Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека иранските беспилотни летала што Москва масовно ги користеше во последните денови за да ја нападне енергетската инфраструктура на Украина се симбол на „воениот и политичкиот банкрот“ на руските војници. „Самиот факт што Русија го повикува Иран на помош е признание за воениот и политички банкрот на Кремљ“, рече Зеленски во своето секојдневно обраќање на социјалните мрежи. Украинските ...

Рускиот претседател Владимир Путин на состанокот на Советот за безбедност најави воведување вонредна состојба во регионите ЛНР, ДНР, Херсон и Запорожје. – Да ве потсетам дека во Доњецката Народна Република, Луганската Народна Република, како и во регионите Херсон и Запорожје, пред да се приклучат на Русија, имаше режим на вонредна состојба. И сега треба да го формализираме овој режим во рамките на руското законодавство. Затоа, го потпишав указот ...

Македонија засега нема донесено нова одлука да испрати воена помош за Украина, иако неодамна во рамки на Министерскиот состанок на министри за одбрана што се одржал минатата недела во Брисел до земјите била доставена листа на потребна опрема. Министерката за одбрана Славјанка Петровска вели дека во консултации со ГШ на Армијата ако има можност да се излезе во пресрет на дел од потребите тоа ќе биде направено, а јавноста ќе биде информирана. ...

За ваша несреќа почитуван советнику, градоначалникот го има тоа право колку пати сака да зборува, рече на денешната седница на Советот на Град Скопје градоначалничката Данела Арсовска реплицирајќи му на советникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Нелоски. – Многу голема штета е што ниту еден пропис не сте прочитале додека седите на тоа столче и не знаете дека градоначалникот има неприкосновено право да зборува од оваа говорница. И повторно велам ако ...

Градоналалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, истакна дека ЈСП има долгови генерирани во времето кога ЈСП беше раководено од поранешниот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев. – Симпатично е кога ќе ги видите оние советници на кои континуирано им трепери гласот додека зборуваат, си ги научите лекциите напамет. Многу ми е жал што шпцниот градоначалик ви дал што да реализирате, ама затоа сме ние тука да им ја освежиме меморијата за ...

Скандалозен инцидент и досега невиден преседан се случи на денешната вонредна седница на Советот на Градот Скопје, каде претседавачот со Советот, Трајко Славевски физички ѝ го одзема микрофонот на градоначалничката Данела Арсовска. Инцидентот се случи кога градоначалничката објаснуваше дека копчето со кое претседавачот со Советот можеше да прекине говор на говорник на говорницата е отстрането поради неговото самоволие и дозволување на ...

Поранешниот италијански премиер, Силвио Берлускони, порача дека е “повторно во контакт“ со рускиот претседател и дека тие размениле подароци, Европската Комисија бара да се држи до официјалната линија на ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел. Берлускони, чија партија е во преговори за учество во идната владина коалиција во Италија, изјавил дека е еден од “петте искрени пријатели на Путин“ и дека го “обновил“ неговото пријателство со рускиот ...

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска разговараше со високи претставници на земјата за безбедноста на објектите за снабдување со електрична енергија, по руските воздушни напади врз енергетската инфраструктура. Зеленски рече дека станува збор за „стратешки состанок” и дека со неименувани претставници разговарал за мерките за „елиминација на последиците во случај на дефект на енергетскиот систем на Украина”. „Работиме на создавање ...

Морам да кажам дека чудно е како имаат овие граѓани прашања до вас кога ги сменивте вашите директори, претходно немавте прашања, вели градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска на денешната вонредна седница на Советот на Градот на која дел од советниците рекоа дека пренесуваат прашање од граѓани по кои критериуми се назначуваат директори на јавните претпријатија. – Прашуваат кои критериуми се за вработување на директори, а порано не ...

Претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен ги нарече руските напади врз цивилната инфраструктура во Украина „воени злосторства”. – Вчера повторно ги видовме напади на Русија насочени против цивилната инфраструктура и ова означува ново поглавје во веќе многу сурова војна, истакна Фор дер Лајен во Стразбур, во денешното обраќањето пред Европскиот Парламент. – Тоа се воени злосторства, категорично изјави шефицата на ...

Во Париз, проруски работник во ресторан исфрли две Украинки. Видеото од инцидентот на Твитер го објави заменик-градоначалникот на главниот град Жан-Лук Ромеро-Мишел. Видеото го снимиле самите жртви. На снимката вработен во објектот објаснува дека го поддржува рускиот претседател Владимир Путин и со гест ги повикува гостите да го напуштат ресторанот. „Да живее Путин! Збогум“, рече тој додека си заминуваа. Ромеро-Мишел рече дека инцидентот во Ле ...

Европратеничката Ирена Јовева, претставник на Република Словенија во Европскиот парламент (Движење Свобода-Ренесанса), на денешната седница на Европскиот парламент во Стразбур на тема „Односите ЕУ-Западен Балкан во светло на новата пакет за проширување”, повика да престанат лажните ветувања за земјите од Западен Балкан. Цитирајќи го колективот Дубиоза дека празните ветувања се најдобрата реклама, таа ги повика земјите-членки на ЕУ и колегите ...

Министерството за надворешни работи изразува длабоко извинување за ненамерниот пропуст при употребата на малото знаме на тет-а-тет средбата на двајцата Министри при посетата на Министерката Фајон на земјава, кое беше едно од десетте државни обележја кои беа употребени за време на средбите. Според МНР, состанокот, како и целата посета на Министерката Фајон поминале во исклучително позитивна и пријателска атмосфера со важни пораки кои беа ...

Нов дипломатски пропуст – Македонското министерство за надворешни работи ја пречека шефицата на словенската дипломатија со погрешно знаме. Наместо знамето на Словенија на билатералната средба помеѓу Бујар Османи и Тања Фајон поставено било знамето на Словачка. Иако знамињата на двете земји се слични во бојата на линиите, разликата е во амблемот кој на словенечкото знаме е син, а на знамето на Словачка е црвен. По бурните реакции во јавноста, од ...

Публикациите дека американската администрација се обидува да избегне дури и случајна средба меѓу американските и руските лидери Џо Бајден и Владимир Путин на самитот на Г20 не се точни, изјави портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер. „Оваа информација е неточна, не е вистина“, рече Жан-Пјер на брифингот. Така таа одговори на барањето да го коментира написот на Политико дека американските власти наводно преземаат мерки за да го спречат ...

За уставните измени мораме да бидеме јасни дека тоа е суверена одлука која земјата треба да ја донесе, вели европскиот амбасадор Дејвид Гир. Гир појаснува дека „не сака диктира што треба да биде направено или не“. -Тоа не е моја работа, порачува евроамбасадорот. Сепак, тој потенцира, дека има билатерална обврска во Договорот со Бугарија дека Уставот ќе биде променет. -Кога гледаме на големата слика во меѓуетничките односи, оваа земја има добро ...

Снимка од руски воен воз кој превезува нуклеарна опрема кон украинското боиште дополнително ги поттикна стравувањата дека руските сили би можеле да употребат нуклеарно оружје. Снимката е објавена на телеграм каналот Рибар, а снимена е над централна Русија. На неа се гледа како воз, кој се поврзува со 12-тата главна управа на руското министерство за одбрана, превезува транспортери и други оклопни возила. #UPDATE: A freight train has been spotted ...

Имате за бифтеци, немате за плати за вработените во ЈСП, рече денеска советникот на Левица во Советот на Градот Скопје, Реџеп Исмаил – Хакатан. Во продолжение целото излагање на советникот од Левица во Град Скопје, Реџеп Исмаил – Хакатан: „Владата е одговорна за ситуацијата со ЈСП. Додека троши за подмирување на сметки за струја на приватни лица, додека троши за оружје купено од САД – 300 милиони евра секоја година, додека троши за бифтеци, за ...

Кога нешто ќе се случи еднаш може да е случајност. Но, кога ќе се повтори неколкупати или станува збор за намера или за незнаење. Таков е примерот со Владата и знамињата кога доаѓаат странски гости. Веќе стана праска да се грешат а тоа се случи и вчера за време на посеста на словенечката министерка за надворешни работи Тања Фајон. На масата каде што седеа со нејзиниот домаќин Османи наместо знамето на нејзината земја Словенија беше истакнато ...

Новинарот на Клан Македонија Фуркан Салиу, објави видео во кое е снимен разговорот меѓу него и директорката на клиниката за детски болести, Аспазија Софијанова. Фуркан на Софијанова и покажа документи, во кои наводно пишува колку пари земала докторката од дежурства, на кои според информациите на новинарот, таа не одела. Софијанова не ги негираше документите, туку се интересираше кој му ги дал, на што Фуркан Салиу одговори дека е негово право да ...

Рускиот претседател Владимир Путин нема да биде поштеден од гонење за воени злосторства ако има докази дека е одговорен, изјави главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд. Обвинителот на МКС Карим Кан, кој веќе истражува докази и тврдења за злосторства извршени во Украина, изјави дека претседателската функција нема да му помогне на Путин да остане неказнет. – Не е одбрана да се повикуваш на наредби на претпоставен ниту, пак, позициите ...

Бугарските провокатори не запираат. Додека денеска во Македонија, Кирил Пејчиновиќ се прогласи за светец, на Википедија тој стана Бугарин. Во неговата биографија на интернет енциклопедијата, доколку изберете бугарски јазик, ќе прочитате дека Пејчиновиќ е бугарски книжевник и просветител, дека го бранел „македонскиот“ идентитет, говорејќи на новобугарски јазик во склоп на неговата татковина Бугарија. Во бугарскиот провокаторски текст на ...

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација денеска соопшти дека „најостро реагира“ за говорот на омраза кој содржи закани за физичка ликвидација на нејзиниот член Весна Бендевска, извршено на двата профила на лицето Виктор Стојанов, претседател на Фондацијата Македонија од Софија, на социјалната мрежа Фејсбук, со став дека тоа не само што поттикнува насилство од омраза кон член на КСЗД, кој е избран државен функционер, туку претставува ...

Можам да разберам, но не можам да го оправдам отварањето на културниот клуб со името Цар Борис Трети, а притоа да се изненадиш дека ќе предизвика остра реакција. Тоа е како да фатиш куче за опашка и да се изненадиш кога ќе те касне, вели бугарскиот историчар Иван Илчев. Во гостувањето на ТВ студио, Илчев посочи дека културните клубови во Македонија во иднина би требало да бидат именувани со понеутрални имиња и да претставуваат мостови на ...

Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика, Жосеп Борел изјави дека „Европа е градина, а остатокот од светот е џунгла“. Борел предупреди дека „џунглата може да ја нападне градината и дека градинарите ќе мораат да одат во џунглата за да ја заштитат градината“. Тој ги изјави овие забелешки кога се обрати на церемонијата на отворањето на Европската дипломатска академија во Бриж, Белгија. „Европа е градина. Ние изградивме ...

Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски го демантира премиерот на Македонија Димитар Ковачевски дека не го познавал кој е тој, објаснувајќи дека името му е бугарска Али експрес верзија. Во видео обраќање Џамбаски му порача на Ковачевски дека не е важно што тој не го знае бугарскиот пратеник затоа што тој и неговите сопартијци од ВМРО знаеле кој е тој и од какво семејство потекнува премиерот. Димитар Ковачевски тврди дека македонизмот бил изворен, ...

Владата под раководство на Димитар Ковачевски заслужува комплименти за справување со енергетската криза, оцени поранешниот премиер Зоран Заев, на денешната панел-дискусија на тема „Енергетска и инфлаторна криза“ во тетово, организирана од Студентскиот парламент и студентската асоцијација на Универзитетот на Југоисточна Европа. Сега како човек од деловниот свет, тој смета дека Владата добро се справува со кризата и се произведува енергија во ...

Француските синдикати почнаа со штрајкови низ целата земја, барајќи повисоки плати бидејќи инфлацијата достигна највисоко ниво во последните неколку децении.Претседателот Емануел Макрон се соочува со еден од најтешките предизвици од неговиот реизбор. Демонстрации се одржуваат низ целата земја, а најмасовно е во Париз, каде имаше судири со полицијата.Штрајкот, кој првенствено ќе го погоди јавниот сектор, како што се училиштата и транспортот, е ...

Пред враќањето во Милан оваа година, Златан Ибрахимовиќ беше главна ѕверка во МЛС лигата во САД, во дресот на Лос Анѓелес Галакси. Но, неговиот карактер не бил баш соодветен за типот на лигата во САД. А, истиот тој негов карактер очигледно за брзо ќе го избрка и од дресот на Милан. Договорот му истекува ова лето, и најверојатно нема да биде продолжен. Токму за карактерот на Ибрахимовиќ зборуваше и неговиот соиграч од ЛА Галакси, Бразилецот Жоао ...

Руските воздушни напади од 10 октомври уништија 30 отсто од украинските електрани, информираше денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски. Тој на Твитер напиша дека нападите предизвикале масовни прекини на струја низ Украина и оти „не остана простор за преговори“ со рускиот претседател Владимир Путин. Зеленски ја обвини Русија за убивање и тероризирање цивили, по денешните воздушни напади врз украински градови. Руските сили денеска ја ...

weather icon

Скопје

-1ᴼ / -1ᴼ
2.06
93%
1027
weather icon

Белград

-1ᴼ / -2ᴼ
3.09
85%
1031
weather icon

Загреб

0ᴼ / -1ᴼ
2.57
81%
1034
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
2.57
82%
1028
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
2.58
76%
1028
weather icon

Љубљана

-4ᴼ / -6ᴼ
2.57
91%
1033
weather icon

Атина

10ᴼ / 7ᴼ
7.6
85%
1017
weather icon

Тирана

7ᴼ / 7ᴼ
3.09
49%
1015
weather icon

Подгорица

4ᴼ / 4ᴼ
8.23
42%
1020
weather icon

Букурешт

-3ᴼ / -3ᴼ
1.03
86%
1028
weather icon

Будимпешта

0ᴼ / 0ᴼ
5.66
76%
1032
weather icon

Истанбул

4ᴼ / 4ᴼ
7.72
87%
1023
Currency

61.53

Currency

59.9831

Currency

73.4766

Currency

36.8536

Currency

41.58

Currency

65.4491

Currency

8.18023

Currency

0.59015

Currency

0.38035

Currency

0.52544

Currency

1.69383

Currency

0.69736

Алуминиум

2 $

Иридиум

135048 $

Кобалт

450 $

Никел

494565 $

Рутениум

14887 $

Калај

29 $

Сребро

977 $

Злато

86474 $

Бакар

8 $

Паладиум

29935 $

Платина

31460 $

Цинк

91845 $