Селекторот на Франција, Дидие Дешан, потврди дека ги напушта „Триколорите“ по Светското првенство во 2026 година, но сè уште не знае каде ќе ја продолжи кариерата потоа. Дешан потврди дека разговарал со претставници на саудиски клуб за можна соработка откако ќе му истече договорот со француската репрезентација. Сепак, тој ги негираше гласините за можно враќање во Јувентус или преземање на бразилската репрезентација. „Можеби имав некои ...

Претседателот на Ферари, Џон Елкан, ги нападна Луис Хамилтон и Шарл Леклер по Големата награда на Бразил, на која дуото на Ферари не успеа да ја заврши главната трка. Тој им даде ист совет на двајцата во многу лоша сезона за Скудерија. „Во Формула 1, од една страна, имаме механичари кои си ја завршија работата, и во квалификациите и во пит-лејнот. Инженерите го направија истото, а автомобилот покажа очигледни подобрувања. Останатите не ги ...

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, има исклучително мислење за актуелниот капитен на својот тим, Бернардо Силва. Шпанецот беше особено расположен по големата победа над англискиот шампион Ливерпул (3:0) во 11-то коло од Премиер лигата. По овој натпревар, јубилеен 1.000-ти во неговата тренерска кариера, тој зборуваше со пофалби за неколку фудбалери со кои соработувал во претходните години, но особено го пофали Португалецот. „Бернардо ...

Иневстицискиот фонд Аполо Спортс Капитал е новиот мнозински акционер на Атлетико Мадрид, објави шпанската прва фудбалска лига. „Атлетико Мадрид и неговите главни акционери, Мигел Анхел Хил, Енрике Серезо, Квантум Пацифик Груп и фондовите управувани од Арес Менаџмент, постигнаа договор Аполо Спортс Капитал (ASC), глобална компанија за спортски инвестиции, да стане мнозински акционер на нашиот клуб“, објави клубот. Четирите поранешни главни ...

Престојот на Жозе Мурињо во Фенербахче, кој заврши со негово отпуштање во август, доби нов, финансиски тежок епилог. Португалскиот тренер наводно го оставил поранешниот клуб со неплатена хотелска сметка во износ од 747 илјади евра, објави турскиот весник „Јеничаг Газетеси“, како што објави португалскиот „Record.pt“. Мурињо помина 16 месеци на клупата на турскиот гигант, а речиси целиот тој период, поточно 15 месеци, бил сместен во луксузен ...

Пеп Гвардиола го победи Ливерпул со 3:0 во својот 1000-ти натпревар во како тренер и во исто време ја прекина одличната серија на тимот од Енфилд. Актуелните англиски шампиони постигнаа голови во 44 последователни натпревари од Премиер лигата. Подобра серија од нив имаше само Арсенал од сезоната 2001/02, кој успеа во 55 натпревари да постигне најмалку еден гол. Интересно е што уште една генерација на Ливерпул е меѓу првите пет, станува збор за ...

Според многумина, најдобриот фудбалер во историјата, Лионел Меси, го посети стадион „Камп Ноу“, кој е во последна фаза од реновирањето. На овој стадион, 38-годишниот Аргентинец доживеал многу брилијантни моменти во својата кариера носејќи го дресот на Барселона. Лионел Меси го носеше дресот на Барселона 2004 до 2021 година, и сосема е логично што неговата „тајна“ посета во неделата навечер била придружена со емотивна порака. „Синоќа се вратив ...

Италијанските медиуми пред пет дена објавија дека два натпревари ќе ја одредат судбината на Иван Јуриќ на клупата на Аталанта. Првиот го доби, против Марсеј во Лигата на шампионите, во вториот доживеа дебакл на домашен терен од Сасуоло (0:3). Италијанскиот инсајдер, новинарот, Николо Скира, тврди дека Иван Јуриќ ќе биде отпуштен. Според овој извор, Аталанта има фаворит за нов тренер. Тоа е Рафаеле Паладино, кој зад себе има само два тренерски ...

Луис Хамилтон не можеше да ја скрие својата фрустрација по уште еден тежок викенд во Ферари. Британецот доживеа серија судири, казни и конечно се повлече во Сао Паоло, продлабочувајќи ја кризата во својата дебитантска сезона во црвениот болид. Седумкратниот шампион признава дека веќе некое време се чувствува како да е заглавен во кошмар. Седумкратниот светски шампион мораше да се откаже по хаотичниот настап обележан со комбинација од судири, ...

Фудбалерите на Атлетико Отава ја освоија својата прва титула во Канадската Премиер лига (КПЛ) откако го победија Кавалри ФК со 2:1 во продолжение во неверојатни услови, среде снежна бура. Херој на вечерта беше Давид Родригез, кој ги постигна двата гола за својот тим и им го донесе историскиот трофеј од Купот Норт Стар. Двата тима во неделата вечерта во Отава се бореа со времето исто колку и едни со други, а битката за шампионската титула се ...

Карлос Алкараз се врати на првото место на АТП листата, на која од денес Новак Ѓоковиќ е на четвртото место, а Тејлор Фриц назадуваше за две позиции. Алкараз го презеде првото место на АТП листата од Италијанецот Јаник Синер, кој моментално е втор играч во светот со 10.000 поени. На синер му беа избришани 1.500 поени освоени минатата сеозна кога го освои Завршниот мастерс. Математиката е јасна, доколку Алкараз забележи уште две победи на ...

Рој Кин го отпиша актуелниот шампион Ливерпул од трката за титулата во Премиер лигата. Поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед, тврди дека тимот на Арне Слот е во криза по тешкиот пораз од 3.0 кај Манчестер Сити. „Граѓаните“, му го честитаа големиот јубилеј на менаџерот Пеп Гвардиола, со убедлива победа, во која стрелци беа Ерлинг Халанд, Нико Гонзалез и Жереми Доку. Ливерпул, по овој пораз има осум бода помалку од лидерот Арсенал, ова беше ...

Лени Вилкенс, еден од најдобрите кошаркарски тренери на сите времиња, почина на 89-годишна возраст. Семејството соопшти дека Вилкенс починал опкружен со најблиските, но причината за смртта не беше веднаш објавена. Вилкенс беше примен во Кошаркарската сала на славните три пати: како играч, како тренер и повторно како дел од познатиот „Дрим тим“ – репрезентацијата на Соединетите Американски Држави од Олимписките игри во 1992 година. Вилкенс беше ...

Светската фудбалска федерација (ФИФА) би можела изврши промени во системот на одредување на „шеширите“ за Светското првенство во 2026 година. Промената би се однесувала на позициите во ждрепката што ги заземаат екипите од дополнителните квалификации. Кога станува збор за Светското првенство во 2022 година, екипите од дополнителните квалификации автоматски беа сместени во четвртиот шешир, без оглед на нивните коефициенти. Причината за ова е што ...

Џоан Пењароа и Барселона ја прекинаа соработката, потврди каталонскиот клуб. Крајот на соработката меѓу тренерот и кошаркарскиот гигант од Барселона дојде по уште еден неуспех во шпанската лига. Барселона доживеа понижувачки пораз од Џирона (96:78), откако претходно загуби од Реал во евролигата и Мурсија во првенството. „Тренерот на кошаркарскиот клуб Барселона, Џоан Пењароа, ја напушти позицијата прв тренер. Барселона му се заблагодари на ...

Барселона во Виго ја победи Селта со 4:1 и ја намали разликата во однос на Реал на три бода. „Кралскиот клуб“ во 11-то коло ремизираше, без голови, кај Рајо Ваљекано. Спектакуларно прво полувреме одигра Селта и Барселона На „Балаидос“ стадионот во Виго. Беа постигнати пет гола, Барселона два пати водеше, Селта експресно се враќаше во натпреварот. Левандовски првиот гол го постигна од пенал, веќе во наредниот напад изедначи Кареиро. Повторно ...

Фудбалерите на Интер го победија Лацио со 2:0 (1:0) во последниот натпревар од 11-то коло на италијанската Серија А. Со овој триумф, „неро-азурите“ се вратија на врвот на табелата, односно го делат првото место со Рома, која исто така има 24 освоени бода. „Небесно сините“ останаа на деветтата позиција со 15 бода. Лаутаро Мартинез го насочи натпреварот на „Џузепе Меаци“ во насока на победа за домашниот тим со гол во третата минута. Лацио имаа ...

Пет дена по поразот во дуелот од Лигата на шампионите со Ливерпул, лидерот во шпанската Ла Лига повторно беше запрен. Од „Ваљекас“ Реал се врати дома само со еден бод. Саможртвуваната, малку хаотична, но храбрата одбрана на Рајо Ваљекано издржа голем притисок од своите соседи и ѝ понуди на Барселона шанса да се доближи до лидерот. Имаше и Рајо свои шанси, но Куртоа и на овој меч потврди дека се наоѓа во врвна форма. Рајо е првиот тим што ...

Пеп Гвардиола со убедлива победа над Ливерпул (3:0) го обележа големиот јубилеј. „Многу добро прво полувреме. Тие притискааа малку повеќе во второто. Малку како да заборавивме да играме, во првите пет или десет минути. Имаа една или две шанси. Генерално, одлична игра, вистинско темпо со топката, дефанзивно исполнети задачи“, рече Гвардиола по натпреварот. „Дефанзивно се поставивме многу добро, бевме добри со топката, мислам особено во првото ...

Рома го искористи вчерашниот кис на Милан и денешниот на Наполи и со победата над Удинезе (2:0) се искачи на челната позиција во Серија А. Тимот на Џан Пјеро Гасперини веќе беше на врвот на табелата во Серија А оваа сезона, во единаесеттото „волчицата“ беше на врвот, но веќе во следното ја препушти челната позиција. Рома се врати на врвот на табелата откако рутински го скршија отпорот на Удинезе со головите на Лоренцо Пелегрини од пенал и Зеки ...

Возачот на Мекларен, Ландо Норис, е победник на Големата награда на Бразил, 21-та трка од шампионатот во Формула 1. Норис доминираше на патеката Интерлагос, прво победи во спринтот, а потоа се искачи на врвот на подиумот на главната трка. Второто место го освои Андреа Кими Антонели од Мерцедес, а трет заврши Макс Ферстапен иако имаше многу лоша почетна позиција (стартуваше од пит-лејнот), како и лоша среќа бидејќи на стартот му се дупна ...

Фудбалерите на Манчестер Сити го победија Ливерпул на „Етихад“ со 3:0 во дербито на 11-то коло од Премиер лигата. По двата порази во минатогодишните судири, тимот на Пеп Гвардиола влезе во неговиот 1.000-ти натпревар во тренерската кариера како голем фаворит, и му донесе рутинска победа на јубилејот. Уште од првата минута беше јасно дека ова ќе биде вечер на „Граѓаните“ и Жереми Доку. Тој успеа да го искористи недостатокот на комуникација ...

Фудбалерот на Баерн, Луис Дијаз, постигна еден од најубавите и најтешките голови од почетокот на сезоната. Поранешниот играч на Ливерпул е одличен во дресот на германскиот гигант, ја потврди својата добра форма со веројатно најефектниот гол оваа сезона, од вкупно шест што ги постигна во Бундеслигата. Сè што направи во 38-та минута против Унион Берлин беше чисто совршенство на движење, вештина и талент. Инаку мечот во Берлин заврши 2:2, со што ...

Денвер Нагетс убедливо ги победија Индијана Пејсерс со 117:100 во ноќта помеѓу саботата и неделата. Трократниот најкорисен играч Никола Јокиќ, одигра уште еден „брутален“ натпревар и оствари трипл-дабл со 32 поени, 14 скока и 14 асистенции. Јокиќ имаше дури 8 изгубени топки, но шутираше неверојатни 10/14 од поле и реализираше 11 од 12-те слободни фрлања. Во деветтиот меч од почетокот на сезоната, Јокиќ го забележа шестиот трипл-дабл. Денвер ...

Најуспешниот тенисер во историјата, Новак Ѓоковиќ, одлучи да не учествува на Завршниот мастерс во Торино. Српскиот играч имаше голема желба да биде дел од завршниот турнир, а по победата против Лоренцо Мусети во финалето во Атина, тој зборуваше за причините за (не)очекуваната одлука. „Навистина се радував на Мастерсот во Торино и можноста да дадам се од себе, но по денешното финале во Атина, со жалење објавувам дека морам да се повлечам поради ...

Џеј Џеј Редик, тренерот на Лос Анџелес Лејкерс, беше многу лут на својот тим по поразот 122:102 од Атланта Хокс во Џорџија. Лејкерс го одиграа својот најлош натпревар во сезоната во саботата навечер, а тренерот Џеј Џеј Редик беше исклучително бесен на својата прес-конференција по натпреварот. „Ништо не беше добро. Хокс играа добро, ние сме разочарани, ќе ги анализираме причините“, рече Редик. Кога новинар го праша кога сфатил дека играчите ...

Лионел Меси (38) со брилијантна партија го однесе Интер Мајами во полифиналната Источна конференција во МЛС. Мајсторката со Нешвил, Интер ја добија со 4:1. Меси имаше два гола и една асистенција. Меси го отвори резултатот во десеттата минута со шут од земја од малку повеќе од 16 метри, а од слична ситуација погоди и во 39-тата минута. Во 76-та минута, Тијаго Алмада постигна гол за 3:0, а три минути подоцна Меси му асистираше за конечни 4:0. ...

Актуелниот шампион Макс Ферстапен имаше очаен настап во квалификациите за Големата награда на Сао Паоло. Холанѓанецот испадна во првата квалификациска сесија, трката ќе ја започне од 16-та позиција. На пол позицијата е Ландо Норис, а до него во првиот ред е тинејџерот од Мерцедес, Андреа Кими Антонели. Лошиот пласман на Ферстапен може да го отпише од шампионската трка. Со оглед на тоа што веќе е 39 поени зад лидерот Ландо Норис, сонот за ...

Атлетико Мадрид ја забележа својата четврта последователна, а вкупно шеста победа во последните седум натпревари во Ла Лига. Во натпреварот од 12-то коло, „јорганџиите“ го победија Леванте со 3:1 на својот стадион. Антоан Гризман, кој беше двоен стрелец за домашниот тим, постигна гол во 61-та и 80-та минута. Французинот постигна три гола во последните две кола. Она што ќе се памети од овој натпревар е еден од најбрзите голови постигнати од ...

Сандерленд дефинитивно се хит во Премиер лигата на Англија. Вечерва „црните мачки“ ја прекинаа серијата од десет победи во која се наоѓаа фудбалерите на Арсенал. Во спектакуларен меч на „Стадионот на светслината“, Сандерленд против лидерот одигра 2:2. Гостите, лидерите на табелата, беа на прагот на победа што ќе ги однесеше на +9 во однос на конкурентите. Им се стемни кога во последната минута од судиското продолжение со акробатски потег гол ...

weather icon

Скопје

-4ᴼ / -4ᴼ
0.51
93%
1030
weather icon

Белград

1ᴼ / 0ᴼ
2.57
89%
1029
weather icon

Загреб

1ᴼ / 0ᴼ
2.06
92%
1028
weather icon

Софија

2ᴼ / -2ᴼ
0.0
65%
1028
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
1.34
88%
1029
weather icon

Љубљана

0ᴼ / -2ᴼ
1.03
100%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
1.34
70%
1026
weather icon

Тирана

0ᴼ / 0ᴼ
3.09
86%
1026
weather icon

Подгорица

-1ᴼ / -1ᴼ
0.0
86%
1028
weather icon

Букурешт

1ᴼ / 0ᴼ
3.6
92%
1027
weather icon

Будимпешта

1ᴼ / 0ᴼ
3.6
97%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
5.14
76%
1027
Currency

61.55

Currency

52.4436

Currency

70.1759

Currency

34.8585

Currency

38.0297

Currency

65.7832

Currency

7.42832

Currency

0.65772

Currency

0.33645

Currency

0.52442

Currency

1.2307

Currency

0.5785

Калај

42.10

Родиум

256402.20

Кобалт

58.42

Платина

56365.91

Рутениум

29192.88

Бакар

10.77

Цинк

3.24

Алуминиум

2.89

Злато

138244.13

Сребро

1991.62

Иридиум

145787.60

Паладиум

4758.31