Скопје
31ᴼ /
31ᴼ
Од денеска од 12:00 часот, граѓаните нема да можат да ја користат апликацијата и системот „Мој ДДВ“. Од Управата за јавни приходи велат дека во тек се активности за подобрување на ИТ инфраструктурата на УЈП, поради што апликацијата ќе биде недостапна. „Недостапноста се должи на миграцијата на системот кон нова инфраструктура со цел да се обезбеди поголема безбедност и достапност на услугата“, велат од УЈП. Системот ќе биде повторно ставен во ...
Министерката за образование Весна Јаневска вели дека наставниците во земјоделското училиште во Битола, не биле доволно ажурни и не успеале да привлечат да се запишат повеќе ученици. Во прва година се запишале само три деца, кои поради малиот интерес сега ќе треба да се запишат во друга струка. „Наставниците не се потрудија да обезбедат деветооделенци кои ќе учат во тоа училиште кое е најстаро и има запишано само три ученици во прва година, а ...
Премиерот Христијан Мицкоски објави дека одржал работна средба со претставници на најголемите маркети во државата. „Во наредниот период ќе следат средби и со добавувачите и производителите, со цел заеднички да придонесеме годишната инфлација и цените на основните производи во јули да останат под 3 проценти. Владата останува посветена на мерки што го штитат животниот стандард и обезбедуваат поголема сигурност за граѓаните“, напиша премиерот на ...
Што точно се реконструира? Ова е прашањето што денеска го повторија од опозицискиот Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ), а се однесува на најавената реконструкција на владата за што разговорите меѓу владините партнери се во тек и наскоро треба да бидат познати новите решенија. Од „Бихаќка“ велат дека реконструкцијата што ја најави премиерот Христијан Мицкоски е само нова шминка на истото старо, нефункционално и корумпирано тело, без ...
Финансиската писменост на спортистите е ретко на потребното ниво, а директно влијае врз квалитетот на нивниот живот, имајќи предвид дека нивната кариера и работен стаж траат кратко. Од Александар Бошковски кој е поранешен фудбалер, а сега – брокер и инвестициски агент, дознаваме повеќе за тоа каде спортистите најмногу грешат, кој и како ги прави најголемите финансиски малверзации кон нив и како е најпаметно еден спортист да располага и ...
Македонија четврта година по ред има нов 3×3 баскет шампион, што претставува доказ за атрактивноста и неизвесноста на оваа игра! Тимот Синатра во атрактивното финале одиграно на уникатниот терен во Парк ,,Авионче” – Ново Лисиче, го совлада бранителот на титулата Еуроедил и заслужи билет за Светското 3×3 Ред Бул халф корт првенство 2026 година. Македонија ќе навива за тимот Синатра во месец декември, кога најдобрите од светот ќе се ...
Најмалку 18 лица починаа во Франција, вклучувајќи две деца оставени во жежок автомобил, објави Ројтерс, додека топлотен бран ја зафати Европа. Училиштата во Франција ги пуштија на распуст децата или пак направија измени во распоредите. Температурата во Бордо, во западниот вински регион на Франција, се искачи на 41,9 степени Целзиусови (107,4 степени Фаренхајт), со што е соборен рекордот од минатиот август. Во Поатје во централна Франција ...
Премиерот Христијан Мицкоски објави дека одржал работна средба со претставници на најголемите маркети во државата. „Во наредниот период ќе следат средби и со добавувачите и производителите, со цел заеднички да придонесеме годишната инфлација и цените на основните производи во јули да останат под 3 проценти. Владата останува посветена на мерки што го штитат животниот стандард и обезбедуваат поголема сигурност за граѓаните“, напиша премиерот на ...
Екстремните температури и наглите временски промени значително го зголемија бројот на интервенции на Итната медицинска помош. Дополнителен предизвик се долгите времиња на чекање, кои поради недостиг на кадар, возила и сообраќаен метеж често достигнуваат и до 40 минути или повеќе. Се поставува прашањето: како да се обезбеди побрза и поефикасна Итна медицинска помош во услови на сè почести топлотни бранови? АНКЕТА: Дали сметате дека жештините ...
Државниот завод за ревизија во анализата за 2024 година утврди дека наплатените придонеси за пензиско и инвалидско осигурување не се доволни за покривање на расходите за пензии, поради што значителен дел од средствата се обезбедува преку трансфери од Буџетот на државата, кои учествуваат со 36,71% во вкупните приходи на Фондот. Ревизијата утврди дека Фондот не врши навремена уплата на придонесите и за здравствено осигурување на пензионерите ...
Конзервативниот коментатор Такер Карлсон објави дека ги прекинува сите врски со Републиканската партија, и дека „нема шанси да ја поддржи Републиканската партија“ пред ноемвриските среднорочни избори. Еден од најпопуларните водители на Fox News Channel, зборувајќи во поткастот „Не може да се цензурира“ рече дека очекуива и други да го следат неговиот потег. „Заминувам. И ако јас си одам, мислам дека многу други луѓе си одат“, рече Карлсон кој ...
Вашингтон одобри 60-дневно олеснување на санкциите кон Иран, со кое до 21 август се дозволуваат производство, продажба и испорака на иранска сурова нафта и петрохемиски производи. Мерката отвора можност и за директен увоз на иранска нафта во САД, како и за банкарски, осигурителни и транспортни услуги. Шеесетдневното ослободување од санкции е издадено од американското Министерство за финансии со што се прекинува долгогодишното ембарго на ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска посхумно со Орден „8 Септември“ ќе ја одликува Наде Проева, историчарка, професорка и авторка. Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска посхумно со Орден „8 Септември“ ќе ја одликува Наде Проева, историчарка, професорка и авторка. Проева се одликува со ова високо признание за нејзиниот особен придонес во афирмирањето на македонската историографија. Орденот ќе го прими нејзината ...
Две години власт, две години Влада на ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ. Што се смени, освен што ДУИ не е на власт, а СДСМ е во опозициска кома!? Кој е досегашниот учинок од премиерскиот мандат на Христијан Мицкоски и неговото парламентарно мнозинство? Во „Топ тема“ вечерва дебатираа пратениците Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ и Јованка Тренчевска од СДСМ. Две години власт, две години Влада на ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ. Што се смени, освен што ДУИ ...
Иран за време на разговорите со САД во Швајцарија не преговарал за својата нуклеарна програма, ниту, пак, прифатил какви било нови обврски, изјави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, за иранската новинска агенција ИРНА. Тој истовремено наведе дека соработката на Техеран со Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) ќе продолжи во согласност со постоечките процедури, одлуките на иранскиот Парламент ...
Чешкиот претседател Петр Павел нема да биде дел од националната делегација на самитот на НАТО наредниот месец, соопшти владата во Прага. Изземањето на Павел претставува нарушување на традицијата и предизвика правна битка со државниот врв. Премиерот Андреј Бабиш, лидер на популистичката партија „Акција на незадоволните граѓани“ (АНО), кој ги загуби претседателските избори во 2023 година од Павел, изјави дека е должност на владата да ги брани ...
Да се зборува за јавен долг од влада која само до пред две години била власт и која што во периодот додека владеела го дуплирала сето она кое што го задолжиле сите влади од осамостојувањето е малку дегутантно, рече Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, во вечерашната дебата во „Топ тема“ на Телма ТВ. „Во 2018 година имаме земено, како држава, еврообврзница од 500 милиони евра, во 2020 година – 700 милиони евра, во 2021 година – 700 ...
Нула резултати, економски дебакл, две години лажни ветувања, рекорден долг на државата и зголемена сиромаштија, е оценка на Јованка Тренчевска, пратеничка на СДСМ, за двегодишниот учинок на владата што го изнесе во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма. „Имаме сериозно влошување на животниот стандард, имаме сериозно намалени странски инвестиции од 76,1 процент во 2025 година во однос на 2024 година, зголемен јавен долг за над 2,5 ...
Прогласена вонредна состојба во Мостар поради големиот пожар што гори од утрово на депонија за да се овозможи брзо и оперативно делување на надлежните служби. Според градоначалникот Марио Кордиќ, пожарот е локализиран во рамки на депонијата, не се прошири на околното подрачје, изгоре сала за рециклирање, а благодарение на напорите на пожарникарите, спасена е управната зграда. Прогласена вонредна состојба во Мостар поради големиот пожар што ...
На територија на државата до 16 часот имало 10 пожари на отворен простор од кои два се уште се активни, соопшти попладнево Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни пожари, според ЦУК, има меѓу селата Грчец и Шишево во Општина Сарај, каде гори ниска вегетација и мешана шума и кај селото Калаузлија во општина Радовиш. Останатите осум пожари се изгаснати. На територија на државата до 16 часот имало 10 пожари на отворен простор од кои два ...
Јавното претпријатие „Лајка“ остана без својата маскота, кучето Циги. Вработените во „Лајка“ денеска се простија од кучето чиј лик красеше едно од комбињата на претпријатието. Вработените во „Лајка“ за Циги знаеја да кажат дека е вистинскиот сопственик на „Лајка“, бидејќи бил роден пред околу 12 години во поранешното прифатилиште Вардариште, денешна „Лајка“ и целиот живот го поминал таму. Циги воедно беше и домаќинот на „Лајка“, бидејќи беше ...
Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багeи изјави дека водечкиот принцип во преговорите меѓу Иран и САД е „обврска за обврска“. Тој нагласи дека Техеран будно ќе следи како другата страна ги исполнува своите задачи и ќе ги искористи сите расположливи средства за да го гарантира нивното почитување, пренесе иранската новинска агенција ИРНА. Багeи ова го објави денеска на платформата „Икс“, откако иранската ...
Гвинеја забрани извоз на сурово злато за да го поттикне домашното рафинирање на скапоцениот метал. Одлуката ја објави претседателот Мамади Думбуја по состанокот со индустриски и занаетчиски оператори на злато и купувачи на злато. Гвинејското злато ќе се топи и преработува воземјата пред да се извезе во странство, а операторите кои продолжуваат да извезуваат сурово злато ќе се соочат со суспензија на лиценците и раскинување на договорите за ...
Пред повеќе љубители на книжевноста, писатели, студенти и професори од Филозофскиот факултет во Загреб, како и претставници на културниот живот во Хрватска, во македонскиот Културно-информативен центар во Загреб се одржа книжевна вечер посветена на современата македонска книжевност и на авторите Снежана Младеновска Анѓелков и Игор Анѓелков. Творештвото на Снежана Младеновска Анѓелков и Игор Анѓелков, препознаено и од книжевната критика и од ...
Најмалку 13 лица загинаа, а 66 се повредени во експлозија во комплекс за течен природен гас во Рас Лафан, соопшти катарскиот министер за енергетика, Сад Шерид ал-Каби. Инцидентот, според официјални податоци што ги пренесоас државните и меѓународни медиуми, се случил во гасната постројка Барзан при повторно придвижување на системот. Погонот важи за еден од најголемите во комплексот за преработка и извоз на течен природен гас во Катар и едно од ...
Незадоволителна е понудената откупна цена на јачменот, откупувачите нудат од 9 до 10 денари за килограм. Земјоделците забележуваат дека оваа цена не им ги покрива трошоците за производство. Во Овче Поле и Штипско во полн ек е жетвата на јачменото, проценките се дека 50% од родот на нивите е собран. По завршување на жетвата на јачменот ќе се жнее и лебното зрно. „Па производителите бараат да не биде под 16, затоа што со се под тоа ќе бидат во ...
Бензинот Еуросупер БС-95 од ноќеска на полноќ поевтинува за 3,50 денари по литар, Еуросупер БС-98 за 4 денари, а дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 7 денари, одлучи Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ). Новата цена на литар Еуросупер БС-95 ќе изнесува 84 денари, литар ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 86 денари, дизелот за 80,50 ...
Без пари и вложување во правосудниот систем нема ниту независно ниту ефикасно судство, порачува претседателката Силјановска. Таа на новинарско прашање за Законите за судска и јавнообвинителска служба кои на јавната собраниска расправа беа критикувани од оние.чии плати и кариери се кројат, вели мора да се вложува за да се добие правда. -Не зборуваме само за платите на судиите и јавните обвинители. Ние зборуваме за многу важна логистичка ...
Буџетската дупка ќе се продлабочува, но тоа за првпат е резултат на зголемени трошоци за капитални инвестиции, вели министерката за финансии. Има и намалување на приходите од акцизи поради мерките за ограничување на цените на горивата. Од крајот на март до 15 јуни на сила беа намалување на ДДВ и намалување на акцизите за горивата. Ребалансот на буџетот ќе се разгледува на утрешната владина седница. „Ќе има одредена корекција на буџетскиот ...
Четириесет и тригодишен македонски државјанин е обвинет за убиство со умисла во Грција, откако го призна делото врз две години повозрасна жена на Крит. Предметот е формиран и доставен е до Основното јавно обвинителство во Ханија. Според локалните власти, случајот е сложен, бидејќи исчезнувањето на жртвата (Ставрула Левендаки) било пријавено на 8 јуни 2026 година, а истрагата утврдила дека таа исчезнала уште на 30 мај. „Соочен со непобитните ...