Во кабинетот на градоначалникот на Општина Струмица, Петар Јанков, се одржа работна средба со претставници на Фудбалскиот клуб Тиверија, на која беа презентирани плановите и активностите на клубот за претстојниот период. На средбата посебен акцент беше ставен на условите за тренинг, со дискусија околу одржувањето и можностите за подобрување на терените со вештачка трева, како и на унапредувањето на вкупните услови за работа и развој на ...

Прволигашот Брера Струмица забележа победа од 4:2 (2:1) на пријателскиот натпревар против второлигашот Детонит Плачковица, одигран денеска како “генералка” за струмичани. Мичковски за Детонит Плачковица погоди во првиот дел, а Александар Смилков во вториот дел. Струмичани со овој натпревар ги заокружија подготовките за пролетниот дел од шампионатот, кој ќе го отворат на домашен терен против екипата на Македонија Ѓорче Петров. Победата против ...

Детонит Плачковица го враќа Дарко Алексовски популарниот Пеле во своите редови, радовишани добиваат играч со голем квалитет за пролетниот дел од сезоната во Втората македонска фудбалска лига. Алексовски во радовишкиот второлигаш доаѓа од редовите на второлигашот Брегалница, каде по шест месеци се раздели со штипскиот тим и доаѓа во добро познат средина каде во минатото со голем успех го носеше дресот на Детонит Плачковица. Низ својата кариера ...

По одигрувањето на 11. коло во „Шпаркасе Лајф“ Првата женска кошаркарска лига се забележуваат одредени, но не и драстични промени на листите за индивидуални остварувања. Сепак, една кошаркарка и по натаму се издвојува како константа во статистиката – Кајла Томас од Пробаскет. Американката е лидер на листата на стрелци со просек од 20.3 поени по натпревар и единствена кошаркарка во лигата која во просек реализира над 20 поени. Покрај тоа, ...

В недела (8 февруари) во Пирава ќе се одигра пријателски натпревар со хуманитарен карактер меѓу третолигашот Ударник и четвртолигашот Слога од радовишко Злеово. Овој натпревар кој ќе има контролен карактер пред продолжението на Трета лига – Исток каде Ударник ќе води битка за првото место кое води кон баражот за Втора лига, односно пред почетокот на пролетниот дел во Општинската фудбалска лига во Струмица, каде Слога ќе се бори за првата ...

ГРК Охрид започна со онлајн продажбата на билети за првиот натпревар од 1/8 финалето на ЕХФ Европскиот Куп, во кој охриѓани ќе се соочат со екипата на Дукла Прага од Чешка. Првиот натпревар од овој европски двомеч ќе се одигра во салата „Билјанини Извори“ во Охрид, на 14 Февруари 2026 година (сабота), со почеток од 18:00 часот. Охрид ќе има можност пред својата публика да обезбеди значајна предност пред реваншот, во пресрет на уште еден голем ...

Тоа што го најави Спортска Мрежа пред неколку часа, Охрид вечерва го потврди – Давид Матески е нов играч на „рибарите“, а доаѓа како позајмен играч од Силекс до крајот на сезоната. 19-годишниот младински репрезентативец на Македонија ќе треба да помогне во остварување на целите на Охрид – влез во Првата македонска фудбалска лига. Претходно, Матески настапуваше за Охрид и Воска Спорт. Во тимот доаѓа и 18-годишниот Давор Росиќ, кој пристигнува ...

Капитенот на фудбалската репрезентација на Мкедонија, Енис Барди го постигна својот прв гол за 2026 година, откако постигна гол против тимот на Алиага во убедливата победа на Коњаспор од 5:0. Барди го постигна четвртиот погодок од средбата, а на која неговиот тим ја оправда фаворитската улога. Одличен натпревар на капитенот на македонската фудбалска репрезентација и на неговиот тим. 🚀 Konyaspor, Aliağa FK karşısında 81. dakikada Enis ...

Европската ракометна федерација ги објави делегираните судии за натпреварите од 12. коло во Лигата на шампионите, а еден од најзначајните дуели во групата Б им е доверен на нашиот судиски пар- Исмаил Металари и Ненад Николовски. Македонската искусна судиска двојка ќе ја дели правдата на дерби пресметката меѓу ЧСМ Букурешт и Брест Бретањ, натпревар кој носи голема тежина во борбата за директен пласман меѓу најдобрите осум екипи во Европа. ...

Овој викенд започнува плеј-офот во Првата кошаркарска лига на Македонија каде ќе се води битка низ спортските сала во Македонија за влез во Суперлигата. Охрид овој сегмент го стартува на домашен терен против Соколи од Штип, меч кој има голем влог во битката на охриѓани да се вратат во кошаркарската елита на Македонија. Клубот бара силна поддршка и полна сала со цел да стигне до триумф против штипскиот тим и со победа ја стартува плеј-оф ...

Некогашниот младински репрезентативец на Македонија, Фитон Адеми го засили косовскиот Лапи. 23-годишниот напаѓач го прави својот прв интернационален трансфер, а во косовскиот тим доаѓа од редовите на македонскиот шампион Шкендија. Претходно, Адеми настапуваше за Беса од Добри Дол, Воска Спорт, Струга Трим Лум и Тетекс од каде и ја започна кариерата. Минатата сезона Адеми со Шкендија ја освои шампионската титула во Првата македонска фудбалска ...

Женскиот ракометен клуб Чаир продолжува решително да го засилува ростерот пред клучниот дел од сезоната во Супер женската лига, испраќајќи силна порака дека амбициите одат највисоко – кон шампионската титула. Најново име во составот на тимот предводен од Басри Љатифи е кружниот напаѓач Ана Георгиевска, која е кадетска и младинска репрезентативка на Македонија. Таа во Чаир пристигнува од редовите на Металург Автокоманда, каде што стекна ...

Второлигашот Охрид се засили со Давид Матески, кој доаѓа на позајмица од прволигашот Силекс во битката за влез на „рибарите“ во Првата македонска фудбалска лига, дознава ексклузивно Спортска Мрежа, а клубот ќе го промовира во текот на денешниот ден. Матески игра како десно крило, а може и како лево крило, а 19-годишникот се враќа во редовите на Охрид и ќе биде голем адут за младиот стратег Ромео Кочоски. Талентираниот фудбалер кој кариерата ...

Денес на одличниот фудбалски терен во битолско Црнобуки се одигра пријателски натпревар меѓу прволигашот Пелистер и второлигашот Преспа, каде битолчани беа убедливи со 6:0 против тимот од Ресен. По првиот дел резултатот беше 3:0, а голеадата ја започна Спировски со погодок по само три минути игра. Во 23. минута Петковски погоди ја дуплираше предноста, а веќе во 45. минута Здравковиќ погоди за 3:0 на полувреме. Во вториот дел Булатовиќ во 55. ...

Денес се одигра пријателски натпревар меѓу второлигашот Тетекс и прволигашот Тиквеш, кој заврши со триумф од 4:2 за „штофарите“. Двоен стрелец за тетовскиот тим беше Азис Јамини, а пак по еден гол постигнаа новото засилување од Беласица, Максим Цониќ и Лука Гавроски. За тимот од Кавадарци стрелци на погодоците беа Силла и Голубов. Тиквеш пролетниот дел го отвара против Шкупи, а пак Тетекс ќе има време за уште неколку пријателски до стартот на ...

Ракометниот клуб Бутел Скопје официјално промовираше уште две нови имиња во својот ростер, продолжувајќи со активностите на трансфер-пазарот во пресрет на следните предизвици. Дресот на „црно-белите“ во иднина ќе го носат левиот бек Христијан Ѓурмешевиќ и кружниот напаѓач Матеј Марковски. Ѓурмешевиќ е младински репрезентативец на Македонија и во Бутел пристигнува од редовите на Мулти Есенс, додека Марковски доаѓа од екипата на Аеродром, каде ...

Фудбалската федерација на Македонија продолжува со конкретни потези во насока на модернизација на домашниот фудбал, овојпат преку набавка на 210 метри сопствен ЛЕД екран кој ќе се користи на стадионите низ земјава. Станува збор за инвестиција што носи повеќекратна добивка – подобро доживување за публиката, поголема промоција за партнерите и јасен премин кон современ, дигитален амбиент на фудбалските натпревари. Со оваа набавка, ФФМ става крај ...

Денес се играше 14. коло во кошаркарската „МТЕЛ“ Супер лига кое понуди богата програма, ефикасни натпревари и неколку резултати кои сериозно влијаат на изгледот на табелата, како во врвот така и во борбата за опстанок. Пелистер ја оправда фаворитската улога на гостувањето во Маџари и со убедлива завршница дојде до важен триумф од 83:99, со што остана во чекор со водечките екипи. По израмнетите три четвртини, битолчани го кренаа темпото во ...

Кошаркарската федерација на Македонија извести дека ФИБА Европа, донесе одлука Европското првенство во „Б“ Дивизија, во категорија У16-мажи, да ѝ го додели на организација на Македонската кошаркарска федерација. „Како федерација, со големо задоволство и целосна одговорност, ја прифаќаме оваа одлука на ФИБА Европа, која претставува уште една потврда за довербата во нашите организациски капацитети и искуство во реализација на меѓународни ...

Охрид рутински и без поголем напор ги освои бодовите против Прилеп, славејќи убедлива победа од 28-17 (14-11) во „Билјанини Извори“, во меч кој послужи и како подготовка за претстојниот дуел од Купот на ЕХФ. Домашниот тим контролираше речиси цел натпревар, а пред своја публика запиша нов сигурен триумф. Новиот член на ГРК Охрид, десното крило- Ален Ќосевски, кој на полусезона дојде од Вардар, посочи дека тимот имал добри подготовки, ...

Во сабота (7 февруари), со почеток во 13:00 часот, на Градскиот стадион во Валандово ќе се одигра контролен натпревар помеѓу екипите на Победа Валандово и Кожуф од Гевгелија. Средбата ќе има и силна хуманитарна димензија, бидејќи целиот настан е организиран како поддршка за валандовчанецот Васко Ризов. На самиот влез од стадионот ќе биде поставена кутија за донации, каде што сите присутни ќе можат да придонесат според своите можности. За ...

ГРК Охрид со моќно издание го отвори вториот дел од сезоната во македонската Суперлига, откако на домашен терен без поголеми турбуленции славеше над Прилеп со 28-17, потврдувајќи ја улогата на фаворит. Иако во воведниот дел гостите се обидоа да останат резултатски блиску, охриѓани постепено ја преземаа контролата и наметнаа ритам кој Прилеп не успеа да го следи. Клучниот исчекор дојде во продолжението, кога поширокиот ростер и темпото на ...

Радовиш го очекува тешка битка за опстанок во Суперлигата, откако презими на дното од табелата без ниту еден позитивен резултат и со нула бодови, го договори првото зимско засилување. Ново име во тимот е Илија Димов, кој доаѓа од редовите на прволигашот Овче Поле од Свети Николе, а ќе треба да биде освежување во тимот на Спасе Ѓоргиев. Велешанецот веќе се стани на располагање на стручниот штаб и тренира со новиот тим. Радовиш со Димов се ...

ФК Брегалница уште еднаш покажа дека е клуб со традиција, вредности и почит кон сопствената историја. Додека фокусот е насочен кон иднината и новите предизвици, управата на штипскиот клуб испрати силна порака дека оние кои го граделе името Брегалница никогаш нема да бидат заборавени. Како знак на благодарност и признание, раководството на клубот обезбеди годишни влезници за сите домашни натпревари за ветераните кои со своите настапи и ...

Македонскиот фудбалски тренер Горазд Михаилов (51) доби нов интернационален ангажман и ќе ја води екипата на Ритериаи од Литванија, со што ја продолжува својата богата и разновидна тренерска кариера надвор од границите на Македонија. Ритериаи се натпреварува во највисокото ниво на литванскиот фудбал, а минатата сезона ја завршија на деветтото место во конкуренција од десет екипи, по што преку бараж успеаја да го задржат прволигашкиот статус. ...

Македонскиот младински репрезентативец Александар Грашески направи голем чекор во својата фудбалска кариера, откако потпиша прв стипендиски договор со Динамо Загреб, еден од најтрофејните клубови во регионот. Иако има само 17 години, Грашески веќе извесен период е дел од системот на загрепскиот клуб, а добрите настапи во младинските категории му ја донесоа и официјалната доверба од „модрите“. Тој е член на Динамо Загреб У19, со кого настапува ...

Прволигашот Работнички имаше успешна „генералка“ откако на последниот контролен натпревар пред стартот на пролетната полусезона во Прва лига, го доби второлигашот Кожуф од Гевгелија со 2:0. Ермедин Адем во 28. минута го отвори резултатот за водство на 1:0 на полувреме, а во вториот дел тимот од Дебар Маало преку Дитмир Хоџа стигна до конечните 2:0. Работнички пролетниот дел го отвара против Пелистер во Битола, а второлигашот од Гевгелија ќе ...

Прволигашите ги играат последните контролни натпревари за проверка на формата пред стартот на пролетниот дел. Пријателски меч одиграа Шкупи и Арсими кој заврши со триумф за тимот од Чегране од минимални 0:1. Стрелец на единствениот гол беше Сикиру Олатунбосун. Шкупи пролетниот дел го отвара против Тиквеш, а пак Арсими против Вардар. Прволигашите ги играат последните контролни натпревари за проверка на формата пред стартот на пролетниот дел. ...

Погодокот на Стојанов го одлучи победникот на денешниот контролен натпревар меѓу прволигашот Тиквеш и второлигашот Новаци, кој се одигра во Кавадарци. Овој натпревар беше уште една можност за проверка на тренерите Борче Христов и Дарко Крстески пред продолжението сезоната. Тиквеш утре ќе одигра нов пријателски натпревар против второлигашот Тетекс, а тоа ќе биде и „генералка“, а Новаци во следниот период исто така го очекуваат уште неколку ...

Денес на Градскиот стадион во Македонска Каменица се одигра пријателски натпревар меѓу второлигашите Каменица Саса и Брегалница, каде „сините“ беа подобри со 0:3. По мирните мрежи во првиот дел, во второто полувреме мрежата на „рударите“ се тресеше дури трипати. Резултатот го отвори Калпачки во 55. минута. По дваесетина минути игра Михолов беше сигурен за 0:2, а пак во 90. минута конечниот резултат го постави Иванов. Овие две екипи ќе ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
93%
1024
weather icon

Белград

8ᴼ / 6ᴼ
1.8
85%
1018
weather icon

Загреб

8ᴼ / 7ᴼ
1.03
91%
1014
weather icon

Софија

6ᴼ / 5ᴼ
1.54
81%
1023
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.71
98%
1024
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 7ᴼ
0.51
97%
1015
weather icon

Атина

17ᴼ / 15ᴼ
1.79
80%
1023
weather icon

Тирана

11ᴼ / 9ᴼ
2.57
87%
1023
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
2.06
87%
1024
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
2.68
89%
1023
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
4.63
93%
1017
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 9ᴼ
4.63
98%
1024
Currency

61.612

Currency

55.056

Currency

73.84

Currency

37.952

Currency

39.084

Currency

67.212

Currency

8.2572

Currency

0.67026

Currency

0.34804

Currency

0.52348

Currency

1.0977

Currency

0.58669

Рутениум

61086.42

Бакар

12.71

Платина

50123.01

Злато

132371.05

Кобалт

33.53

Родиум

297394.41

Калај

46.53

Иридиум

321507.47

Паладиум

32600.86

Цинк

3.76

Сребро

1691.13

Алуминиум

3.05