварот се одигра пред преполна сала „Билјанини извори“, каде атмосферата ја создадоа верните навивачи „Чкембари“ и „Рибари“. Тренерот на Охрид, Борис Ројевиќ, во изјава за Спортска Мрежа, оцени ...
Охрид продолжува да ги изненадува фаворитите оваа сезона. Во 17. коло од македонската Супер лига, тимот на Охрид го совлада шампионот Еурофарм Пелистер со 29-25 (13-11) и го запиша својот прв голем триумф против еден од најсилните ривали. Натпреварот се одигра во преполната сала „Билјанини извори“, каде верните навивачи „Рибари“ и „Чкембари“ создадоа одлична атмосфера. Капитенот на Охрид, Гоце Ојлески, во изјава за Спортска Мрежа, посочи дека ...
Второлигашот Беласица и Анатолиј Петејчук по шест месеци се разделија. Струмичани започнуваат со креирање на тимот за пролетната полусезона – ќе следуваат разделби, но како што дознава Спортска Мрежа се водат и преговори за квалитетни засилувања. 23-годишниот прилепчанец во Беласица пристигна во јули 2025 година, но во струмичкиот второлигаш не одигра многу, па двете страни решија да се разделат. Петејчук потекнува од Пандев Талент од Прилеп, ...
Фотографијата на вечерта доаѓа од соблекувалната на Охрид – ракометарите со победничката порака „Ова е Охрид“ по огромната победа над шампионот Еурофарм Пелистер. „Гладијаторите“ уште еднаш потврдија дека сериозно ќе ја напаѓаат титулата, а салата „Билјанини Извори“ станува место каде бодови тешко се освојуваат – тврдината е одбранета од шампионот! Охрид има сериозен проект со кој започна сериозно да „гази“ во македонскиот ракомет, станува ...
Натпреварот од осмото коло на Првата футсал лига меѓу Клими и Шкупи не се одигра, откако гостинската екипа не допатува во Кавадарци. Овој меч беше закажен да се одигра на 13 декември (сабота) во СЦ „Јасмин“ во Кавадарци со почеток од 20 часот, но тимот на Шкупи не се појави во салата, а ниту пак го најави дека нема да присуствува на мечот. „По чекање од 30 минута гостинската екипа КМФ Шкупи не се појави во салата Јасмин, ниту притоа се најави ...
Ракометарите на Охрид одиграа еден од своите најзрели и најкомплетни натпревари сезонава и заслужено го совладаа актуелниот шампион Еурофарм Пелистер со 29-25 (13-11) во дербито од 17. коло на македонската Суперлига. Во преполната спортска сала „Билјанини Извори“, домашниот тим со дисциплинирана игра, високо темпо и контрола во клучните моменти покажа дека рамноправно припаѓа во самиот врв на домашниот ракомет. Од самиот почеток се наѕираше ...
Во последниот натпревар од првиот дел на сезоната во Пионерската Супер лига, Македонија ЃП ја совлада Брегалница со 4:2 и на пауза заминува како водечка екипа во шампионатот. Гостите од Штип имаа предност од 2:0, но сепак на крајот пионерите на Македонија ЃП направија пресврт и стигнаа до трите бода кои има ја обезбедија првата позиција. Брегалница поведе преку Ванчо Кочубов во 16. минута. Во 34. Антонио Арсов зголеми на 2:0, а во последните ...
Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски си поднесе оставка по серијата од седум последователни порази на кипарскиот прволигаш Етникос Акна, заедно со него исто така го напушта и неговиот стручен штаб и асистентот Милан Илиевски. Како што вели тој оставката е донесена по слабите резултати во првенството и е чин на морална одговорност. Тој им се заблагодари на претседателот за укажаната доверба, на сите ...
Ракометарите на Прилеп се вратија на победничките патеки и со значајни бодови од Струга ја продолжуваат борбата за место меѓу најдобрите во Суперлигата. Во рамки на 17. коло, прилепчани славеа со убедливи 25-33 (14-15) на гостувањето кај Струга и покажаа дека не се откажуваат од плеј-оф амбициите. Средбата во спортскиот центар „Тими“ започна со погодок на Стефан Атанасовски за водство на домаќинот, а во воведните минути се играше израмнето, ...
Македонскиот ракомет испиша уште една значајна страница во својата историја, откако Гордана Ѓорѓеска од Гостивар беше делегат на Европското првенство во ракомет во инвалидски колички – EHF Wheelchair EURO 2025. Со ова Македонија за првпат имаше свој официјален претставник на едно Европско првенство во оваа дисциплина, што претставува големо признание и за Ѓорѓеска лично, но и за македонскиот ракомет во целина. Европското првенство се одржа од ...
Прволигашот Тиверија Брера од Струмица го претстави своето прво зимско засилување – се работи за Никица Трендова. 18-годишната фудбалерка е повратник во редовите на струмичкиот прволигаш бидејќи за Тиверија Брера настапуваше во период од септември 2018 година до февруари 2023 година. Во тој период Трендова настапуваше за кадетската и младинската екипа на Тиверија Брера, а имаше и деби настап за сениорскиот тим. Трендова се враќа во добро ...
Поранешниот прволигаш Овче Поле вечерва на домашен терен со „лото“ победа од 7:1 го декласираше „фенерџијата“ Карадаку во рамки на 8. коло на Втората футсал лига. Со погодоците на Лука Наумов и Аки Мемедалиев домаќинот имаше 2:0 на полувреме, а во вториот дел постигна уште пет гола преку Климент Ѓошев, Икица Јованов, Роберто Андонов и Марио Јанев кој беше двоен стрелец. За гостинскиот тим Зејнула Мустафи беше единствен стрелец, кој постигна ...
По осум одиграни кола во Втората футсал лига и натаму ланскиот прволигаш Железарец останува на врвот со 19 бодови на своето конто, односно има четири повеќе од Каршиака која е втора, но со меч помалку. На третото место е тимот на Црна Река, која лани испадна од елитата со 14 бодови. На дното е Карадаку, единствен тим кој има седум порази од толку натпревари и нема освоено бодови, ниту Овче Поле нема резултати за пофалба, ако тимот од Свети ...
Бранителот на двојната круна, Форца, вечерва со 7:17 славеше висока победа над дебитантот од осмата рунда на Првата футсал лига на гостински терен. Балкан имаше сили само за едно полувреме кога резултатот беше 5:6, а во вториот дел Форца покажа моќ, а пак искусниот Зоран Левески во финишот се „распука“ со серија погодоци. Ибрахим Алији и Џељаљ Мјаку постигнаа по три гола, а пак Јусуф Сулејмани беше стрелец на еден гол. За гостинот Зоран ...
Непоразениот лидер Проект приреди вистинска футсал-лекција и без милост го декласираше Осогово од Крива Паланка со неверојатни 18:0, во рамки на 8. коло од Првата футсал лига. Резултатот делува шокантно, но развојот на натпреварот уште пред почетокот ја навести судбината на гостите. Осогово во Гевгелија пристигна со само пет играчи, без ниту една опција на клупата, што во ваков ритам и квалитет беше јасна најава за тешка вечер. Проект од ...
Арсими е една од најубавите фудбалски приказни во македонскиот клупски фудбал во последните неколку сезони. Клубот кој чекор по чекор напредуваше од Трета лига – Запад, преку Втората лига, денес со право е дел од фудбалската елита и ја живее својата прволигашка приказна. Еден од луѓето кои стојат зад овој континуиран напредок е и Лабинот Муслиу, член на стручниот штаб на Арсими, тренер со јасна визија, модерни идеи и препознатлив фудбалски ...
Вардар ја забележа новата победа во првенството, совладувајќи го Радовиш со 40-26, во натпревар во кој „црвено-црните“ постепено ја градеа предноста и уште на полувреме водеа со 22-13. Иако настапи со комбиниран состав и без неколку стандардни првотимци, Вардар без проблеми ја контролираше играта и постигна дури 40 голови. До 40. минута предноста изнесуваше плус 12, а речиси половина од погодоците ги реализираа Николас Боно и Мигуел Пинто. ...
Утре, со почеток од 18:00 часот, во рамките на 17. коло од ракометната Супер лига, ГРК Охрид ќе го одигра последниот домашен натпревар за оваа година, кога во „Билјанини Извори“ ќе гостува актуелниот шампион- Еурофарм Пелистер. По важната победа на гостувањето кај Тиквеш, охриѓани со полн фокус и нетрпение го очекуваат големиот предизвик. Кружниот напаѓач на Охрид, Иван Тасески, нагласува дека пред тимот е сериозен испит против шампионот, но ...
Ракометарите на Бутел Скопје го надиграа големиот ривал и направија значаен чекор кон плеј-офот. И покрај почетната негатива од 5-2, гостите брзо се консолидираа и до крајот ја контролираа играта, водeјќи и со девет гола предност во еден момент. Филип Николов блесна со четиринаесет погодоци, а Тодор Узунчев додаде пет. Голманот Благојче Трајкоски имаше дванаесет одбрани, додека Александар Стојаноски запре три пенали, обезбедувајќи сигурност ...
Ракометарките на Ѓорче Петров вечерва слават голема победа со која се враќаат на врвот од табелата во Суперлигата, откако со 31:27 го добија Металург Автокоманда во дербито на 12. коло. „Лавиците“ влегуваат во одлична форма надминувајќи ја малата криза со што шампионот избива на челната позиција, но има ист број на бодови како и ривалот од Автокоманда – 21 бод. Мечот беше сосема неизвесен со менување на водството, игра гол за гол и борба за ...
СЕЕ Университи е првиот тим кој го совлада досега непоразениот Железарец, откако вечерва на домашен терен со 4:3 подобар беше тетовскиот тим на воведниот меч од осмото коло на Втората футсал лига. Ланскиот прволигаш го доживеа првиот сезонски пораз, а домашниот тим бележи голема победа и обезбеди три големи бодови. Во првиот дел паднаа четири гола за 2:2 пред паузата – Едис Муртезани во 9. минута го отвори резултатот, а по две минути Петре ...
Откако вчера во Радовиш се одигра последниот меч од 15. коло на Втората лига меѓу Детонит Плачковица и Осогово, официјално се затвори есенската полусезона, а со тоа го имаме и конечниот изглед на табелата. Натпреварот од Радовиш не направи големи промени на табелата, Скопје по поразот останува на петтото место со 29 бодови, а пак Детонит Плачковица напредуваше од една позиција на табелата со тоа што сега радовишани се седми со 26 бодови на ...