Скопје
13ᴼ /
13ᴼ
Алкалоид ја заокружи календарската година со уверлива претстава пред домашната публика, совладувајќи го тимот на Куманово со убедливи 42-25 во Автокоманда. „Сините“ уште еднаш покажаа зошто оваа сезона се меѓу најсигурните состави во Суперлигата. Од самиот старт избраниците на Кирил Лазаров ја контролираа играта и темпото. Разликата постепено растеше, а до паузата Алкалоид веќе имаше солидни +8 (20-12), што практично го насочи текот на целиот ...
Тимот на Вардар Неготино со победа ја затвара 2025 година откако вечерва пред својата публика го доби убедливи Овче Поле со 43:34 во последниот меч од есенската полусезона во Првата ракометна лига. Домашниот тим од почетокот започна да ја гради разликата од два до три гола, гостинот од Свети Николе се обидуваше да го следи резултатскиот чекор на Вардар Неготино кој беше фаворит на овој меч, но не успеваше во тоа. Првите плус три Вардар ...
Македонија добива уште еден млад фудбалски талент кој ветува блескава иднина. Петар Огнановски, роден во 2014 година во Кочани, своите први фудбалски чекори ги прави во 2024 година – одлучен да го следи сонот кој го носи уште од најрана возраст. Фудбалот му е омилен спорт, а како идоли ги наведува Кристијано Роналдо, Лука Модриќ и Горан Пандев – играчи со огромна работна етика и посветеност, токму онаква каква што и самиот Петар сака да ја ...
Новаци ја затвори есенската полусезона со најдобар учинок во последната деценија – 27 освоени бодови, учинок од осум победи, три ремија и четири порази, како и одлична гол-разлика благодарение на само 11 примени погодоци, а постигнати 25. Тимот под водство на искусниот стратег Дарко Крстески, 54-годишен тренер од Прилеп со богато искуство во Новаци, Караорман, Победа, Пелистер, Тиквеш и 11 Октомври, одигра стабилна и борбена полусезона. Во ...
Екипата на Детонит Плачковица забележа минимална, но голема победа над Скопје од 1:0 со голот на Иван Галевски и на победнички начин ја затвора 2025 година. Победничката фотографија од соблекувалната на радовишани предводени од штипскиот стратег Горан Здравков ја покажува позитивната атмосфера во тимот, кој со освоените три бода ќе презими како седми на табелата. Позитивно расположение, полна соблекувална и максимална енергија – така со ...
Детонит Плачковица со голот на Иван Галецки денес славеше против Скопје во последното коло од 15. рунда во Втората лига, со што официјално се затвори есенската полусезона. Галевси беше единствениот стрелец кој му донесе три бода на својот тим во натпревар во кој Скопје започна послабо, но во вториот дел настапи многу поагресивно и борбено. И двете екипи имаа свои шанси, но Детонит Плачковица беше тој што на крајот ги прослави трите бода. Со ...
Во недела, со почеток во 18:00 часот, ГРК Охрид ќе го пречека шампионот Еурофарм Пелистер, во рамките на 17. коло од ракометната Супер лига. Се очекува тешка, неизвесна и возбудлива средба, а тренерот на охриѓани- Борис Ројевиќ, за Спортска Мрежа го најави дербито. Притоа, нагласува дека краткото време за подготовка не ја намалува посветеноста на тимот да се даде максимум пред домашната публика. Тој, исто така, истакнува дека противникот е ...
Второлигашот Шкендија од Арачиново има јасна цел и визија – влез во Првата македонска фудбалска лига. Тимот кој го води Љупчо Марковски – Калц одигра одлична сезона и заврши на второто место со бод помалку од лидерот Охрид. Тимот од Арачиново собра 35 бодови, а пак „рибарите“ имаат 36 бодови по 15 одиграни кола во есенската полусезона. Шкендија Арачиново минатата сезона заврши на првото место во Трета лига – Север, а во баражот го доби ...
Второлигашот Шкендија Арачиново најавува дека ќе биде најактивен на трансфер пазарот – вечерва беше промовиран Антонио Столевски како нов голман на тимот кој го води Љупчо Марковски – Калц. Се работи за искусен голман кој треба да донесе дополнителна стабилност на голот на Шкендија Арачиново, а доаѓа од редовите на второлигашот Слога Виница, каде Столевски донесе стабилност на голот и тимот се врати во Втората лига. Низ својата кариера ...
Шкендија продолжува да ја пишува својата најуспешна европска сезона. Македонскиот шампион одигра блескаво и пред полни трибини во Скопје го совлада фаворизираниот Слован Братислава со убедливи 2-0, резултат со кој тетовчани остануваат во трката за пласман во нокаут-фазата на Конференциската лига. Тетовскиот тим уште од првиот свиреж покажа дека не се плаши од реномето на противникот. Агресивниот пристап брзо даде резултат – по изведен корнер ...
Во дербито од дното на две екипи кои жилаво се борат за опстанок поуспешна беше екипата на Струга која го доби „фенерџијата“ Радовиш со „инфарктен финиш“ од 24:26 во последниот меч од 16. коло на Суперлигата. Радовиш останува и натаму да сонува за своите бодови иако вечерва одигра мотивирано, борбено со желба конечно да ја израдува својата публика, голманот Славјан Паунов беше одличен на голот, но сепак стружани на крајот слават важна победа ...
Во Битола се одигра крајно возбудлив дуел од 16. коло во Супер машката лига, каде што Еурофарм Пелистер 2 и Бутел Скопје ги поделија бодовите по драматични 24-24. Натпреварот постојано носеше пресврти, а конечниот исход беше решен дури во самиот финиш. Иако Бутел Скопје, на четири минути пред крајот имаше предност од 24-21, гостите потоа не успеаја да го пронајдат патот до мрежата. Домашниот тим го искористи падот во нивната игра, погоди ...
Есенскиот шампион во Трета лига – Север, тимот на Еуромилк од Горно Лисиче го промовираше првото зимско засилување – официјално нов играч е Димитар Стојановски. Поранешниот прволигаш кој нема пораз во есенскиот дел во Трета лига – Север цели кон враќање во Втора лига, се подготвува за пролетниот дел, но се гради тимот повеќе и за баражот за можен влез во ВМФЛ. Стојановски е 20-годишен фудбал кој потекнува од фудбалската школа на Силекс, низ ...
Утре со натпреварот меѓу Детонит Плачковица и Скопје кој се игра на Градскиот стадион во Радовиш ќе се комплетира есенската полусезона, а од мечот од 15. коло на Втората лига зависи и екипата на Осогово. Популарните „жетвари“ кои зад себе имаат фантастична есен во моментот се седми на табелата со 24 бодови, но за да презимат како седми ќе треба „пиратите“ од Автокоманда да им завршат работа. За Осогово да презими како седми на табелата ќе ...
Утре конечно ќе се комплетира и затвори есенската полусезона во Втората македонска фудбалска лига со натпреварот меѓу Детонит Плачковица и Скопје, последен меч за последното 15-то есенско коло. Беласица погледот го насочува кон утрешниот меч кој се игра во Радовиш и ќе го чека исходот од истиот – за струмичани само еден резултат не им одговара, а две комбинации им одат во прилог. Беласица е на четвртото место со 31 бод, а за да презими на ...
Филип Поповски повторно ја потврди својата репутација на врвен македонски фудбалски професионалец со ангажманот како делегат на синоќешното мега-дерби од групната фаза на Лигата на шампионите помеѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити на „Сантјаго Бернабеу“. Овој престижен ангажман е доказ за угледот на македонските фудбалски професионалци и за високото место на Фудбалската федерација на Македонија во европските фудбалски структури. Поповски е еден ...
Во рамки на 17. коло од Суперлигата, ГРК Охрид во недела ќе го пречека шампионот Еурофарм Пелистер во „Билјанини Извори“. Се очекува тешка и неизвесна дерби- средба, а играчите се целосно фокусирани на тоа да го остават срцето на теренот и да ја израдуваат домашната публика. Средниот бек на Охрид, Тилен Стрмљан го најави дуелот со Пелистерци. Тој истакна дека пред нив е предизвикувачки натпревар против Пелистер и дека е важно добро да се ...
Вчера во Струмица се одигра пријателскиот натпревар помеѓу младинските селекции на Македонија и Црна Гора (U18), на кој нашата репрезентација заслужено славеше со 2:1. Избраниците на селекторот Димитар Капинковски прикажаа одлична партија – со многу создадени шанси, високо ниво на дисциплина и храбра игра против своите врсници. Херој на мечот беше Дитмир Хоџа, кој со два погодоци во првото полувреме ја одведе Македонија до убедлива предност. ...
Како што пред малку објави ГРК Охрид, нивниот среден бек, Ловро Јотиќ, ја извршил неопходната операција на предниот вкрстен лигамент и интервенцијата поминала успешно. Повредата ја заработи на дуелот со Тиквеш во 5. коло, одигран во СРЦ „Билјанини Извори“. По деталните прегледи и консултациите со специјалисти, беше одлучено дека хируршката интервенција е единствен начин за целосно закрепнување. Клубот му посака брзо и успешно враќање на ...
Српскиот десен бек Предраг Вејин и Охрид веќе нема да соработуваат, откако двете страни решија да ги прекинат обврските на обострана согласност. Плановите за негов камбек не се реализираа, бидејќи продолжената пауза по повредата што ја носеше од периодот во Олимпијакос не му дозволи целосно да се врати во форма. Со неговото заминување, Борис Ројевиќ целосно ќе се потпре на домашниот избор на десната страна, каде што конкурираат Томислав ...
Со утрешниот меч меѓу Детонит Плачковица и Скопје ќе се затвори официјално есенската полусезона во Втората лига. Ова е последен меч од 15. коло кој беше одложен и закажан да се одигра утре на Градскиот стадион во Радовиш. Но, на овој меч екипата на Детонит Плачковица ќе биде ослабена – причината е Сашо Дуков. Најдобриот стрелец на радовишани нема да може да настапи за својот тим на последниот меч во 2025 година од причина што има пет жолти ...
Македонскиот тренер на голмани Ален Саздов од Свети Николе запиша голем меѓународен успех, откако викендов беше дел од стручниот штаб на All Star натпреварот во рамки на најквалитетната женска младинска лига во САД – ECNL (Elite Clubs National League). Мечот се одигра во Канзас Сити и ги обедини најдобрите фудбалерки од источната и западната конференција. Саздов беше ангажиран како тренер на голмани во двете селекции, а поканата дојде ...
В недела се игра дербито на 17. коло на ракометната Суперлига меѓу Охрид и Еурофарм Пелистер, а верните „рибари“ најавуваат масовна мобилизација за силна поддршка од трибини. Трибините во „Билјанини Извори“ ќе бидат исполнети до последното седиште, а охридските ракометари ќе имаат силна поддршка од верните „рибари“. Верните навивачи ќе се собираат на „Плоштад минимаркет“ в недела во 16 часот. „В недела нѐ очекува нов натпревар против битолски ...
Ракометарите на Охрид се вратија од Кавадарци со убедлива победа од 31-19 против екипата на Тиквеш, потврдувајќи дека се во одлична форма пред дуелот со шампионот- Еурофарм Пелистер. Од самиот почеток, гостите ја презедоа контролата на теренот и најавија дека ќе доминираат во целиот натпревар. Веднаш по натпреварот, тренерот на Охрид – Борис Ројевиќ, во изјава за Спортска Мрежа, истакна дека тимот добро се подготвил за овој ,, тежок терен “, ...
Екипата на Алкалоид, ја потврди фаворитската улога и без проблеми си замина со победа од Прилеп, славејќи со 39-33 во рамките на 16. коло од Супер машката лига, во меч што се одигра во Прилеп. Домаќините пружија сериозен отпор во првото полувреме и не дозволија гостите веднаш да се одлепат, па на паузата резултатот беше 19-16 во корист на гостите. Во вториот дел, Алкалоид го забрза темпото и ја зголеми предноста на плус девет, осигурувајќи ...
Во дуел исполнет со пресврти, емоции и нерви до последната секунда, Куманово и Пролет одиграа 28-28 во натпревар кој повеќе наликуваше на трилер отколку на обична првенствена рунда. И двата тима имаат причини и за задоволство, и за жалење – домашните затоа што ја испуштија големата предност од воведните минути, гостите затоа што не го искористија водството во самиот финиш. Куманово стартуваше со идеална енергија и игра која навестуваше ...
Дербито кое ја тресеше ракометна Македонија доби битолска завршница. Еурофарм Пелистер одигра најзрело токму кога му беше најпотребно и го урна досега непоколебливиот Вардар со 28:23 – резултат кој ја разбуди целата Суперлига и внесе нова драма во борбата за врвот. Победата не е само број на семафорот, туку порака дека шампионот е далеку од предавање и дека патот до титулата ќе биде потежок од очекуваното. Битолчани одиграа меч на големо ...
Во моќен и убедлив настап на гостински терен, ракометарите на Охрид го надиграа Тиквеш со убедливи 31-19, потврдувајќи дека се подготвени за големото дерби против шампионот Еурофарм Пелистер. Уште на стартот, гостите го презедоа водството, брзо стигнувајќи до 8-1. Голманот Пилиповиќ блескаше на голот, додека домаќинот промашуваше клучни шанси, што го одредуваше текот на мечот уште во првите минути. Савревски постојано казнуваше за Охрид, што ...
Ракометарите на Преспа од Ресен денеска имаа посебна привилегија да бидат угостени од составот на двократниот европски првак Вардар. Ресенските ракометари го искористија денот за дружење, фотографирање и запознавање со своите идоли – клуб кој остави голема трага во европскиот ракомет и двапати се искачи на врвот на Лигата на шампионите, во сезоните 2016/17 и 2018/19. Од клубот од Ресен истакнаа дека ова било исклучително важно искуство за ...
Градоначалникот на општина Босилово, Ристо Манчев, оствари работна средба со претседателот на Општинскиот фудбалски сојуз на Струмица, Илија Илиев – Рома. Разговорот беше во насока на продлабочување на соработката и унапредување на фудбалските активности во општината. Фокусот на средбата беше ставен врз функционирањето на Општинската фудбалска лига, развојот и поддршката која Босилово ја обезбедува за локалните фудбалски колективи – ФК ...