Денес во Кавадарци се одигра пријателски натпревар меѓу суперлигашот Тиквеш и прволигашот Младост, каде тимот од Богданци беше подобар со 33:36 во однос на домаќинот. Натпревар во кој амбициозниот тим од Богданци кој е непоразен лидер во Првата ракометна лига имаше постојана предност од не колку погодоци, а на полувреме резултатот беше 17:20. Ова беше идеална можност за стратегот на Младост, Горан Андоновски да провери како оди подигањето на ...

Ракометната репрезентација на Франција испиша златни страници во историјата на Европските првенства, откако во спектакуларен натпревар ја совлада Португалија со 46:38 и притоа сруши неколку значајни рекорди. Дуелот од главната фаза ќе остане запаметен по неверојатното прво полувреме на „триколорите“. Европскиот првак постигна дури 28 голови за 30 минути, што е нов рекорд на ЕП, надминувајќи го досегашниот на Полска од 26 погодоци против ...

Ракометната репрезентација на Франција одигра еден од најефикасните и најимпресивни натпревари на Европското првенство, совладувајќи ја Португалија со 46:38 во третото коло од главната фаза. Натпреварот во Хернинг ќе остане запаметен и како еден од најголемите голеади во историјата на континенталните шампионати. „Триколорите“ од самиот почеток наметнаа убиствен ритам. Првото полувреме беше вистинска демонстрација на моќ – Французите постигнаа ...

Третолигашот Победа Валандово испрати силна порака пред продолжението на сезоната, откако на пријателски натпревар одигран на Градскиот стадион во Валандово убедливо го совлада второлигашот Вардар Неготино со 3:0. Во рамки на зимските подготовки за пролетниот дел, домаќинот – есенски шампион во Трета лига – Исток и единствен тим без пораз во првиот дел од сезоната – целосно го надигра ривалот од повисок ранг. Победа уште во првите 45 минути ...

Второлигашите Осогово и Детонит Плачковица денес на Градскиот стадион во Кочани одиграа пријателски меч, кој беше прв и за двете екипи. Победник немаше, но немаше ниту голови (0:0). Тренерите Крсте Крстев и Горан Здравков комбинираа и даваа шанси во тимот со ротации со цел да се провери формата и да се види како оди вклопувањето на новите засилувања. Следе тест за Осогово ќе биде против третолигашот Аеродром, а пак за Детонит Плачковица ...

Струга за продолжението од сезоната односно за пролетниот дел остана без Кружниот напаѓач Стефан Атанасовски и чуварот на мрежата Александар Ѓурѓевиќ. Двајцата ракометари ќе имаат нови предизвици во нивните кариери, откако по шест месеци одлучија да направат промена и да замина од Струга. Искуството на Атанасовски и Ѓурѓевиќ беше клучно во освојувањето на бодовите на Струга, особено за да се добијат дуелите со Радовиш во трката за опстанок во ...

Прволигашот Арсими преку соопштение информираше дека донел одлука за откажување на пријателскиот натпревар со второлигашот Охрид. Како што потенцираат од тимот од Чегране, одлуката за откажување на пријателскиот натпревар е како што велат резултат на појавата и циркулацијата на неодамнешни информации во јавноста, кои се однесуваат на сомнежи поврзани со интегритетот на еден пријателски натпревар одигран од противничкиот тим. „Фудбалскиот клуб ...

Струмичка Беласица доцна на полноќ објави четири засилувања, за три веќе објави Спортска Мрежа се работи за Благој Стојанов, Давид Ристовски и Гордан Дамчевски, а доцна синоќа беше објавен и Виктор Делов. Се работи за 18-годишен фудбалер кој доаѓа од редовите на Брера Струмица, а фудбалските почетоци младиот битолчанец ги имаше во Пелистер. Делов играч од средниот ред на теренот и ќе претставува уште едно освежување во редовите на Беласица, ...

Екипата на Силекс од Кратово продолжува со активностите во зимскиот преоден рок и ангажира уште едно ново име во својот ростер. Нов член на кратовскиот прволигаш е 23-годишниот Михаил Димитриевски, кој пристигнува од редовите на Работнички од Скопје. Димитриевски е фудбалер кој може да одговори на повеќе позиции, покривајќи ги крилните места како во нападот, така и во одбраната на двете страни од теренот. Во текот на есенската полусезона ...

Вечерва во Штип ќе биде одигра пријателски футсал натпревар во чест и спомен на Бранко Врангаловски – Крцко. Натпреварот ќе го одиграат КМФ Мал Ајакс од Штип и поранешниот шампион КМФ Железарец со почеток од 19:30 часот во Спортската сала при СОУ „Коле Нехтенин“ во Штип. На овој начин двете екипи оддаваат почит кон Бранко Врангаловски – Крцко, голем футсал работник и долгогодишен претседател на КФМ Железарец. Инаку, Мал Ајакс води борба за ...

Третолигашот Овче Поле од Свети Николе на 28 јануари ќе ги започне зимските подготовки за предизвиците кои ќе бидат кон клубот. Со првата прозивка и првиот тренинг на Градскиот стадион во Свети Николе третолигашот ќе ја започне мисијата за обезбедување на првото место в оТрета лига – Исток, кое води кон баражот за Втора лига. Овче Поле во сезона 2021/2022 беше шампион во Трета лига – Исток и играше бараж за влез во Втора лига, но истиот го ...

Второлигашот Скопје вечерва договори големо засилување во своите редови за пролетниот дел каде „пиратите“ ќе целат кон влез во Првата лига. Ново име кое доаѓа во второлигашот од Автокоманда е искусниот Симеон Христов, кој пристига од прволигашот Македонија ЃП. Тимот на Александар Таневски е значително се засилува со пристигањето на Христов, а 33-годишниот играч зад себе има успешна кариера настапувајќи покрај за „лавовите“ од Ѓорче и за ...

Македонскиот прволигаш Башкими продолжува активно да се засилува во зимскиот преоден рок и официјално го претстави уште едно ново име во својот ростер. Клубот од Куманово пазареше од редовите на Шкупи и во своите редови го доведе португалскиот играч за врска Луис Рибеиро. Рибеиро по само шест месеци го напушта тимот од „Чаир“, но останува дел од Првата македонска фудбалска лига, каде што ќе има нов предизвик во дресот на Башкими. Од ...

Второлигашот Каменица Саса ги започна подготовките за пролетниот дел – целта ќе биде опстанок во второлигашкото друштво и за следната сезона. Раководството на клубот активно работи околу засилување на ростерот за пролетните предизвици. „Рударите“ како што дознава Спортска Мрежа се засилија со две нови имиња – се работи за Филип Николовски кој доаѓа од редовите на Слога Виница и Михаил Танчев кој пристигна од Кожуф од Гевгелија. 21-годишниот ...

Младиот тренер Александра Рубаноска е пред нов значаен чекор во својата кариера, откако 24-годишната охриѓанка се раздели со поранешниот шампион ЖФК Билјанини Извори од Охрид. Рубаноска во изминатиот период беше шеф на стручниот штаб на сениорскиот тим на Билјанини Извори, а паралелно работеше и со младинските категории на клубот, кој во актуелната сезона има јасна амбиција за враќање во Првата женска фудбалска лига. По завршувањето на ...

Беласица продолжува со засилувања во пресрет на продолжението од сезоната. По ангажманот на Давид Ристовски, струмичкиот клуб го официјализираше и враќањето на Благој Стојанов, кој повторно ќе го носи дресот на „сините“. Давид Ристовски е нов фудбалер на Беласица, а играчот за врска во Струмица пристигнува од редовите на прволигашот Брера. Тој важи за модерен фудбалер од средниот ред, способен да одговори на повеќе тактички задачи – како во ...

Македонските арбитри Доне Ристовски и Марјан Младеновски добија огромна чест и доверба да го судат дербито од групата Б на Европското футсал првенство 2026, во кое во недела од 13:00 часот ќе се соочат селекциите на Ерменија и Чешка. Станува збор за клучен натпревар во групата, бидејќи победникот ќе направи голем чекор кон пласман во четвртфиналето. Во првото коло Ерменија ја совлада Украина со 2:1, додека Чешка одигра спектакуларен меч ...

Ракометната репрезентација на Шведска направи голем чекор кон пласман меѓу најдобрите четири на Европското првенство, откако во Малме ја совлада селекцијата на Словенија со 35-31, во меч од првото коло на главната фаза во групата 2. Словенците одиграа многу квалитетно прво полувреме и долго време го диктираа темпото на играта. Предводени од одличниот Домен Макуц и со сигурниот Јоже Базник на голот, избраниците на Урош Зорман во неколку ...

Шкендија Арачиново официјално го промовираше Енис Дервиши како најново засилување во пресрет на пролетниот дел од сезоната. 28-годишниот фудбалер од денеска е дел од „црвено-црната“ фамилија и треба да донесе дополнителна стабилност во одбранбената линија. Дервиши настапува на позицијата десен бек, а се одликува со сигурност во дефанзивата, брзина и солидно искуство. Во Арачиново пристигнува од редовите на второлигашот Тетекс, каде што ...

Возбудувањата во втората група од главната фаза на Европското ракометно првенство продолжија со два исклучително драматични натпревари, во кои нијанси одлучуваа за бодовите. Хрватска ги задржа шансите за полуфинале откако во трилер-завршница го совлада Исланд со 30-29. „Каубоите“ одиграа одлично прво полувреме, ја наметнаа својата игра и на паузата имаа солидна предност од 19-15. Во продолжението Исланѓаните заиграа поагресивно, постепено ја ...

Второлигашот Скопје кој во пролетниот дел ќе води борба за влез во Првата македонска фудбалска лига се засили со Бесмир Даци, 21-годишен талент кој доаѓа од косовски Шари во Автокоманда. Десното крило стави потпис на договор со тимот кој го води искусниот стратег Александар Таневски, а Даци всушност е повратник во Скопје, бидејќи и во минатото го носеше дресот на „пиратите“, па доаѓа во добро позната средина. Низ својата кариера Даци покрај ...

Фудбалскиот клуб Арсими официјално го промовираше своето најново засилување во офанзивниот ред пред продолжението на сезоната. Нов член на „жолто-црните“ е искусниот напаѓач Ремзифаик Селмани, фудбалер со богато искуство и значајни успеси и на домашната и на меѓународната сцена. Селмани во Арсими пристигнува од редовите на косовскиот Феризај, а зад себе има импресивна кариера во повеќе земји. Кариерата ја започна во Ренова, по што направи ...

Македонскиот кошаркарски тим МКК Куманово го засили ростерот со потписот на Стојан Ѓуроски, кој доаѓа од редовите на Работнички. Ѓуроски е познат по својата агресивна игра во одбрана и способноста да се вклопи во различни системи на игра, што ќе му овозможи на Куманово дополнителна длабочина на позиции. Претставници на клубот изјавија дека со неговото доаѓање се очекува подобрување на резултатите во текот на пролетниот дел од сезоната, а ...

Второлигашот ГФК Охрид денес со соопштение се огласи околу последните шпекулации кои кружат во јавноста околу наводни „местења“ на пријателскиот натпревар со прволигашот Работнички, а кој заврши со резултат од 8:2 за тимот од Дебар Маало. „Рибарите“ со соопштение до јавноста демантираат околу случувањата со тој меч. ЦЕЛОСНОТО СООПШТЕНИЕ НА ГФК ОХРИД ЛИХНИДОС: „Градскиот фудбалски клуб Охрид Лихнидос се оградува од сите невистини и јавниот ...

По успешниот подготвителен престој во Србија каде што го освоија турнирот „Вук Рогановиќ“, ракометарите на Охрид, подготовките пред стартот на вториот дел од сезоната ги продолжуваат во родниот град. Со полн интензитет се тренира во спортската сала „Билјанини извори“, каде што се темпира формата за претстојните предизвици во Супер лигата. Имено, во наредните денови се очекува комплетирање на ростерот со повратниците од репрезентативните ...

Доне Мајнов ќе биде предводник на Тинекс Пролет на стартот од втората полусезона од Супер-лигата, откако ракометарот со најголем стаж во клубот реши да ја заврши играчката кариера. Очекувано, цел на сите во клубот беше Мајнов да остане дел од Тинекс Пролет, а по кратки разговори беше најден заеднички јазик, тој во наредниот период да седне на клупата и токму во клубот каде мина најдолго време како играч, сега да ја стартува и тренерската ...

Второлигашот Детонит Плачковица се засили со повратникот Тони Мичковски, кој одново ќе го носи дресот на тимот од Радовиш. 24-годишниот фудбалер од Берово се приклучува на старо-новиот тим и со тоа се става на располагање на стратегот Горан Здравков, со што веќе утре би можел да заигра за Детонит Плачковица на контролниот меч со Осогово. Мичковски го радовишкиот тим доаѓа од редовите на второлигашот Каменица Саса, покрај за овие две екипи, ...

Денес во „Куќата на фудбалот“ беа извлечени двојките за четвртфиналето од Купот на Македонија. Ждрепката посака актуелниот бранител на Куп титулата, Вардар да се соочи со второлигашот Охрид. Второлигашот Детонит Плачковица од Радовиш ќе игра со прволигашот Силекс, Струга Трим Лум на мегдан со Шкендија. Второлигашот Шкендија Арачиново ќе игра со Работнички, а ова ќе биде реприза од пред две сезони, кога тимот од Арачиново тогаш како ...

Македонскиот репрезентативец Стефан Ашковски во вториот дел од сезоната ќе настапува во иранскиот шампионат, откако официјално беше претставен како нов фудбалер на прволигашот Мес Рафсанјан. Искусниот 33-годишен лев бек ја напушта српската Суперлига по краток престој во Раднички Ниш, каде што во првата полусезона забележа девет настапи во домашното првенство. Новиот клуб на Ашковски се наоѓа во борба за опстанок во елитата на иранскиот ...

Футсал клубот Каршиака успешно го затвори јануарскиот преоден рок, официјализирајќи четири значајни засилувања со кои јасно ја потврдува амбицијата за пласман во Првата футсал лига. Раководството на клубот задоволно го оцени преодниот период, потенцирајќи дека ростерот е дополнително зајакнат и дека конкуренцијата во тимот е подигната на повисоко ниво. Најзвучно име меѓу новајлиите е Бујамин Асани, поранешен професионален фудбалер и добро ...

weather icon

Скопје

18ᴼ / 18ᴼ
2.57
68%
1015
weather icon

Белград

21ᴼ / 20ᴼ
4.12
50%
1014
weather icon

Загреб

18ᴼ / 17ᴼ
2.57
74%
1012
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
2.57
55%
1016
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
0.47
64%
1015
weather icon

Љубљана

22ᴼ / 21ᴼ
3.09
50%
1011
weather icon

Атина

26ᴼ / 22ᴼ
4.63
33%
1017
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
3.09
27%
1015
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
1.54
49%
1017
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 26ᴼ
3.6
35%
1014
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 18ᴼ
6.69
61%
1013
weather icon

Истанбул

20ᴼ / 20ᴼ
3.6
46%
1017
Currency

61.6417

Currency

52.4626

Currency

71.2993

Currency

37.9669

Currency

38.4775

Currency

67.3564

Currency

7.70223

Currency

0.70181

Currency

0.33535

Currency

0.52518

Currency

1.15978

Currency

0.55488

Кобалт

45.39

Бакар

12.46

Паладиум

49351.40

Сребро

2534.46

Злато

152465.86

Иридиум

253540.09

Цинк

0.00

Алуминиум

3.53

Платина

66744.95

Калај

52.70

Рутениум

51376.89

Родиум

319899.93