Скопје
29ᴼ /
29ᴼ
Во отчетот за двегодишното работење, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, рече дека затекнале застој, институционален хаос, наталожени проблеми и нерешени предмети. Кога тој го презел раководењето со Министерството, резултатите се видливи. „Имаме зголемен извоз на земјоделски производи и нивни преработки од 417 милиони евра во 2025 година, суфицит од 215 милиони евра истата година. Согласно податоците на ...
По кратко боледување почина истакнатиот македонски лекар, д-р Душан Јовановски, специјалист радиолог со над четири децении кариера во здравството. Д-р Јовановски, својот професионален пат го започна во Здравствениот дом Кратово во 1989 година, каде беше и Директор од 2005 до 2009. Од 1987 до 1997 беше спортски доктор на фудбалскиот клуб Силекс, а во периодот од 2000 – 2005 и спортски доктор на Националниот фудбалски тим на Република ...
Министерството за дигитална трансформација и ФИНКИ денес официјално го означија почетокот на проектот „Везилка“ – првиот Национален центар за вештачка интелигенција во Македонија, кој ќе претставува клучна национална инфраструктура за развој на знаење, иновации и примена на вештачката интелигенција. Проектот се реализира како стратешко партнерство меѓу Владата, Министерството за дигитална трансформација, академската заедница и Европската ...
Собранието денеска расправа за интерпелацијата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, поднесена од Левица поради наводи за селективно постапување, непрофесионално работење и политичко влијание во МВР. Тошковски ги отфрла обвинувањата и тврди дека станува збор за политички мотивиран обид да се попречи борбата против криминалот и корупцијата. Собранието денеска расправа за интерпелацијата на министерот за внатрешни работи Панче ...
Претставник на амбасадата на Бугарија вчера бил повикан на разговор во македонското министерство за надворешни работи, по протекувањето на дипломатската нота од бугарска страна на портали со лични податоци за патувањето во јануари на сопругата на македонскиот премиер, Христијан Мицкоски, со нивниот малолетен син во Бугарија. Шефот на македонската дипломатија, Тимчо Муцунски, не сакаше да открие што било кажано од бугарска страна на ...
Во Основниот суд во Струга денеска не започна судењето за злоупотреби во РЕК Битола во висина од 1,7 милиони евра. На обвинителна клупа требаше да седнат сопственикот на „Марковски компани“, Борче Марковски, директори во РЕК Битола и вработени во двете фирми. Вкупно осум физички и едно правно лице се обвинети за злоупотреби во јавните набавки, со што, според обвинението, го оштетиле комбинатот за околу 1,7 милиони евра. Судењето беше ...
По ревизорскиот извештај за работењето на на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија од Фондот ја информираат јавноста дека предмет на ревизија е работењето на Фондот во текот на целата 2024 година, кога во првите девет месеци управувал раководен кадар именуван од претходната Влада предводена од СДСМ и ДУИ. Фондот на ПИОМ со полна одговорност оценува дека слабостите кои се однесуваат на тековното административно ...
Лишен од слобода скопјанец за предизвикување пожар во скопско. Полицијата одрачјето на Бит Пазар, го лишија од слобода Д.У.(43) од Скопје, лице со здравствени проблеми. Тој е осомничен делка во с.Горно Оризари, скопско, предизвикал пожар во плевна со сено. Нема повредени лица, а Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. Лишен од слобода скопјанец за ...
Управата за финансиска полиција поднесе кривични пријави против пет физички лица и две правни лица до надлежните јавни обвинителства во Скопје, поради сомнежи за повеќе кривични дела поврзани со злоупотреба на службена положба, фалсификување деловни книги и употреба на исправа со невистинита содржина. Според наводите, пријавените во својство на надзорни инженери изготвувале завршни извештаи со неточни податоци за недовршени објекти, со што ...
Образованието и науката се столб на развојот, поради што остануваме посветени на реформите што ќе обезбедат подобри можности за младите и поконкурентна држава, порача денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска на прес-конференција во Владата, каде што даде отчет за сработеното во изминатите две години. Според Јаневска, Министерството затекнало сериозни предизвици, но со системски пристап и посветена работа започнало процес на ...
Повеќе реакции се појавија во јавноста откако Вишиот управен суд ја поништи одлуката за престанок на важноста на спојувањето на концесиите за рудникот Иловица. Од еколошкото здружение „Здрава котлина“ изразуваат загриженост поради судската одлука и најавуваат дека будно ќе ги следат сите понатамошни постапки поврзани со проектот, оценувајќи дека заштитата на животната средина и здравјето на граѓаните мора да останат приоритет. Од „Здрава ...
Силното невреме проследено со пороен дожд, кое синоќа ја зафати Битола и околината со повеќе од 40 литри дожд на метар квадратен, предизвика сериозни оштетувања на повеќе улици во градот. Најголеми штети се забележани на улицата „Дебарска“ каде што водата однесе голем дел од коловозот. Жителите велат дека со години предупредуваат дека на овој потег од околу 150 метри има потреба од целосна реконструкција. Според нив, улицата била асфалтирана ...
Друштвото на писателите на Македонија со тага информира дека денес, во 89-тата година од животот, почина Јован Павловски – поет, раскажувач, романсиер, публицист, енциклопедист; член на Друштвото на писателите на Македонија од 1962 г. и негов претседател од 1992 до 1996 и од 2006 до 2008 г. Роден на 10 септември 1937 година во Тетово, тој е автор на повеќе од дузина збирки песни: „Август“ (1962), „Медеја“ (1969), „Идентитет“ (1974), ...
Објавено е редовното статистичко соопштение за позначајните промени кај надворешниот долг, надворешните побарувања и меѓународната инвестициска позиција. На крајот на првиот квартал од 2026 година: На 31.3.2026 година, нето надворешниот долг изнесува 4.804 милиони евра (или 26,2% од проектираниот БДП), при што бележи квартално зголемување од 218 милиони евра (4,8%), како резултат на поизразениот раст на бруто-долгот во однос на растот на ...
СДСМ тврди дека според документите бјавени во јавноста генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, е поврзан со компанија регистрирана во Бугарија. Бугарски капитал, фрима или ваква поврзаност не е наведена во неговите анкетни листови доставени до ДКСК. ДКСК не смее да биде нем набљудувач на скандалите на власта. ДКСК мора веднаш да отвори предмет, да ги провери сите факти, да ги побара сите документи и без одлагање да ја информира ...
Проблемот со професионалните возачи и превозници во Шенген зоната влезе во Завршната декларација на Парламентарното собрание на Процесот за соработка на земјите во Југоисточна Европа(SEECP) што се одржа во Софија. Македонската делегација ја предводи спикерот Африм Гаши, а членови се и пратениците Петар Ристески и Илир Демири. Ристески на Фејсбук напиша дека е задоволен што амандманот за професионалните возачи го поддржале сите пет земји ...
Лука Модриќ го одигра 200-тиот натпревар за хрватската репрезентација во победата од 1-0 против Панама на Светското првенство. Капитенот на Хрватска стана само четвртиот фудбалер во историјата со 200 или повеќе настапи за националниот тим, по Кристијано Роналдо, Лионел Меси и Бадер Ал-Мутава од Кувајт. Модриќ точно 20 години е дел од репрезентацијата на Хрватска, која ја предводеше до најголемите успеси во нејзината историја – финалето на ...
Меѓународната поморска организација на Обединетите нации најави голема операција за евакуација на повеќе од 11.000 морнари кои со месеци се заглавени во Персискиот Залив поради воениот конфликт меѓу САД, Израел и Иран. Операцијата ќе се спроведе во соработка со Иран, Оман, САД и други држави од регионот. Генералниот секретар на организацијата, Арсенио Домингез, изјави дека се обезбедени сите неопходни безбедносни гаранции за безбедна пловидба ...
Во Обединетото Кралство е на сила црвено предупредување за екстремна топлина, откако метеоролозите најавија дека температурите во следните денови би можеле да достигнат или да се доближат до 40 степени Целзиусови. Највисоки вредности се очекуваат во Лондон и југоисточна Англија. Британските власти предупредуваат дека жештината може да има сериозни последици по здравјето на населението, како и врз инфраструктурата, енергетскиот систем и ...
Европската Унија направи чекор напред кон воведување на дигитално евро, откако Европската централна банка доби клучна парламентарна поддршка за понатамошен развој на проектот. Новата дигитална валута треба да претставува електронско средство за плаќање гарантирано од централната банка, достапно за граѓаните на еврозоната преку банки и финтех компании. Идејата за дигитално евро се промовира како одговор на растечката доминација на ...
Летната работа сè почесто станува избор на средношколците кои сакаат да заработат сопствени пари и да стекнат прво работно искуство. Таа носи и позитивни страни како одговорност и самостојност, но отвора и прашања за условите и искористувањето на младата работна сила. Дали е тоа животна школа или само сезонски џепарлак – останува отворена дилема за која вреди да се размисли. АНКЕТА: Дали средношколците треба да работат преку лето? Да/Не ...
Директорот на Државна лотарија, проф. д-р Александар Климовски во своето излагање на јавната дебата за предлог законот за игрите на среќа и забавните игри, правно и аргументирано истакна дека државата треба да биде единствен приредувач на интернет игрите на среќа. Имено со Решението У. бр. 156/2019 од 6-ти мај 2020 година на Уставниот суд, со кое не се поведува постапка за оценка на уставноста на член 7 ставови 2 и 3 од Законот за игрите на ...
Американскиот Сенат контролиран од републиканците, усвои резолуција со која се бара претседателот Доналд Трамп да ја запре воената операција против Иран или да побара одобрение од Конгресот за продолжување на воените активности. Но, резолуцијата е во голема мера симболична бидејќи, дури и по усвојувањето во двата дома на Конгресот, таа нема да биде испратена до Трамп на негово разгледување и нема сила на закон. Група републиканци им се ...
СДСМ преку соопштение бара итна реакција од надлежните институции по објавените информации за наводна поврзаност на генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, со компанија регистрирана во Бугарија. Од опозициската партија велат дека според документи објавени во бугарски медиуми, Јанушев е поврзан со компанијата „ФЛУГБАН ТРАНС“ ДОО со седиште во Ќустендил, чија основна дејност е патен линиски превоз на стока. Според СДСМ, во сопственичката ...
– Додека официјална Бугарија секојдневно испраќа пораки со кои директно се оспоруваат македонскиот идентитет, јазик и историска посебност, Венко Филипче молчи и ја убедува македонската јавност дека нема причина за загриженост, пишува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата велат дека „наместо да бара цврсти гаранции и да ги брани националните позиции, Филипче однапред дава сигнали дека е подготвен за прифаќање на барањата кои македонскиот ...
Пратениците денеска ќе расправаат по интерпелацијата за министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Ова е трета интерпелација за Тошкковски. Интерпелацијата е поднесена од пратениците на Левица, кои го обвинуваат министерот за саботирање на истраги, селективна примена на правдата и партизација на Министерството за внатрешни работи. Во образложението за интерпелацијата, за Тошковски пишува дека креирал „приватна партиска полиција заради ...
Со традиционалното садење дрво и поетско читање во Паркот на поезијата во чест на добитникот на „Златен венец“ за 2026 година, холандската поетеса Анеке Брасинга денеска во Струга почнува 65-тото издание на Струшките вечери на поезијата. Официјалното отворање на манифестацијата ќе биде вечер со палење на фестивалскиот оган и читање на Константиновата Т`га за југ во Домот на поезијата, а ќе продолжи со Меѓународното поетско читање ...
Граѓанската иницијатива „Здрава Котлина“ остро реагираше на одлуката на Вишиот управен суд со која се поништува одлуката за престанок на важноста на спојувањето на концесиите за рудникот Иловица, оценувајќи дека пресудата е донесена без соодветно образложение. Во соопштение со наслов „Баравте војна – си добивте војна“, од иницијативата тврдат дека судот донел одлука „со никакво штуро образложение“ и посочуваат дека во пресудата, според ...
По барање на јавното обвинителство беа спроведени дополнителни ревизии на останатите друштва за приредување на игри на среќа во кои државата е доминантен сопственик, тоа се друштва во кои државата има 51 процент во нивната сопственост и констатиравме состојби кои што се слични на работењето на Државна лотарија, рече Максим Ацевски, главен државен ревизор, во вечерашното интервју во „Топ тема“ на Телма ТВ. „Навистина треба да се запрашаме, во ...
Голем број граѓани денеска се собраа на протест организиран од граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ под слоганот „Не за нова дозвола на Усје по стари правила“. Со транспаренти, свирежи и извици „Стоп за Усје“, демонстрантите маршираа од Жена парк до Министерството за животна средина и просторно планирање, барајќи построги еколошки стандарди и поголема заштита на животната средина и здравјето на граѓаните. Протестот беше организиран поради ...