Скопје
31ᴼ /
31ᴼ
Голем број граѓани денеска се собраа на протест организиран од граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ под слоганот „Не за нова дозвола на Усје по стари правила“. Со транспаренти, свирежи и извици „Стоп за Усје“, демонстрантите маршираа од Жена парк до Министерството за животна средина и просторно планирање, барајќи построги еколошки стандарди и поголема заштита на животната средина и здравјето на граѓаните. Протестот беше организиран поради ...
Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека низ Ормускиот Теснец вчера поминале бродови со рекордни 19 милиони барели нафта. Во објава на социјалната мрежа Трут соушл (Truth Social), тој го нагласи и значењето на падот на цените на нафтата. „Вчера низ Ормускиот Теснец поминаа 19 милиони барели нафта, рекордно количество во историјата. Цените на нафтата паѓаат, а светот е многу побезбедно место“, напиша Трамп. Цените на нафтата вчера ...
Делегација на талибанските власти во Авганистан се сретна со претставници на Европската комисија во Брисел, каде што започнаа разговори за конзуларни прашања, соопшти портпаролот на авганистанското Министерство за надворешни работи. Меѓу темите на разговорите биле можноста за обновување на конзуларните услуги за авганистанските државјани во Европската Унија, конзуларното присуство, како и „потребата од мерки за градење доверба“, изјави ...
Данскиот министер за одбрана Јепе Брус изјави дека на Гренланд, автономната данска територија, ќе бидат распоредени војници на редовна воена служба. „На Гренланд ќе бидат распоредени регрути заедно со професионални војници и тие целосно ќе учествуваат во сите мисии“, рече Брус, одговарајќи на прашање во парламентот. Данската јавна телевизија (ТВ2) пролетва објави дека армијата планира распоредување регрути на Гренланд од септември, со цел да ...
Вишиот управен суд ја поништи одлуката за престанок на важноста на спојувањето на концесиите за рудникот Иловица, со што се отвора ново поглавје во долгогодишниот спор околу проектот на „Евромакс Ресорсис“. За пресудата денеска беше информирана Владата од страна на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, при што беше посочено дека станува збор за конечна судска одлука која институциите се должни да ја почитуваат. Од ...
Има граѓани кои сакаат да ја изиграат државата и да земаат извори на финансирање од различни институции, нагласи Максим Ацевски, главен државен ревизор, во вечерашното интервју во „Топ тема“ на Телма ТВ. „Во ревизорски извештај констатиравме дека за една година, 259 лица злоупотребиле 18.457.000 милиони денари, поради тоа што земале по различни основи. Класичен пример, земате пензија, во исто време земате социјална помош. Зошто? – Поради тоа ...
Еден леб се фактурирал на одредена институција по 136 денари, наместо килограм леб се фактурира еден леб, откри Максим Ацевски, главен државен ревизор, во вечерашното интервју во „Топ тема“ на Телма ТВ. Извештајот најави дека наскоро ќе биде објавен во јавноста. „Зборуваме за она што значи корпоративно управување и корпоративна одговорност, дали треба да се доведеме како приватни стопанственици да живееме на грбот на државата, да земаме од ...
Констатиравме одредено задоцнето уплатување на средствата во вториот пензиски столб во ревизорскиот извештај за Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, но истовремено загрижува висината на неуплатените средства во Фондот за здравствено осигурување од Фондот за пензиско осигурување, пришто акумулираниот долг од претходните години изнесува 136,4 милиони евра, посочи Максим Ацевски, главен државен ревизор, во вечерашното интервју во „Топ ...
Ревизијата во болницата во Прилеп ја завршивме максимално брзо, ги утврдивме состојбите и имаме поврат на дел од средствата. Но, таму наидовме на состојби за кои се известени и други надлежни органи кои треба да преземат мерки за преземање на одредени благородни метали, изјави Максим Ацевски, главен државен ревизор, во вечерашното интервју во „Топ тема“ на Телма ТВ. „Побаравме надлежна институцвија да преземе мерки, таквите благородни метали ...
Осум години по стапувањето во сила на стандардите за контрола на загадувањето на воздухот, согласно Договорот за основање на Енергетската заедница во 2018 година, емисиите што предизвикуваат загадување во Косово, во Босна и Херцеговина, во Србија и во Северна Македонија се 6,6 пати над дозволените граници, се вели во извештајот на мрежата „Бенквоч нетворк“. Извештајот на мрежата еколошки организации е објавен денеска и се осврнува на ...
Прифатени се седум амандмани од вкупно 105 поднесени во расправа на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците што се одржува попладнево по Предлог на законот за судска служба, во второ читање. Претседателот на Комисијата, Љупчо Пренџов даде пауза и најави дека ќе бидат поднесени и комисиски амандмани. Амандманите кои беа поднесени од опозициските СДСМ и коалицијата, Европски фронт и Левица, се однесуваа на ...
Почина градоначалникот на Општина Брвеница, Јовица Илиевски. Причините за смртта засега не се објавени. Илиевски беше позната политичка фигура во Општина Брвеница, каде што ја водеше локалната институција во последните години. Тој беше оженет и татко на две полнолетни деца. Неговата кариера беше поделена меѓу здравството, локалната политика и спортскиот менаџмент. Од 1999 година до ноември 2021 година беше вработен во ЈЗУ Клиничка болница ...
Една година од одлуката за спомен-обележјето — време е за одговори, велат од кочанското Здружение „16-ти март“ на родители и блиски на загинатите во трагедијата во Пулс Родителите потсетуваат дека уште лани во јуни во Собранието бил прифатен амандманот поднесен од пратеникот Миле Лефков, пратеник во Собранието на Република Северна Македонија од ВМРО-ДПМНЕ, со кој беа обезбедени 2.000.000 денари како првични средства за идејно решение и ...
Вишиот управен суд донел пресуда со која се поништува одлуката за престанок на важење на одлуката за спојување на концесијата за експлоатација на минерална суровина на локалитетот Иловица, Општина Босилово, со концесијата за експлоатација на минерална суровина на локалитетот Иловица, Општина Босилово и Општина Ново Село. „Станува збор за конечна судска одлука која Владата, како институција што го почитува владеењето на правото, е должна да ја ...
Последните потези од Бугарија не носат оптимизам за напредок во дијалогот за евроинтегративниот пат на Македонија. Со ваква оценка денеска излезе премиерот Мицкоски, зборувајќи за објавените информации за дипломатска нота за неговото семејство, околу патување во странство. Според претседателот на Владата, од Софија доаѓаат потези кои се аматерски и не одат во насока на подобрување на односите помеѓу двете земји. „Сигналите коишто доаѓаат ...
Додека Владата очекува позитивна оценка од Европската комисија за спроведувањето на Реформската агенда, опозицијата обвинува дека европскиот пат на државата е во застој. Премиерот Мицкоски вели дека најголем дел од законските решенија се веќе во собраниска процедура и останува да се финализира Изборниот законик. „Останува уште Изборниот законик. Информиран сум дека се ближиме до конечно решение, така што, јас колку што знам на 26 јуни е ...
Оправдано било поништувањето на помилувањата на Иванов по што продолжија кривчните постпаки против обвинетите од СЈО пресуди европскиот сауд зач овкови права во апликацијата на еск градоначалникот на Битола владимир Талевски екс министерот Миле Јанакиески и Коста Митровски. Судот ја земал предвид исклучителната природа на ситуацијата создадена со одлуката на тогашниот претседател да им даде помилување на јавни службеници, вклучително и високи ...
Замената на, од Уставниот суд, укинатиот балансер, во форма на Закон за соодветна и правична застапеност, ја почна собраниската расправа со опозициски тврдења за обид за мајоризација врз немнозинските заедници, за решение со форма наместо содржина кое не го споменува Охридскиот рамковен договор кој е основа на рамномерната застапеност на граѓаните. Вицепремиерот Беким Сали кој го застапуваше законот на Комисијата за политички систем и односи ...
Додека Владата очекува позитивна оценка од Европската комисија за спроведувањето на Реформската агенда, опозицијата обвинува дека европскиот пат на државата е во застој. Премиерот Мицкоски вели дека најголем дел од законските решенија се веќе во собраниска процедура и останува да се финализира Изборниот законик. „Останува уште Изборниот законик. Информиран сум дека се ближиме до конечно решение, така што, јас колку што знам на 26-ти е ...
Потребно е да се направат уставни измени. Ова го изјавила претседателката на бугарското Собрание, Михаела Доцова, по средбата со нејзиниот македонски колега, Африм Гаши, во рамките на 13-тата пленарна сесија на Парламентарното собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа. Доцова ја изрази загриженоста на Софија во врска со антибугарските појави, како и од напад врз дипломатските автомобили на бугарската амбасада. Потребно е да се ...
Последните потези од Бугарија не носат оптимизам за напредок во дијалогот за евроинтегративниот пат на Македонија. Со ваква оценка денеска излезе премиерот Мицкоски, зборувајќи за објавените информации за дипломатска нота за неговото семејство, околу патување во странство. Според претседателот на Владата, од Софија доаѓаат потези кои се аматерски и не одат во насока на подобрување на односите помеѓу двете земји. „Сигналите коишто доаѓаат ...
Буџетската дупка се зголемува за 110 милиони евра и годинава ќе достигне 750 милиони евра, односно 4,1 отсто од Бруто домашниот производ. Владата на денешната седница го усвои ребалансот на буџетот, со кој се предвидува зголемување на приходите, но уште поголемо зголемување на трошењата. Парите ќе се обезбедат од домашни и странски задолжувања. Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска соопшти дека буџетскиот дефицит за првпат се ...
Одделот за имунологија на детската клиника во Скопје привремено престанува да функционира како посебна целина и се спојува со Одделот за пулмологија. Пациентите ќе бидат згрижувани на заедничкиот оддел, додека од Клиниката велат дека мерката е привремена и е донесена поради недостиг на кадар и да се овозможи непречено продолжување на здравствената заштита на децата. Реџеп Мемеди директор на Детска клиника Скопје Од вкупно 144 медицински ...
Поранешниот градоначалник на Општина Центар, сега член на ИО на СДСМ на социјалната мрежа Фејсбук објави видео снимено пред зградата на Владата и постави едно прашање. „Наградно прашање во кое што може да учествува секој без разлика на својата, полова, етничка, верска, политичка или „владина“ припадност. Наградното прашање гласи: Денеска во која земја во Европа, односно во светот, после Бугарија, има најмногу бугарски државјани во својата ...
Владата денеска, на предлог на Министерството за финансии, ги усвои Измените и дополнувањата на Буџетот за 2026 година, со кои се врши усогласување на буџетските проекции со актуелните економски движења и се обезбедуваат дополнителни средства за реализација на развојните приоритети на државата. Како што кажа министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска на прес-конференција во Владата, ребалансот е подготвен во услови на зголемена ...
Големите ланци на трговски маркети се на иста линија со Владата околу намалувањето на цените на основните прехранбени продукти остануваат производителите, добавувачите и дистрибутерите. Пазарната инспекција пак ќе анализира кој ги качува маржите и кој стои зад зголемувањето на цените. Владата и претставниците на големите ланци на трговски маркети постигнале начелен договор на вчерашниот состанок а според премиерот Мицкоски, целта е во јули ...
Фондот за пензиско и инвалидско осигурување е неликвиден. Тој нема доволно средства за сам да ја сервисира исплатата на пензиите, не врши навремената уплата на придонесите за осигурениците во вториот пензиски столб, а доцни по неколку месеци со уплатат за здравственото осигурување на пензионерите. Ова го утврдил Државниот завод за ревизија за финансиското работење на Фондот за пензиско осигурување за периодот 2024 година. Иако приходите од ...
Премиерот Мицкоски не коментира кој од министрите добро си ја завршил својата работа во пресрет на најавената реконструкцијата на владата. По однос на можноста поранешниот министер за здравство Таравари повторно да коалицира со ВМРО – ДПМНЕ премиерот децидно одговара – нема да разговараме преку медиумите. Премиерот Мицкоски не коментира кој од министрите добро си ја завршил својата работа во пресрет на најавената реконструкцијата на ...
Премиерот Христијан Мицкоски денес реагираше дека Бугарија преку дипломатска нота открила дека неговата сопруга и едниот од двата сина три дена минале во Пампорово и дека со тоа им ја загрозиле безбедноста. „Вчера видовме еден преседан во дипломатијата кога излезе една дипломатска нота за тродневен престој на мојата сопруга со мојот помал син кај наши пријатели во Пампорово, нешто што е невообичаена пракса во светот на дипломатијата и можеби ...
Недостигот на медицински кадар повторно ги отвора проблемите во јавното здравство. Одделот за имунологија на Детската клиника во Скопје привремено нема да функционира во досегашниот обем, а пациентите ќе бидат пренасочувани на други оддели. Директорот Реџеп Мемеди уверува дека не станува збор за затворање, туку за реорганизација на персоналот со цел да се обезбедат дежурства и непречена здравствена заштита. Недостигот на медицински кадар ...