Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Чешкиот тим- Дукла Прага веќе пристигна во Охрид и го одработи официјалниот тренинг во салата „Билјанини Извори“ во пресрет на утрешниот натпревар од осминафиналето на ЕХФ Европскиот Куп. Гостинската екипа се запозна со условите во салата каде утре од 18:00 часот ќе се соочи со ГРК Охрид во првиот натпревар од двомечот. Тренингот помина во сериозна и фокусирана атмосфера, со јасна цел – подготовка за предизвикот што ги очекува на жешкиот ...
Македонскиот интернационалец Албан Таипи кариерата ја продолжува во Украина, каде што ќе го носи дресот на Кудривка. Таипи во изминатиот период настапуваше за Арсими, каде што пристигна во февруари минатата година од Детонит Плачковица. За една година во тимот од Чегране влезе во одлична форма и беше еден од клучните играчи во историскиот успех – пласман од Втора во Прва лига. Во есенскиот дел од актуелната сезона постигна шест голови и ...
Прволигашот Проект лесно се пласираше во четвртфиналето од футсал Купот на Македонија, откако на гостински терен славеше убедлива победа од 2:7 против второлигашот Кратово. Во реновираната спортска сала во Кратово, трибините беа исполнети до последното место. Домашниот тим имаше силна поддршка од публиката, но немаше квалитет да приреди изненадување против фаворитот. Проект поведе уште во првата минута преку искусниот Мартин Тодороски, а во ...
Некогашниот второлигаш Братство од Житоше за пролетната полусезона во Општинската фудбалска лига во Прилеп се засили со неколку искусни играчи со кои го подига квалитетот во ростерот, а со цел враќање во Трета лига – Југ. Нови имиња во тимот од Житоше се Мерсин Мемеди, Омер Јусуфи, Самир Салиу, Бехар Емини, Амер Халиловиќ и Онур Имероски. 28-годишниот напаѓач Мерсин Мемеди доаѓа од редовите на Победа од Ивањевци, а претходно беше дел и од ...
Второлигашот Осогово забележа победа на „генералката“ против третолигашот Победа во Валандово со резултат од 1:2. Ова беше последен тест за тимот на Крсте Крстев и последна можност да се провери формата бидејќи веќе следниот викенд започнува пролетната полусезона во Втората лига. Осогово резултатот го отвори преку Стојанчо Велинов за водство од 0:1, гол по асистенција на Христијан Поп-Антоски, со овој резултат се замина на полувреме. Во ...
Познати се службените лица за осминафиналните натпревари во ЕХФ Европскиот Куп, каде што свој европски предизвик ќе има и Охрид против Дукла Прага. Првиот дуел ќе се одигра викендов, на 14-ти Февруари со почеток во 18:00 часот во СРЦ „Билјанини Извори“, а правдата ќе ја делат косовските судии- браќата Генц и Гетоар Бујупи. Делегат на средбата ќе биде Владимир Јовиќ од Босна и Херцеговина. Реваншот, пак, е закажан за 21-ви Февруари во 18:00 ...
ГРК Охрид викендов ги започнува европските предизвици со дуелот против Дукла Прага во рамки на осминафиналето од ЕХФ Купот. „Билјанини Извори“ повторно ќе биде сцена на ракометен спектакл, а охриѓани со големи амбиции го очекуваат првиот чекор во двомечот против чешкиот ривал. По позитивната атмосфера и добрите резултати во домашниот шампионат, тимот е подготвен за нов тест на европска сцена. Еден од најборбените во редовите на Охрид, пикерот ...
Градскиот стадион во Кавадарци доби модерни и современи клупи и боксови, како донација од Фудбалската федерација на Македонија, со што стадионот добива далеку подобар лик, но и значително се подобруваат условите на истиот. Од Општинскиот фудбалски сојуз Кавадарци се заблагодарија до ФФМ и претседателот Масар Омерагиќ за оваа значајна донација. „Голема благодарност од ОФС Кавадарци за Фудбалската федерација на Македонија и Претседателот Г-дин ...
Средниот бек на ГРК Охрид, Тилен Стрмљан, е еден од клучните играчи на Охридската ракометна Тврдина и важен мотор во средината на теренот. Со своето искуство и лидерски квалитети, Стрмљан е подготвен да го води тимот во осминафиналниот дуел од ЕХФ Купот со Дукла Прага. На денешната прес- конференција за новинари, борбениот словенечки ас нагласи колку им е важна поддршката од навивачите и колку тимот е мотивиран за утрешното соочување. „Ни ...
ГРК Охрид утре го очекува уште еден важен предизвик во европската сезона – дуелот од осминафиналето на ЕХФ Купот со чешката Дукла Прага. Целта на охриѓани е пласман меѓу најдобрите осум екипи, но тренерот Борис Ројевиќ е свесен дека патот до таа цел ќе биде тежок. На прес конференцијата за новинари, која денес се одржа во салата ,, Билјанини Извори”, стратегот на охриѓани, потенцираше дека противникот е искусен и со богата традиција во ...
Македонскиот репрезентативец Тихомир Костадинов ја напушти Сигма Оломоуц поради недоволната минутажа и до крајот на сезоната ќе настапува како позајмен играч во Словачко. 29-годишниот играч за врска одлучи да направи промена во својата кариера со цел да добие поголема шанса за настап и да ја врати натпреварувачката форма. Иако си заминува од Сигма Оломоуц, Костадинов ќе продолжи да настапува во регионот и останува дел од силното чешко ...
Македонскиот репрезентативец Тихомир Костадинов ја напушти Сигма Оломоуц поради недоволната минутажа и до крајот на сезоната ќе настапува како позајмен играч во Словачко. 29-годишниот играч за врска одлучи да направи промена во својата кариера со цел да добие поголема шанса за настап и да ја врати натпреварувачката форма. Иако си заминува од Сигма Оломоуц, Костадинов ќе продолжи да настапува во регионот и останува дел од силното чешко ...
Поради немање технички услови за одигрување на натпреварот на стадионот во Неготино, екипата на Вардар Неготино побара од управата на Брегалница пријателската средба да се одигра во Штип. Барањето е прифатено, па утрешниот контролен натпревар ќе се игра на Градски стадион Штип со почеток од 14:00 часот. Овој дуел ќе претставува „генералка“ за двете екипи пред стартот на пролетниот дел од шампионатот во Втората македонска фудбалска лига. ...
Македонската футсал репрезентација на успешен начин ги отвори подготовките за квалификациите за Светското првенство, откако во два контролни натпревари одиграни во Гевгелија забележа две победи против селекцијата на Австрија. Избраниците на селекторот Газменд Хисејини славеа со 5:3 на првиот натпревар, додека во вториот триумфираа со 4:2. „Одигравме два одлични натпревари. Противникот беше квалитетен и задоволен сум од она што го прикажаа ...
Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар продолжува да инвестира во иднината и да им дава шанса на младите таленти кои се сметаат за иднината на македонскиот фудбал. Црвено-црните потпишаа тригодишен професионален договор со фудбалскиот бисер Андреј Цветковски, кој е роден на 20 април 2009 година. Станува збор за исклучително перспективен фудбалер кој настапува во средниот ред и кој со своите настапи го привлече вниманието на ...
Денес се играат четвртфиналните натпревари од кошаркарскиот Купот на Македонија „Благоја Георгиевски Буштур“ во машка конкуренција. Организатор и домаќин е МКК Куманово, а натпреварите се играат во Спортската сала во Куманово. Четвртфиналето се отвара во 12 часот со првиот меч меѓу ТФТ и Феникс, веќе од 14:30 часот ќе се соочат лутите ривали МЗТ Аеродром и Работнички. Третиот меч на програмата е од 17 часот, а во истиот се среќаваат Кожув и ...
Овој викенд ќе биде резервиран за футсал Купот на Македонија, се играат на натпреварите од осминафиналето. Веќе денес на програмата е натпреварот меѓу второлигашот Кратово и прволигашот Проект, во меч каде гостинот од Јосифово е повеќе од апсолутен фаворит за следна фаза. Натпреварот се игра во Кратово со почеток од 19 часот. Во сабота на програмата ќе бидат повеќе натпревари. Бранителот на Куп титулата Форца ќе се соочи со Фудбал Старс од ...
Ракометарите на Охрид под полна пареа се подготвуваат за првата пресметка од двомечот од 1/8 финалето од ЕХФ Европскиот Куп против Дукла Прага, која ќе се одигра оваа сабота од 18 часот во „Билјанини извори“. Екипата работи интензивно на тренинзите, со цел да биде подготвена за дуелот со чешкиот тим. Сите ракометари се подготвени да го дадат максимумот на теренот, а домашната публика ќе биде дополнителен фактор и осмиот играч на теренот во ,, ...
По повод одбележувањето на јубилејот „10 години ФК Пчиња“, клубот организира турнир кој ќе се одигра во две групи, со учество на шест екипи и натпревари во текот на два дена. Како што информираат од ФК Пчиња, турнирот ќе се игра во две групи. Во групата А се наоѓаат: ФК Четирце, ФК Македонија Агино и ФК Пчиња 2015, додека во групата Б ќе настапат ФК Дељадровци, ФК Младост Велес и ФК Бујковци. Во првата фаза, која ќе се одигра во сабота, ...
Второлигашите Кожуф и Детонит Плачковица закажаа „генералка“ како последна проверка пред почетокот на пролетната полусезона. Овој натпревар ќе се одигра на „неутрален“ терен односно на Градскиот стадион во Валандово со почеток од 13 часот, дознава Спортска Мрежа. Штипските тренери Иван Варадиновски и Горан Здравков ќе имаат последна проверка од зимските подготовки пред почетокот на пролетниот дел кој е закажан на 21 февруари. Кожуф ...
На популарната „Цвај арена“ ќе се одигра „генералката“ меѓу второлигашите Вардар Неготино и Брегалница, како последен тест за двете екипи пред почетокот на пролетната полусезона закажан за 21 февруари. „Сините“ на Влатко Костов целат кон влез во Прва лига, а ќе имаат можност за последна проверка против тимот од Неготино кој ќе се бори за опстанок во Втората лига. Натпреварот е закажан да се одигра во сабота во Неготино. На популарната „Цвај ...
Второлигашите Шкендија Арачиново и Тетекс во сабота ќе ја имаат својата „генералка“ како последна проверка пред почетокот на пролетната полусезона во Втората фудбалска лига. Двете екипи ќе ја проверат формата на последниот тест од овие зимски подготовки, а натпреварот ќе се игра на фудбалскиот терен во Аеродром, со почеток од 12 часот. Шкендија Арачиново во пролетниот дел ќе цели кон влез во Прва лига, а на стартот на вториот дел од ...
Второлигашот Каменица Саса во недела ќе ја има „генералката“ во Велес против некогашниот прволигашот Борец, кој сезонава се натпреварува во Трета лига – Југ и сака експресно враќање во Втора лига. „Рударите“ во пролетниот дел ги очекува борба за опстанок во Втората лига, а мечот во Велес ќе биде последна проверка за капацитетот на тимот. По неколкуте засилувања кои пристигнаа во Македонска Каменица, веќе в недела стручниот штаб ќе има можност ...
Во сабота на стадионот „Билјанини Извори“ ќе се одигра пријателски натпревар меѓу второлигашите Охрид и Новаци, кој ќе послужи како последна проверка на двете екипи пред стартот на пролетниот дел во Втората лига, а кој е закажан за 21 февруари. Натпреварот кој ќе започне во 14 часот ќе биде „генералка“ за двата второлигаши, а тренерите Ромео Кочоски и Дарко Крстески ќе ја имаат конечната слика за нивниот тим и што може да се очекува од истиот ...
Во петок на Градскиот стадион во Валандово ќе се одигра пријателски натпревар меѓу третолигашот Победа и второлигашот Осогово од Кочани. Средбата е закажана со почеток од 15:00 часот. За тимот од Кочани ова ќе биде последна контрола пред стартот на пролетната полусезона во Втората лига. Тренерот Крсте Крстев ќе ја има финалната можност да ја провери формата на своите избраници и да добие појасна слика за подготвеноста на екипата пред ...
Овој викенд ќе биде искористен за фудбалски „генералки“ пред стартот на пролетната полусезона во Втората македонска фудбалска лига. Второлигаши влегуваат во самиот финиш на подготовките, а во текот на следната недела ќе бидат последни денови за да може да се „поправи“ нешто и да влезат максимално подготовки за пролетниот дел. Стартот на пролетниот дел е закажан за 21 февруари со мечевите од 16 коло, а како што е последно, последните пет екипи ...
Фудбалскиот клуб Вардар официјално ја информираше јавноста дека во сениорскиот тим на тренерот Гоце Седлоски се приклучува еден од најперспективните фудбалери од младинската школа – Филип Цветковски. Станува збор за лев бек роден на 4 август 2009 година, кој е дел од Младинската школа на „црвено-црните“ од 9 септември 2021 година, а претходно настапуваше за Форца. Иако има само 16 години и шест месеци, Цветковски веќе го запиша својот деби ...
Некогашниот прволигаш Гостивар активно работи на ростерот за пролетната полусезона, во која ќе цели кон потврда на првото место во Општинската фудбалска лига и со тоа да избори влез во Трета лига – Запад за следната сезона. Гостивар ги претстави Ибрахим Јусуфи, Ерсел Дико и Џемаил Исмаили со кои значително се подига квалитетот на тимот за пролетниот дел. „Нивното враќање е доказ за нашата желба да го зголемиме квалитетот на тимот, потпирајќи ...
Македонскиот вицепрвак Вардар го засилува ростерот со српското десно крило- Вукашин Воркапиќ. Играчот, кој настапуваше за Војводина, веќе е на пат кон Скопје и во наредните денови ќе му се стави на располагање на стручниот штаб, јавува „Моцарт Спорт“. Првично, планот беше Воркапиќ да се приклучи на „црвено-црните“ од следната сезона, но управата успеа трансферот да го реализира порано, во зимскиот преоден рок. Со тоа, Вардар добива силно и ...
Третолигашот Брегалница од Делчево веќе околу десеттина дена е во тренажен процес низ кој се подига формата за пролетната полусезона во Трета лига – Исток. Некогашниот прволигаш од Делчево ќе ја проверува формата и преку пријателски натпревари, а досега се засили со двајца фудбалери за што веќе објави и Спортска Мрежа, се работи за Еди Мандак и Христијан Крстов. Тимот нема шанси за бараж за Втора лига, но ќе цели кон што подобар пласман на ...