Скопје
23ᴼ /
23ᴼ
Со две малолетнички кои тепаа и се изживуваа врз 12 годишно девојче во скопската населба Аеродром полицијата изврши службен разговор во присуство на нивните родители. Другите малолетници кои го снимаат насилството и не преземаат ништо за да го спречат туку напротив ги бодрат насилничките, полицијата се уште не ги идентификувала. Чинот на насилство што ја згрози јавноста, во полиција го пријави мајката на 12 годишното девојче. Во пријавата, ...
Со две малолетнички кои тепаа и се изживуваа врз 12 годишно девојче во скопската населба Аеродром полицијата изврши службен разговор во присуство на нивните родители. Другите малолетници кои го снимаат насилството и не преземаат ништо за да го спречат туку напротив ги бодрат насилничките, полицијата се уште не ги идентификувала. Чинот на насилство што ја згрози јавноста, во полиција го пријави мајката на 12 годишното девојче. Во пријавата, ...
Средствата наменети за стимулирање на Реформите во Западен Балкан, Европската комисија планира да ги пренамени и да ги насочи кон земјите кои се на чело на процесот на пристапување кон Европската Унија. Како што потврдија за Еуроњуз двајца претставници на ЕУ, Црна Гора, Албанија и Македонија треба да добијат поголем дел од финансискиот колач, додека другите земји во регионот се соочуваат со последици поради доцнење во спроведувањето на ...
Повторно снимка, повторно малолетници, повторно насилство што завршува на социјални мрежи. Општеството повторно се соочува со истото прашање – кој потфрла: семејството, училиштето или институциите? И дали конечно се потребни построги мерки и поголема одговорност за да се прекине овој круг на врсничко насилство. Државата ќе понуди конечно решение или ќе чека да се појави следното видео? АНКЕТА: Дали јавниот интерес ќе оправда именување на ...
Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, преку објава на социјалните мрежи потсети дека на лидерската средба тема била воведувањето на една изборна единица, а не електронското гласање на дијаспората, кое сега, во последен момент, стана централна точка и црвена линија на ВМРО-ДПМНЕ во преговорите за новиот Изборен законик: „Чекај малце премиере… На лидерската средба зборевме за една изборна единица, а не за електронско гласање на ...
Слабости во управувањето со залихите, јавните набавки и наплатата на побарувањата, како и значителна оптовареност констатирал ДЗР на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија за 2024 година поради големиот број итни прегледи. Според извештајот, не е воспоставено ажурно и навремено евидентирање на потрошувачката на лекови и медицински материјали во сметководствената и материјалната евиденција, а дел од нив биле набавувани пред склучување ...
Центарот за граѓански комуникации ги објави истражувањето и базата на податоци за општинските тендери за бележење на пешачките премини. Истражувањето покажува дека: Непостоечките и избледените пешачки премини, кои секојдневно ја загрозуваат безбедноста на граѓаните, во голема мера се поврзани со начинот на којшто општините ги спроведуваат тендерите за нивно обележување. Истражувањето открива дека за повеќе од половина од локалните самоуправи, ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче на Фејсбук објави дека го номинира градоначалниот на Општина Центар Горан Герасимовски за нов потпретседател на партијата. Горан е човек кој со силна, посветена и одговорна работа ја заслужи довербата на граѓаните на општина Центар. Победата и освоениот втор мандат како градоначалник се најдобра потврда дека резултатите, блискоста со луѓето и искрената работа секогаш се препознаваат. Убеден сум дека Горан, ...
Привремено да го суспендира новиот биометриски систем за гранични проверки за време на летната туристичка сезона, побараа авиокомпаниите и аеродромите во Европската унија од Европската комисија, предводена од Урсула фон дер Лајен. Според предупредувањата, воведувањето на системот довело до сериозни застои на аеродромите, при што патниците чекаат и по неколку часа на гранични контроли, а дел од летовите полетуваат полупразни бидејќи патниците ...
Системот „Безбеден град“ наскоро ќе почне да евидентира и да испраќа казни за сторени сообраќајни прекршоци до странски државјани – изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Апелираше до граѓаните што транзитираат низ земјава, особено по коридорите 8 и 10, да бидат одговорни и да ги почитуваат сообраќајните правила. Целта, како што вели, е да се спасат човечки животи. –Покрај македонските граѓани, наскоро и граѓаните што ...
Индиректните разговори меѓу САД и Иран во Доха завршија без конкретен напредок кон траен мировен договор, но со позитивни сигнали за спроведување на привремениот договор постигнат во јуни. Главен фокус на дводневните технички разговори беа безбедноста на пловидбата низ Ормутскиот Теснец и ослободувањето на замрзнатите ирански средства. Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека има напредок околу идните разговори за иранската ...
Возач од Тетово е лишен од слобода откако бил фатен како вози со брзина од 177 километри на час на делница каде што максимално дозволената брзина е 80 километри на час. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, случајот е евидентиран вчера околу 18 часот на патниот правец Гостивар – Тетово, кај клучката Боговиње. Брзината била измерена од полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот со специјално возило ...
Веднаш и сега акција – зошто губиме цели генерации.. Нашата општествена некулутра ја пресликуваме меѓу децата… Ова мора да престане – со казни, кривични за родителите на децата кои се насилници и со работа социјална со жртвите, но и со останатиоте ученици во овој ланец – вели порфесорката социлог Татјана Стојановска . Веднаш и сега акција – зошто губиме цели генерации.. Нашата општествена некулутра ја пресликуваме меѓу децата… Ова мора да ...
Русија започна голем напад врз главниот град на Украина со ракети и беспилотни летала во текот на ноќта при што интензивните напади предизвикаа гласни експлозии и го тресеа Киев со часови. Станбени згради се оштетени во нападите во кои загинаа над 10 луѓе. Градоначалникот Виталиј Кличко изјави дека најмалку 11 луѓе се повредени. Нападот со балистички и крстосувачки ракети и беспилотни летала ги погоди сите 10 области на градот, од двете ...
Mеѓународните спасувачки екипи продолжуваат да ги пребаруваат урнатините на станбени згради и куќи во Венецуела, дури и додека надежите за пронаоѓање на повеќе преживеани исчезнуваат. Илјадници раселени Венецуелци спијат во преполни засолништа или надвор без пристап до чиста вода поради лошите санитарни услови по земјотресите од 24 јуни, во кои загинаа најмалку 2.295 лица, а повеќе од 11.000 се повредени. Привремената претседателка на ...
Првиот парламент по соборувањето на поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад е формиран денеска со објавувањето на списокот на 70 пратеници кои ги избра привремениот лидер Ахмад ал-Шара. Шефот на сириската изборна комисија, Мохамед Таха ел-Ахмад изјави дека новиот парламент, кој ќе брои вкупно 210 членови, ќе ја одржи својата прва седница в понеделник, пренесува „Ен-Би-Си Њуз“. Пратениците тогаш ќе положат заклетва и ќе биде избран ...
Полицијата лишила од слобода денеска возач кој двојно ја надминал дозволената брзина на управување со возило. Полициските службеници измериле дека на место каде брзината на движење е ограничена со сообраќаен знак на 80 км/ч, на патот Гостивар-Тетово поточно на клучка Боговиње, возачот кој управувал патничко возило “шкода” со тетовски регистарски ознаки, возел со брзина од 177 км/ч. „По насоки на јавен обвинител К.Б. од Тетово е лишен од ...
Жителите на зграда на улицата „Димо Хаџи Димов“ во скопската Населба Кисела Вода чекаат надлежните да ја испумпаат водата од гаражата за да може да видат колкава е штетата на паркираните возила, а некои од нив, пак, имале магацински простории во кои сè што чувале е уништено. Водата се испумпува со механизација од приватна фирма, а од Кризниот штаб на Општината е побара помош во пумпи од повеќе општини и владата за да може што е можно побрзо ...
Силно невреме проследено со пороен дожд и град попладнево предизвика големи штети врз земјоделските површини во струмичкиот регион. Најпогодени се атарите на селата Банско, Колешино, Бориево и Муртино, каде што земјоделците пријавуваат сериозни оштетувања на бостанот и другите земјоделски култури што се одгледуваат на отворено. Според првичните информации од терен, градот за само неколку минути ги оштетил насадите, а силниот дожд дополнително ...
Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ кариерата ќе ја продолжи во дресот на грчкиот тим Арис. Димитријевиќ потпиша двегодишен договор со амбициозниот клуб од Солун, кој следната сезона од клупата ќе биде предводен од легендарниот Василис Спанулис. Македонскиот плејмејкер изминатата полусезона ја мина на позајмица во Баерн Минхен од редовите на Зенит Санкт Петербург. Тој го раскина договорот со рускиот клуб и како ...
Англија благодарение на Хери Кејн со пресврт го победи Конго со 2-1 и се пласираше во осминафиналето на Светското првенство 2026 година. Африканската селекција одлично го отвори натпреварот и поведе уште во седмата минута со голот на Брајан Сипенга. Конго можеше да стигне и до 2-0 во првото полувреме, но Јоан Виса ја погоди стативата, а на спротивната страна голманот Лионел Мпаси имаше неколку одлични интервенции. Англија го сврте резултатот ...
Изборното законодавство треба комплет да се ремонтрира и да се каже кој модел ќе биде, на каков начин ќе се гласа, кој ќе биде органот што ќе контролира и како ќе се финансираат, рече Борче Давитковски, универзитетски професор во пензија, во вечерашното интервју во „Топ тема“ на Телма ТВ. „А ова со пари од буџетот да се финансираат политички партии, кој колку гласа добил, итн., во најмала рака е несериозно визави граѓаните и стандардот на ...
Од 1991 година досега сменивме три изборни модели, од класичен мнозински, дојдовме до комбиниран и сега пропорционален, со шест изборни единици, вели Борче Давитковски, универзитетски професор во пензија, во вечерашното интервју во „Топ тема“ на ТВ Телма. „Значи, никој не ги праша граѓаните дали сакаат мнозински, како што е во Англија, дали сакаат класичен пропорционален, дали една изборна единица, дали шест, дали да се гласа на отворени ...
Веднаш и сега акција, зошто губиме цели генерации. Нашата општествена некултура посурово ја пресликуваме меѓу децата. Ова мора да престане, со казни, кривични за родителите на децата кои се насилници и со работа социјална со жртвите, но и со останатите ученици во овој ланец, вели професорката социолог Татјана Стојаноска Иванова. Веднаш и сега акција, зошто губиме цели генерации. Нашата општествена некултура посурово ја пресликуваме меѓу ...
Илјадници амандмани чекаат да бидат архивирани и преведени на албански јазик за да почне работата на Комисијата за политички систем. Координаторите на пратеничките групи во Собранието ниту денеска не постигнаа договор за измените на Изборниот законик. Спорно остана електронското гласање на дијаспората, кое е црвена линија на ВМРО-ДПМНЕ за договор, но и целосно неприфатливо за СДСМ. Претседателот на партијата денеска изјави дека ќе ги ...
Министерот за економија Бесир Дурмиши денеска го посети Центарот за вработување во Тетово. Посетата се случува само ден по инцидентот со екипата на Телма, кога по барање на директорот на Центарот за вработување во Тетово и други присутни лица тие беа приморени да избришат дел од снимениот материјал за секојдневните гужви. За попречување на работата на дописникот на Телма реагираше и ЗНМ од каде соопштија дека особено загрижува фактот што ...
Основното јавно обвинителство Штип почна истражна постапка против 38-годишната доцентка на Универзитетот „Гоце Делчев’’ во Штип, за „Примање поткуп“. Според обвинителството, таа на 16 јуни, откако студент не покажал доволно знаење за да го положи испитот кај неа, не му впишала оценка во индексот и во електронскиот систем дека не положил туку директно побарала пари во износ од 300 евра, за да му напише шестка со која тој би го положил ...
Природниот прираст во Македонија е негативен и во градските и во селски средини, односно има повеќе умрени од новородени, објави Државниот завод за статистика. Па така, лани во државата се родиле 15.850 а починале 20.287 лица. Или бројот на новородени е помал за 4.437 на ниво на држава при што разликата е поголема во градските отколку во селските средини. Расте и бројот на разведени па така лани имало 2.185 разводи за разлика од 2020 година, ...
Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција се жали на пуштањето од притвор на една од осомничените во истрагата во која се опфатени вработени во УЈП дека причиниле штета на буџетот од 4,8 милиони евра. Кривичниот суд го укинал притворот на осомничената Елисавета Маркова и е определена гаранција од хипотека на недвижен имот од околу 480 илајди евра и мерки на претпазливост. Според обвинителството, определените мерки се ...
Силното невреме проследено со пороен дожд, грмежи, силен ветер и локална појава на град попладнево предизвика поплави и сообраќаен хаос во Скопје. Голем број улици и подвозници останаа под вода, а движењето низ главниот град е значително отежнато. Според информациите од Центарот за управување со кризи (ЦУК), преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 пристигнале бројни пријави од граѓани за поплавени подрумски простории, дворови ...