Во фокусот на ракометната јавност вечерва ќе биде реванш-средбата од четвртфиналето во Лигата на Европа, каде што РК Вардар 1961 на домашен терен ќе се соочи со Монпелје. Скопскиот состав се наоѓа пред исклучително тешка задача, откако на првиот дуел во Франција претрпе убедлив пораз од 33-23. Со оглед на високата негатива, „црвено-црните“ ќе треба да одиграат речиси перфектен натпревар доколку сакаат да се надеваат на пресврт и пласман на ...

Вардар 1961 вечерва (20:45 часот) во СЦ „Јане Сандански“ го пречекува Монпеље во реванш натпреварот од четвртфиналето во Европската лига. Тренерот Иван Чупиќ и неговите момци се пред тешка, за многумина невозможна мисија. Треба да анулираат 10 голови разлика од првата средба за да се најдат на завршницата во ова натпреварување. За повеќето ваков подвиг е тешко да се оствари, но за Чупиќ, кој памети неверојатни сценарија во дресот на Вардар ...

СЦ „Јане Сандански“ беше сведок на уште една незаборавна ракометна вечер во која Вардар 1961 покажа зошто е двократен европски шампион. Иако „црвено-црните“ победија со 27-24 во реваншот, огромната негатива од првиот меч во Франција се покажа како непремостлива пречка за пласман во завршницата на Европската лига. Минутите кога „Јане Сандански“ веруваше во чудо Комплетниот состав на Вардар, засилен со повратниците Дмитро Горига и Јака Малус, ...

Ракометарите на Вардар 1961 со победа ја завршија сезоната во Лига Европа. Црвено-црните во реваншот го победија Монпелје со 27:24, недоволно да се надомести поразот од 10 гола во првиот меч. Вардар 1961 одигра брилијантен натпревар, со многу темпо и одличниот Валах на голот. На полувремето црвено-црните ја преполовија предноста на Монпелје (17:12). Во вториот три пати имаа предност од седум гола, но беа жртви на сопственото темпо, во ...