Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Бехар Фета, продолжува со одличните настапи во дресот на словенечкиот Алуминиј. Македонскиот интернационалец на 20 одиграни натпревари има постигнато седум погодоци и забележано три асистенции, со што се наметна како еден од клучните играчи на својот тим. 22-годишниот Фета досега има минато 1.705 минути на теренот, што е јасен показател за неговата стабилна форма и континуираната доверба ...

Денес во битолско Ношпал се одигра пријателски натпревар меѓу третолигашот Напредок и второлигашот Тетекс од Тетово, а на кој беа забележани дури девет гола. Интересно е тоа што во првиот дел Напредок имаше водство од минимални 1:0 со голот на Владе Јанакиески, а во вториот дел „штофарите“ постигнаа осум гола за конечни 1:8. Тетекс во пролетниот дел во Втора лига ќе цели кон опстанок, а пак Напредок ќе цели кон што е можно подобар пласман на ...

Прволигашот Шкупи ќе има сериозни предизвици во пролетниот дел од Првата фудбалска лига. Откако клубот остана без тренерот, а не успеа да ги комплетира трансферите на неколку фудбалери, од тимот замина и Џихан Адили. 23-годишниот Адили кој потекнува токму од школата на Шкупи ќе продолжи во нова средина, а заминувањето го потврди самиот фудбалер. „Денес не ми е лесно да му кажам збогум на ФК Шкупи. Овој клуб беше местото каде што израснав како ...

Непоразениот лидер во Првата футсал лига, Проект е посилен со Давид Ристовски, кој во тимот од Јосифово доаѓа од редовите на Осогово од Крива Паланка. Станува збор за 24-годишен играч кој своите фудбалски почетоци ги направи во скопски Вардар, потоа настапуваше и за екипите на Македонија ЃП, Кадино, Кожуф од Гевгелија, Слога Виница, за второлигашот Осогово од Кочани. Последни две сезони Ристовски ги има во редовите на КФМ Осогово од Крива ...

Ракометарите на ГРК Охрид влегуваат во исклучително напорен период со натпревари на секои неколку дена. По дуелот од 20. коло во Супер лигата против МРК Куманово, „гладијаторите“ веќе во сабота ги очекува и нов европски предизвик во ЕХФ Европскиот куп против чешка Дукла Прага, што дополнително го зголемува значењето на секој одигран меч во овој ритам. Охриѓани во вторник гостуваат во Куманово, каде домашниот тим секогаш има поддршка од ...

Фудбалските клубови имаат уште неколку дена за засилувања бидејќи зимскиот преоден рок влегува во самиот финиш, уште неколку дена до негово затварање. Во изминатиот период фудбалските клубови активно се засилуваа, а сега ќе имаат можност за засилувања до среда. На 11 февруари официјално се затвара зимскиот преоден рок. Фудбалските клубови имаат уште неколку дена за засилувања бидејќи зимскиот преоден рок влегува во самиот финиш, уште неколку ...

Младост од Богданци зад себе има историска есен – 12 победи од 12 натпревари, без пораз и со максимален учинок, што ѝ донесе титула есенски шампион во Првата ракометна лига. Под водство на искусниот стратег Горан Андоновски, богданчани се на чекор од директен пласман во Суперлигата, каде место има само за првопласираниот, додека вториот ќе мора да оди во бараж. Во пресрет на пролетниот дел, во кој Мулти Есенс ќе биде единствениот сериозен ...

Прволигашите продолжуваат со подготовки и одигрување на пријателски натпревар пред стартот на пролетниот дел од Првата женска фудбалска лига. Истатов забележа висока и убедлива победа од 3:8 над Речица, а победа која беше најавена уште во првиот дел од мечот кога „истатовки“ имаат предност од 0:4. Сепак, резултатот е во втор план, бидејќи овие пријателски натпревари имаат контролен карактер со цел добивање јасна слика пред продолжување на ...

Второлигашот Новаци денес го совлада прволигашот Пелистер на пријателски натпревар со резултат од 2:1. Ова беше „генералка“ за битолскиот тим кој загуби на тестот со амбициозниот Новаци. Стрелци за екипата на Новаци беа Стефан Јовановски и Лула Лисолајски, а пак за Пелистер погоди Андреј Мурговски. Битолчани пролетната полусезона во Првата лига ја отвараат на домашен терен со Работнички, а пак Новаци пролетниот дел во Втора лига го стартува ...

Македонскиот напаѓач Шефит Шефити направи важен чекор во својата кариера, откако го напушти мак-фудбал и потпиша договор со Хата Клуб од Обединетите Арапски Емирати. 27-годишниот фудбалер зад себе има одличен период во дресот на Арсими од Чегранe, каде во два наврати беше еден од најконстантните и најопасните офанзивци на тимот. Токму добрите настапи во есенската полусезона беа клучни за да го привлече вниманието од странство и да си обезбеди ...

Ракометарите на Тиквеш 2014 на импресивен начин ја започнаа новата календарска година во Суперлигата, откако пред својата публика славеа убедлива победа над Радовиш со 44-23 во рамките на 19. коло. Иако гостите имаа почетна предност и во воведните минути делуваа рамноправно, тоа траеше кратко. По резултатот 9-8, кавадарчани воспоставија целосна контрола над резултатот, ја засилија играта во одбраната и со серија голови почнаа да ја градат ...

Третолигашот Овче Поле денес на фудбалскиот терен со вештачка трева во Штип одигра пријателски натпревар со младинците на Брегалница, а исходот беше триумф за тимот од Свети Николе од 1:3. Стрелци за екипата на Овче Поле беа Бобан Арсов, Мирон Илиевски и Дени Андонов. Ова беше прв тест натпревар за екипата на Овче Поле, третолигашот од Свети Николе во следниот период до почеток на пролетниот дел ќе одигра уште неколку пријателски натпревари, ...

Второлигашот Беласица денес одигра нов контролен натпревар во рамки на зимските подготовки кој го загуби со 4:1 од екипата на Беласица Петрич одигран во Бугарија. Овој меч беше уште еден во зимата кој го одиграа струмичани во рамки на зимските подготовки со цел стратегот Панче Стојанов да добие појасна слика пред продолжението на сезоната во Втора лига. Пролетниот дел Беласица го отвара на домашен терен против Охрид. Второлигашот Беласица ...

Минимална, но исклучително значајна победа забележа Санта Луција предводена од македонскиот тренер Емил Грнев, откако на гостински терен славеше со 0:1 против второпласираната Бирзебуџа во Втората лига на Малта. Натпреварот беше одигран тактички зрело и дисциплинирано од страна на фудбалерите на Грнев, кои целосно го спроведоа планот на стручното раководство и создадоа неколку сериозни шанси и за поубедлив триумф. Решавачкиот погодок го ...

Денес на Градскиот стадион во Валандово се одигра пријателски натпревар со хуманитарен карактер за Васко Ризов меѓу третолигашот Победа и второлигашот Кожуф, кој заврши со резултат од 0:3 за тимот од Гевгелија. На полувреме момците на Иван Варадиновски имаа предност од еден гол, а во вториот гол беа постигнати уште два погодоци за конечни 0:3. Стрелци на погодоците во Валандово за триумф на тимот од Гевгелија беа Веби Исмаили, Александар ...

Ракометарите на Алкалоид успешно ја отворија новата година во Суперлигата, откако на домашен терен во Автокоманда забележаа победа над екипата на Пролет со 35-28. Иако гостите имаа солидно издание во првиот дел и резултатски долго време беа во приклучок, фаворитот ја покажа својата сила по паузата. Тимот на Кирил Лазаров го засили темпото во второто полувреме, направи серија и за кратко време создаде двоцифрена предност, со што практично го ...

Еурофарм Пелистер победнички ја отвори новата година и ерата на Стевче Алушовски на клупата, откако во рамките на 19. коло од Суперлигата славеше над Еурофарм Пелистер 2 со убедливи 39-24. Шампионот уште во првото полувреме ја наметна разликата во квалитет и искуство, а по паузата целосно го презеде ритамот на натпреварот, стигнувајќи и до двоцифрена предност. „Сениорите“ рутински го приведоа мечот кон крај и без поголеми проблеми ги освоија ...

Брегалница и на вториот пријателски натпревар ја доби Каменица Саса, со ист резултат како и на првиот тест (3:0). “Сините” по само дванаесет минуи игра имаа водство од 2:0 до двата гола на Стефан Костов. Во 26. минута ново засилување Костадин Капсаров постигна гол за конечни 3:0, откако до крајот мрежите мируваа. Брегалница пролетниот дел го отвара во Гевгелија против Кожуф, а пак Каменица Саса против Осогово во Кочани. Брегалница и на ...

Бутел Скопје направи голем чекор кон пласман во плеј-офот со убедлива гостинска победа над Струга од 35-24. Со овие бодови, скопскиот тим стигна до бројката од 20 и цврсто се држи на петтата позиција, додека Струга останува претпоследна со само шест бодови. Прашањето на победникот беше решено уште во првото полувреме. Избраниците на Горан Кузманоски одиграа доминантни 30 минути, поведоа со 20-9 и во еден момент имаа и плус 12, оставајќи ја ...

Денес го Кочани се одигра пријателскиот натпревар со хуманитарен карактер за настраданите од големата трагедија која се случи во дискотеката „Пулс“ на 16 март минатата година. Вардар беше подобар од Осогово со 1:4, а овој меч беше и „генералка“ за есенскиот шампион во ПМФЛ за продолжението од сезоната, а воедно и за Осогово кој ја проверува формата за пролетниот дел од ВМФЛ. Мечот имаше многу емоции помеѓу сите кои беа на теренот, од ...

Екипата на БВК Коњаре за пролетниот дел во Трета лига – Север ќе биде посилна со Гзим Бакиу и Никола Павлески, откако клубот ги претстави како нови зимски засилувања. 24-годишниот Бакиу во БВК Коњаре доаѓа од редовите на Куманово и всушност е повратник, бидејќи во период од август 2021 до февруари 2025 година го носеше дресот на БВК Коњаре. Претходно низ неговата кариера беше дел од Башкими Љуботен, Вардар Форино, Струга Трим Лум, Велазерими ...

Продолжуваат проблемите за прволигашот Шкупи, откако шефот на стручниот штаб Еркан Мурсели си поднесе оставка и нема да го води клубот. Чаирчани под водство на Мурсели ги започнаа зимските подготовки, но пред стартот на пролетниот дел кој Шкупи го отвара во вторник против Тиквеш како формален домаќин во Кавадарци остана без тренер. Мурсели преку соопштение го потврди неговото заминување од клубот со поднесување на оставка. „Јас, во својство ...

Утре во битолско Ношпал ќе се одигра пријателски натпревар меѓу третолигашот Напредок и второлигашот Тетекс, во рамки на зимските подготовки. Напредок имаше солидна есенска полусезона во Трета лига – Југозапад и во пролетниот дел ќе цели кон што повисок пласман на табелата, од друга страна тетовските „штофари“ ги очекува битка за опстанок во Втората лига, а тимот веќе одигра и неколку пријателски натпревар за проверка на формата. Теренот во ...

Екипата на Шкупи натпреварот од 17. коло, односно првата пролетна рунда во Првата македонска фудбалска лига против Тиквеш, ќе го одигра на Градскиот стадион во Кавадарци. Како што е познато, стадионот во Чаир е под суспензија, поради што Тиквеш ќе настапи како формален гостин на сопствениот терен, пред својата публика. Шкупи се соочува со сериозни проблеми оваа сезона и се наоѓа на последната позиција на табелата и се поизвесно испаѓање во ...

Денес на „Билјанини Извори“ се одигра пријателски натпревар меѓу лидерот во Втора лига, Охрид и прволигашот Струга Трим Лум, кој заврши без победник со по еден гол 1:1. Овој контролен меч беше „генералка“ за стружани пред стартот на пролетниот дел кој го отвараат со дербито против актуелниот шампион Шкендија. Стрелец на голот за „рибарите“ беше Антонио Каланоски. Од друга страна Охрид ќе има уште време за подготовки бидејќи пролетниот дел во ...

Вардар продолжи со импресивните настапи во домашната Супер лига, откако во 12. коло без проблеми го совлада Куманово со 30-20. Со оваа победа, „црвено-црните“ ја сочуваа лидерската позиција на табелата со пет бодови предност пред второпласираниот Охрид. Натпреварот започна динамично, а Вардар брзо постави предност од 4-5 гола. Тренерот Иван Чупиќ веднаш го искористи моментот и ја ротираше поставата, па резервистите ја зголемија предноста на ...

Фудбалерите на Вардар продолжуваат со подготовките за продолжението на сезоната во Првата македонска фудбалска лига, откако по завршувањето на подготовките во Анталија се вратија во тренинг центарот во Хиподром – Скопје. На првиот тренинг по враќањето во Македонија се приклучија и последните засилувања договорени во зимскиот преоден рок. Нови членови на „црвено-црниот“ состав се Бобан Николов, Дарко Велковски и Стефан Цветковиќ, кои веќе се ...

Во кабинетот на градоначалникот на Општина Струмица, Петар Јанков, се одржа работна средба со претставници на Фудбалскиот клуб Тиверија, на која беа презентирани плановите и активностите на клубот за претстојниот период. На средбата посебен акцент беше ставен на условите за тренинг, со дискусија околу одржувањето и можностите за подобрување на терените со вештачка трева, како и на унапредувањето на вкупните услови за работа и развој на ...

Прволигашот Брера Струмица забележа победа од 4:2 (2:1) на пријателскиот натпревар против второлигашот Детонит Плачковица, одигран денеска како “генералка” за струмичани. Мичковски за Детонит Плачковица погоди во првиот дел, а Александар Смилков во вториот дел. Струмичани со овој натпревар ги заокружија подготовките за пролетниот дел од шампионатот, кој ќе го отворат на домашен терен против екипата на Македонија Ѓорче Петров. Победата против ...

Детонит Плачковица го враќа Дарко Алексовски популарниот Пеле во своите редови, радовишани добиваат играч со голем квалитет за пролетниот дел од сезоната во Втората македонска фудбалска лига. Алексовски во радовишкиот второлигаш доаѓа од редовите на второлигашот Брегалница, каде по шест месеци се раздели со штипскиот тим и доаѓа во добро познат средина каде во минатото со голем успех го носеше дресот на Детонит Плачковица. Низ својата кариера ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
2.57
77%
1017
weather icon

Белград

19ᴼ / 17ᴼ
4.12
45%
1015
weather icon

Загреб

15ᴼ / 15ᴼ
2.57
87%
1014
weather icon

Софија

20ᴼ / 17ᴼ
1.54
39%
1017
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
3.8
57%
1015
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 18ᴼ
2.06
66%
1013
weather icon

Атина

25ᴼ / 21ᴼ
3.6
63%
1018
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
3.09
52%
1017
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
1.54
63%
1018
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 22ᴼ
3.09
41%
1016
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 20ᴼ
4.12
60%
1013
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
3.09
59%
1018
Currency

61.6417

Currency

52.4626

Currency

71.2993

Currency

38.0223

Currency

38.4775

Currency

67.3564

Currency

7.70223

Currency

0.70181

Currency

0.33535

Currency

0.52518

Currency

1.15978

Currency

0.55488

Сребро

2534.46

Паладиум

49351.40

Иридиум

253540.09

Цинк

0.00

Кобалт

45.39

Платина

66744.95

Рутениум

51376.89

Бакар

12.46

Родиум

319899.93

Калај

52.70

Злато

152465.86

Алуминиум

3.53