Фудбалскиот клуб Брегалница официјално го промовираше Костадин Капсаров како најново име во своите редови. Дваесетгодишниот фудбалер доаѓа од екипата на Беласица и ќе ја засили конкуренцијата во офанзивната линија на штипскиот второлигаш. Капсаров настапува на крилната позиција, се служи одлично со двете нозе, а како посилна му е левата. Роден е во мај 2005 година, а својата фудбалска кариера ја започна во Кожуф, каде што настапуваше до ...

Екипата на Беласица во пролетниот дел од сезоната ќе биде без уште еден искусен фудбалер, откако Бојан Најденов одлучи кариерата да ја продолжи во нова средина, дознава Спортска Мрежа. Играчот од средниот ред во струмичкиот тим пристигна од редовите на Кожуф во февруари минатата година, а по една сезона мината во Беласица се реши за промена на клупската средина. Станува збор за фудбалер со богато искуство и значајна интернационална кариера ...

Второлигашот Тетекс одигра меѓународен пријателски натпревар против Шари од Косово кој го доби со убедливи 6:1. На АМС Спортскиот центар во Тетово популарните „штофари“ одиграа фантастичен меч и забележаа голема победа. Славчо Мисајловски постигна два гола, а по еднаш во листата на стрелци се запишаа Хисар АЛи, Лука Гавроски, Едис Бајрами и Рихан Зеќири. Веќе утре Тетекс ќе одигра нов пријателски меч против прволигашот Арсими, а мечот ќе ...

Регуларниот дел од Првата македонска кошаркарска лига влегува во својата завршница, а претпоследното коло носи натпревари што би можеле значително да ја разјаснат сликата на табелата и борбата за пласман во плеј-офот. Во групата Б, најголемото внимание ќе биде насочено кон дуелот во Струмица, каде во салата „Никола Карев“ лидерот Струмица ФМП ќе го пречека составот на Бутел. Натпреварот, закажан за среда од 20:15 часот, има дерби-карактер и ...

Фудбалскиот клуб Вардар од Брвеница официјално ги започна подготовките за пролетниот дел од сезоната во Третата лига – Запад, со јасна амбиција да се вклучи во борбата за највисок пласман на табелата и пласман во баражот за Втора лига. По одлично одигран есенски дел, кој го завршија на третото место со освоени 21 бод, шест помалку од лидерот Камјани, во таборот на Вардар владее оптимизам и верба дека тимот има капацитет да направи исчекор во ...

Ракометната репрезентација на Хрватска направи клучен исчекор во главната фаза на Европското првенство, откако во жестокото балканско дерби ја совлада Словенија со 29-25. Победата дојде во вистински момент за „коцкестите“, кои максимално го искористија ремито меѓу Исланд и Швајцарија и сега сами ја кројат својата судбина. Избраниците на Дагур Сигурдсон од старт наметнаа цврст ритам, со агресивна одбрана и дисциплиниран напад, што им донесе ...

Фудбалерите на Работнички беа поразени со 1-2 од Шкендија Арачиново на пријателскиот дуел одигран во Скопје, во рамките на зимските подготовки. По добриот настап против Охрид, дебармаалци овојпат не успеаја да го наметнат ритамот, додека второлигашот покажа поголема цврстина и конкретност. Гостите рано поведоа преку Владимир Жоглев, а прволигашот Работнички возврати со погодок од белата точка, дело на Сухељ Мухарем. И покрај неколкуте шанси ...

Кратовскиот прволигаш Силекс одигра нов пријателски натпревар во Анталија, Турција, кој беше четврти, а истиот заврши без победник, но и без погодоци. Силекс одигра 0:0 со украинскиот тим Кудривка, што беше уште една можност за стратегот Александар Васоски да добија слика за тоа како оди подигањето на формата и што може да очекува од неговиот тим во пролетниот дел. Двете екипи имаат свои шанси на натпреварот за гол, но немаше реализација ...

Прволигашот Тиквеш одигра нов пријателски натпревар во Анталија, а кој го доби со 1:0 против екипата на Токтогул од Киргистан. Тимот од Кавадарци со триумфот стигнаа со голот на Н’Фанли Сила, кој беше единствениот стрелец на мечот, доволен за победа на македонскиот прволигаш. Тиквеш презимува на осмото место или во бараж зоната со 18 бодови на своето конто, а пролетниот дел тимот го отвара против Шкупи во гости. Целта на прволигашот од ...

Ракометната академија на РК Младост 1977 официјално ги отвори уписите за нови членови и започнува со работа со најмладите генерации. Клубот врши упис на машки и женски деца родени 2012 година и помлади, со цел создавање на нови ракометни таленти и правилен спортски развој уште од најрана возраст. Тренинзите ќе започнат на 2 февруари 2026 година (понеделник) со почеток од 19:30 часот, а ќе се одржуваат три пати неделно – во понеделник, среда и ...

Десеттиот круг од натпреварите во „Шпаркасе Лајф“ Првата лига, донесе и промена на врвот на табелата. По победата на Баскет кам во дерби дуелот со екипата на Крива Паланка, сега бранителот на титулата е на првата стартна позиција, од која се „симна“ екипата на Вардар која беше поразена на гостувањето кај МЗТ Бела вода. АМАРИ ХЕРД (МЗТ БЕЛА ВОДА) Помалку и изненадувачки висока победа забележаа во дуелот со Вардар, една од водечките екипи во ...

Ракометната репрезентација на Данска продолжи со одличните настапи на Европското првенство, откако во дербито од групата ја совлада Германија со 31:26 и практично си обезбеди пласман меѓу најдобрите четири селекции на континентот. Иако Германија подобро го отвори натпреварот и на стартот имаше водство, Данците брзо воспоставија контрола, предводени од расположениот Матијас Гидсел. Првото полувреме донесе израмнета борба и минимална предност ...

Ракометарите на Вардар на крајот од јануари ги очекува сериозен меѓународен предизвик, откако „црвено-црните“ ќе настапат на четвртото издание на реномираниот „Labin Handball Cup 2026“, кој ќе се одржи во хрватскиот град Лабин на 30 и 31 јануари. На турнирот ќе учествуваат силни екипи од регионот, а Вардар своето учество ќе го започне со полуфинален дуел против словенечкиот тим Слован Љубљана. Овој натпревар е закажан за 30 јануари со почеток ...

Пролетниот дел од женската ракометна Суперлига ќе донесе неизвесна борба за шампионската титула, но ако на стартот од сезоната рамноправно трката ја водеа три екипи од последното есенско коло, во пролетниот дел ќе продолжат две екипи. Едната веќе излегува од „шините“ кои возат кон шампионската титула, а на истите „шини“ остануваат две екипи кои ќе возат по шампионскиот пехар, а до истиот патот ќе го пронајде само една екипа. Егзодусот кој се ...

Македонските прволигаши Силекс, Вардар и Струга Трим Лум ги продолжија зимските подготовки во Анталија, но на последните пријателски натпревари не успеаја да дојдат до позитивен резултат против силни меѓународни ривали. Силекс го забележа третиот пораз на подготовките, откако загуби со 0-2 од босанскиот Железничар. Тимот од Сараево се покажа како поквалитетен противник и со головите на Ракиќ и Карамарко заслужено стигна до победа. Претходно, ...

Македонскиот ракометар Филип Талески повторно станува интернационалец и својата кариера ќе ја продолжи во унгарскиот шампионат, откако официјално беше промовиран како нов член на екипата на Татабања. 28-годишниот лев бек по неколкумесечна пауза без клуб најде нов ангажман во амбициозен унгарски состав, кој се наоѓа во самиот врв на домашниот ракомет, зад великаните Веспрем и Сегед. Во Татабања се одлучија за ангажман на Талески поради ...

Женскиот ракометен клуб Чаир официјално ги промовираше двете засилувања за вториот дел од сезоната во женската Суперлига, со кои јасно ги најави високите амбиции – освојување на шампионската титула. Ново име во редовите на скопскиот тим е македонската репрезентативка Александра Коловска, која пристигнува од Металург Автокоманда. Коловска настапува на позицијата пикер и важеше за еден од клучните столбови во играта на поранешниот клуб, особено ...

Футсал тимот на Проект викендов престојуваше во Србија, каде што одигра два силни контролни натпревари како дел од подготовките за продолжението на сезоната во Првата футсал лига на Македонија. Според оценките од клубот, поставените цели се реализирани во целост, а добиените сознанија ќе имаат значајна улога во понатамошниот тек од сезоната. Намерата на раководството и стручниот штаб беше да се тестира реалниот потенцијал на екипата против ...

Голема сензација беше забележана во третото коло од главната фаза на Европското првенство, откако репрезентацијата на Шпанија ја совлада фаворизираната Франција со 36-32 и ја врати неизвесноста во таканаречената „група на смртта“. Иако веќе без реални шанси за пласман меѓу најдобрите, Шпанците одиграа еден од своите најдобри натпревари на турнирот. Клучната разлика ја направија во првото полувреме, кога со одлична одбрана и ефикасен напад ...

Кошаркарската федерација на Македонија ја информира јавноста дека донесе одлука за именување на Жозеп Мариа Берокал за селектор на машката сениорска репрезентација на Македонија. Берокал е искусен шпански тренер со импозантно портфолио зад себе, со повеќе од 35 години тренерско искуство, од кои 21 година во професионална кошарка, како и 14 години искуство во Евролигата, најелитното европско клупско натпреварување. Во својата богата кариера ...

Португалија и Норвешка одиграа возбудлив и неизвесен натпревар во третото коло од главната рунда на Европското ракометно првенство, кој заврши без победник – 35:35. Со овој исход, двете репрезентации практично ги намалија шансите за пласман меѓу најдобрите четири. Норвешка подобро го отвори дуелот и во поголемиот дел од првото полувреме го контролираше резултатот. Скандинавците имаа водство од еден до три гола разлика, но Португалија успеваше ...

Кошаркарскиот клуб МКК Куманово официјално ја доби организацијата на финалниот турнир од националниот Куп „Благоја Георгиевски-Буштур“ во машка конкуренција за натпреварувачката сезона 2025/2026. Раководството на кумановскиот клуб пројави интерес за организација на завршницата од најмасовното клупско натпреварување, ги исполни сите услови од јавниот повик и ќе биде домаќин на осумте најдобри екипи во државата. Финалниот турнир ќе се одржи во ...

Женскиот кошаркарски клуб Баскет Кам од Македонска Каменица официјално ја доби организацијата на финалниот турнир од Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“ во женска конкуренција за натпреварувачката сезона 2025/2026. Раководството на актуелниот шампион пројави интерес за организација на националниот Куп, ги исполни сите услови предвидени со јавниот повик и ќе биде домаќин на завршницата од најмасовното клупско натпреварување. Финалниот турнир ќе ...

Општинскиот фудбалски сојуз Кичево, преку претседателот во оставка Марјан Ристевски, упати покана до Фудбалската федерација на Македонија за одржување вонредно изборно собрание на ОФС Кичево, закажано за 23 јануари 2026 година во 18:00 часот, во „Куќата на уметноста“ во кичевското село Кнежино. Овластени претставници на Фудбалската федерација на Македонија навремено беа присутни на закажаното собрание, но истото не се одржа поради немање ...

Борбата за пласман во полуфиналето на Европското ракометно првенство во групата 2 влезе во целосен хаос по второто коло од главната фаза. По победата на Хрватска над Швајцарија и изненадувањето на Исланд против Шведска, дури четири репрезентации се израмнети на врвот со по четири бода – Исланд, Шведска, Словенија и Хрватска. Иако хрватската селекција го направи тоа што беше во нејзина моќ против Швајцарија, ситуацијата во групата се ...

Екипата на Доброшти за пролетниот дел од Трета фудбалска лига – Запад ќе биде посилна со талентираниот Сутки Муслија. Се работи за 20-годишен крилен фудбалер кој треба да биде вистинско освежување во редовите до Доброшти. Муслија пристигна од редовите на Влазерими од Кичево, претходно беше дел од младинските категории на Ренова, а потекнува од тетовскиот клуб Дарданет каде ги направи првите фудбалски чекори. Претходно, клубот се засили со ...

Две работи во Втората женска фудбалска лига се кристално јасно – непоразениот лидер Конзули е сигурен патник кон Првата лига, па со тоа битолскиот тим по неколку години ќе се врати во елитниот фудбал во женска конкуренција. Како што веќе објави Спортска Мрежа клубот се подготвува за пролетниот дел, ростерот е сочуван, а ќе има неколку пријателски натпревари за проверка на формата. Тоа значи дека битката ќе биде за второто место кое води кон ...

Фудбалскиот клуб Башкими 1947 официјално го промовираше Никел Роналдо Ор како најново засилување за продолжението од сезоната во Првата лига. Станува збор за 24-годишен офанзивец од Тринидад и Тобаго, кој најчесто настапува на левата крилна позиција. Ор во Куманово пристигнува од редовите на кипарскиот ПАЕК, а во клубот го опишуваат како модерен фудбалер со изразен фудбалски интелект, добра физичка подготвеност и брзина, квалитети со кои ...

Ракометната репрезентација на Хрватска остана во игра за пласман меѓу најдобрите четири на Европското првенство, откако во второто коло од главната фаза во Малме ја совлада селекцијата на Швајцарија со 28:24. Ова е втора победа за „коцкестите“ во вториот круг, по драматичниот триумф над Исланд, но ситуацијата во групата е максимално комплицирана. Натпреварот започна лошо за избраниците на Дагур Сигурдсон. Швајцарија го искористи бавниот и ...

Со одигрувањето на последните два натпревари беше комплетирано 12. коло од Првата македонска лига, во кое прилепската екипа на Мега баскет стигна до исклучително важна победа и се искачи на првото место во групата „А“. Кошаркарите на Мега баскет одиграа зрел и сигурен натпревар на гостувањето во Охрид, каде славеа со убедливи 81:64. Прилепчани имаа целосна контрола врз играта и резултатот во текот на сите четири четвртини, а клучна улога ...

weather icon

Скопје

17ᴼ / 17ᴼ
3.09
72%
1016
weather icon

Белград

20ᴼ / 19ᴼ
3.6
43%
1014
weather icon

Загреб

17ᴼ / 16ᴼ
2.57
81%
1013
weather icon

Софија

20ᴼ / 19ᴼ
1.03
41%
1016
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
2.75
55%
1015
weather icon

Љубљана

23ᴼ / 19ᴼ
1.34
46%
1012
weather icon

Атина

25ᴼ / 21ᴼ
4.63
46%
1018
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
2.57
31%
1016
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
1.54
52%
1017
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 24ᴼ
4.12
41%
1015
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 19ᴼ
8.75
56%
1013
weather icon

Истанбул

20ᴼ / 20ᴼ
2.57
46%
1018
Currency

61.6417

Currency

52.4626

Currency

71.2993

Currency

37.9791

Currency

38.4775

Currency

67.3564

Currency

7.70223

Currency

0.70181

Currency

0.33535

Currency

0.52518

Currency

1.15978

Currency

0.55488

Иридиум

253540.09

Кобалт

45.39

Алуминиум

3.53

Паладиум

49351.40

Калај

52.70

Платина

66744.95

Злато

152465.86

Сребро

2534.46

Рутениум

51376.89

Бакар

12.46

Цинк

0.00

Родиум

319899.93