Нискиот крвен притисок или хипотензија се јавува кога крвниот притисок паѓа под нормалните нивоа, предизвикувајќи различни симптоми кои можат да влијаат на целокупната благосостојба. Наглиот пад на крвниот притисок може да биде опасен бидејќи може да значи дека срцето, мозокот или другите витални органи не добиваат доволно крв. Затоа, важно е да знаете како да ги препознаете знаците карактеристични за оваа состојба. Вртоглавица и зашеметеност ...

Александар Жадан е 23-годишен „IT“ експерт од Русија кој немал среќа во љубовта, па одлучил да и препушти на вештачката интелигенција да пронајде вистинска девојка за него. Имено, Александар ја пронашол девојката откако, служејќи се со „ChatGPT“, филтрирал и анализирал дури 5.239 профили на девојки на разни страници за запознавање, а вештачката интелигенција потоа ги анализирала податоците и одбрала најдобра партнерка за него. Во виралната ...

Едноставен колач којшто лесно се прави, а е толку вкусен што никој не може да му одолее. Состојки: - 6 јајца; - 6 лажици шеќер; - 6 лажици брашно; - 3 лажици масло; Фил: - 1 литар млеко; - 10 лажици шеќер; - 2 пудинзи од ванила; - 150 грама путер; - 200 грама мелена плазма; - 3-4 банани. За декорација: - шлаг или рендано чоколадо. Подготовка: Изматете ги белките, па додадете го шеќерот. Кога ќе ги изматите, додадете ги жолчките, па потоа ...

Зендаја секогаш носи ремек-дела, а во Мексико Сити облекла вистинска магична модна комбинација. Кога Зендаја Колман ќе се појави на црвениот тепих, јасно е дека ќе го привлече вниманието од целиот свет. Баш поради тоа таа исклучително се грижи што ќе претстави и на кој начин, а ја има и таа моќ некому да му донесе слава. Таа тоа штотуку го направила, носејќи креација од креаторка во подем во текот на турнејата на која се промовира вториот дел ...

Тулумбите се десерт кој се прави брзо и лесно, а што е најважно, за нив не ви се потребни многу состојки, па се прилично евтини. Некогаш домаќинките често ги правеле речиси за сите прилики, а денес најчесто ги јадеме само во слаткарниците. Сепак, постојат зачувани старински рецепти кои и денес можат да послужат како би целото семејство уживало во овој вкусен деликатес како во минатото. Ние најдовме еден таков босански рецепт, а на вас останува ...

Кога станува збор за француската естетика се согласуваме е една од доминантните на модната сцена. Голем број на дами секојдневно црпат инспирација токму од стилот на Французинките за којшто знаеме дека е беспрекорен. А помеѓу сите парчиња облека, се наоѓа и безвременскиот блејзер налик на креацијата од Коко Шанел. Украсен со шармантни копчиња, тој со себе носи елеганција и софистицираност на едно повисоко ниво. Голем број на брендови од типот ...

Примероци за истражување собирани со децении на шведскиот медицински универзитет биле уништени кога се расипал замрзнувачот за време на божиќните празници, соопшти институтот. Примероците се чуваат во контејнери ладени со течен азот, на температура од -190 степени, во Каролинскиот институт (КИ) во Стокхолм. Институтот е дом на Нобеловото собрание, кое има задача да го избере добитникот на Нобеловата награда за физиологија или медицина. Некаде ...

Доколку сакате да бидете модерни тогаш изберете некои од овие три модели на фармерки и сигурно нема да бидете незабележани. На самиот почеток од 2024 година јасно е дека фармерките се наоѓаат на тронот. Сепак, нема баш сите модели да бидат хит, па важно е да ги следите трендовите и да ги изберете оние вистинските. Овие три модели на фармерки веќе станаа хит во текот на јануари 2024 година затоа што визуелно ја стеснуваат линијата, прават да ...

Ако некои далечни локации се одбираат за дестинации на модните писти бидејќи се тесно поврзани со брендот на шоуто, најновата презентација на Монклер на завеаните алпски врвови на историскиот швајцарски ски-центар Сент Мориц, беше патување кое имаше совршена смисла. Самата претстава која се одржа во саботата навечер, беше како приказна излезена од бајка. Гостите уживаа во пијалоците во дрвената колиба „Clavadatsch“, пред „Moncler Grenoble“ да ...

Лени Клум од ден во ден учи како да ја прифати својата кожа онаква каква што е - и тоа пред 1,9 милиони Инстаграм следбеници. Манекенката во подем и ќерка на познатата Хајди Клум го покажала своето лице без шминка и ги открила акните со кои се бори. 19-годишната студентка по дизајн на ентериер и претходно зборувала за прифаќањето на својата кожа, без оглед на тоа во која фаза е. Во интервју за „People“, Лени признала дека подлегнала на ...

Често слушаме дека вештачката интелигенција сè уште е во зародиш и повеќе личи на дете по начинот на кој „учи“ отколку некоја моќна технологија. Но, како би изгледало дете со вештачка интелигенција? Токму тоа можеа да го искусат посетителите на изложбата Frontiers of General Artificial Intelligence Technology, која се одржа во Пекинг, Кина. Таму, имено, беше можно да се комуницира со аватар кој претставува дете со вештачка интелигенција, девојче ...

Популарната уредничка на „Vogue“, Ана Винтур, секогаш е совршено облечена, а на нејзиниот начин на облекување се восхитуваат апсолутно сите жени. Тајната на добриот изглед на една од највлијателните жени во светот на модата не е во скапите модни парчиња туку во смелиот стил затоа што ги руши границите каде и да се појави. Дизајнерите и натаму го уважуваат нејзиното мислење воочи лансирањето на новите колекции, но на еден многу популарен тренд ...

Американката Амбер Пирсон опсесивно ги миела рацете додека не и "прокрвареле", преплашена од идејата за микробна контаминација од секојдневните предмети, што е исцрпувачка последица на нејзиното опсесивно-компулсивно нарушување (OCD). Денес, овие ритуали се заборавени благодарение на револуционерниот мозочен имплант што се користи за лекување на нејзината епилепсија и "OCD". „Денес го живеам мојот живот и тоа е неверојатно“, изјави 34-годишникот ...

Личностите со биполарно растројство имаат четири до шест пати поголеми шанси да умрат предвреме од оние без оваа состојба, според студијата која споредувала податоци за илјадници луѓе со и без ова нарушување. Истражувачкиот тим ги анализирал податоците од големата, долгорочна студија, наречена „Prechter Longitudinal Study of Bipolar Disorder“, како и податоци од анонимни записи на пациенти собрани на здравствената клиника на Универзитетот во ...

Непријатниот мирис на телото е нормална појава со која луѓето често можат да се справат. На пример, непријатниот мирис на потта може да се отстрани со туширање. Но, во некои случаи, мирисот на телото може да сигнализира здравствен проблем. Семејната лекарка Џен Кодл предупреди на четири телесни мириси кои не треба да ги игнорирате. Лош здив Ако не можете да се ослободите од лошиот здив со миење заби, не го игнорирајте ова сознание, навела ...

Денеска ви претставуваме рецепт за брз колач од гриз и џем, готов за помалку од половина час. Потребни состојки: - 3 јајца - 1/2 шолја шеќер - 1 шолја гриз - 1 шолја џем - 1 шолја брашно - 1 шолја масло за јадење - 1 шолја млеко - 1 ќесичка прашок за пециво - 1 ванилин шеќер Начин на подготовка: Изматете ги јајцата со шеќерот и ванилиниот шеќер, а потоа додајте ги останатите состојки и добро измешајте (не ви е потребен миксер). Намастете ја ...

Пред три дена објавено е дека акциите на компанијата „Meta“ пораснале за 20%, пренесува „The Wall Street Journal“. Цената на нивните акции речиси се дуплирала во текот на минатата година. Пазарната вредност на „Meta“ сега повторно надминала билион долари, што ја става во ранг со џинови како „Apple“, „Microsoft“, „Amazon“, „Nvidia“ и „Google“. Инаку, компанијата на Закерберг излегла од тој клуб на хиперуспешни во 2021-ва година, кога Закерберг во ...

Ќерката на раперот Џеј Зи и пејачката Бијонсе се појавила на 66 доделување на наградите „Греми“ во издание кое засенило многу музички ѕвезди. Блу Ајви Картер, ќерката на Џеј Зи и Бијонсе, ја освои својата прва Греми кога имаше само девет години, а сега се појавила на церемонијата на доделувањето на оваа награда и била една од највпечатливите гостинки. Таа излегла на сцена со својот татко, додека Џеј Зи го примал признанието „Dr Dre Global Impact ...

Многумина го започнуваат денот со кафе, а не се ни свeсни колку е штетно да го пијат на празен стомак. Кога станува збор за придобивките од утринскиот напиток, нема сомнеж дека чајот е подобра опција за почеток на утрото. Нутриционистката Авни Каул од Њу Делхи истакнува дека на почеток на денот подобро е да се напиете чај, а ова се причините. Има помалку кофеин Нема сомнеж дека кофеинот на сите им дава наплив на енергија, но исто така може да ...

Во март доаѓа нов модел на „iPad Pro“, кој се очекува да има значителни подобрувања, но и значително повисоки цени. Гласините велат дека Apple цели на почетна цена од 1.500 американски долари (1.392,34 евра) за 11-инчниот модел и 1.800 долари (1.670,80 евра) за 12,9-инчната верзија. Но, цените сè уште не се потврдени, па ќе се фокусираме на промените што можете да ги очекувате. „OLED“ екрани OLED екраните се најголемата промена на новите модели ...

Кога ќе прошетате по црвениот тепих на 66-то доделување на Греми наградите во Лос Анџелес, ќе ве дочека цела плејада модни изданија на познатите личности. Пејачката Тејлор Свифт носеше фустан сличен на венчаница, Мајли Сајрус провоцираше со голотија, Кристина Агилера се појави уште послаба од вообичаено, Кајли Миног заблеска во огненоцрвена боја и тоа е само почеток на модните детали. Тејлор Свифт пристигна на Греми наградите во фустан на ...

Во јуни минатата година градоначалникот на Њујорк го пушти во работа патролниот робот со камери, кој имал задача да го надгледува јавниот ред во метростаницата на Тајмс Сквер. Но, тоа не траело долго. На почетокот на минатата есен, 23-ти септември, градоначалникот на Њујорк Ерик Адамс свечено го пуштил во работа првиот полициски патролен робот. Тогаш тоа било пилот-проект, кој требало да трае половина година. Роботот, висок 1,6 метри и тежок 180 ...

Долго време во втор план бил и повеќе од интересниот стил на облекување на познатиот актер. Но, во последните години Бред Пит се облекува како да е моден инфлуенсер. Никој повеќе не се сомнева колку му е важно да ги следи трендовите Тој е секако најмодерно облечениот актер, но неговите модни избори не секогаш е по вкусот на мнозинството. Актерот Бред Пит пред два дена на снимањето на филмот „Apex“ потврдил дека е љубител на кадифената облека. ...

Бозелот е повторно актуелен бидејќи се покажа како добар сојузник од природата во борбата против инфекциите. Црните бобинки се богати со антиоксиданти и имаат антиинфламаторни својства. Најдобро време да го вклучите во исхраната е зимската сезона на вируси и настинки. Бозелот се користи за медицински цели со векови, особено во Грција, Скандинавија, Португалија и Мароко. Тоа е едно од најчестите лековити растенија во светот и се користи во ...

Фејсбук полни 20 години. Откако Марк Закерберг и неговите колеги од Харвард го лансираа на 4-ти февруари 2004 година, Фејсбук прво се прошири на други американски универзитети, за целосно да стане достапен за сите во 2006 година. Социјалната мрежа, во тоа време нов концепт, брзо ги освои повеќето корисници на интернет. Во 2023 година, повеќе од 3 милијарди корисници отвориле Фејсбук барем еднаш месечно, 3 отсто повеќе од претходната година. ...

Експертите од антивирусот ESET објавија нова листа на апликации за пораки за Android кои ги следат корисниците и ги крадат нивните информации. Ова се апликации од продавницата на Google Play и речиси сите изгледаат како обични апликации за пораки. Сепак, зад сцената тие активираат тројанец за пристап до далечински уред познат како VajraSpy и се дел од кампањата Patchwork APT, со примарна цел да ги шпионираат оние што ги преземаат. Овие ...

Рибата можете да ја подготвите на различни начини – во рерна, на скара или во тава, но доколку сакате брзо и лесно, без нималку мака да подготвите рибјо филе, тогаш следете ги овие совети од познатиот готвач Џејми Оливер. Имено, според овој рецепт на Џејми Оливер, рибата однадвор ќе биде совршено крцкава, а одвнатре сочна, а најдобро е што не ви требаат повеќе од 15 минути за да ја подготвите. Рецептот на Џејми Оливер за совршена риба 1. ...

Секоја зимска сезона носи некои нови трендови во однос на чизмите како незаменливи обувки кога температурата значително опаѓа. Заедно со бајкерските чизми, оваа сезона модниот свет не ја крие фасцинацијата од верзиите со минијатурна „kitten“ потпетица. Имено, чизмите со мала потпетица се моментално најпопуларни. Поттикнати од трендот на тивок луксуз, кој ѝ дава култен статус на минималистичката мода од 90-те, сосема е јасно дека популарните ...

На основа на истражувањето на компанијата „Booking.com“ и рецензиите на нивните корисници, направена е листа на најгостопримливи дестинации во светот. Биле земени предвид повеќе од 300 милиони прегледи, во кои патниците со своите искуства придонеле да состават листа на дестинации каде што најверојатно ќе ги сретнете најдобрите домаќини. Booking.com искористи повеќе од 309 милиони рецензии на патници како би ја составил листата. Дестинациите се ...

Сите знаеме колку некои работи се важни за подобар сон, како што е спиењето во ладна просторија, избегнување телефон и квалитетна рутина. Една лоша навика која исто така може да штети на нашиот сон е спиење со вклучен телевизор. Освен што сигурно ќе се здобиете со болки во грбот и ќе имате лош сон, оваа навика може да го зголеми ризикот од срцеви заболувања и дијабетес, пишува „Метро“. Ова тврдење го открила студија објавена во „The ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
3.09
80%
1021
weather icon

Белград

0ᴼ / 0ᴼ
1.54
77%
1023
weather icon

Загреб

-1ᴼ / -3ᴼ
2.57
90%
1023
weather icon

Софија

0ᴼ / -1ᴼ
0.0
89%
1021
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
2.37
66%
1021
weather icon

Љубљана

0ᴼ / -1ᴼ
0.98
91%
1023
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
1.03
77%
1015
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
81%
1014
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
1.54
81%
1016
weather icon

Букурешт

1ᴼ / 0ᴼ
1.54
78%
1020
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / 0ᴼ
7.72
72%
1021
weather icon

Истанбул

6ᴼ / 6ᴼ
8.23
87%
1017
Currency

61.525

Currency

59.9831

Currency

73.2484

Currency

36.8536

Currency

41.58

Currency

65.4491

Currency

8.18023

Currency

0.58149

Currency

0.38035

Currency

0.52544

Currency

1.69383

Currency

0.6959

Алуминиум

2 $

Иридиум

135048 $

Кобалт

466 $

Никел

491031 $

Рутениум

14887 $

Калај

30 $

Сребро

975 $

Злато

86476 $

Бакар

8 $

Паладиум

29871 $

Платина

31415 $

Цинк

90699 $