Скопје
26ᴼ /
26ᴼ
Вработените во Националниот пакр „Шар Планина“ при теренска обиколка забележале две мали срнчиња. Средбата била кратка, а вработените претпоставуваат дека срчињата ја барале нивната мајка. – Станува збор за многу млади срни, стари најверојатно само неколку недели, што може да се забележи по нивните карактеристични бели дамки. Иако нивното однесување понекогаш може да изгледа збунувачки, младенчињата најчесто не се напуштени. Мајката обично ...
20 осудени лица кои не боледуваат од психичко заболување, туку се здрави и пресметливи, биле сместени во Форензичко одделение на Психијатриската болница „Демир Хисар“ – утврди Тимот на Националниот превентивен механизам при Народниот правобранител. Според заменичката народен правобранител Соња Трифуновска, постојат сериозни сомнежи дека дел од овие лица, преку спорни судско-психијатриски вештачења и лажни наоди за непресметливост, успеале да ...
На ниво на цела држава до 14 часот се регистрирани три пожари од кои два се активни, а еден е изгаснат, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни се пожарите во населбата Свети Недела во Општина Штип и во селото Матејче во Општина Липково, каде гори ниска вегетација. Според ЦУК, изгаснат е пожарот на депонијата во селото Банско во општина Струмица. На ниво на цела држава до 14 часот се регистрирани три пожари од кои два се ...
Градскиот совет на Барселона го постави знамето на виножитото на фасадата на градското собрание, означувајќи го почетокот на прославите за Меѓународниот ден на ЛГБТ+ Овој симболичен чин е дел од многуте активности и програма со културни настани, потврдувајќи ја посветеноста на градот на видливоста, еднаквоста и правата на ЛГБТ+ заедницата. Знамето што се вее од главниот балкон над Пласа Сант Жоум стана годишно обележје во каталонската ...
Од среда (1 јули) започнува целосната забрана за движење во шумите поради зголемена опасност од појава на шумски пожари на отворен простор, мерка што ќе трае до 31 август, соопшти министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ). „Движењето во шумите ќе биде дозволено единствено со писмено одобрување издадено од страна на подружниците на ЈП „Национални шуми“ и Националните паркови, соодветно за подрачјето со кое управуваат“, ...
Потрагата по преживеани по двата катастрофални земјотреси кои ја погодија Венецуела продолжува денеска со забрзано темпо, додека спасувачките екипи се во трка со времето да извадат колку што можат повеќе преживеани од рушевините на стотиците урнати објекти. Колку што разбирливо еуфорично е славјето кога ќе извлечат живо лице од урнатините, толку вознемирувачка е и тишината кога спасувачките екипи и доброволците ќе извадат безживотно тело. ...
Притвореници кои спијат на душеци на земја, затвор без вода за пиење, полициски станици без простории за разговор со деца, отсуство на соодветна здравствена заштита… Ова се дел од недостатоците кои се нотирани во годишниот извештај на Националниот превентивен механизам (НПМ) зад кој стои канцеларијата на народниот правобранител. Минатата година, тимовите на правобранителот биле во 13 ненајавени посети на затвори, полициски станици и ...
Секој граѓанин сам ќе може да одлучи дали по својата смрт сака да биде органодарител, предвидуваат измените на Законот за органодарителство кои денеска се на владина седница. Со измените се проширува и кругот на живи донори, па органи ќе можат да донираат и роднини до четврто колено. Министерот за здравство Азир Алиу оценува дека станува збор за еден од најзначајните и најхумани чекори за унапредување на здравствениот систем. „Пациентот кога ...
Полицијата уапси 37 годишен кочанчанец кој бил фатен како превезува поголема количина на брендирана облека. Во неговото возило биле пронајдени 1.848 парчиња облека од познати фирми. Имало маички, тренерки, шорцеви и дуксери. Од полицијата информираа дека „при извршената контрола на патничкото моторно возило „Опел“ кочански регистарски ознаки управувано од Р.А.(37) било констатирано дека лицето не поседува возачка дозвола а при преглед на ...
„Тендер коалицијата на Христијан Мицкоски се распаѓа пред очите на граѓаните. Наместо Влада којашто работи за интересот на граѓаните гледаме отворена тепачка за фотелји, позиции и бизниси, која се заканува да премине во вистинска војна меѓу криминалните кланови. ЗНАМ, партијата која беше создадена и финансирана од Мицкоски, повеќе не постои. Преостанати се само двајца – Максим Димитриевски и Горан Минчев, кои сега се во директна борба за ...
Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, на денешната прес-конференција упати остри критики до лидерот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го за молк по објавувањето на документот со чувствителни информации од страна на Бугарија. Петрушевски истакна дека по дипломатскиот преседан со кој беа загрозени безбедносните информации за претседателот Христијан Мицкоски и неговото семејство, јавноста очекувала јасна осуда и извинување ...
Членови на Синдикатот и вработени во Градски Трговски Центар АД Скопје протестираа пред управната зграда. Тие се незадоволни зашто не добиле усогласување на платите согласно на минималната плата. „Протестот беше организиран поради игнорантскиот однос на работодавачот, кој и покрај зголемување на минималната плата на национално ниво, платите на вработените останале непроменети“, велат вработените. Според нив ова директно влијае врз нивниот ...
„На маса се сите отворени теми. Нема конечен договор за ниту едно прашање. Очекуваме разврска кон средината на следната недела“ – ова е одговорот на портпаролот на ЗНАМ Никола Мемов на прашањата на новинарите „дали е сигурно заминувањето на Филков од ресорот правда“, „што ќе бараат за возврат“, и „дали е можно да не се постигне договор со ВМРО“. Мемов рече дека се анализира работата на сите министри во владата и спроведувањето на владината ...
Под влијание на топла воздушна маса од југ, до средината на наредната недена нè очекува сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе достигне и 39°C. Високи температури ќе се задржат и во текот на ноќните часови, соопштија од УХМР. Времето денеска е сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има локална ...
79 годишен возач на мерцедес предизвикал сообраќајна несреќа и оштетил шет паркирани волзила на булеварот „Туристичка“ во Охрид. По ударот тој не застанал туку избегал. Полицијата го уапси во селото Коњско, a kaj него биле утврдени 1,51 промили алкохол во крвта. Oдземени му се возачките и сообраќајни документи . „На 25.06.2026 во 12:20 часот на улица „Питу Гули” во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода К.Р.(79) од ...
Членови на Синдикатот и вработени во Градски Трговски Центар АД Скопје протестираа пред управната зграда. Тие се незадоволни зашто не добиле усогласување на платите согласно на минималната плата. „Протестот беше организиран поради игнорантскиот однос на работодавачот, кој и покрај зголемување на минималната плата на национално ниво, платите на вработените останале непроменети“, велат вработените. Според нив ова директно влијае врз нивниот ...
Приколка од товарно возило се преврте на автопатот кон Гевгелија, пришто е причинета материјална штета, информираат од СВР Велес. „Утрово во осум часот во ОВР Неготино било пријавено дека на автопатот Демир Капија – Гевгелија, после тунел Т-2, П.З., 58-годишник од Република Србија, управувајќи товарно возило „мерцедес“ со приколка со српски национални ознаки, изгубил контрола и приколката се превртела на коловозот. Во несреќата настанала само ...
Министерот за здравство Азир Алиу по најавите дека може да биде опфатен со владината реконструкција вели дека се работи за политичка функција и институциите ќе одлучат кој ќе биде на чело на овој ресор. „Не се работи за лично прашање, јас не аплицирав за оваа позиција, туку сум политички поставен – вели тој. Алуи беше 9 месеци министер за здравство и очекува наследникот на оваа позиција да продолжи со започнатите проекти. „Секој ден кога ...
Соединетите Американски Држави размислуваат за намалување на воената присутност во Персискиот Залив и преместување на дел од воените бази, откако сателитските снимки открија дека иранските напади предизвикале поголема штета на поморската база во Бахреин отколку што Вашингтон јавно призна, објави „Волстрит џурнал“. Според весникот, САД ја разгледуваат опцијата за преместување на воените бази од Персискиот Залив, а како една од можните локации ...
Полицијата уапси 37 годишен кочанчанец кој бил фатен како превезува поголема количина на брендирана облека. Во неговото возило биле пронајдени 1.848 парчиња облека од познати фирми. Имало маички, тренерки, шорцеви и дуксери. Од полицијата информираа дека „при извршената контрола на патничкото моторно возило „Опел“ кочански регистарски ознаки управувано од Р.А.(37) било констатирано дека лицето не поседува возачка дозвола а при преглед на ...
Почина македонскиот фолклорист, долгогодишен просветен работник и истражувач на народното творештво Иван Котев, еден од најзначајните собирачи и проучувачи на македонскиот фолклор од Струмичко и Малешевијата. Котев е роден на 14 јули 1939 година во селото Робово, Струмичко. По завршувањето на Учителската школа „Гоце Делчев“ во Штип работел како учител и наставник по македонски јазик во училиштата во Иловица, Босилово и Дабиља, а дипломирал и ...
Системот за сообраќаен надзор „Безбеден град“ започнува постепено да се применува и на подрачјето на СВР Охрид Камерите се поставени и снимаат но системот сè уште се тестира и е во фаза на завршна техничка проверка, велат од СВР Охрид. Во овој период канзи нема да се изрекуваат. Во наредниот период се очекува да биде целосно активиран и на други фреквентни патни правци во регионот. Целта на „Безбеден град“ е зголемена контрола во сообраќајот, ...
Базенот во Тетово, кој со години се градеше и двапати беше пуштан во употреба, денес е во центарот на дебата за полова сегрегација. Иако во летниот период треба да биде отворен за сите граѓани, Општината воведе термини во кои базенот можат да го користат исклучиво жени и девојки, додека на мажите им е забранет влезот. Дали станува збор за оправдан одговор на барањата на дел од граѓанките или за опасен преседан што отвора поделби во јавен ...
Бројот на жртви од двата земјотреси во Венецуела се искачи на околу 235, додека спасувачите се тркаат да стигнат до преживеаните. Повеќе од 50.000 луѓе сè уште се водат како исчезнати или сè уште се заробени под урнатините. Жителите пак чии домови беа срамнети со земја немаат каде да одат. Во текот на последните 24 часа, земји од целиот свет ветија помош и хуманитарна поддршка за Венецуела.Американската војска е на терен и учествува во ...
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, во гостувањето во емисијата „Вин Вин“ на ТВ Телма, упати остри критики до актуелната власт, обвинувајќи ја за деструктивност, недостаток на инклузивност и фокусираност единствено на теснопартиски и лични интереси наместо на ветената реформска агенда. Филипче појасни дека одлуката на СДСМ да не го попречува гласањето на Изборниот законик, и покрај напуштањето на работната група, е принципиелен став против ...
Последните информации за последиците од катастрофалните земјотреси кои ја зафатија Венецуела говорат за најмалку 188 загинати лица, како и повеќе од 1.500-тини повредени во уништувањето предизвикано од силните последователни потреси. Спасувачките екипи пребаруваат низ урнатините во главниот град Каракас и најтешко погодената држава Ла Гуаира, каде што според Обединетите Нации се урнале повеќе од 100 згради. Земјотресите, со магнитуди од 7,2 и ...
Во вечерашната емисија Вин Вин на ТВ Телма, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, упати сериозни обвинувања до владејачката партија за манипулација со националните чувства на граѓаните. Тој истакна дека ВМРО-ДПМНЕ свесно ветувала подобрување на преговарачката позиција со ЕУ, знаејќи дека тоа е невозможно да се оствари. Филипче потенцираше дека опозицијата неколку пати им дала простор на власта да ги остварат своите ветувања за подобар договор ...
Во емисијата „Вин Вин“ на ТВ Телма, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, упати остри критики до владејачката ВМРО-ДПМНЕ, обвинувајќи ги за коруптивни скандали, блокирање на демократската дебата и претворање на законодавниот дом во инструмент на партијата. Филипче откри дека антикорупцискиот тим на СДСМ веќе идентификувал сериозни сомнежи за криминал во тендерските процедури, кои според неговите зборови, се директно поврзани со врвот на ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во гостувањето во емисијата „Вин Вин“ на ТВ Телма, отворено говореше за личните мотиви да остане во државата, политичките напади за неговиот професионален ангажман и одлуката да ја замени неврохирургијата со политика. Филипче призна дека како и многу други граѓани кои престојувале во странство, и тој во одредени моменти размислувал трајно да ја напушти Македонија, но превладала емотивната поврзаност со ...
Со користење на правилата на парламентарната процедура, предлог законот на една мала ултра-десничарска партија во Романија со кој се предлага обединување на оваа држава со република Молдавија успешно ја помина првата фаза во националниот законодавен дом. Предлогот на партијата СОС Романија за обединување со Молдавија бил поднесен во парламентот уште во април и добил негативно мислење од владата, додека ист став имале и правната комисија и ...