Скопје
31ᴼ /
31ᴼ
Околу 1.700 гости беа евакуирани откако избувнал пожар во хотел во туристичкото место Бајахибе, во источниот дел на Доминиканската Република. Инцидентот се случил во хотелот „Вива Виндам Доминикус Бич“, а на терен интервенирале пожарникари и служби за итни случаи. Според Центарот за итни операции, од хотелот биле евакуирани 1.690 туристи, кои привремено биле сместени во блиски хотели и други објекти за нивна безбедност. Засега нема информации ...
Бројот на претплатници со пристап до интернет преку оптичка мрежа во четвртиот квартал од 2025 година достигнал 228.581, што претставува раст од 2,57 проценти во однос на претходниот квартал и 14,24 проценти на годишно ниво, покажуваат податоците од Агенцијата за електронски комуникации (АЕК). Според извештајот, вкупниот број претплатници на широкопојасен интернет изнесувал 555.415, со раст од 0,92 проценти во однос на третиот квартал и 1,61 ...
Неколку лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случила доцна синоќа на магистралниот пат Свети Николе – Куманово. Според информациите од Територијалната противпожарна единица од Свети Николе, во незгодата учествувале комбе и камион. Пожарникарите интервенирале во 21:02 часот со едно противпожарно возило. При интервенцијата било извршено извлекување на повредените лица од возилата, по што тие биле предадени на екипите на ...
Економските политики и мерките за поддршка на бизнисите и вработувањето даваат резултати, велат од ВМРО – ДПМНЕ, посочувајќи дека стапката на невработеност е намалена од 12,5 на 11,3 проценти, додека стапката на вработеност е зголемена од 45,6 на 46,5 проценти, според податоците на Државниот завод за статистика. Според партијата во првиот квартал од 2026 година биле евидентирани 707.385 вработени лица, што претставува раст во однос на 691.736 ...
Македонската филхармонија, Софиската филхармонија и Државниот симфониски оркестар на Солун вечерва од 21 часот ќе одржат заеднички концерт во Градскиот парк во Скопје. Настанот, насловен „Филхармонија на отворено“, ќе ја донесе пред публиката култната кантата „Кармина Бурана“ од германскиот композитор Карл Орф. Со оркестарот ќе диригира маестро Најден Тодоров, а како солисти ќе настапат сопранистката Ана Дурловски, тенорот Николас Спанос од ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Белорусија дека помага во руските напади со беспилотни летала врз Украина и му постави рок од една недела на Минск да ја отстрани комуникациската опрема за која Киев тврди дека се користи за насочување на нападите. На прес-конференција во Киев, Зеленски изјави дека Русија ја користи белоруската територија уште од почетокот на инвазијата во 2022 година и предупреди дека Украина ќе преземе ...
На граничните премини „Богородица“ и „Дојран“ утринава е регистрирана зголемена фреквенција на возила, при што времето на чекање за излез од државата изнесува околу 40 минути, информираат од АМСМ. На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено и по суви коловози, додека интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен. На граничните ...
Од СДСМ оценија дека по две години од владеењето на премиерот Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, државата се соочува со економски проблеми, зголемен јавен долг и недоволни резултати во подобрувањето на животниот стандард на граѓаните. Според партијата, буџетскиот дефицит е речиси исцрпен уште во првата половина од годината, додека растот на економијата се темели претежно на личната потрошувачка. Од СДСМ тврдат дека нема доволно средства за ...
Во железничка несреќа во Минхен, едно лице е тешко повредено откако два вагони од товарен воз излетале од шините и паднале од мост. Според германската полиција, вагоните се одвоиле од композицијата и паднале од височина од околу пет метри. Надлежните служби соопштија дека засега не е познато што точно превезувал возот, но нагласија дека товарот не претставува опасност за жителите во околината. На местото на несреќата веднаш интервенирале ...
Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) попладнево соопшти дека во земјава е регистриран прв случај на Зика вирусна инфекција во земјава. Ризикот за населението во моментов се оценува како низок. „На ден 17.06.2026 година, од страна на Одделението за вирусологија при ИЈЗ, Одделот за епидемиологија на заразни заболувања при ИЈЗ доби информација за конфирматорен позитивен наод на зика вирусна инфекција“, соопшти ИЈЗ. Како што наведуваат оттаму, ...
Италијанската премиерка Џорџа Мелони го обвини американскиот претседател Доналд Трамп дека измислил приказна за неа со изјавата дека на самитот на Г7 го молела за заедничка фотографија. Мелони порача дека е „вчудоневидена“ од неговите коментари и тврди дека се измислени во целост. Истовремено го обвини дека покажува многу повеќе обзир кон противниците на Западот отколку, што според неа, е случај кон долгогодишните сојузници. Најновиот ...
Секој заинтересиран ќе има увид во емисиите на индустриските капацитети преку веб страницата на министерството за животна средина и просторно планирање, тоа е регистарот што го најавив пред нешто повеќе од еден месец и ова работиме, најави Муамед Хоџа, министер за животна средина и просторно планирање, во вечерашното интервју во „Топ тема“ на Телма ТВ. „Тоа ќе биде транспарентно за сите граѓани. Стојам за тоа што сум го кажал. Ако евентуално ...
Барањето на цементарница „Титан Усје“ за обновување на А интегрираната дозвола за работа е доставено уредно, постапката тече, треба да заврши во март месец, законот влегува во сила во септември во 2027 година, што значи дека дозволата за „Усје“ ќе биде според правилата на новиот закон, уверува Муамед Хоџа, министер за животна средина и просторно планирање, во вечерашното интервју во „Топ тема“ на ТВ Телма. „Тоа ќе го кажеме ние, ќе го кажат ...
Притвор за поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Илчо Ѓорѓиоски во врска со истрагата за три милиони евра штета на Куќата на фудбалот преку незаконски исплати на фирми. За четворица осомничени, Кривичниот суд одреди мерки за претпазливост како што бараше обвинителството. Осомничен е и наследникот на Ѓорѓиоски на функцијата, Муамед Сејдини кој од пред два месеца е зад решетки за друг случај со проневера во ФФМ. ...
Минута молк на почетокот на денешниот прес на Коалицијата „Менуваме“. Причината е смрт за една недела на седум лица со попреченост, на возраст од 50 до 60 години, кои имале телесен инвалидитет, слепило и Mултиплa склероза. Починале поради кратењето часови за лични асистенти, рече координаторот на Коалицијата. „Мислам дека е алармантна ситуацијата . Си го поставуваме прашањето кога излегуваат министрите, кога велат „Еве ние социјалата ја ...
Бедри Бериша алиас Зекири бил уапсен денеска во акција на АНБ и на МВР. Претходно за него беше издадена потерница, а се поврзува со скопскиот нарко клан Барон. Пред пет години бил запрен и приведен на граничниот премин „Блаце“, но по интервенција на полициски началник бил пропуштен, пред да се утврди дека по него има распишана потерница. Од МВР за Телма потврдија дека уапсениот бегалец за кого има затворска казна за обид за убиство е префрлен ...
Над 120 ветеринарни друштва со јавни овластувања коишто ги спроведуваат активностите по годишната наредба за здравствена заштита на животните, сè уште ги немаат добиено парите од државата за здравствена заштита на животните. Ветеринарите на денешниот состанок реагираа и на драстичното намалување на буџетот за здравствена заштита на животните во Агенцијата за храна и ветеринарство. Забележуваат дека се доведени во ситуација да не можат да ги ...
Кривична пријава против директор на детска градинка во Штип, го оштетил буџетот на општината и градинката за над 7,7 милиони денари. СВР Штип поднесе кривична пријава против М.И.(46) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Пријавениот, како в.д. директор на Општинска јавна установа – детска градинка во Штип, во периодот од 12.09.2023 до 11.05.2026 без спроведување ...
Притвор за поранешниот претседател на ФФМ Илчо Ѓоргиоски и за уште 7 лица бара обвинителството во рамки на истрагата за 3 милиони евра штета на куќата на фудбалот преку незаконски исплати на фирми. За четворица осомничени се бараат мерки на претпазливост. Осомничен е и наследникот на Ѓоргисоки на функцијата Муамед Сејдини, кој од пред два месеци е зад решетки за друг случај со проневера во ФФМ. За време на мандатот на Ѓоргиоски од 2015 до ...
Заврши јавната расправа за Предлог-законот за игри на среќа, при што приредувачите и вработените предупредија дека измените се „политички популизам“ и дека можат да доведат до затворање на околу 10.000 работни места и раст на сивата економија. Тие апелираа до пратениците да формираат мешовита работна група која во краток рок би изработила ново законско решение усогласено со европските стандарди. Државата си создава подобри услови за себе ...
Задоволувал полови страсти врз мртви жени, но можно е да убил и две жени во ист ден и тоа на верскиот празник Бадник. Ова се најгрозоморните факти поврзани со серискиот убиец кој една година никој не го разоткри. Тој уби па силува четири жени во регионот на кумановско Старо Нагоричане, а се обидел да убие уште две. Обвинителството ја заврши истрагата започната во февруари, откако изврши и четири есхумации, од кои во три се покажа дека жените ...
Најмалку 18 лица загинаа во последните израелски напади во Либан, ден откако Соединетите држави и Иран го потпишаа меморандумот за разбирање, како што официјално е познат рамковниот договор кој двете страни го постигнаа по повеќе од два месеци преговори. Израел, кој соопшти дека уништил 80 цели на Хезболах само во текот на минатата ноќ, како одговор на загинувањето на четворица израелски војници во претходен напад на Хезболах. Се вративме ...
Се зголемува поддршката на граѓаните за членство во Европската унија од 53 проценти во 2023 на 58 оваа година. Главната причина на граѓаните за поддршка е подобриот животен стандар со 58 проценти, по што следат намалувањето на невработеноста и зголемување на демократијата. Губењето на идентитетот е најголемата причина против членство во ЕУ кај граѓаните, со 49 проценти. Вакво расположение на граѓаните покажа новата анкета „Еврометар“ на ...
Големите компании, банките, фондовите, адвокатите, извршителите. Сите овие да учествуваат во изградбата на Чебрен – првиот регулатор Велков со предлог како да се дојде до пари за реализација на деценискиот проект. Во интервју за Телма вели дека капиталот со кој располагаат наместо да го трошат за да купуваат станови, можат да го насочат кон енергетиката. Зошто државата да не емитира акции од Чебрен и акумулираните средства, а не знаат што да ...
Ако граѓаните продолжат да фрлаат отпад во Охридското езеро, ќе го загубиме подводното културно наследство. Ова во интервју за „ Култ- култура“ го кажа Валентина Тодороска, единствениот подводен археолог во Македонија и кустос во Археолошкиот музеј. Таа ја стекнала првата обука за подводен археолог во Црно море, уште како апсолвент во 2000 година. За тоа , но и за вредноста на подводниот локалитет Врбник , што се наоѓа во Охридското езеро, ...
Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција ја презеде истрагата за потпалувањето на двата автомобили на бугарски дипломати а осомничениот четириесет и четири годишен скопјанец нема да одговара за предизвикување на општа опасност туку за Загрозување лица под меѓународна заштита, односно член 420 од Кривичниот законик, каде предвидената казна е од најмалку една година „затвор. Осомничениот скопјанец, во понеделникот, подметна ...
Имиња, позиции, оценки за сработеното. Денеска започнуваат разговорите за реконструкција на владините редови. Коалициските партнери седнуваат на маса, согласни дека има потреба од реформи и освежување. Пред два дена на 36-годишнината на ВМРО-ДПМНЕ, лидерот на партијата и премиер Мицкоски, јасно порача дека не е задоволен од работата на дел од функционерите. Министри и директори се оддалечиле од граѓаните и станале недостапни, оцени премиерот ...
Најавената блокада на трите гранични премини меѓу Бугарија и Македонија, која требаше да се одржи во недела, е откажана по разговори со претставници на бугарското Министерство за надворешни работи и бугарската амбасада во Скопје. Одлуката ја соопшти претседателот на Фондацијата „Македонија“, Виктор Стојанов, кој претходно иницираше онлајн-анкета за поддршка на идејата за блокирање на премините „Ѓуешево – Деве Баир“, „Станке Лисичково – ...
СВР Струмица, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против С.Р.(38) и С.О.(61), двете од Струмица, поради постоење на основи на сомнение дека сториле кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 став 1 од Кривичниот законик. Првопријавената С.Р., како раководител на Сектор за урбанизам, комунални работи и градежно земјиште при општина Струмица, ги пречекорила границите на своите ...
Денеска во Собранието продолжи јавната расправа по предлог-законот за игри на среќа, во второ читање. Министерството за финансии го образложи законското решение, кое предвидува воведување построги правила и ограничувања, меѓу кои задолжително растојание од 500 метри од образовни установи, засилени контроли и нови рестрикции во делот на рекламирањето. Предлогот предизвика реакции од здруженијата на приредувачи на игри на среќа, кои укажуваат ...