Излезноста на референдумот за приклучување на Народната Република Доњецк кон Русија по резултатите од дводневното гласање беше 55,05 отсто, изјави Владимир Висоцки, претседател на Централната изборна комиија на Доњецк. „Вкупно, два дена излезеноста беше 55,05 отсто на територијата на Народна Република Доњецк. Вкупно за два дена гласале 858.681 луѓе, а ова е само во Народна Република Доњецк. Во странските избирачки места, 235.546 лица веќе гласаа ...

Извршниот директор на Фајзер, Алберт Бурла (60) соопшти дека е позитивен на тестот за ковид по вторпат. – Се чувствувам добро и немам никакви симптоми, рече Бурла. Во август Бурла за прв пат имаше коронавирус и почна да го пие лекот против Ковид-19 развиен од неговата компанија „Паксловид“. Тој примил четири дози од вакцината против ковид развиена од Фајзер и германскиот партнер Бионтек. Бурла рече дека сè уште не го примил новиот бивалентен ...

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров се осврна на Русите кои бегаат од војната и жестоко ги прозва. – Дали имаат право да се нарекуваат мажи? Немаат! Дали имаат чувство за чест? Немаат! Чувство на достоинство? Не! Некои морални вредности? Не! – рече Кадиров. Тој истакна дека смртта за татковината треба да биде посебна чест. -Со помош на фашистите кои дејствуваат во Украина, сакаат да ја уништат нашата земја. Тоа значи дека нашата татковина е во ...

Лидерката на крајната десница Џорџа Мелони е победник на изборите во Италија, покажуваат изборните анкети, така што е на пат да стане првата жена премиер во земјата, јавува „Би-Би-Си“. Доколку бидат потврдени изборните резултати, Мелони ќе ја формира најдесничарската влада во Италија од Втората светска војна. Излезната анкета на „РАИ“ предвидува дека таа ќе освои меѓу 22 и 26 отсто од гласовите, пред нејзиниот најблизок ривал Енрико Лета од ...

САД развија акционен план во случај Русија да употреби нуклеарно оружје во Украина, изјави американскиот државен секретар Ентони Блинкен. Блинкен, сепак, не прецизираше какви конкретни чекори би можел да преземе Вашингтон во случај на таков развој на настаните. „Нема да навлегувам во прашањето какви ќе бидат последиците. Секоја употреба на нуклеарно оружје би имала катастрофални последици, се разбира, за земјата што го користела, но и за многу ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го одликува војникот Роман Гломба. Како што соопшти украинскиот парламент, Гломба има само 19 години, но за време на војната успеал да собори шест руски авиони и една ракета со противвоздушниот систем Игла, за што Зеленски му ја додели наградата „Херој на Украина“. .@ng_ukraine Private Roman Glomba is only 19 years old, but he has already managed to shoot down SIX enemy aircrafts and 1 winged missile ...

На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа уништениот конвој со украински воени возила кои Словенија му ги подари на Киев. Во видеото се гледа уништена украинска борбена опрема. Пред сè, борбени возила на пешадија, оклопни транспортери и „MRAAP Huskies“ од британско производство, донирани од Словенија, Холандија и Велика Британија на Украина. Видеото наводно е снимено во Херсон, каде што може да се видат уништените оклопни возила на ...

Oсновното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 44-годишник, кој при вршење семејно насилство го лишил од живот сопственото дете, со што сторил кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик. Од ЈО информираат дека ноќта меѓу 25 и 26 септември, додека осомничениот бил во домот со четири малолетни деца, меѓу кои и тримесечниот син, започнал да го удира детето со раце и нозе по ...

Џорџо Мелони се чини дека ќе стане првата жена премиер на Италија на чело на најдесничарската италијанска влада од Втората светска војна, откако нејзината конзервативна коалиција триумфираше на парламентарните избори во неделата. Нејзината партија произлезе од Социјалното движење (МСИ) и беше основана од поддржувачите на Мусолини по неговата смрт во април 1945 година. Многу гласачи во Предапио велат дека ќе гласаат за Мелони, вклучувајќи ја и ...

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи вели дека во Агенцијата за вработување процентот на невработени е навистина се уште висок, но 93,4 проценти од невработените се функционално неписмени, или значи дека нивните вештини не одговараат на пазарот на трудот. – Конечно мислам дека е дојдено време сите да се освестиме дека мораме да се менуваме и да бидеме активни чинители на пазарот на трудот, секој колку што може да придонесе, а тоа ...

Американската вселенска агенција (НАСА) доцна синоќа со вселенското летало ДАРТ успешно удри во астероид. Тоа беше историска мисија бидејќи беше „прв планетарен тест за одбрана“ на Земјата од потенцијален удар со промена на правецот. Последните моменти пред судирот ги снимила камера на леталото, а последната слика ја направило леталото две секунди пред ударот. Целта на мисијата е да се заштити Земјата од потенцијален судир со НЕО – што е името ...

39 годишниот Дејан Тодоровски од денеска е во Сју Рајдер во специјалната болница 13 Ноември Скопје. Тој е 15 години има мултиплекс склероза, а по прележаниот ковид состојбата се влошила. Тој има отворени и големи рани по телото. Во домашни услови го лекуваше неговата мајка. Тој од денеска ќе ја добие целата медицинска нега, а неговата мајка е среќна што стручни луѓе ќе му помогнат,а трошоците ќе се намалат. Од министерството за труд и социјлна ...

Пет паркирани автомобили изгореле синоќа во голем пожар во скопската населба Чаир, соопшти МВР. „На 27.09.2022 во 03.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар во пет патнички возила, од кои четири паркирани на ул.„Ѓоце Стојчевски” и едно паркирано на улицата „Лазо Москов”, и тоа: „Фолксваген Голф”, „Рено Меган”, „Рено Твинго”, „Ауди”, сите со скопски регистарски ознаки и патничко возило „Мерцедес” со британска национална ознака“, ...

Скопјанка на возраст од околу 50 години паднала во тенџере во кое се приготвувала врела зимница, а подоцна од последиците на несреќата починала. Според информациите до кои дошла редакцијата на Скопје Инфо, жената пред неколку дена со сериозни изгореници по телото била хоспитализирана во скопската градска болница „Св. Наум Охридски“. За жал, по неколку дена, подлегнала на повредите. Според лекарските извори, на кои се повикува порталот, причина ...