Шпанија славеше убедлива победа од 4-0 против Саудиска Арабија во рамки на второто коло од групата Х на Светското фудбалско првенство. По киксот и ремито без голови против Зеленортски Острови во првото коло, европскиот шампион денеска доминираше во Атланта и го реши победникот уште во првото полувреме. Резултатот го отвори Ламин Јамал во 10-тата минута по асистенција на Микел Ојарзабал. Токму напаѓачот на Реал Сосиедад потоа постигна два гола ...

Пратеничката група на СДСМ и коалицијата, поднесе вкупно 82 амандмани на предложените законски решенија за судската и јавнообвинителската служба, соопштија од СДСМ. „Од нив, 55 амандмани се однесуваат на Законот за судска служба, 27 на Законот за јавнообвинителска служба, а дополнително 19 амандмани ќе бидат поднесени како комисиски амандмани. Предлог измените се резултат на сериозни укажувања од стручната јавност и синдикалните претставници, ...

Пратеничката група на СДСМ и коалицијата, поднесе вкупно 82 амандмани на предложените законски решенија за судската и јавнообвинителската служба, соопштија од СДСМ. „Од нив, 55 амандмани се однесуваат на Законот за судска служба, 27 на Законот за јавнообвинителска служба, а дополнително 19 амандмани ќе бидат поднесени како комисиски амандмани. Предлог измените се резултат на сериозни укажувања од стручната јавност и синдикалните претставници, ...

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција информира дека се обезбедени уште четири лица кои беа недостапни во рамки на истрагата за наводните злоупотреби во Фудбалската федерација на Македонија. Од нив, две лица денеска беа изведени пред судија на претходна постапка. За едниот осомничен е определена мерка притвор, а за вториот се определени мерки за обезбедување на присуство. Другите двајца утре ќе бидат ...

Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер денеска го објави името на деветтото засилување за следната сезона. Повремениот српски репрезентативец Алекса Колаковиќ потпиша договор со битолскиот клуб. Колаковиќ има 28 години и игра на позицијата среден бек. Во Македонија доаѓа по шест сезони минати во француското првенство. Четири сезони настапуваше за Сан Рафаел, а последните две за Шартр. Во досегашната кариера има и шест настапи за репрезентацијата ...

Кој се кити со македонското злато? Прашање на кое е тешко да се одговори додека не се одговори на прашањето кое злато. Во рудниците во земјава, како секундарна суровина се произведуваат и одредени количини злато и сребро. Според Законот за минерални суровини, рудниците за метали, кои во производниот процес произведуваат злато, се должни прво да ѝ го понудат за продажба на Народната банка на Македонија по пазарна цена. Ако Народната банка не ...

Жељко Обрадовиќ и официјално се враќа на клупата на Панатинаикос. Трофејниот српски стратег потпиша тригодишен договор со грчкиот гигант и по 14 години повторно ќе го предводи клубот со кој ги оствари најголемите успеси во кариерата. Обрадовиќ го предводеше Панатинаикос од 1999 до 2012 година и во тој период создаде вистинска европска династија. Со „зелените“ освои пет титули во Евролигата, 11 шампионски титули во Грција и седум Купови на ...

Речиси еден метар од коловозот е пресечен, а градежен шут е расфрлан по улицата и околните објекти. Вака моментално изгледа улицата „Охридска“ во скопската населба Маџир Маало. Револтираните жители велат дека веќе две години се соочуваат со проблеми поврзани со градежните активности на објектот што се довршува во нивното соседство. Според информациите што ги добиле, на просторот каде што е пресечен асфалтот е предвидена изградба на тротоар и ...

Речиси еден метар од коловозот е пресечен, а градежен шут е расфрлан по улицата и околните објекти. Вака моментално изгледа улицата „Охридска“ во скопската населба Маџир Маало. Револтираните жители велат дека веќе две години се соочуваат со проблеми поврзани со градежните активности на објектот што се довршува во нивното соседство. Според информациите што ги добиле, на просторот каде што е пресечен асфалтот е предвидена изградба на тротоар и ...

Се почесто одекнува сирената на Брзата помош низ скопските улици. Зад секој повик стои нечие нарушено здравје, а понекогаш и борба за живот. Екипите на Итната медицинска помош дневно интервенираат во околу 80 случаи, најчесто поради колапси на јавни места, но и кај пациенти со акутни, кардиоваскуларни и белодробни заболувања. – Човекот како топлокрвно битие, високите надворешни температури му влијаат и се разбира дека организмот се обидува да ...

Опозицијата е консолидирана и расте ама власта нема да добие алиби за предвремени избори. Социјалдемократите порачуваат дека немаат намера да бидат „резервен играч“ во сценариото за предвремен изборно соочување. Лидерот на партијата Филипче со оценка и за реконструкцијата на Владата која треба да се случи во следните две недели – смета дека станува збор за промена на фотелји, а не промена на политики, оставајќи ги граѓаните и понатаму без ...

На грчкиот остров Сирос во архипелагот Киклади избувна шумски пожар, поради што властите издадоа предупредување за евакуација на жителите од областа Триа Лагонја кон главниот град Ермуполи. Во гаснењето учествуваат четири авиони за фрлање вода, заедно со пожарникари и доброволци на терен. Пожарот избувнал во близина на областа Анбела на југот од островот, а причината засега не е позната. Според властите, поголемиот дел од летните пожари во ...

15-годишно девојче од Скопје се обидело да се самоубие, не можејќи да го издржи малтретирањето од таткото. Обвинителството соопшти дека против 56-годишниот татко повеле постапка за Загрозување на сигурноста. Осомничениот подолго време психички и физички ги малтретирал сопругата и нивните две деца на возраст од 18 и 15 години, но од страв не го пријавувале, сè додека девојчето не можејќи веќе да ги издржи заканите, навредите и притисокот од ...

Во Швајцарија денеска започнуваат високи билатерални разговори меѓу Соединетите Американски Држави и Иран, со цел да се имплементира прелиминарниот договор за прекин на војната и стабилизирање на состојбата на Блискиот Исток. Средбите се одржуваат во Бургеншток, со посредство на Катар и Пакистан, во обид да се задржи кревкиот дипломатски процес кој во последните денови е под силен притисок. Американската делегација ја предводи ...

Во вториот уписен рок во средните училишта во земјата се достапни 11.882 слободни места за учениците кои не се запишале во првиот јунски уписен рок, соопшти Министерството за образование и наука. На првото електронско пријавување, спроведено од 12 до 15 јуни, биле пријавени 15.075 ученици, од кои 13.397 се успешно запишале во средните училишта за учебната 2026/2027 година. Најголем дел од запишаните се за настава на македонски јазик, додека ...

Основното јавно обвинителство во Штип отвори истражна постапка против едно лице поради основано сомнение за извршување на полови дејствија врз 16-годишно девојче. Според истрагата, на 18 јуни осомничениот ја следел малолетничката на пешачка патека покрај реката Брегалница, по што дошло до инцидент во кој таа била вознемирена но успеала да се оддалечи. Јавниот обвинител предложил мерка притвор поради опасност од бегство, можност за влијание ...

Македонски државјанин го признал убиството на 45-годишна Гркинка, сопственичка на стан во кој живеел како потстанар во близина на Ханија на грчкиот остров Крит. Телото на жената било пронајдено утрово, три седмици по нејзиното исчезнување. Според грчките медиуми, осомничениот бил последната личност што ја видела жената жива, по што првично негирал каква било вмешаност. Тој подоцна бил уапсен по друго дело, а за време на полициско испрашување ...

Голем шумски пожар избувна во областа Алмиропотамос во Каристос на грчкиот остров Евија, по што властите наредија евакуација на населението од загрозените подрачја. Пожарот по неколкучасовна борба со огнената стихија е локализиран, соопштуваат локалните служби. Во гаснењето биле ангажирани околу 120 пожарникари, засилени пешадиски екипи, волонтери и 35 противпожарни возила. И покрај тоа, силните северни ветрови дополнително ја отежнувале ...

Од денеска започнува директна авиолинија меѓу Виена и Охрид, со што Охридскиот аеродром „Апостол Павле“ добива ново редовно поврзување со една европска престолнина. Првиот лет го реализира авиокомпанијата „Austrian Airlines“. Новата линија претставува значаен чекор во подобрување на меѓународната поврзаност на земјата и зголемување на пристапноста до Охрид како туристичка дестинација. Надлежните очекуваат зголемен број патници и дополнителен ...

На Светското фудбалско првенство синоќа и утринава се комплетираа натпреварите од групите Е и Ф. Германија со пресврт славеше против Брегот на Слоновата Коска, Јапонија го декласираше Тунис, а Курасао стигна до историски резултат против Еквадор. Во дербито на вечерта, Германија славеше против Брегот на Слоновата Коска со 2-1. Африканската селекција поведе во 30-тата минута со голот на Франк Кеси, но германскиот селектор по еден час игра ...

Контроверзниот туристички проект на албанскиот брег, поврзан со Џаред Кушнер, зет на американскиот претседател Доналд Трамп, предизвикува сè поголемо незадоволство во Албанија. Илјадници демонстранти повторно излегоа на улиците на Тирана барајќи оставка од премиерот Еди Рама. Протестите, познати како „револуција на фламингата“, секојдневно привлекуваат нови поддржувачи, вклучувајќи и Албанци кои живеат во странство. Демонстрантите ...

Претставници на САД и Иран денеска започнуваат нова рунда директни разговори во Швајцарија, во обид да се зачува договорот за прекин на конфликтот и да се постигне напредок околу нуклеарното прашање и безбедноста во регионот. Преговорите се одржуваат во услови на нови тензии, откако Техеран соопшти дека повторно го затвора Ормутскиот Теснец, обвинувајќи ги САД и Израел за прекршување на договорените обврски. Американската војска, пак, тврди ...

Најмалку шест лица загинаа во новите израелски напади врз Појасот Газа, меѓу кои и снимател на телевизијата Ал Џезира, како и најмалку едно дете, соопштија локалните здравствени власти и спасувачки служби. Телевизијата Ал Џезира соопшти дека нивниот снимател Ахмед Вишах бил убиен во напад врз куќа во централниот дел на Газа, оценувајќи го инцидентот како напад врз новинарите. Израелската армија, пак, тврди дека Вишах бил припадник на военото ...

Еден од основачите на светски познатата гејминг-компанија „Ubisoft“, Клод Гијмо, загина во авионска несреќа во западна Франција. Во несреќата животот го загубил и неговиот инструктор по летање. Според локалните власти, двомоторниот авион „Цесна 421“ се урнал во поле непосредно пред слетувањето на аеродромот Ла Бол на атлантскиот брег. И двајцата биле искусни и лиценцирани пилоти. Гијмо заедно со своите четворица браќа ја основал „Ubisoft“ во ...

Полицијата го идентификуваше и пронајде 19-годишниот возач кој по сообраќајната несреќа во скопското село Визбегово го напуштил местото на настанот. Во несреќата тешко беше повредено тригодишно девојче кое управувало детски велосипед. Според информациите од СВР Скопје, станува збор за лице од селото Добрино кое управувало патничко возило „Фолксваген Голф“ со скопски регистарски ознаки. Возилото е пронајдено и подложено на увид и ...

Бројот на потврдени случаи на ебола во Демократска Република Конго достигна 956, соопштија здравствените власти. Од вкупниот број заразени, 247 лица починале како последица на опасниот вирус. Само во последните 24 часа се регистрирани 23 нови случаи и уште два смртни исхода. Тоа претставува дополнително зголемување во споредба со претходниот ден, кога беа евидентирани 933 заразени и 245 починати. Надлежните институции продолжуваат со ...

Најмалку пет лица загинаа, а 13 се повредени во масовните руски напади врз Запорошката област во текот на изминатата ноќ. Најтешко погодени биле градот Запорожје и околните населени места. Според регионалните власти, врз областа биле извршени дури 846 напади врз 50 населени места. Во нападите биле употребени десетици воздушни удари, стотици беспилотни летала и артилериски гранати. Покрај човечките жртви, пријавена е и голема материјална ...

Летото во Македонија и на северната Земјина полутопка официјално започна денеска во 10:24 часот со летниот солстициј – астрономски настан што го означува најдолгиот ден и најкратката ноќ во годината. Во истиот момент, на јужната полутопка започна зимата. Во Скопје, Сонцето изгреа во 4:58 часот, а ќе зајде во 20:13 часот, што значи дека денот ќе трае 15 часа и 14 минути. Времето денеска ќе биде претежно сончево и топло, со можност за ретки ...

Во Градскиот парк започна изведбата на сценската кантата „ Кармина Бурана“ од германскиот композитор Карл Орф. Во изведбата учествуваат Македонската филхармонија, Софиската филхармонија и Државниот симфониски оркестар од Солун. Изведбата ја диригира Најден Тодоров од Бугарија, кој го иницираше овој проект , како гест на културна соработка во регионот. Во изведбата се вклучени и хорот на Македонската опера и балет, детскиот хор Пиколо и хорот ...

Во Градскиот парк започна изведбата на сценската кантата „ Кармина Бурана“ од германскиот композитор Карл Орф. Во изведбата учествуваат Македонската филхармонија, Софиската филхармонија и Државниот симфониски оркестар од Солун. Изведбата ја диригира Најден Тодоров од Бугарија, кој го иницираше овој проект , како гест на културна соработка во регионот. Во изведбата се вклучени и хорот на Македонската опера и балет, детскиот хор Пиколо и хорот ...

weather icon

Скопје

31ᴼ / 31ᴼ
1.36
26%
1012
weather icon

Белград

31ᴼ / 31ᴼ
1.47
44%
1013
weather icon

Загреб

31ᴼ / 31ᴼ
2.96
44%
1016
weather icon

Софија

27ᴼ / 27ᴼ
1.31
35%
1014
weather icon

Сараево

31ᴼ / 31ᴼ
1.8
38%
1013
weather icon

Љубљана

25ᴼ / 24ᴼ
1.22
68%
1017
weather icon

Атина

33ᴼ / 31ᴼ
5.81
39%
1010
weather icon

Тирана

33ᴼ / 33ᴼ
2.48
22%
1012
weather icon

Подгорица

31ᴼ / 31ᴼ
1.26
29%
1012
weather icon

Букурешт

31ᴼ / 29ᴼ
2.24
48%
1012
weather icon

Будимпешта

32ᴼ / 28ᴼ
2.68
46%
1014
weather icon

Истанбул

27ᴼ / 27ᴼ
2.38
55%
1010
Currency

61.525

Currency

53.2545

Currency

71.6902

Currency

37.4757

Currency

38.0929

Currency

65.6998

Currency

7.91167

Currency

0.64333

Currency

0.33688

Currency

0.52413

Currency

1.12065

Currency

0.56022

Злато

137126.15

Рутениум

53852.50

Кобалт

56.29

Бакар

13.54

Родиум

278103.96

Паладиум

43435.66

Калај

56.77

Цинк

0.00

Сребро

2005.37

Платина

55652.94

Алуминиум

3.27

Иридиум

252383.36