Скопје
26ᴼ /
26ᴼ
Лина Ѓорческа ќе игра на Вимблдон и испиша нова историја за македонскиот тенис. Таа стана првата македонска тенисерка што се изборила за настап во главната ждрепка на еден грен-слем турнир, откако денеска славеше и во третото квалификациско коло. Ѓорческа на импресивен начин ја мина последната пречка во квалификациите, откако убедливо со 6-1 и 6-2 ја совлада Италијанката Лучија Бронцети, која е речиси 100 места подобро рангирана на ...
Силен топлотен бран ја погоди Западна Европа. Франција, Велика Британија и Шпанија забележаа рекордно високи температури. Во Франција е измерен најтоплиот ден од почетокот на мерењата во 1947 година, во Париз температурите достигнаа речиси 41 степен Целзиусов. Во Велика Британија е регистриран најтоплиот јунски ден досега со 36,1 степен, а метеоролозите предупредуваат дека температурите може дополнително да се зголемат. Шпанија, пак, го ...
Изминативе денови голем број граѓани регираа дека лекот за астма „Фостер“ поскапел од околу 300 на повеќе од илјада денари. Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски објаснува дека е воведен нов лек со ист состав, со што се укинува монополската позиција на пазарот, а новата терапија е достапна за пациентите без никаква доплата. Дел од пациентите, кои со години го користат „Фостер“, изразуваат загриженост и страв дека ...
Платите во Министерството за одбрана и во Армијата две години не се зголемени, а буџетите на Министерството, со ребалансите во изминатите две години, се намалени за 20 милиони евра, обвини пратеничката и поранешна министерка за одбрана Славјанка Петровска на денешната седница за пратенички прашања. Министерот Владо Мисајловски одговори дека таа потпишала Колективен договор на денот на распишување на изборите без да обезбеди пари за ...
Изведувањето на доказите од министерството за економија поврзани со кабарето „Пулс“ ја наелектризираа атмосферата во судницата во Идизово. Обвинителката Наташа Сарамандова кажа дека доказите се однесуваат на релевантни околности за тоа како започнала работата на објектот, иако во континуитет, формално и суштински, не биле исполнети минималните технички услови. Додека на видеоѕидот се изведуваше првото барање за лиценца од октомври 2012 ...
Кабинетот предводен од премиерот Мицкоски денеска беше на своите места во собраниските клупи за пратенички прашања и тоа би требало да биде негово последно соочување на сегашниот владин состав со оние што ги бираат бидејќи во тек се преговори за владината реконструкција. И додека течат разговорите и преговорите за нов состав, учесниците тврдат дека конечен договор нема и очекувањата се до крај на викендот да се договори евентуална размена на ...
ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против Г.К. (46) и Л.К. (54), двајцата од Прилеп за „злоупотреба на службената положба и овластувања“, „фалсификување службена исправа“ и „фалсификување или уништување деловни книги“. Првопријавениот во својство на финансов директор во АД „Тутунски комбинат Прилеп“ – со намера да се стекне со противправна имотна корист за себе и за второпријавениот вршел прием на невистинити фактури од фирмата на ...
Платите во Министерството за одбрана и во Армијата две години не се зголемени, а буџетите на Министерството со ребалансите во изминатите две години се намалени за 20 милиони евра, обвини пратеничката и поранешна министерка за одбрана Славјанка Петровска на денешната седница за пратенички прашања. Министерот Владо Мисајловски одговори дека таа потпишала Колективен договор на денот на распишување на изборите без да обезбеди пари за ...
Плаќање на пенали поради неповлечени пари од одобрени кредити, давање заеми на државни компании кои не може да ги вратат и бавен процес на впишување на имотот што влијае врз финансискиот резултат од работењето. Ова се клучните забелешки на државниот ревизор за работењето на операторот на електропреносниот систем, МЕПСО, за 2024 година. Од МЕПСО, пак, велат дека целосно го прифаќаат извештајот и работат на отстранување на забелешките и ...
Иронија, сарказам, обвинувања за предавство и закани со затвор од едната страна и психолошки дијагнози од другата на собраниската седница за пратенички прашања. Лидерот на опозицијата Венко Филипче обвини дека за две години власт, владата не исполнила ниту едно од ветувањата, граѓаните осиромашуваат, буџетот е пред колапс, платите растат побавно од инфлацијата, а јавниот долг расте. Само лаги, изолација и партиски тендери, обвини Филипче. ...
Аеродромите во Рим ќе бидат принудени да ја суспендираат примената на новиот дигитален граничен систем на Европската Унија (ЕУ), со цел да се избегне „катастрофа“ за време на пикот во туристичката сезона, предупреди првиот човек на компанијата која управува со римските авиопристаништа „Фјумичино“ и „Чампино“. „Многу сме загрижени за летото. Се покажа дека постапката е неусогласена со шпицот во сообраќајот со кој ќе се соочиме. Затоа единствен ...
Разговорите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за владината реконструкција продолжуваат, откако и по последната средба не е постигнат конечен договор за сите кадровски решенија. Според најавите, нов круг преговори се очекува викендов, а предлогот за реконструкција би можел да биде доставен до Собранието на почетокот на следната недела. Спикерот Африм Гаши потврди дека засега нема официјален предлог од Владата. Неофицијално, ВМРО-ДПМНЕ треба да ги преземе ...
Расте билансот на жртви во разорните земјотреси што ја погодија Венецуела. Според привремената претрседателка на земјата, Делси Родригез во ажурираниот извештај се евидентирани најмалку 164 загинати луѓе и, речиси, 1.000 повредени. Таа додаде дека ќе се формира фонд со почетни 200 милиони долари, со користење на средства од Меѓународниот монетарен фонд за обнова на уништените станбени објекти, болници и инфраструктура. Расте билансот на ...
Бели волци во саботата избегале од нивното живеалиште и усмртиле четири кенгури од Зоолошката градина во Скопје и неколку ему птици, дознава Петс.мк. Според извори на порталот специјализиран за миленици, белите волци наводно успеале да ископаат дупка под нивното живеалиште и да избегаат, по што нападнале и усмртиле неколку кенгури и ему птици. На вработените во Зоолошката градина им требале неколку часа да ги фатат волците и да ги вратат во ...
Нови лекови на позитивна листа од јули, најави денеска директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, на брифинг со новинарите. „Значи, конечно ќе ги има во аптека Клексан и Фраксипарин и плус уште еден. Се работи за лекови, антикоагуланси. Генерално, за неколку различни популации. Да кажеме од акутни случаи, постоперативно, за спречување на коагулации после тешки интервенции. На пример после замена на колк, се користат кај ...
Ракометарите на Вардар утре ќе ги дознаат противниците во групната фаза од Лигата на шампиони на ЕХФ. Поранешниот двократен европски првак се враќа во елитното натпреварување по четири години пауза, откако изминатата сезона ја освои шампионската титула во домашната Суперлига. Новата сезона носи и нов формат во Лигата на шампиони. Во машка конкуренција ќе учествуваат 24 екипи, поделени во шест групи по четири тима. Првите две екипи од секоја ...
Опозициската СДСМ побара Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) без одлагање да го достави предметот за генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев до Јавното обвинителство. Според партијата, постојат сомнежи за прикривање имот, поврзани со наводна компанија во Бугарија која не била пријавена во анкетните листови. Од СДСМ наведуваат дека, доколку се потврдат наводите, можни се кривични и прекршочни санкции, вклучително и ...
Американскиот претседател Доналд Трамп побара Конгресот да одобри пакет од 87,6 милијарди долари од кои најголем дел е наменет за покривање на итните трошоци за воените операции против Иран. Од вкупната сума, околу 67 милијарди долари се предвидени за Министерството за одбрана, вклучувајќи муниција, оперативни активности и доверливи програми. Барањето доаѓа само еден ден откако Конгресот усвои Резолуција со која ја критикуваше воената акција ...
Венко Филипче не го осуди дипломатскиот скандал со објавување на дипломатска нота од Бугарија, која содржи чувствителни безбедносни информации, реагираат денеска од ВМРО-ДПМНЕ. Според нив, документот бил објавен на социјални мрежи и вклучувал податоци за службени возила, локации и комуникации на обезбедување. Во реакциите се обвинува дека со објавувањето на вакви информации е нарушена безбедноста на државниот врв, додека од опозицијата, ...
Иронија, сарказам, обвинувања за предавство и закани со затвор од едната страна и психолошки дијагнози од другата на собраниската седница за пратенички прашања. Лидерот на опозицијата Венко Филипче обвини дека за две години власт, владата не исполнила ниту едно од ветувањата, граѓаните осиромашуваат, буџетот е во колапс, платите растат побавно од инфлацијата, а јавниот долг расте. Обвини и за закочени евроинтеграции и оти лошата состојба ...
Катарскиот фудбалски репрезентативец Асим Мадибо доби суспензија од пет натпревари поради грубиот старт врз канадскиот играч од средниот ред Исмаел Коне на натпреварот од 2.коло во групата Б на Светското првенство 2026 година. Инцидентот се случи во второто полувреме на дуелот меѓу Канада и Катар, кој Канаѓаните го добија убедливо со 6-0. Мадибо најпрво доби жолт картон по прекршокот, но по прегледување на снимката одлуката беше променета во ...
Македонскиот кошаркарски репрезентативец Андреј Јакимовски и официјално е нов играч на Наполи. Италијанскиот клуб денеска го потврди потписот на двегодишен договор со 24-годишниот крилен кошаркар од Крива Паланка. Јакимовски минатата сезона настапуваше за Тренто, каде остави одличен впечаток и во италијанскиот шампионат и во Еврокупот. Во лигата имаше просек од 9,3 поени и 4,6 скока, додека во Еврокупот бележеше 10,8 поени и 6,1 скок по ...
Бразил со сигурна победа против Шкотска го освои првото место во групата Ц на Светското фудбалско првенство 2026 година. Во нокаут-фазата оди и Мароко, кој славеше против Хаити, додека од групата Б понатаму се пласираа три селекции. Место во следната фаза обезбеди и еден од ко-домаќините, Мексико, како и Јужна Африка, која ја изненади Јужна Кореја. Мексико немаше проблеми против Чешка и победи со убедливи 3-0, со што го обезбеди првото место ...
Американскиот претседател Доналд Трамп ја продолжи националната вонредна состојба за Западен Балкан за уште една година. Според објавата во Федералниот регистар, мерката се однесува на лица и групи кои поддржуваат екстремистичко насилство во регионот, како и активности што го попречуваат спроведувањето на мировните договори во Босна и Херцеговина, во Косово и во Македонија. „Ситуацијата на територијата на поранешната Социјалистичка ...
Додека Владата договара состанок со производителите, добавувачите и дистрибутерите за да издејствува договор околу стабилизирање и намалување на цените, пазарната инспекција ги проверува книгите на големите маркети за да го види текот на цените на продуктите во изминатиот период. Следната недела контролата ќе се прошири и на увозниците, а околу проверките на цената на производите лани и годинава, што ја најави премиерот Мицкоски, веќе се ...
Советот на Европска Унија (ЕУ) денеска ги одобри последните законски измени во врска со трговскиот договор со САД за царините, што беше постигнат во август минатата година. „Со тоа завршува законодавниот процес и се потврдува посветеноста на ЕУ кон стабилни, предвидливи и меѓусебно корисни трансатлантски трговски односи, додека се одржуваат потребните мерки за заштита на европските економски интереси“, се наведува во соопштението од ЕУ. По ...
Земјотрес со интензитет од 7,2 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во северниот дел на Јапонија. По земјотресот не е издадено предупредување за појава на цунами. Епицентарот бил во морето во близина на источниот брег на префектурата Ивате, на длабочина од 50 километри. Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета. Нуклеарните централи и постројки, меѓу кои и централата „Фукушима Даичи“, што беше ...
Слабости во евиденцијата и регулирањето на сопственоста на електропреносната инфраструктура, вклучително и земјиштето. Дел од имотот нема уреден правен статус, a има и имот за кој нема точна сметководствена евиденција, се дел од утврдените неправилности во ревизорскиот извештај за управувањето со имотот, инвестициите и човечките ресурси во АД МЕПСО Скопје. „Преносната мрежа на АД МЕПСО Скопје интегрира 112 далекуводи, при што за 53 далекуводи ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека во ниту еден момент не побарал дозвола од претседателот на САД, Доналд Трамп за нападот врз Иран во 2025 година. „Едноставно го известив. Му реков дека одиме на Иран, бидејќи нема да седам и да чекам нашите непријатели кои отворено, на цел глас, изјавуваат дека сакаат да нè уништат, а и вас (Америка), исто така. Тоа нема да го дозволам. и затоа дејствувавме. Не барав дозвола“, рече Нетанјаху ...
Се јавил кај повозрасна жена од Крива Паланка и се претставил дека е лекар од Италија. Потоа кажал дека ќерка ѝ паднала, има повеќе скршеници на нога и вилица и треба да се оперира за што се потребни 35 000 евра. Загрижената мајка рекла дека нема толку пари, но се согласила да ги даде сите пари што ги има дома. Во меѓувреме се јавила на зет ѝ кој ја советувал да пријави во полиција. Измамникот е уапсен во близина на домот на жртвата. „На ...