Скопје
10ᴼ /
10ᴼ
Италијанските медиуми, објавуваат дека турски Фенербахче има подготвена понуда од 40 милиони евра за 26-годишниот Давиде Фратеси, играч од средниот ред на Интер. Оваа зима, Фенербахче сака да го доведе играчот кој има 33 настапи за италијанската репрезентација со осум гола во кариерата, а кој игра многу малку оваа сезона во Интер. Порано, Јувентус покажа интерес за него, по што следуваа Наполи и Рома, но Интер би сакал да го испрати овој ...
Оли Воткинс е херојот на верашната победа на Астон Вила на „Стенфорд Бриџ“, над Челзи (2:1). Постигна два гола, во второто полувреме и ја продолжи неверојатната серија на Астон Вила. Тимот на Унаи Емери има 11 победи во сите натпреварувања, осум по ред во Премиер лигата. „Тактички гениј“, рече Воткинс за Емери, „Тој направи промена во играта, бидејќи Челзи играше човек на човек, но тие имаа дополнителен стопер кога игравме со долги топки. ...
Никола Јокиќ се доближи до Оскар Робертосн, на листата на играчи со најмногу трипл-дабл натпревари во историјата на лигата. Јокиќ, во поразот од Орландо 126:127, го запиша 180-тиот трипл дабл во кариерата, Робертосон на второто место има 181. Денвер, без тројца стартери, повторно загубија на домашен терен (деветти пораз во сезоната), откако уште еднаш испуштија голема предност. Водеа со 14 поени на полувремето, а во последната четвртина ...
Кошаркарите на Феникс ја продолжија добрата серија во Њу Орлеанс, каде што ги победија Пеликанс со 123:114. Резултатот остана во сенка на инцидентот на паркетот, физичката пресметка меѓу Марк Вилијамс и Хозе Алварадо. Клучниот момент од натпреварот се случи две минути пред крајот на третата четвртина. По еден блок, бекот на Пеликанс, Хозе Алварадо, кој е висок 183 см, го изгуби трпението и го нападна значително поголемиот центар на Феникс, ...
Полскиот напаѓач Роберт Левандовски е еден од најдобрите голгетери на сите времиња, но на крајот од сезоната 2022/2023 во Барселона мораше да престане да постигнува голови, за неговиот клуб да не мора да му плаќа надомест на Баерн. Ова го откри авторот Себастијан Сташевски во биографијата што ја напиша во соработка со Левандовски. „Бев свесен за ситуацијата во клубот. Во тој момент Барса гребеше за секое евро. Финансиски тоа не ме погоди, ...
Кошаркарите на ЛА Клиперс ја продолжија победничката серија, славеа во Портланд со 119:103. Клиперс сега се 13-ти на табелата во Западната конференција. Дуелот во Портланд од почетокот до крајот беше еднонасочна улива, Клиперси доминираа и заслужено победија. Најзаслужен за победата беше Џејмс Харден со 34 поени и шест асистенции. Брук Лопес додаде 31 (постигна девет тројки), а Кавај Ленард 28 и осум скока и шест асистенции. Ленард 18 поени ...
Искусниот австриски фудбалер Давид Алаба ќе биде слободен играч по завршувањето на сезоната. „ESPN“, објави дека Реал нема да му понуди нов договор. Поранешниот дефанзивец на Баерн Минхен, чиј договор истекува на крајот од сезоната, не успева да се етаблира во „кралскиот клуб“ веќе трета сезона, откако во првите две покажа дека е огромно засилување за најтрофејниот клуб во Европа. Честите повреди влијаеја Реал да ја промени својата ...
Египет успеа да ја победи Јужна Африка и да се пласира во осминафиналето на Африканскиот куп на нации. Мохамед Салах го постигна единствениот гол на натпреварот од пенал. Веројатно најдобриот играч на Ливерпул во оваа деценија, а потенцијално и понатаму, се мачи оваа сезона на клупско ниво, како и остатокот од тимот, но се чини дека токму Салах добива најмногу критики. Многумина веќе го отпишаа, велејќи дека е поранешен играч и дека е време ...
Фудбалерите на Манчестер Јунајтед го победија Њукасл со 1:0 во 18-то коло од Премиер лигата. „Црвените ѓаволи“, победија на „Олд Трафорд“ по повеќе од два месеци, беа во серија од три натпревари без победа. Манчестер Јунајтед беше подобриот противник во првото полувреме и ги искористи шансите што им се укажаа. Матеус Куња имаше шанса, но беше запрен од Рамсдејл, меѓутоа, неколку десетици секунди подоцна, по одбиена топка, Доргу фати волеј и ...
Кошаркарите на Партизан доживеака уште еден дебакл во Евролигата. На домашен терен, загубија во 18-то коло од Макаи со 87:112. Партизан, на овој меч повторно го собори негативниот клупски рекорд, прими најмногу поени во еден натпревар во Евролигата. Во претходното коло, црно-белите примија 109 поени. На клупата на Партизан дебитираше Џоан Пењароа, а на теренот Камерон Пејн, кој со 15 поени беше најефикасен играч кај домашниот тим. ...
Реал Мадрид во последниот меч во 2025 година, одигран минатиот викенд, ја победи Севилја со 2:0. Гостите од Севилја од 68-та минута, играа со фудбалер помалку, кога Маркао го доби вториот жолт картон. Бразилецот, потоа влезе во расправија со судијата Алехандро Муњиз Руиз, му рекол дека е „ку..ин син“, што судијата го нотирал во извештајот од натпреварот. Шпанската фудбалска федерација му изрече жестока суспензија на фудбалерот на Севилја. ...
Нов бран апсења во Турција спроведе локалната полиција по налог на обвинителството, кое со месеци истражува осомничени за наместување на голем број фудбалски натпревари. Во новата акција спроведена во петокот, уапсени се дури 29 лица, од кои 14 биле фудбалери, а 24 од нив се задржани во притвор, објавија локалните медиуми, цитирајќи го соопштението на Јавното обвинителство во Истанбул. Ова е втор бран масовни апсења во Турција, по она што ...
Поранешниот италијански репрезентативец Лоренцо Инсиње (34), чиј договор со Торонто истече, би можел да потпише за Лацио во зимскиот преоден рок, објавија италијанските медиуми. Клубот од Рим е подготвен да му понуди шест месечен договор со можност за продолжување за дополнителна сезона. Во прилог на неговото доаѓање во Лацио е фактот дека повторно би соработувал со тренерот Маурицио Сари. Италијанскиот крилен напаѓач ги имаше најдобрите ...
Лос Анџелес Лејкерс го претрпеа третиот последователен пораз. На Божиќ, загубија од Хјустон Рокетс со 96:119 на домашен терен. Лука Дончиќ се врати во тимот на Лејкерси откако беше отсутен поради повреда, но дури ни тој не можеше да му помогне на тимот на Џеј Џеј Редик да ја прекине серијата порази. „Не знам што треба да промениме, но дефинитивно мора да направиме нешто. Лоши сме во последните три натпревари. Изгледаме катастрофално. Мора ...
Никогаш не вели никогаш, но мали се шансите некогаш да го видиме Рафаел Надал во улога на тренер на врвен тенисер. „Отсекогаш сум ја почитувал иднината, бидејќи она што некој го чувствува во сегашноста, можеби нема да го почувствува во иднина, но не верувам дека некогаш ќе бидам тренер“, откри кралот на земјената подлога во интервју за шпанскиот „Ас“. Надал потенцира дека нема намера еден ден да ги следи стапките на многу други големи ...
Капитенот на фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина, Един Џеко (39), поминува низ тешки денови во Фиорентина. Не доби вистинска шанса во првиот дел од сезоната, во тимот, кој минатиот викенд, во 16-то коло ја забележа првата победа во Серија А. Со недели се шпекулираше за неговото заминување, и иако навивачите на Каљари се надеваа дека ќе се пресели на Сардинија, се чини дека неговата следна дестинација е Џенова. Навивачите на ...
Ерлинг Халанд долго време се поврзуваше со Реал Мадрид, но се чини дека тој трансфер нема да се случи, барем не под сегашните услови. Претседателот на Реал, Флорентино Перез, смета дека клаузулата за обештетување од 250 милиони евра за норвешкиот напаѓач е премногу голема, дури и ако тие пари, клубот би ги обезбедил со продажбата на Винисиус Жуниор, истакнуваат шпанските медиуми. Претседателот на Реал Мадрид наводно верува дека ...
Австрискиот тренер Оливер Гласнер има намера да го смени клубот на крајот од сезоната кога ќе му истече договорот со Кристал Палас. Оваа вест ја објави секогаш добро информираниот инсајдер Фабрицио Романо. „Оливер Гласнер не планира да потпише нов договор со Кристал Палас. Австрискиот тренер донесе одлука и сега е фокусиран да продолжи со својата одлична работа оваа сезона“, напиша италијанскиот новинар. Австрискиот тренер го презеде ...
На Светското првенство во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико, има само две селекции, кои според вредноста на фудбалерите, вредат повеќе од милијарда евра. Тоа се Англија и Франција. Во клупскиот фудбал, ситуацијата е поинаква, конкуренцијата е посилна, а дури седум клуба имаат состави вредни над милијарда. Според, порталот „Трансфермаркт“, специјализиран за фудбалски трансфери, во овој момент најмногу вреди составот на Реал ...
Денвер Нагетс ги победија Минесота Тимбервулвс со 142-138 во последниот натпревар од божикќната програма во НБА лигата. Секоја година, НБА носи неколку спектакуларни натпревари за Божиќ, а мечот што го одиграа Денвер, предводени од Никола Јокиќ и Минесота ќе влезе во аналите на НБА лигата. Тимот од Колорадо, по едно продолжение, победи со 142:138, а Никола Јокиќ постигна 56 поени со 16 скока и 15 асистенции. Ова е негов 179-ти трипл-дабл во ...
Кошаркарите на Сан Антонио Спарс, во Оклахома ги победија актуелните шампиони со 117:102, во рамките на божиќната програма во НБА лигата. Сан Антонио го добија и третиот меч против Оклахома од почетокот на сезоната. Актуелните шампиони досега забележаа пет порази во 31 натпревар, три од нив ги забележаа во натпреварите со франшизата од Тексас. Во првата четвртина, Оклахома добро започна стекна предност од одум поени, тогаш Спарс одговрија ...
Реал Мадрид, во летниот преоден рок, ќе го ангажира играчот на Комо, Аргентинецот Нико Паз. Според шпанскиот „Ас“, Нико Паз ќе се врати во Реал Мадрид по завршувањето на сезоната, бидејќи „кралскиот клуб“ поседува 50 проценти од договорот на аргентинскиот офанзивен играч за врска. На лето, Реал Мадрид ќе му плати на Комо девет милиони евра и ќе го задржи 21-годишниот играч за врска, иако според „Трансфермаркт“, тој сега вреди дури 65 ...
Дресот на легендарниот аргентински фудбалер, Диего Армандо Марадона, беше продаден на аукција за околу 180.000 американски долари. Станува збор за дресот на Барселона, кој Диего Марадона го носеше во финалето на Кралскиот куп во 1984 година против Атлетик Билбао, објави „Мундо Депортиво“. Дресот на Марадона бил скина во текот на тепачката на теренот. а Барселона го загуби финалето со 0:1. Се напоменува дека една работничка вработена во ...
Кошаркарите на Њујорк го победија Кливленд на свој паркет (126:124), во првиот натпревар од божиќната програма во НБА лигата. Тимот на Мајк Браун успеа да надомести негатива од 17 поени во последната четвртина и по мини-драма во финишот, да стигне до втората победа над Кавси во сезоната. Бренсон беше најефикасен со 34 поени и четири асистенции. Херој од сенка беше Колек со 16 поени, девет асистенции и три скока, а Кларксон имаше значаен ...
Голем кошаркарски скандал го тресе Бразил. Два натпревари од националното првенство се под истрага за наместување, а вмешани се и српски кошаркари, тренери и финансиерот на Рио Клара, Светозар Поповиќ. Бразилските медиуми објавуваат дека ФИБА започнала истрага поради сомнителни резултати на натпреварите на клубот Рио Клара. ФИБА е информирана дека во спорните натпревари се вклучени големи суми пари инвестирани во обложувалници. Спорни се ...
Намерата на челниците на Атлетико Мадрид е да ја продолжат соработката со нивниот долгогодишен тренер Диего Чоло Симеоне, објави шпанска „Марка“. Според овој извор, официјалните преговори со темпераментниот аргентински стручњак сè уште не се започнати, но Атлетико е убеден дека Симеоне е најдоброто решение за клубот. Поради неговата филозофија, посветеност и способност да создава конкурентен тим секоја сезона. Актуелниот договор на ...
Од наредната сезона Дуашн Влаховиќ нема да биде играч на Јувентус, тоа е сигурно, се поставува прашањето дали Србинот ќе остане во Торино по заимскиот преоден рок. Влаховиќ е повреден, нема да игра до месец март наредната година, но Јувентус сепак ќе се обиде да го продаде. Неколку англиски медиуми тврдат дека Влаховиќ би можел да заврши во Ливерпул. „Црвените“ се во потрага по напаѓач откако Александер Исак доживеа тешка пшовреда. Нејасно ...
Фудбалскиот клуб Челзи има намера да се откаже од најмалку шест играчи во зимскиот преоден рок. Енцо Мареска во летниот преоден рок подвлече дека има премногу играчи во тимот, но тогаш не успеа да го скрати спиското. Сега клупските челници ќе се обдат да го намалат ростерот. Мареска јасно стави до знаење дека вишок се: Тосин Адарабијо, Факундо Буонаноте, Аксел Дисаси, Рахим Стерлинг, Беноа Бадијашиле и голманот Филип Јоргенсен. Од почетокот ...
Манчестер Јунајтед сака да се засили во зимскиот преоден рок, а најреалната опција наводно е Рубен Невеш. Рубен Аморим би сакал да го засили средниот ред, особено по повредата на Бруно Фернандеш, и фактот дека Коби Меину е незадоволен од својот статус во клубот. Исто така, Рубен Невеш би бил среќен да се врати во Премиер лигата, за да го дочека Светското првенство следното лето во најдобра можна форма. Португалецот има договор со Ал Хилал ...
Тренерот на Интер, Кристијан Киву, беше прогласен за најдобар романски тренер во 2025 година. Тоа е големо признание за 45-годишникот, кој стана тренер на сениорски тим дури оваа година. Тој ја презеде Парма во февруари, а потоа се врати во Интер, каде што работеше во фудбалската академија, пред да се пресели во Парма. Од минатото лето одигра 27 натпревари со Интер и моментално е лидер во италијанското првенство. Зад себе има одлична ...