Скопје
31ᴼ /
31ᴼ
Во Градскиот парк започна изведбата на сценската кантата „ Кармина Бурана“ од германскиот композитор Карл Орф. Во изведбата учествуваат Македонската филхармонија, Софиската филхармонија и Државниот симфониски оркестар од Солун. Изведбата ја диригира Најден Тодоров од Бугарија, кој го иницираше овој проект , како гест на културна соработка во регионот. Во изведбата се вклучени и хорот на Македонската опера и балет, детскиот хор Пиколо и хорот ...
Холандија ја декласираше Шведска со 5-1 во 2.коло од групата Ф на Светското фудбалско првенство 2026 година. „Лалињата“ во Далас му одржаа лекција на европскиот ривал и ја запишаа првата победа на турнирот откако во премиерниот натпревар, во финишот испуштија победа против Јапонија и ремизираа 2-2. Брајан Броби со два гола во 5-тата и 17-тата минута ја доведе Холандија во водство од 2-0. „Лалињата“ повторно имаа фуриозен старт на второто ...
Со пораки за еднаквост, прифаќање и видливост, денеска од Фонтаната „Лотос“ во Градскиот парк во Скопје се одржа осмата Парада на гордоста, која годинава имаше слоган „Сите нека знаат“. Учесниците носеа знамиња и симболи во боите на виножитото, а организаторите порачаа дека овогодинешниот слоган ја нагласува потребата од поголема видливост на ЛГБТИ+ заедницата, но и укажува на предизвиците и недостатоците на системот со кои таа сè уште се ...
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска обвини дека почетокот на примената на Шенгенскиот систем за влез и излез (EES) на границата со Грција ќе предизвика дополнителни потешкотии за македонските граѓани кои патуваат кон земјите од Европската Унија. Според СДСМ, ова не е само техничка промена, туку и последица на, како што наведуваат, политиките на Владата предводена од премиерот Христијан Мицкоски. „Мицкоски изјави дека Македонија ...
„Индустриското производство во 2026 година е зголемено за 7,6 проценти во споредба со истиот период лани, покажуваат официјалните податоци на Државниот завод за статистика. Според објавените показатели, кумулативно за 2026 година индустриското производство бележи раст од 0,2 проценти“, рече на прес конференција пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Бојан Стојановски. Стојановски оцени дека позитивните резултати во услови кога голем дел од европските ...
Два дена по ред, околу 22:30 часот, иста група млади лица со мотори вандализира училишен двор во Аеродром. Превртуваат контејнери, оштетуваат урбана опрема и оставаат неред во простор наменет за учениците и граѓаните. Градоначалникот на Аердром Дејан Митески објави снимки од 12 и 13 јуни на кои се гледаат пет млади како се качуваат на контејнери и ја уништуваат опремата. Лицата се идентификувани и поднесена е соодветна пријава. Според ...
Американскиот претседател Доналд Трамп продолжи со своите вербални напади врз италијанската премиерка Џорџија Мелони. Во објава на неговата социјална мрежа тој го поврза наводното барање на Мелони да се фотографира со него со намалената популарност на италијанската премиерка и нејзината надворешна политика. „Италијанската премиерка Џорџија Мелони постојано бараше да се фотографира со мене за време на состанокот на Г7 во Франција“, напиша ...
Додека бугарските здруженија закажуваат, па откажуваат протести и најави за блокирање на македонско-бугарските гранични премини, а политичката реторика периодично добива и губи на интензитет, секојдневието на граѓаните од двете страни на границата продолжува со вообичаената динамика. Познато е дека жителите на Струмица и Ново Село често патуваат во блиските бугарски градови за пазарење и бањски туризам, додека нивните соседи од Бугарија ...
Ние треба да се радуваме, да има дата центри во Македонија. Првиот регулатор Ристов во интервју за Телма вели дека светот се движи кон дигитализација и ние не може да се противиме и да не ги следиме трендовите. Во последно време во земјава дата центрите се главна тема. Дел од познавачите сметаат дека Дата центрите ќе трошат големи количини струја, но и вода, што ќе има негативни последици за земјата. Од друга страна првиот регулатор уверува ...
Полициски службеници од Одделението за увид на сообраќајни незгоди го пронајдоа возилото и го идентификуваа возачот кој синоќа удри во детски велосипед управуван од тригодишно девојче и тешко го повреди. Станува збор за патничко моторно возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки управувано од Џ.Б.(19) од скопското село Добрино. Над возилото е извршен преглед и фотографирање, а со возачот е извршен службен разговор. По целосно ...
Полициски службеници од Одделението за увид на сообраќајни незгоди го пронајдоа возилото и го идентификуваа возачот кој синоќа удри во детски велосипед управуван од тригодишно девојче и тешко го повреди. Станува збор за патничко моторно возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки управувано од Џ.Б.(19) од скопското село Добрино. Над возилото е извршен преглед и фотографирање, а со возачот е извршен службен разговор. По целосно ...
Недозволено наплаќање за посета на природниот локалитет Камени кукли во кратовското село Куклица или само наплаќање паркинг на приватен имот брз фискална сметка. Општина Кратово и Здружението на граѓани Извор со години се натегаат кој треба да управува со локалитетот до кој се стигна по пат кој поминува низ приватно земјиште. Проблемот тлее со децении, но пошироката јавност дозна кога се појави видео снимка која предизвика лавина реакции. ...
Намалениот број на ученици и тужбата за сегрегација на учениците од ромската заедница се причините што почнува процесот на затварање на Општинското основно училиште „Гоце Делчев“ во Штип. Две години е работена на стратегијата за реорганизација и оптимизација. И локалната и централната власт тврдат дека наставниот кадар нема да остане без работа. Од новата учебна година од септември нема да има образовен процес за ученици во прво и во шестто ...
Намалениот број на ученици, тужбата за сегрегација на учениците од ромската заедница се причините што почнува процесот на затварање на Општинското основно училиште „Гоце Делчев“ во Штип. Две години е работена на стратегијата за реорганизација и оптимизација. И локалната и централната власт тврдат дека наставниот кадар нема да остане без работа. Од новата учебна година од септември нема да има образовен процес за ученици во прво и во шестто ...
Јавна тајна е дека маркетите го заобиколуваат законот и спроведуваат нефер трговски практики, и ги повикуваме добавувачите и дистрибутерите тоа да го пријавуваат и посведочат за да можеме да преземеме мерки, вели премиерот Христијан Мицкоски. Тој информира дека в понеделник е закажан состанок со маркетите и дистрибутерите на кој ќе им испратат, како што рече, силна порака за начинот на нивното однесување на пазарот. Најави засилување на ...
Во следните десетина дена треба да биде заокружен новиот владин мозаик, а до први јули списокот со кадровски освежувања ќе се најде во законодавниот дом. Ова денеска го најави премиерот Мицкоски, среде средбите со владините коалициски партнери. Вчера зад затворени врати се сретна со лидерите на Вреди, Касами и Меџити, а денеска на ред е средбата со Димитриевски и делегацијата на ЗНАМ. „Во интерес на процесот не би зборувал премногу околу ...
Додека во делови од Тетово уличните светилки се вклучени и среде ден, трошејќи електрична енергија без реална потреба, во некои градски маала, граѓаните со денови се во темнина поради прегорени сијалици. Од современи светилки со сензори до дотраени сијалици поставени на бандери, сликата за јавното осветлување во градот е нерамномерна и исполнета со различни предизвици. Во населбата позната како Тетовчанка, велат дека цела измината недела ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД се обидуваат да започнат високи преговори со Иран, иако процесот наидува на застој поради безбедносни и регионални тензии. Разговорите, кои се дел од 60-дневен „прозорец“ за договор околу нуклеарната програма и стратешкиот Ормутски теснец, засега се одложени. Говорејќи на настан на кој беше промовиран новиот претседателски авион, изрази оптимизам дека договор сепак ќе биде постигнат, но ...
Жителите на јужниот либански град Tир велат дека најавеното примирје меѓу Израел и Хезболах не донело реални промени на теренот, бидејќи воздушните напади и понатаму продолжуваат. Локални жители и очевидци изјавуваат дека во регионот и понатаму се слушаат летови на воени авиони и се бележат нови напади во околните области, и покрај најавите за прекин на огнот. Дел од населението се обидува да ги обнови своите оштетени домови и да се врати на ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Вашингтон се обидува да ја заврши војната меѓу Украина и Русија, оценувајќи дека постои оптимизам за постигнување договор, иако признава дека процесот е покомплициран од очекуваното. – Се обидуваме да ја завршиме таа војна, Украина и Русија. Би сакал да видам како завршува. Многу луѓе – минатата недела беше објавено дека загинале 34.000 луѓе. Војници, претежно војници. Завршив осум војни. ...
Навредливи и неточни. Вака Рим ги оцени коментарите на американскиот претседател Доналд Трамп, во кои тој тврдеше дека италијанската премиерка Џорџа Мелони „молела“ за фотографија со него за време на самитот на Г7. Поради новонастанатата ситуација, италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани ја откажа планираната посета на САД. Откажани се и настаните поврзани со неговата посета во Мајами. Премиерката Мелони реагираше со видео ...
Најдоцна до 1 јули пред пратениците во Собранието ќе се најде списокот со новиот владин кабинет, најави премиерот Христијан Мицкоски, истакнувајќи дека процесот на реконструкција на Владата треба да биде формализиран до крајот на месецот. Мицкоски рече дека во рамки на консултациите со коалициските партнери се разгледуваат различни опции, вклучително и промени во ресорите, но без да открива конкретни кадровски решенија. Тој најави и дека ...
Премиерот Христијан Мицкоски најави дека од понеделник се очекува намалување на цените на горивата, при што бензините би поевтиниле за околу четири денари, а дизелот за околу седум денари по литар. Тој изјави дека очекувањето се базира на тековни калкулации и движењата на светските пазари, посочувајќи и на влијанието на вредноста на доларот. Според него, стабилизацијата на цените може да дојде по најавите за мировни преговори меѓу САД и Иран, ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека администрацијата работи на завршување на војната меѓу Русија и Украина, нагласувајќи дека сака конфликтот да биде прекинат и дека „ќе биде решен“. Во изјава за медиумите, Трамп рече дека САД се ангажирани во обиди за ставање крај на војната, без да наведе дополнителни детали за можните дипломатски чекори. Неговите коментари доаѓаат во период на продолжени борби и меѓународни напори за ...
Најмалку едно лице загина, а неколку други се повредени во руски воздушен напад врз украинскиот град Харков, соопштија локалните власти. Меѓу повредените има и дете, а дел од нив се хоспитализирани. Според регионалната служба за итни случаи, руските наведувани бомби погодиле станбена зграда во раните утрински часови, при што биле извршени евакуации на преживеани и извлекување на жртви од урнатините. Властите наведуваат дека најмалку девет ...
Десет лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случила доцна синоќа на магистралниот пат Свети Николе – Куманово, во близина на Овче Поле. Во незгодата учествувале патничко комбе „фолксваген“ со кумановски регистарски ознаки и паркирано товарно возило „MAN“. Според информациите од МВР, во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле две сопатнички од комбето, додека останатите осум патници се со полесни повреди. – Нa 19.06.2026 ...
Од 22 јуни до 1 јули привремено ќе биде прекинат железничкиот сообраќај на повеќе линии во државата, поради завршни градежни работи на делницата Скопје – Зелениково, во рамките на проектот „Градски воз“, информираат од ЖРСМ Инфраструктура. Во овој период нема да сообраќаат патничките возови на релациите Скопје – Гевгелија, Скопје – Битола и Битола – Велес, како и дел од возовите на линијата Скопје – Велес, при што се укинуваат повеќе редовни ...
Вредноста на синдикалната минимална кошница за јуни 2026 година изнесува 68.654 денари, што претставува намалување од 88 денари во однос на мај, кога изнесуваше 68.742 денари. Со вклучена кирија за стан од 60 квадратни метри, вкупната вредност достигнува 84.024 денари, покажуваат најновите податоци. Најголем дел од трошоците и понатаму отпаѓаат на храната и пијалаците, кои учествуваат со 36,6 отсто од вкупната кошница. Следуваат трошоците за ...
Во јужен Либан денеска повторно беше забележан густ чад, вклучително и во близина на историскиот замок Бофорт, и покрај договореното примирје меѓу Израел и милитантната група Хезболах. Според информации од терен, двете страни во петокот се согласија на прекин на интензивните борби во јужен Либан, по период на ескалација што ја доведе во прашање претходната посредувана рамка за намалување на тензиите. Договорот засега не е официјално потврден ...
Директорката на Националното разузнавање на САД, Тулси Габард, објави декласифицирани документи поврзани со потеклото на Ковид-19, тврдејќи дека тие содржат нови информации за врските меѓу американски финансирани истражувања, Институтот за вирусологија во Вухан и активностите на поранешниот директор на Националниот институт за алергии и заразни болести, Ентони Фаучи. Според Канцеларијата на директорот на националното разузнавање, документите ...