Скопје
23ᴼ /
23ᴼ
Обвинителен акт за поранешниот директор на земјоделскиот инспекторат Васе Анакиев за примање поткуп од 50 илјади евра откако парите беа пронајдени под совозачкото седиште во неговиот автомобил и тој заврши во притвор во март годинава. Анакиев, според обвиниението вршел притисок да не се одобри увоз на вештачко ѓубриво на фирма која се занимавала со негово производство и увоз. Притоа тој влијаел и кај фитосанитарен инспектор на граничен ...
Комбинации од политичко, административно и академско искуство. Кај дел од имињата, образовни профили кои привлекуваат внимание, други пак, со долгогодишна работа во граѓанскиот и јавниот сектор. Со освежен состав ќе се заокружи најавената реконструкција на Владата. Промени има во повеќе ресори. Досегашниот министер за здравство Алиу ја напушта функцијата, а на негово место доаѓа досегашниот директор на Фондот за здравство. Сашо Клековски ...
Наместо да се намалуваат, бројот на дивоградби во земјава расте. Државниот завод за статистика лани регистрираше дури 911 бесправно изградени објекти, што би значело дека секој ден никнуваат по најмалку две дивоградби. Алармантно е што оваа негативна статистика бележи раст од дури 20 отсто споредено со 2024 година, а стручната јавност стравува дека бројката е многу поголема од официјалните податоци. „Мислам дека и самите луѓе не ја сфаќаат ...
Силно невреме со пороен дожд, грмежи и засилен ветер попладнево го зафати Скопје, откако Управата за хидрометеоролошки работи претходно предупреди на локална нестабилност и можност за краткотрајно невреме со појава на град. Обилните врнежи за кратко време предизвикаа задржување на вода на повеќе градски улици и булевари, поради што сообраќајот на неколку локации се одвива забавено и отежнато. Возачите се движат со намалена брзина, а на ...
Распаднат асфалт, длабоки пукнатини и пропаднат коловоз. Вака со месеци изгледа патот кон Теферич, кој треба да ги поврзе општините Кисела Вода и Сопиште. Од безбедносни причини, околу свлечиштето е направен земјен насип. Но, и покрај предупредувањето, на терен може да се забележат возила кои и понатаму се обидуваат да поминат по оваа делница. И неколку месеци по свлечиштето на терен состојбата не е подобрена. Напротив, оштетувањето на ...
Силно невреме со пороен дожд, грмежи и засилен ветер попладнево го зафати Скопје, откако Управата за хидрометеоролошки работи претходно предупреди на локална нестабилност и можност за краткотрајно невреме со појава на град. Обилните врнежи за кратко време предизвикаа задржување на вода на повеќе градски улици и булевари, поради што сообраќајот на неколку локации се одвива забавено и отежнато. Возачите се движат со намалена брзина, а на ...
Министрите за внатрешни работи на Србија и Македонија, Ивица Дачиќ и Панче Тошковски со ист одговор за случајот со шверцот на пет тони марихуана кои потекнуваа од легалните плантажи за одгледување на медицински канабис. Според нив, министерствата си ја завршиле својата работа, а обвинителството е надлежно за истрагата која трае околу 5 месеци, а беа уапсени неколку лица и во Македонија и во Србија. Главниот организатор на групата Александар ...
Шлаканци, влечење за коса, навреди и понижување. На социјалните мрежи се појави вознемирувачко видео од врсничко насилство за кое се тврди е снимено во скопски Аеродром. Видеото е заматено, но од разговорот може да се забележи дека жртва е девојче кое му се извинува на колена на друго девојче. Додека добива шлаканици, насобраната група момчиња и девојчиња довикуваат, бодрат и снимаат. Граѓаните на социјалните мрежи револтирано реагираат и ...
Златко Перински ќе биде в.д. директор на Фондот за здравствено осигурување до изборот на нов директор по распишувањето на јавен оглас. Според договорот за реконструкција на владата меѓу коалиционите партнери, Иван Стоиљковиќ се сели од министерството за политички систем и односи меѓу заедниците во Министерството за локална самоуправа, а Златко Перински од таму заменува на директорското столче во Фондот за здравствено осигурување на местото на ...
Околу 240 пациенти во земјава чекаат донор за трансплантација на бубрег, срце, црн дроб и рожници. Затоа лекарите повторно апелираат за поголема поддршка на органодарителството. Граѓаните кои сакаат да бидат потенцијални дарители можат кај својот матичен лекар да потпишат изјава со која даваат согласност, по нивната смрт, нивните органи да бидат донирани. Одлуката може да се промени во секое време. „Сега се 200, утре ќе бидат 300. Може јас ќе ...
Се читаат докази без објаснување, се доцнеше два и пол часа. Така денеска продолжи судскиот процес за трагичната несреќа во дискотеката Пулс во Кочани. Рочиштето започна со задоцнување од 2 и пол часа. Судиката Дијана Груевска не објасни во детели какви проблеми имало при носењето на првообвинетиот Дејан Јованов Деко од притвор, но рече дека настанала некаква забуна со затворот. Откако започна пак се читаа докази без да се даде некаков ...
Околу 240 пациенти во земјава чекаат донор за трансплантација на бубрег, срце, црн дроб и рожници. Затоа лекарите повторно апелираат за поголема поддршка на органодарителството. Граѓаните кои сакаат да бидат потенцијални дарители можат кај својот матичен лекар да потпишат изјава со која даваат согласност, по нивната смрт, нивните органи да бидат донирани. Одлуката може да се промени во секое време. „Сега се 200, утре ќе бидат 300. Може јас ќе ...
Се уште е рано да се прогнозира каква цена на струјата ќе плаќаат домаќинствата догодина. Таа зависи од повеќе фактори. Експертската јавност со први коментари по тврдењата на премиерот Мицксоки, дека во 2027 мата струјата ќе поевтини и покрај тоа што ЕСМ ќе треба да испорача само 70 наместо, 100 отсто од потребната електрична енергија за домаќинствата. Познавачите сметаат дека без разлика што во моментов цената е ниска заради зголеменото ...
Зголемен број на колапси и интервенции, сепак во овој период од годината бројот на повици е очекуван велат од Итната медицинска помош. Промената на атмосферскиот притисок, влажноста на воздухот и варијација на надворешната температура се најчестите причини. Од 84 интервенции во текот на вчерашниот ден дури 7 биле колапси. Интервенирано е кај краток губиток на свеста и најчесто е измерен низок крвен притисок. И тоа се должи на дехидратацијата ...
Без разлика дали се гламурозни летни дестинации или места исполнети со историја, плажите го отсликуваат развојот на една земја – од првите капења во море достапни само за привилегираните, па сè до денешниот масовен туризам. Патуваме од континент на континент, посетувајќи плажи кои откриваат како живеат луѓето, кои навистина се и како размислуваат. Од Руси кои се сончаат исправени, преку Кинези кои не знаат да пливаат, до љубителите на ...
Управниот суд ја укина одлуката со која на студентка ѝ беше поништен уписот на трет циклус студии на Филозофскиот факултет при УКИМ, оценувајќи дека факултетот погрешно го применил Законот за високото образование. Станува збор за еден од случаите поврзани со вонредниот инспекциски надзор на Државниот просветен инспекторат, по кој на 11 активни студенти им беше прекинато студирањето поради оценка дека не ги исполнувале условите за упис на ...
Изборниот законик вака како што е предложен не е ниту европски, ниту демократски, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче на денешната прес-конферениција. Филипче посочи дека сегашното предложено законско решение, особено во делот на гласањето на дијаспората по електронски пат, отвора сериозни сомнежи за регуларноста и легитимноста на изборниот процес. „Денеска, премиерот го слушнавме сите, рече би прифатил измени во поднесениот ...
Управниот суд ја поништи одлуката со која на студентка ѝ беше поништен уписот на трет циклус студии на Филозофскиот факултет при УКИМ, оценувајќи дека факултетот погрешно го применил Законот за високото образование. Станува збор за еден од случаите поврзани со вонредниот инспекциски надзор на Државниот просветен инспекторат, по кој на 11 активни студенти им беше прекинато студирањето поради оценка дека не ги исполнувале условите за упис на ...
Тој на 13.03.2026 година обвинетиот во Свети Николе директно побарал поткуп во износ од 100.000 евра за одобрениот увоз и за идните увози на вештачко ѓубриво, при што побарал износот да биде исплатен во три рати. На 19.03.2026 година, откако пријавителот преку сведок му ја предал првата рата од 50.000 евра, обвинетиот бил лишен од слобода при преземањето на парите од полициски службеници. Со Обвинителниот акт е поднесен и посебен предлог за ...
Сотир Лукровски од вчера соопшти дека повторно е градоначалник на Општина Карпош. По речиси два месеци отсуство, се врати на функцијата. Според сите информации што излегоа во јавноста, Лукровски сакаше да поднесе оставка. Сакаше да си замине. Но, организираната криминална група ВМРО и нејзиниот шеф Христијан Мицкоски не му дозволија – се вели во соопштението испратено до медиуми од опозициската СДСМ. Партијата вложи огромни напори и пари за ...
Интензивирањето на украинските напади врз руската нафтена индустрија изминативе три месеци започна да дава резултат, иако од руска перспектива, негативен. Долги редици на бензинските пумпи станаа секојдневие, а одредени региони воведоа и рестрикции на количината колку едно возило може да наточи гориво. Мислам дека ситуацијата не е многу добра. На телевизија кажуваат едно, но реалноста е сосема друга. Многу луѓе чекаат за бензин, не знам. ...
Сериозни обвинувања за сеча на шума без дозвола во близина на вештачкото езеро Козјак,пристигнаа до КОД преку анонимно писмо и видео снимки и фотографии на УСБ. Дојавувачот тврдеше дека станува збор за шума која е во рамки на територијата на Јавното претпријатие Јасен. Клучниот доказ беше ова видео на кое се гледаше и исечени дрвја наредени во купи, како за истовар. КОД ги провери геолокациски снимките и според сите знаци, близина на пат, и ...
Координаторите на пратеничките групи и денеска со нов обид да постигнат консензус за Изборниот законик. На средбата во Собранието се разговара за забелешките на пратеничките групи од опозицијата и најавените илјадници амандмани. Премиерот им порача дека ако не се договорат, ќе остане стариот Изборен законик. Тој, вели, е подготвен да ги прифати сите нивни барања, вклучително и рамноправно медиумско претставување, како што бараат од Левица и ...
Измените на изборниот законик се ставени на дневен ред на седницата за политички систем и односи меѓу заедниците во 14 часот. Средбите меѓу пратеничките групи се завршени, но не е постигнат договор – СДСМ и Левица се противат на измените. Опозицијата најави дека ќе го блокира законот со огромен број амандмани. (видео)Мицкоски инсистира за електронско гласање на дијаспората, подготвен е да прифати една изборна едица, но со изборен праг ...
Политичката партија Левица изрази сериозна загриженост поради недостигот на терапија која е неопходна за пациентите со трансплантиран бубрег и пациентите на дијализа. Според партијата, дел од пациентите веќе подолг период немаат пристап до неопходните лекови, а не е обезбедена ниту соодветна замена. Од Левица предупредуваат дека поради недостигот, дел од пациентите се принудени сами да набавуваат лекови од странство, додека други остануваат ...
Градоначалникот на Карпош Сотир Лукровски по две месеци боледување денеска се врати на работа. Тој објави фотографија од неговиот кабинет во општината со заменик-градоначалникот Неделчо Крстевски кој ги извршуваше градоначалничките обврски додека Лукровски беше на боледување и со претседавачот на Советот Христо Саракинов. „Изминатиот период за мене беше едно големо искушение. Се соочив со здравствен предизвик кој ме натера да сфатам дека ...
Интензивирањето на украинските напади врз руската нафтена индустрија изминативе три месеци започна да дава резултат, иако од руска перспектива, негативен. Долги редици на бензинските пумпи станаа секојдневие, а одредени региони воведоа и рестрикции на количината колку едно возило може да наточи гориво. Мислам дека ситуацијата не е многу добра. На телевизија кажуваат едно, но реалноста е сосема друга. Многу луѓе чекаат за бензин, не знам. ...
СДСМ преку соопштение остро реагираше на денешната изјава на премиерот Христијан Мицкоски дека по завршувањето на мандатот нема да се кандидира за претседател на државата и дека планира да се врати на факултет. Од опозициската партија велат дека Мицкоски не може едноставно да ја напушти политиката без да понесе одговорност за, како што тврдат, состојбите во кои ја довел државата. „Откако ќе ја ограби Македонија, ќе ја изолира од европскиот ...
„Со реконструкцијата на Владата се слуша гласот на граѓаните и се потврдува определбата за одговорно, ефикасно и отчетно управување со државата“, пишува во партиското соопштение на ВМРО ДПМНЕ. „Оваа реконструкција е резултат на внимателна анализа на досегашните резултати, но и на јасно искажаните очекувања на граѓаните за побрзи реформи, поголема ефикасност и повисоки стандарди во работењето на институциите. Приоритет на Владата на ВМРО-ДПМНЕ ...
„Со години наназад, општините со албанско население беа оставени на маргините на инвестициите, додека развојните проекти зависеа од партиски интереси, а не од реалните потреби на граѓаните. Денес, оваа логика се заменува со нов пристап. Благодарение на ангажманот на ВЛЕН во Владата, 306 проекти ја менуваат сликата на општините со албанско население. Ова не е само бројка. Тоа е доказ дека јавните средства се насочуваат таму каде што има реална ...