Во чест на македонската музичка легенда Владо Јаневски, вечерва во 20 часот на платото пред арената „Борис Трајковски“ ќе се одржи собир на кој граѓаните ќе имаат можност уште еднаш да му оддадат почит. Собирот ќе биде можност љубителите на неговата музика уште еднаш да се потсетат на безвременските хитови што ги остави зад себе и со песна, тишина и љубов да му кажат последно збогум. Владо Јаневски почина на 66 годишна возраст. Ќе биде ...

Експлозија од бомба сериозно повреди три лица во станбена зграда во Монако, а напаѓачот избега во Франција, соопштија локалните власти. Француските и украинските медиуми објавија дека повредени се украински магнат и неговото семејство. Видливо, експлозивна направа беше поставена пред влезот на една зграда, при што беа повредени неколку лица. Едно лице избега бегајќи кон градот Босолеј, успеавме да го следиме со камера во градот Босолеј. ...

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа денеска точно на пладне го игра својот прв меч на Гренд слем турнир. Таа на Вимблдон ќе игра против ланската финалистка Американката Аманда Анисимова, која е рангирана како шеста носителка. Анисимова во рамки на подготовките на Вимблдон одигра само два меча (официјални) на Квинс турнирот и загуби во четвртфиналето и за само пет дена се врати дома во САД. Мечот меѓу Ѓорческа и Анисимова е прв на ...

Македонија денеска официјално го презема командувањето со Балканските медицински наменски сили од позицијата „рамковна земја“, на свеченост во касарната „Илинден“ во Скопје. На настанот ќе се обрати заменик-министерот за одбрана Адмир Шабани. Со промената на раководните позиции, Словенија го презема претседавањето со Управниот одбор на силите, додека досегашниот и новопоставениот командант ќе се обратат на свеченоста, заедно со претставници ...

Бројот на загинати во разорните земјотреси што ја погодија Венецуела се искачи на над 1.700 луѓе, додека спасувачките екипи и понатаму трагаат по преживеани под урнатините. Најтешко погодена е крајбрежната област Ла Гуаира, каде што се урнаа повеќе станбени згради, а семејствата со денови ги чекаат вестите за своите најблиски. Жителите жестоко ја критикуваат реакцијата на властите, тврдејќи дека спасувачките операции започнале предоцна и дека ...

Имињата на новите министри ќе бидат соопштени денеска по седницата на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Со владината реконструкција речиси е извесно дека ЗНАМ го губи министерството за правда, но засега од таму не коментираат ништо. Велат ќе соопштат кога одлуките ќе поминат пред партиските тела. Премиерот вчера изјави дека принципиелно има договор околу ресорите, но истакна дека деталите ќе ги објават денеска. –Ние не сме разговарале за ...

Шефот на Европската Централна Банка Кристен Лагард го бранеше зголемувањето на каматната стапка од 11 јуни како оправдано за да се спречат реалните инфлаторни притисоци и рече дека тоа не е само обично „зголемување на осигурувањето“. Таа изјави дека без зголемувањето од четвртина процентен поен, инфлацијата можела да се задржи над целта на банката од 2% до 2028 година. Лагард исткана дека банкарските прогнозери сега користат сценарија за ...

Претседателот Доналд Трамп изјави дека американските преговарачи патуваат во Доха, Катар, каде што ќе се одржи нова рунда разговори со Иран. Тој посочи дека средбата „може да биде многу важна“, додавајќи дека исходот допрва ќе се види. САД и Иран имаат рок до средината на август да постигнат траен договор, кој би вклучувал решение за спорната иранска нуклеарна програма. Пред евентуалната средба на највисоко ниво, најпрво ќе се одржат технички ...

Се повикуваат на препораките на ОБСЕ/ОДИХР, а не ги почитуваат. Нови изборни правила за стари македонски навики. Власта не се откажува од државни пари за медиумска кампања. Партиите здружени против независните со високи цензуси. Големите партии со поголем дел од финансискиот колач. Кому му сметаат современи демократски норми?! Во „Топ тема“ вечерва дебатираа Билјана Ивановска, поранешна претседателка на ДКСК и екс градоначалнички кандидат ...

Бројот на жртви во двата земјотреса што ја погодија Венецуела минатата недела се зголеми на повеќе од 1.700 луѓе, изјави денеска претседателот на Националното собрание на Венецуела, Хорхе Родригез. Во обраќање на државната телевизија, Родригез рече дека повеќе од 5.000 луѓе се повредени во земјотресите и дека повеќе од 15.000 останале без покрив над главата. На 24 јуни, Венецуела беше погодена од два силни, последователни, земјотреса со ...

Компанијата „Бритиш американ тобако“ (БАТ) најави укинување на 5.500 работни места ширум светот, како дел од програмата за намалување на трошоците, подобрување на ефикасноста и забрзување на примената на вештачката интелигенција во бизнисот. Дополнителни 3.500 работни места ќе бидат префрлени на партнерите на БАТ, меѓу кои и ирската компанија за ИТ услуги „Ексенчр“ (Accenture), со што реструктурирањето вкупно ќе опфати околу 9.000 вработени. ...

Кога се работи за казнени одредби, секогаш се префрлува на другите, а кога се работи за финансирање, односно за парите кои треба да се земат од буџетот, тогаш се измислуваат најразлични модалитети како тоа да се направи, изјави Дејанчо Цветановски, член на ИО на ЛДП, во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма во контекст на изгласување на потребата за носење на Изборниот законик по скратена постапка попладнево во собранието. „Ние, како ...

Како независна сум минала три изборни циклуси и искуството ми покажало дека може да држиме дебати колку сакаме, може да излегуваме на пресови, може да велиме дека некој сака, апсолутно ниту една партија не сака ништо да промени, посебно во изминатите 15 години, истакна Габриела Илиевска, независна иницијатива „Поинаку“ – Битола, во вечерашната дебата во „Топ тема“ на Телма ТВ во контекст на изгласување на потребата за носење на Изборниот ...

Уште еднаш се докажува дека интересот е вечен и само тој ги спојува политичките партии, без разлика што сакаат да се покажат како политички противници пред граѓаните, рече Билјана Ивановска, поранешна претседателка на Државната комисија за спречување корупција, во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма во контекст за изгласување на потребата за носење на Изборниот законик по скратена постапка попладнево во собранието. „Меѓутоа, во една ...

Собранието со 59 гласа „за“, три гласа „против“ и без воздражни го изгласа носењето по скратена на Предлогот законот за изменување и дополнување на Изборниот законик, кој е дел од реформската агенда. Потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски, ги задолжи Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, како матично работно тело и Законодавно правната комисија да заседаваат по предлог законот. Предлогот до Собранието е доставен ...

Усвоен е новиот Закон за игри на среќа и за забавни игри. Од министерството за финансии велат дека има за цел да обезбеди поголема заштита на граѓаните, особено на младите, да ја намали сивата економија, да ја зајакне контролата и надзорот врз приредувањето на игрите на среќа, да придонесе во борбата против перењето пари и финансиските злоупотреби и да создаде фер и транспарентни услови за работа на сите приредувачи. Со овој закон за првпат ...

Да се видат цените на производите пред и после кризата, за да се знае каде ќе има намалување, порачуваат од Сојузот на стопански комори (ССК) по стабилизацијата на Блискиот исток и откако премиерот Христијан Мицкоски најави нова методологија на следење на цените на храната и детална анализа на 600 до 700 производи што влегуваат во потрошувачка кошница. Мицкоски денеска изјави дека тој лично се занимава со идентификување на производите кои ...

Шест лица, од кои четири жени, беа застрелани денеска во младински центар во германскиот град Штад, на околу 30 километри западно од Хамбург. Полицијата соопшти дека се приведени три лица во врска со пукањето, меѓу кои и осомничениот напаѓач. Осомничениот и другите лица беа уапсени кратко по инцидентот. Околностите на ова злосторство во моментов се истражуваат. Како што може да видите зад мене, увидот е во тек со повеќе полицајци на лице ...

Владејачкото мнозинство и ДУИ заеднички ги поднесоа измените на Изборниот законик во Собранието, СДСМ и Левица се заканија дека ќе ги блокираат, а Независните иницијативи бараат рамноправна можност со партиите да можат да учествуваат на избори. Измените предвидуваат наместо во дипломатско-конзуларните претставништва, дијаспората да гласа електронски, независните кандидати ќе мора да соберат потписи од 0,8 отсто од регистрираните избирачи, а ...

Над пет колабирања на јавни места, главно на постари лица, се евидентирани утрово, информираат од Итна помош – Скопје. Високите температури ги зголемија повиците за медицинска помош во службата на чиј телефонски број се обратиле и помлади лица за помош и совет. „Лицата претежно се жалат на болки во градите, но, има и такви кои чувствуваат вртоглавици и имаат други симптоми“, истакна докторка Ана Џарева. Таа ги повтори препораките дека треба ...

Министерските фотелји се поделени, договорот е постигнат, но картите сè уште не се отвораат. Иако распределбата на ресорите помеѓу коалициските партнери за најавената реконструкција на Владата е принципиелно договорена, сепак конечниот распоред на министрите ќе биде познат по седницата на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. На прашањето дали Вреди го презема Министерството за правда од ЗНАМ и што за возврат ќе добие партијата на Максим ...

80-тина материјални докази на обвинителството беа на дневен ред на денешното рочиште за 9 мината полицајци. Тие одговараат дека не направиле соодветни проверки дали “Пулс” има доволно паркинг места и дали имало нарушувања на јавниот ред и мир а дале согласност за да добие лиценца за работа. А токму лиценците, оперативните планови, извештаи од акциски контроли, барање за прекршочни постaпки, план за присуство на полицијата за подобрување на ...

Девет еколошки организации од Југоисточниот регион и од други делови на државата упатија заедничко барање до Владата со кое бараат трајно поништување на концесиите за проектот Иловица-Штука, оценувајќи дека тоа е единствено прифатливо решение. Заедничкиот став бил усвоен на состанок одржан во Струмица на 27 јуни, на кој организациите побарале Владата, на седница на која ќе се разгледува состојбата со концесиите на компанијата „Еуромакс ...

Владејачкото мнозинство и ДУИ заеднички ги поднесоа измените на Изборниот законик во Собранието, СДСМ и Левица се заканија дека ќе ги блокираат, а Независните иницијативи бараат рамноправна можност со партиите да можат да учествуваат на избори. Измените предвидуваат наместо во дипломатско-конзуларните претставништва, дијаспората да гласа електронски, независните кандидати ќе мора да соберат потписи од 0,8 отсто од регистрираните избирачи, а ...

Неколку илјади домашни и странски посетители се очекува да бидат дел од годинашната Галичка свадба од 10 до 12 јули. Вековна традиција, исполнета со свадбарски обичаи, автентични носии, изворни песни и ора кои претставуваат живо сведоштво за богатото културно наследство на мијачкиот крај. Во центарот на вниманието на ќе бидат галичките младоженци Александар Пендароски и Мартина Михајлова. Секоја година се зголемува интересот на новите ...

Министерството за здравство, врз основа на препораките на Институтот за јавно здравје, апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита од топлото време со цел да се избегнат здравствени последици. Препораките се да се избегнува директно изложување на сонце и активности на отворено во периодот од 11:00 до 17:00 часот, да се носи светла и лесна облека, а на директно сонце заштитни очила и светлобојна капа со висок свод и широк обод. ...

Центарот на Скопје денеска неколку часа е без електрична енергија поради испад на 110/35/10 kV трафостаница. Од ЕВН информираат дека екипите на Електродистрибуција веднаш интервенирале и без прекин работат на отстранување на дефектот. Во меѓувреме, се врши етапно повторно вклучување на засегнатите корисници. Центарот на Скопје денеска неколку часа е без електрична енергија поради испад на 110/35/10 kV трафостаница. Од ЕВН информираат дека ...

Поетесата Марија Ангеловска е добитничка на наградата „Енхалон” за најдобра прочитана песна од млад автор, а поетесата Лју Јуе од Кина ја доби наградата „In vino veritas“ за најдобра песна посветена на виното на 65-тите Струшки вечери на поезијата. За наградата „Енхалон“ се пријавија седум поети со по три песни, додека за најдобра песна посветена на виното, напишана на етикетите на вината на „Тиквеш“ во конкуренција беа 23 автори. ...

Сега е моментот за проширување и да сум на ваше место би ја искористил оваа можност, порача министерот за надворешни работи на Литванија, Кестутис Будрис, според кого треба да се исполнат преземените обврски и од страна на ЕУ и од страна на земјите-кандиадти. Тој за нон-пејперите кои се лиферуваа за забрување на процесот рече дека е многу битно кој и како ги чита. министер за надворешни работи на Литванија, Кестутис Будрис. Будрис, кој беше ...

Пакистан изврши воздушни напади и испрати копнени сили во авганистанските провинции долж заедничката граница, при што биле убиени десетици луѓе. Според талибанската влада на Авганистан, животот го загубиле најмалку 36 цивили, меѓу кои жени и деца, а повеќе од 160 лица се повредени. Властите во Кабул ги осудија нападите, нарекувајќи ги „кукавички чин“, „злосторство“ и „ѕверство“. Поинаква верзија доаѓа од Пакистан. Министерот за информации на ...

weather icon

Скопје

26ᴼ / 26ᴼ
0.81
34%
1014
weather icon

Белград

26ᴼ / 26ᴼ
1.16
52%
1013
weather icon

Загреб

26ᴼ / 26ᴼ
2.12
56%
1016
weather icon

Софија

23ᴼ / 23ᴼ
0.88
42%
1015
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
1.82
61%
1014
weather icon

Љубљана

23ᴼ / 22ᴼ
0.37
73%
1017
weather icon

Атина

31ᴼ / 29ᴼ
0.45
45%
1010
weather icon

Тирана

29ᴼ / 29ᴼ
0.47
30%
1012
weather icon

Подгорица

28ᴼ / 28ᴼ
2.06
43%
1013
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 26ᴼ
0.45
66%
1013
weather icon

Будимпешта

29ᴼ / 25ᴼ
4.02
52%
1014
weather icon

Истанбул

27ᴼ / 25ᴼ
2.46
100%
1010
Currency

61.525

Currency

53.2545

Currency

71.6902

Currency

37.4757

Currency

38.0929

Currency

65.6998

Currency

7.91167

Currency

0.64333

Currency

0.33688

Currency

0.52413

Currency

1.12065

Currency

0.56022

Паладиум

43435.66

Сребро

2005.37

Цинк

0.00

Иридиум

252383.36

Платина

55652.94

Бакар

13.54

Злато

137126.15

Рутениум

53852.50

Кобалт

56.29

Калај

56.77

Алуминиум

3.27

Родиум

278103.96