Загрижувачки се бројките за семејното насилство. Во првите пет месеци од годинава се регистрирани 768 кривични дела, што е за 67 проценти повеќе од лани. Најчести се телесните повреди и загрозувањето на сигурноста, а евидентирани се и четири убиства поврзани со семејно насилство. Во пораст е и врсничкото насилство. Регистрирани се 90 инциденти во 64 училишта, а особено загрижува фактот што бројот на случаи на насилство врз деца е повеќе од ...

Двајца адвокати на екс премиерот Никола Груевски кој е во бегство, а се назначени по службена должност не дојдоа да дадат завршни зборови во предметот за имотот на ВМРО ДПМНЕ. На првиот му се родило дете па земал слободни денови, а второназначениот од судот денеска, не можеа да го најдат. Поради ова судењето се одложи за на 30 ти јуни, на кое се предвидени завршните зборови иако денеска се очекуваше можно објавување и на пресуда. Процесот е ...

По загриженоста на невладините организации дека може да се предизвика недостиг на струја и вода со отворањето на Дата центри во земјава, министерката за енергетика и рударство Сања Божиновска уверува дека тоа нема да се случи. Таа вели дека доколку инвеститор на овие Дата центри е приватно лице тој ќе треба сам да ги обезбеди потребните услови за функционирање на овие центри. „Што се однесува до Дата центрите, ако се тоа приватни инвестиции, ...

Наместо целосно да ги покрие потребите од струја на домаќинствата и малите потрошувачи, ЕСМ идната година на Универзалниот снабдувач ќе му испорача 30 отсто помалку електрична енергија од своите капацитети или 70 отсто. Ова е дел од обврските пропишани со европската реформската агенда. Со оглед на тоа што количините кои сега се добиваат од државните електрани, догодина ќе треба да се обезбедат на отворен пазар, каде цените генерално биле ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција потенцираше дека извештајот на Европскиот парламент ги потврдува предупредувањата на СДСМ за состојбите во државата, посочувајќи дека нема реформи, нема борба против корупцијата и нема напредок на европскиот пат. „Извештајот на Европскиот парламент е јасен, остар и недвосмислен, а тоа е дека едноставно немаме напредок на европскиот пат. Премиерот јавно зборува дека нема да ...

Бурни реакции во Тетово откако Уставниот суд ја прифати иницијативата на Сојузот на борците и ја укина одлуката на општинскиот совет од 2007 година за преименување на голем број улици и плоштадот. Додека од ДУИ одлуката ја нарекоа скандалозна и удар врз идентитетот, од локалната власт на Вреди обвинуваат за сценарио меѓу ДУИ и Уставниот суд за дефокусирање на јавноста, тврдејќи дека општината веќе работи на ново, законско решение. Сојузот на ...

„Ова не беше лесно“ американскиот претседател Доналд Трамп и иранскиот претседател Масуд Пезешкијан електронски потпишаа почетен договор за завршување на војната. Видеото како американскиот претседател го потпишува документот прв го објави францускиот претседател Макрон на мрежата Х. Трамп тоа не го навести пред новинарите, туку откако слета од Самитот на Г7, рече дека на вечерата очекува многу забава. Доналд Трамп, претседател ан САД Да, ...

Под водство на обвинител од Обвинителството за гонење на организиран кримкнал, во содејство со МВР и Финансиската полиција, се спроведува акција на повеќе локации, се вршат претреси. Според информациите на Телма пред половина час, во рамките на оваа акција е приведен Илчо Ѓоргиевски, поранешен претседател на ФФМ. Под водство на обвинител од Обвинителството за гонење на организиран кримкнал, во содејство со МВР и Финансиската полиција, се ...

Вишиот суд во Белград ги осуди родителите на Коста К., момчето кое на 3 мај 2023 година уби девет ученици и еден обезбедувач на основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград. Владимир Кецмановиќ e осуден на 14 години и шест месеци затвор за кривично дело занемарување и злоставување на малолетно лице и тешко кривично дело против јавната безбедност, додека Миљана Кецмановиќ e осудена на две години и 11 месеци затвор за кривично дело ...

Украина ја започна својата најголема офанзива со беспилотни летала врз Москва во последните две години, објави Си-ен-ен повикувајќи се на руската државна новинска агенција ТАСС. Во нападот оштетена е клучната рафинерија за нафта и предизвикан е пожар. Градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин рече дека противвоздушната одбрана соборила најмалку 194 беспилотни летала што се упатиле кон руската престолнина во текот на ноќта што е многу повеќе ...

Сточарите од делчевскиот регион најавуваат протести и блокади доколку итно не се реши кризата со откупот на млеко, поради најавениот прекин на откупот од дел од млекарниците. Според здружението „Симентал“, ова ќе погоди околу 80 сточари и дневно производство од 15.000 литри млеко, а причината ја гледаат во недоволната заштита на домашното производство од увоз. Дали решението е во притисок врз институциите или во итен дијалог и договор? ...

Првичните разговори меѓу Соединетите Американски Држави (САД) и Иран, по индиректното електронско потпишување на Меморандумот за разбирање за прекин на војната, се закажани за утре во планинското одморалиште Биргеншток во Швајцарија, објави денес швајцарската влада. „Како што стојат работите, останува планот САД и Иран, заедно со медијаторите Пакистан и Катар и другите вклучени земји, да се сретнат утре во Биргеншток за почетни преговори за ...

Денеска се очекува пресуда во предметот „Талир 2“, кој се однесува на изградбата на седиштето на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ во Скопје. Случајот е поврзан со наводи за незаконско финансирање и градежни активности околу партиската зграда. Првообвинет во овој предмет е поранешниот премиер Никола Груевски, за кого обвинението се однесува на неговата улога во процесот на изградбата и финансирањето. Случајот со години е дел од повеќе судски ...

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, го поздрави прелиминарниот договор меѓу САД и Иран, со цел да се стави крај на нивната војна пред почетокот на состанокот на министрите за одбрана на НАТО. Привремениот договор постигнат од САД и Иран за ставање крај на нивната војна ќе го отвори Ормутскиот теснец и ќе ги врати двата противници на преговарачка маса за нуклеарната програма на Техеран. Исто така, ќе му даде на Иран непосредна корист, ...

Претседателите на САД и Иран потпишаа почетен мировен договор со цел да се стави крај на воениот конфликт меѓу двете земји. Договорот предвидува итен прекин на воените операции, повторно отворање на Ормускиот Теснец и почеток на преговори за конечно решение во рок од 60 дена. Според договорот, Иран се обврзува дека нема да развива нуклеарно оружје, а неговите резерви на збогатен ураниум ќе бидат разредени под надзор на Меѓународната агенција ...

Азиските финансиски пазари забележаа силен раст откако беше објавено дека САД и Иран потпишале почетен договор за ставање крај на воениот конфликт. Јапонскиот берзански индекс „Никеи 225“ скокна за повеќе од 1.400 поени и достигна рекордно високо ниво во текот на тргувањето утрово. Позитивен тренд беше забележан и на јужнокорејскиот пазар, каде што индексот КОСПИ порасна втор ден по ред. Аналитичарите оценуваат дека договорот ги намалил ...

Претседателот на САД Доналд Трамп електронски го потпиша меморандумот за разбирање со Иран во среда, потврди за Фокс Њуз функционер од Белата куќа. Трамп го потпиша документот за време на вечера со претседателот Емануел Макрон во Версајската палата. Фотографија од договорот е испратена и до Иранците и до земјите посреднички, со што планираната главна церемонија на потпишување во Женева се откажува. И од иранското Министерство за надворешни ...

ВМРО ДПМНЕ вечерва во Струмица го одбележа 36 роденден. Во спортската сала пред присутните членови и симпатизери претседателот на партијата и премиер Христијан Мицкоски испрати неколку пораки и најави промени кои како што рече почнуваат од утре со реконструкцијата на Владата. Тој рече дека прецизно го следи феноменот кај дел од ешалоните на власта кои се однесувале спротивно на принципите на Владата и на кои како што рече „фотелјите им ...

Филмот ја раскажува интимната и емотивна приказна за младиот Сем Фејбелман, кој расте во Америка во 1950‑тите и ја открива својата љубов кон филмот. Преку семејни тајни, лични страсти и предизвици, Сем се обидува да ги разбере сложените односи со своите родители и да најде свој глас како млад режисер. Филмот е делумно автобиографски, инспириран од животот на Стивен Спилберг, и ја истражува магијата, радоста и болката на создавањето уметност и ...

Оваа акциона комедија го следи Џеј Џеј, (Дејв Батиста) крут агент на ЦИА, кој поради својата несуптилност упропастува голема акција за сузбивање на нелегална трговија со плутониум за оружје. Поради тоа е деградиран и пратен на прикриено набљудување, каде ке се најде во немилост на супер интелигентната 9 годишна Софи, чие семејство го набљудува. Кога Софи ќе ги открие камерите во станот во кој живее со нејзината мајка, го следи сигналот и ...

Ида има дваесетина години и потекнува од добро ситуирано семејство. Еден ден исчезнува без никаква трага. Нејзиниот љубовник Сандер доброволно се согласува да биде затворен во еден стан, каде што таткото и братот на Ида го испрашуваат. Намерите на овој безгрижен невработен маж се нејасни – тој живее во пријатни спомени за неговата и Идината романтична фаталност, од типот „ние против целиот свет“. Во низа прашања и одговори, Сандер не ја ...

Животот со Шеферд е единствениот живот за кој што знае Селах. Нивната самодоволна заедница не поседува модерна технологија и е скриена во шумата, далеку од модерната цивилизација. Тој е чувар, учител и љубовник на групата. Секоја од многуте женски членови на групата е или негова сопруга или ќерка. Селах е чиста во верата, но исто така и опасно своеглава. Таа била одгледана како ќерка на Шеферд, но само е прашање на време кога и таа ќе стане ...

Креативниот пар Стине и Теит и нивниот син Немо го напуштаат големиот градски живот во Вестербро и се преселуваат во изолирана кабина во шведската дивина. Овде тие се надеваат дека повторно ќе се откријат себеси како поединци додека ги документираат своите искуства во серија на подкаст. За жал, откриваат дека не се толку изолирани како што мислеле: од другата страна на езерото има уште една двојка кои се изненадувачки слични на нив. Наскоро, ...

Тото е роден како најмалото и најслабо пиле во кокошарникот. Кога злобен ранчер ќе се закани дека ќе му го уништи домот и семејството, Тото мора да се претвори од плашливо младо пиле во храбар и снаодлив петел. Заедно со своите пријатели, Тото тргнува во возбудлива авантура полна со смеа, акција и изненадувања, која ќе докаже дека и најмалите можат да направат големи работи. Тото е роден како најмалото и најслабо пиле во кокошарникот. Кога ...

Од создавањето на валутите, парите го движат светот, а луѓето направија сè што е во нивна моќ за да добијат што повеќе од нив, вклучително и некои од најлудните и најневереојатни обиди за грабеж на сите времиња. Користејќи динамични реконструкции, драматично раскажување и врвни визуелни ефекти, надополнето со сведоштва од луѓето што биле присутни на настанот. „Најголемите грабежи во историјата со Пирс Броснан“ навлегува во сложените шеми и ...

Во предметот за мазутот, сметам дека јавната обвинителка, постапувајќи во предметот, дошла до фаза во која сметала дека ги презела сите истражни дејствија од доказите кои што ги прибрала и единствен резултат од тие докази е да донесе Наредба за запирање на истражната постапка, рече републичкиот Јавен обвинител, Ненад Савески во вечерашното интервју во „Топ тема“ на ТВ Телма. „И кога ја донесе таа одлука, јас не бев информиран заради тоа што ...

Не смееме да оставиме впечаток дека две институции како што се Јавното обвинителство и министерството за внатрешни работи (МВР) имаат меѓусебен конфликт, истакна републичкиот Јавен обвинител Ненад Савески во интервју во „Топ тема“ на Телма ТВ во врска со преписките за случајот со наводната шпионска афера во Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска Давкова. „Прво, конфликт не може да има. И тие и ние постапуваме согласно нашите ...

Тоа што открив дека премиерот ми се јави да се запознае за предметот за мазутот не гледам дека ми се удри од глава, изјави републичкиот Јавен обвинител, Ненад Савески во вечерашното интервју во „Топ тема“ на ТВ Телма. „На секој телефонски повик јас одговарам. Тоа не беше тема на разговорот воопшто, ниту беше побарано од претседателот на владата, јас да му реферирам за предметот“, рече Савески. Тој потоа и даде сопствено видување на ...

Во согласност со реформската агенда треба да се спроведе и Законот за Јавно обвинителската служба, смета републичкиот Јавен обвинител Ненад Савески. Тој укажа на разликите меѓу заклучоците на работната група на овој предлог закон и она што го добија како верзија на Јавната расправа во Собранието од Министерството за правда. Според него, потребна е целосна финасиска независнот на Обвинителството, но и подобрување на условите за работа. Тој во ...

Три возила се оштетени откако падна дел од фасада од зграда во општина Карпош на улицата Јуриј Гагарин број 33. Полиција беше на лице место и направи записник а додека екипата на Телма снимаше, повторно дел од фасадата падна врз паркираните автомобили на жителите на висококатницата, кои втор пат се соочуваат со истиот проблем. „Денес околу 16:20 часот комшиите не известија дека е паднат дел од фасадата. Оштетени се три возила. Известени се ...

weather icon

Скопје

32ᴼ / 32ᴼ
2.87
25%
1011
weather icon

Белград

33ᴼ / 33ᴼ
1.61
39%
1013
weather icon

Загреб

31ᴼ / 31ᴼ
3.18
40%
1016
weather icon

Софија

29ᴼ / 29ᴼ
1.63
31%
1013
weather icon

Сараево

33ᴼ / 33ᴼ
1.18
33%
1012
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 26ᴼ
1.42
66%
1017
weather icon

Атина

34ᴼ / 32ᴼ
3.13
40%
1010
weather icon

Тирана

34ᴼ / 34ᴼ
4.01
19%
1011
weather icon

Подгорица

32ᴼ / 32ᴼ
1.8
27%
1012
weather icon

Букурешт

32ᴼ / 31ᴼ
3.13
50%
1012
weather icon

Будимпешта

34ᴼ / 31ᴼ
3.13
40%
1014
weather icon

Истанбул

30ᴼ / 26ᴼ
2.79
53%
1010
Currency

61.525

Currency

53.2545

Currency

71.6902

Currency

37.4757

Currency

38.0929

Currency

65.6998

Currency

7.91167

Currency

0.64333

Currency

0.33688

Currency

0.52413

Currency

1.12065

Currency

0.56022

Иридиум

252383.36

Цинк

0.00

Родиум

278103.96

Алуминиум

3.27

Сребро

2005.37

Злато

137126.15

Платина

55652.94

Кобалт

56.29

Паладиум

43435.66

Бакар

13.54

Калај

56.77

Рутениум

53852.50