Холандскиот напаѓач Мемфис Депај (31), еден од клучните играчи на Коринтијанс, добил барање од раководството на клубот да го напушти луксузниот хотел во Сао Паоло каде што живее. Бразилскиот клуб се соочува со финансиски тешкотии и мора да ги намали трошоците, а сместувањето на Депај е огромен трошок. Според информациите од бразилскиот „УОЛ“, престојот на холандската ѕвезда во клупскиот хотел чини околу 40 илјади евра месечно. Оваа тема ...

Францускиот тенисер Николас Мау ја коментираше борбата меѓу двајцата најдобри играчи во светот. Јаник Синер го освои Париз минатата недела и се врати на врвот на АТП листата. „Тој сè уште може да ја подобри својата игра во транзицијата, својот напад, својата игра на мрежата“, изјави Мау за „Еуроспорт“, додавајќи: „Кога ќе ги прочитате неговите изјави, тој е опседнат со Алкараз“. На Синер ќе му биде многу тешко да остане на врвот на крајот од ...

Огромен удар за Интер Мајами пред решавачкиот трет натпревар од плејофот на МЛС против Нешвил. Нивниот клучен напаѓач, Луис Суарез, е суспендиран за натпреварот во сабота, каде што е во прашање целата сезона. Уругвајската ѕвезда доби суспензија, бидејќи удрил противнички играч без топка во вториот меч од серијата. Жалбата на клубот од Мајами на суспензијата од еден натпревар беше одбиена. Суспензијата беше поради инцидент во 71-та минута во ...

Фудбалерите на Аталанта славеа со 1:0 на гостински терен против Марсеј во 4. коло од Лигата на шампионите. Голот за победа го постигна Лазар Самарџиќ во 90. минута од натпреварот, само пет минути откако Иван Јуриќ го крена од клупата и го испрати на теренот. Покрај моментот во 90.минута, дуелот го обележа и вербалниот судир меѓу тренерот Јуриќ и Адемола Лукман во 75.минута. Камерите го снимија моментот кога Лукман го напушти теренот. Во ...

Фуриозниот финиш на ЛА Лејкерс против Сан Антонио Спарс и првиот пораз на Оклахома сити Тандер, покрај феноменалната партија на Никола Јокиќ против Мајами Хит, ги обележаа натпреварите во НБА лигата одиграни изминатата ноќ. ЛА Лејкерс без Леброн Џејмс и Остин Ривс, славеа во трилер завршница против Сан Антонио со 118:116. Лејкерси ја остварија својата петта последователна победа и покрај тоа што на седум минути пред крајот губеа со 106:97, но ...

Капитенот на Панатинаикос, Костас Слукас, по тешкиот пораз од Црвена звезда во Белград (86:68) изјави дека се срами од играта на неговиот тим во белградска Арена. Црвено-белите од Белград им одржаа час по кошарка на Атињаните во спектакуларен амбиент и ги победија во натпревар кој беше „еднонасочна улица“ од самиот почеток. Недолго по натпреварот, Слукас ги сподели своите впечатоци од натпреварот со грчките медиуми. „Бевме лоши. Во тешка ...

Никола Јокиќ го забележа својот петти трипл-дабл оваа сезона со 33 поени, 16 асистенции и 15 скока, предводејќи ги Денвер Нагетс до победа од 122:112 над Мајами Хит. Јокиќ шутираше 12 од 18 од поле, а го комплетираше трипл-даблот со офанзивен скок на шест минути и 36 секунди пред крајот на третата четвртина. Ова е веќе неговиот трет трипл-дабл во три четвртини од оваа сезона, и 71-ви таков во неговата кариера. Ова е седми пат Јокиќ да има ...

Европските великани, Ајакс и Бенфика се единствените екипи без освоен бод по првите четири кола во Лигата на шампионите. По вечерашните натпревари, Интер им се приклучи на Баерн и Арсенал, како тим со максимален учинок. Покрај спектакуларниот меч во Бриж, вечерта ја обележа убедливата победа на Манчестер сити над Борусија Дортмунд, хет-трикот на Виктор Осимен против Ајакс и голот на Лазар Самарџиќ во 9-та минута со која Аталанта победи во ...

Клуб Бриж и Барселона ремизираа 3:3 во спектакуларен меч одигран во 4.коло, во Лигата на шампионите. Барселона три пати се враќаше по водството на домашните, на крајот и ВАР беше на страната на Каталонците. Клуб Бриж го отвори натпреварот совршено. Веќе во 6-та минута, Карлос Форбс прецизно го проигра Никол Тресолди, кој ја погоди мрежата и им донесе водство на Белгијците од 1:0. Сепак, Барселона брзо возврати. Во 8-та минута, по одлична ...

Францускиот дефанзивец Дајот Упамекано со голема веројатност ќе го напушти Баерн Минхен по завршувањето на сезоната. Упамекано ќе биде слободен играч по завршувањето на сезоната, поради што има понуди од неколку клубови. Шпанските медиуми тврдат дека тој ќе се пресели во Реал Мадрид, францускиот „Фут Меркато“, оди подалеку и тврди дека Упамекано му дал збор на претседателот на Реал, Флорентино Перез. „Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на ...

Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Робин ле Норман, го повреди левото колено на натпреварот против Унион Сен Жилоа во Лигата на шампионите, објави денес неговиот клуб. Атлетико Мадрид го победи Унион со 3:1, а Ле Норман се повреди во средишницата на првото полувреме, по дуелот со Адем Зорган. Клубот објави дека станува збор за сериозна повреда на левото колено, но дека не се оштетени лигаментите и менискусот. Атлетико не соопшти колку долго ...

Кошаракарите на Црвена звезда ја запишаа седмата последовна победа во Евролигата. На отворањето на деветтото коло, во Белград, Црвена звезда го декласира Панатинаикос со 86:68 (20:12, 26:20, 21:8, 19:28) . Црвена звезда го надигра европскиот првак од пред две сезони и го изедначи клупскиот рекорд од седум последователни победи во Евролигата. 32.минути црвено-белите доминираа во нападот и одбраната, славеа со 18 разлика со само три погодени ...

Со две изненадувања започна вториот ден од 4.коло во Лигата на шампионите. Пафос дојде до историската прва победа во елитното натпреварување, на домашен терен триумфираше против Виљареал (1:0). Во Азербејџан, Карабаг успеа да освои бод против Челзи (2:2). Триумфот на Пафос против „жолтата подморница“ беше прв во оваа сезона и прв во историјата во елитното натпреварување. Ова беше трет натпревар за Пафос, од четири, во кој не прими ...

Поранешниот германски тенисер Борис Бекер зборуваше за трката за најдобар играч на сите времиња, во која главните улоги ги играат Новак Ѓоковиќ, Роџер Федерер и Рафаел Надал. Бекер нема сомнение дека Новак Ѓоковиќ заслужува да биде наречен „ГОАТ“. „Тој заслужува почит. Отсекогаш го заслужувал тоа. Ако игра уште една или две години, ќе стане најпопуларниот тенисер на сите времиња. Бидејќи колку подолго игра, луѓето ќе разберат што всушност е ...

Луис Дијаз го обележа синоешното дерби на „Паркот на принцовите“. Колумбиецот ги постигна двата гола за Баерн, во четврттата и 32-та минута, а во финишот на првиот дел со брутален старт го повреди Ашраф Хакими и доби црвен картон. Десниот бек на ПСЖ, во солзи и со помош на лицата од медицинскиот тим на ПСЖ го напушти теренот, а нешто подоцна со помош на патерици замина од стадионот. Актуелниот европски првак се уште не се огласил по повод ...

Пo 90 години, стадионот „Сан Сиро“, повеќе не е во сопственост на градот Милано. Од денес, легендарниот стадион официјално им припаѓа на фудбалските клубови Милан и Интер, кои утрово потпишаа договор за купопродажба. Клубовите веќе ја платија првата рата од 73 милиони евра на градот, а вкупната цена на аквизицијата ќе биде 197 милиони евра, намалена за 22 милиони евра што Градот ги обезбеди како придонес за реконструкција на тунелот Патрокло и ...

Фудбалскиот клуб Џенова ќе го назначи Даниеле Де Роси за нов тренер, објавија денес италијанските медиуми. „Фудбал Италија“, објави дека Де Роси ќе потпише договор до крајот на сезоната, со опција за продолжување на соработката доколку тимот избори опстанок во Серија А. Де Роси ќе го предводи тимот во претстојниот првенствен натпревар против Фиорентина во недела. Управата на Џенова не сакаше да го одложи назначувањето на новиот тренер, туку да ...

По првиот ден од натпреварите од четвртото коло на фудбалската Лига на шампиони, само Баерн и Арсенал имаат максимален учинок, а од другите учесници во реформираното натпреварување, само Интер може да ги следи. Најпривлечниот натпревар вечерва ќе се одигра во Манчестер. Тимот на Пеп Гвардиола за противник ја има Борусија Дортмунд. Во првите три рунди двата тима имаа по две победи и едно реми. „Колку е важна оваа серија од два домашни ...

Тренерот на Баерн, Венсан Компани, по победата против Пари Сен Жермен во Лигата на шампионите, изрази задоволство од настапот на својот тим, но исто така нагласи дека се соочуваат со уште поголеми предизвици до крајот на сезоната. „Освоивме три бода, и тоа е добро, но никој не освојува трофеи во ноември. Ова е далеку од тоа да го одлучи победникот на Лигата на шампионите. Се сеќавате како ПСЖ ја освои титулата минатата сезона… Станува збор ...

Винисиус Жуниор предизвикува сè повеќе проблеми во Реал со своето однесување, а се чини дека во Мадрид донеле одлука околу неговата иднина на „Сантијаго Бернабеу“. Како што ексклузивно открива „Билд“, бразилскиот напаѓач ќе биде продаден следното лето. Сè кулминираше по „Ел Класико“ и однесувањето на Винисиус. Претходно, двете страни ќе се обидат да го продолжат договорот, а потоа Реал ќе го стави на трансфер листата. Не е тајна дека во ...

Фудбалерот на Ал Наср и еден од најдобрите фудбалери и најпопуларните спортисти на 21 век, Кристијано Роналдо, му се восхитува на американскиот претседател Доналд Трамп. Поранешниот легендарен играч на Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и Јувентус го пофали Трамп за работата за постигнување мир во Газа. „Доналд Трамп е еден од луѓето кои можат да помогнат да се промени светот“, рече Роналдо во интервју со Пирс Морган. To President ...

Арсенал славеше против Славија од Прага со 3:0 во четвртото коло во Лигата на шампионите. Натпреварот во Прага го одбележа фудбалерот на Арсенал, Макс Дауман. Младиот играч влезе во игра во 73-та минута и влезе во историјата станувајќи најмладиот играч што настапил во Лигата на шампионите. Дауман има само 15 години и 308 дена и со тоа стана најмладиот фудбалер што играл во ова престижно клупско фудбалско натпреварување. Овој рекорд претходно ...

Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Дезире Дуе, е добитник на престижната награда „Златно момче“ за најдобар млад играч во 2025 година. Дуе ја наследи традиционалната награда што ја доделува италијанскиот спортски весник од Торино „Тутоспорт“ од Ламин Јамал од Барселона, кој ја освои минатата година. Наградата „Златно момче“ се доделува на најдобриот млад играч под 21 година. Во текот на 2025 година, Дуе ги освои Лигата на шампионите, Лига 1, Купот ...

Црногорецот Никола Вучевиќ го реши дуелот на двата најдобри тима во Источната конференција, во НБА лигата. Чикако забележа победа над Филаделфија со 115:113. Чикаго направија вистински подвиг на овој натпревар бидејќи во еден период имаа негатива од 24 поени. Херои на Чикаго Булс беа Џош Гиди со трипл-дабл учинок и Никола Вучевиќ, кој погоди за победа на 3,2 секунди пред крајот. Гиди го заврши натпреварот со 29 поени, 15 скока и 12 ...

Шкотскиот великан, фудбалскиот клуб Селтик сè уште нема менаџер. Тој го има в.д. менаџерот Мартин О’Нил, но раководството на шкотскиот шампион не може да најде постојан тренер, бидејќи досега тројца стручњаци ја одбиле нивната понуда. Се очекуваше дека Ангелос Постекоглу ќе се врати на клупата откако беше отпуштен од Нотингем Форест, но Австралијанецот го одби поранешниот клуб со оправдување дека сакаат да одмори до крајот на сезоната. ...

Холандскиот дефанзивец Мики ван де Вен го претрча целиот терен и постигна гол што ја воодушеви Европа. Кога ќе ве споредат со Лионел Меси, знаете дека сте постигнале нешто посебно, а доколку си дефанзивец тогаш сето тоа звучи нереално. Мики ван де Вен постигна гол во победата на Тотенхем од 4-0 над Копенхаген во Лигата на шампионите, додека неговиот тим беше под притисок. Холандскиот дефанзивец ја собра топката на работ од својот шеснаесетник ...

Новак Ѓоковиќ со победа стартуваше на турнирот од серијата 250 во Атина. Заабележа победа над Алехандро Табило со 7:6, 6:1. По мечот одоговри на шпекулациите околу настапот на Завршниот Мастерс во Торино. Анџело Бинаџи, кој е претседател на Италијанската тениска асоцијација од 2001 година, изјави дека Новак Ѓоковиќ ќе игра на Завршниот турнир во Торино. Ѓоковиќ на прес конференцијата луто ја коментираше оваа изјава на Бинаџи. „Не знам од каде ...

Со победата над Пари Сен Жермен во Париз (1:2), Баерн не само што остана на врвот на Лигата на шампионите со максимален учинок, туку постави и нов рекорд по бројот на последователни победи од почетокот на сезоната. Секогаш кога Баерн ќе влезе во серија на победи, се зборува за совршено подмачканата баварска машина. Тимот од клупата предводен од Венсан Компани, знае само за победи од почетокот на сезоната. И тоа во сите натпреварувања. ...

Кошаркарите на Оклахома Сити Тандер ги победија Лос Анџелес Клиперс со 126:107. Актуелните шампиони ја запишаа осмата победа од почетокот на сезоната и се единствени без пораз во лигата. Домашниот тим добро му парираше на актуелниот шампион, особено во првото полувреме. Дури имаа и еден поен предност за време на задолжителната пауза. Во вториот дел експлодираше Шеј Гилџис-Александер. Канадскиот кошаркар доминираше во текот на третата четвртина ...

Одиграни се првите натпревари од четвртото коло во Лигата на шампионите. Ги обележаа дерби пресметките во Ливерпул и Париз. Ливерпул го победи Реал со 1:0, а ПСЖ загуби од Баерн со 1:2. Јувентус и по четири рунди нема победа во Лигата на шампионите. „Старата дама“ одигра 1:1 со Спортинг во Торино и г забележа третиот нерешен резултат. Јувентус губеше против Спортинг во Торино, Душан Влаховиќ израмни во 34-тата минута, но Старата Дама немаше ...

weather icon

Скопје

-4ᴼ / -4ᴼ
0.51
93%
1030
weather icon

Белград

1ᴼ / 0ᴼ
2.57
89%
1029
weather icon

Загреб

1ᴼ / 0ᴼ
2.06
92%
1028
weather icon

Софија

2ᴼ / -2ᴼ
0.0
65%
1028
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
1.34
88%
1029
weather icon

Љубљана

0ᴼ / -2ᴼ
1.03
100%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
1.34
70%
1026
weather icon

Тирана

0ᴼ / 0ᴼ
3.09
86%
1026
weather icon

Подгорица

-1ᴼ / -1ᴼ
0.0
86%
1028
weather icon

Букурешт

1ᴼ / 0ᴼ
3.6
92%
1027
weather icon

Будимпешта

1ᴼ / 0ᴼ
3.6
97%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
5.14
76%
1027
Currency

61.55

Currency

52.4436

Currency

70.1759

Currency

34.8585

Currency

38.0297

Currency

65.7832

Currency

7.42832

Currency

0.65772

Currency

0.33645

Currency

0.52442

Currency

1.2307

Currency

0.5785

Паладиум

4758.31

Алуминиум

2.89

Цинк

3.24

Бакар

10.77

Платина

56365.91

Рутениум

29192.88

Иридиум

145787.60

Злато

138244.13

Кобалт

58.42

Родиум

256402.20

Сребро

1991.62

Калај

42.10