Белград
12ᴼ /
11ᴼ
Фудбалската репрезентација на Англија успешно ги финишира квалификациите за Светското првенство. Англичаните изборија место на Мундијалот, а од вечерва ги започнуваат подготовките за планетарната смотра. Во К групата, Англија во претпоследното коло ќе ја пречека Србија. Пред натпреварот на „Вембли“, селекторот Томас Тухел ѝ порача на англиската јавност дека Хари Кејн, Фил Фоден и Џуд Белингам не можат да играат заедно во неговиот систем. Тој ...
Кинан Еванс, плејмејкерот на Олимпијакос, дефинитовно е најголемиот малер во европската кошарка. Американецот по 580 денови пауза, за врати на теренот во Евролигата, дебитираше во елитното натпреварување за Олимпијакос, се повреди и ја заврши сезоната. Кинан Еванс, минатата недела го одигра првиот меч за Олимпијакос, откако пред речсии две години пристигна од Жалгирис. Одигра 19 минути и постигна 15 поени против Кардитса. Во средата, во ...
Еурофарм Пелистер ја забележаа втората победа во Лигата на шампиони. Во седмото коло, во Битола, македонскиот првак го победи Пик Сегед со 25:24. Одбраната на Пелистер, особено во првиото полувреме, на крајот беше клуч за победата. Блескаа зелените, во дефанзивата, во првите 15 минути му дозоволија Сегед да постигне само два гола, до крајот на првиот дел уште шест, па по 30 минути игра Пелистер имаше водство 11:8. Вториот дел, во речиси целиот ...
Во првиот натпревар од новиот циклус на квалификации за пласман на Евробаскетот во 2027 година, женската сениорска репрезентација на Македонија славеше минималнаа, но голема победа над селекцијата на Данска 79:78. Изедначено прво полувреме одиграа Македонија и Данска во премиерниот меч од групата „Ф“ од квалификациите за Евробаскетот во 2027 година. Нашите девојки имаа почетна предност, во 9.минута од натпреварот, водеа со пет поени разлика ...
Кандидатот за претседател на Барселона, Ксавиер Вилахоана, го обвини актуелното раководство на чело со Џоан Лапорта дека лаже за финансиската состојба на клубот, повикувајќи на целосна транспарентност во врска со заминувањето на Лионел Меси во 2021 година. Според нов независен извештај, нарачан од самиот Вилахоана, долгот на каталонскиот гигант пораснал на рекордни 4,12 милијарди евра, што фрла сомнеж врз приказните за економско закрепнување и ...
Фудбалската репрезентација на Нигерија ќе го игра натпреварот против Габон во плеј офот за пласман на Светското првенство во 2026 година. Во вторникот, фудбалерите и стручниот штаб започнаа штрајк поради неплатени хонорари и бонуси. Побараа од Нигериската фудбалска федерација (NFF) проблемот итно да биде решен, бидејќи некои долгови дтарираат уште од 2019 година. Тимот, предводен од ѕвезди како Виктор Осимхен и Адемола Лукман, одби да тренира ...
Британски „Гардијан“ го најави сензационалниот трансфер на Хари Кејн. Според лондонскиот весник, капитенот на англиската репрезентација ќе се пресели од Баерн во Барселона следното лето, а Џоан Лапорта ќе ја плати клаузулата откуп од 65 милиони евра. Кејн, кој и самиот е „помлад“ ветеран на 32 години, ќе ги следи стапките на Роберт Левандовски, кој го напушти Минхен на 35 години и потпиша за Барса за 20 милиони евра помалку. Полјакот целосно ...
Српската фудбалска репрезентација утре на „Вембли“, со новиот селектор, Вељко Пауновиќ, ќе и се спротивстави на Англија во квалификациите за пласман на Светското првенство. Пауновиќ, официјално функцијата ја презеде минатиот понеделник од Драган Стојковиќ Пикси. Во пресрет на натпреварот, порталот „Foot mercato“, пишува дека пред да го ангажира Пауновиќ, Фудбалскиот сојуз на Србија го контаактирал Тијаго Мота. Според овој извор, ...
Шефот на Мерцедес во Формула 1, Тото Волф, наводно е подготвен да продаде дел од својот удел од 33 отсто во тимот, кој се проценува на рекордни пет милијарди евра. Се вели дека Волф, кој ќе остане на своите должности како извршен директор и шеф на тимот, е во напредни разговори со неоткриен купувач за продажба на „средно едноцифрен удел“ во неговата компанија, која поседува акции на Мерцедес. Портпаролот на тимот Мерцедес во Формула 1 не ...
Селекторот на фудбалската репрезентација на Бразил, Карло Анчелоти, му порача на напаѓачот на реал, Ендрик дека мора сериозно да размисли за својата иднина на „Сантијаго Бернабеу“. Младиот фудбалер го изгуби местото во ротацијата со доаѓањето на Чаби Алонсо, а откако се рахабилитира од повредата на грбото, има одиграно само 14 минути оваа сезона. Новинарите беа заинтересирани дали ова ќе влијае врз статусот на Ендрик во националниот тим, ...
Познатиот италијански тренер Роберто Манчини (60) постигна договор за нова профитабилна работа. Како што објавува секогаш добро информираниот италијански новинар и инсајдер Фабрицио Романо, неговиот сонародник Роберто Манчини ќе стане нов тренер на Ал Сад, најтрофејниот и најбогат катарски клуб. Двете страни веќе постигнале договор. „Роберто Манчини утре лета за Доха за да го потпише договорот како нов главен тренер на Ал Сад, договорот е ...
Поранешниот играч на Манчестер Јунајтед, Аксел Туанзебе, го тужи клубот за 1 милион фунти (1.300.000 евра) поради наводна „клиничка небрежност“ во третманот на повреда на грбот, тврдејќи дека таа му предизвикала „сериозни“ и долгорочни проблеми. Туанзебе, кој поминал низ познатата фудбалска академија на клубот, ја поднесе тужбата во Високиот суд уште во јули, а сега се откриени клучни детали од случајот. Главната поента на тужбата се однесува ...
Фудбалската репрезентација на Македонија утре (18 часот) игра пријателски натпревар против Летонија, во пресрет на завршницата од овој квалификациски циклус, гостувањето против Велс во Кардиф. Селекторот Благоја Милевски вели дека нема да има калкулации, кога се игра за националниот тим секогаш се дава најдоброто. „Нема потреба да калкулираме или да се штедиме, затоа што имаме доволно време за одмор пред натпреварот против Велс во Кардиф. Ќе ...
Претседателот на Барселона, Џоан Лапорта, ја коментираше за ненадејната посета на Лео Меси на „Камп Ноу“ минатата недела. Во разговор за „Радио Каталуња“, Лапорта призна дека не знаел за намерите на Меси, но повтори дека не жали за заминувањето на Аргентинецот од клубот во 2021 година. Лапорта го опиша доаѓањето на Меси како спонтан чин на посветеност кон клубот. „Добро го примив. Тоа беше спонтан чин на неговата љубов кон Барселона. Не знаев, ...
Националната кошаркарска асоцијација (НБА) и Националната асоцијација на играчи во НБА (НБПА) го објавија форматот на натпреварот САД – Свет за НБА Ол-стар натпреварот во 2026 година. Натпреварот ќе се игра од 23:00 часот по источно време во недела, на 15 февруари 2026 година, во арената „Интуит Доум“ на Лос Анџелес Клиперс во Инглвуд. На НБА Ол-стар натпреварот во 2026 година ќе учествуваат два тима составени од играчи од Соединетите ...
Португалската фудбалска легенда Кристијано Роналдо потврди дека Светското првенство во 2026 година ќе биде неговиот последен настап на големата сцена, во националниот дрес. Во интервју за „Си-Ен-ЕН“ за време на самитот во Ријад, капитенот на португалската репрезентација изјави дека на 41-годишна возраст е вистински момент да се збогува. „Уживам во моментот, но кога велам наскоро – мислам навистина наскоро. Му дадов сè на фудбалот. Во играта ...
Бразилскиот напаѓач, Ендрик, е блиску до договор за позајмица во Лион за време на зимскиот преоден рок. 19-годишникот сака да минува повеќе време на теренот, со цел да ги зголеми шансите за настап на Светското првенство со бразилската репрезентација предводена од Карло Анчелоти. Реал Мадрид е подготвен да одобри привремено заминување без можност за откуп, иако неволно, а трансферот сè уште зависи од постигнувањето конечен договор со Лион. ...
Францускиот селектор Дидие Дешан ќе ги напушти „Триколорите“ по Светското првенство во 2026 година. „Лекип“ тврди дека тој веќе има нова работа. Според овој извор, селекторот ќе се врати во клупскиот фудбал и ќе го преземе кормилото на Ал Итихад. Ова не ја изненади француската фудбалска јавност, бидејќи еден ден претходно Дешан потврди дека имал контакт со клуб од Саудиска Арабија, а познато е дека првите ѕвезди на Ал Итихад се поранешните ...
Бразилскиот фудбалер Оскар (34) е принуден да ја заврши кариерата откако беше хоспитализиран поради проблеми со срцето. Поранешната ѕвезда на Челзи , во вторникот заврши во болница, откако се пожали дека не се чувствува добро. Најновите вести велат дека поради проблеми со срцето, тој ќе мора да ја заврши кариерата. Како што објави „Дејли мејл“, Оскар паднал во несвест за време на тренинг, поточно за време на користењето на велосипед за ...
Никола Јокиќ повторно одигра маестрална игра во НБА лигата, овој пат во победата на Денвер над Сакраменто Кингс со 122:108. Центарот на Нагетс имаше дабл-дабл од 35 поени, 15 скока и седум асистенции, додека шутираше 16/19 од поле. Српскиот ас одигра само малку повеќе од три четвртини, по што беше снимен на клупата како ги прекрстува нозете и се опушта колку што е можно повеќе. Дотогаш, тој блескаше со неколку феноменални движења во свој стил, ...
Една од темите на интервјуто на Новак Ѓоковиќ со познатиот британски новинар Пирс Морган беше неговиот став кон Карлос Алкараз и Јаник Синер. „Како се чувствувате сега кога, по толку години, младите лавови ве победуваат?“, го праша Морган најдобриот тенисер на сите времиња. „Знаев дека тоа ќе се случи еден ден. Во секој спорт доаѓа време кога се појавува нова генерација и почнува да доминира. Природна еволуција. Синер и Алкараз се одлични за ...
Ракометарите на Вардар го доживеаја првиот пораз во Лига Европа. Во рамките на третото коло во Ф групата, Кристијанштад го победи Вардар со 32:31 (14:11). Вардар одигра лошо прво полувреме, со голем број технички грешки, па ни брилијантниот Валак на голот на можеше да му обезбеди на совјот тим позитивен резултат по 30 минути игра. Вардар на 12 голмански интервенции имаше и 11 технички грешки. Кристијанштад во деветтата минута стекна три гола ...
Спортскиот директор на Јувентус, Дамиен Комоли рече дека клубот не се откажува од Душан Влаховиќ. Српскиот репрезентативец влезе во последната година од договорот. Сите досегашни преговори, околу евентуалниот нов договор завршија неуспешно. Влаховиќ не ги прифаќа финансиските услови. Инаку со годишна плата од 12 милиони евра, Влаховиќ е најплатениот играч во Серија А. Јувентус му нуди договор во кој платата не би била поголема од девет милиони ...
Македонската фудбалска репрезентација втор ден се подготвува за завршните два натпревари во оваа година. Првиот в четврток против Летонија е контролен и тоа ќе биде одлична можност за селекторот Благоја Милевски да ја провери формата на играчите кои се во комбинација и за клучниот натпревар во квалификациите против репрезентацијата на Велс. “Секој натпревар има свој важност без разлика дали тој е контролен или квалификациски. Наша примарна цел ...
Нико Херисон повеќе не е генерален менаџер на Далас Маверикс. Дека Херисон ќе добие отказ, вчера најави добро информираниот новинар Марк Штајн. Навивачите на Далас се израдуваа на оваа информација, Херисон е човекот кој решида го размени Лука Дончиќ. Во февруари 2025 година, шокантни информации се проширија низ целиот свет, Далас Маверикс го разменија Лука Дончиќ во Лос Анџелес Лејкерс во замена за пакет во кој се беше Ентони Дејвис. Мавс, ...
Српскиот стручњак Дејан Станковиќ повеќе не е тренер на фудбалерите на Спартак, потврди клуб од Москва. Во соопштението се наведува дека двете страни се разделиле по меѓусебна согласност и дека во моментот на разделбата. Спартак се наоѓа на шестото место во лигата „што не го задоволува раководството на клубот“. „Им се заблагодаруваме на Дејан и на неговите помошници за нивните напори и им посакуваме многу среќа во кариерата“, се вели во ...
Интерсна дебата, меѓу оригиналниот и португалскиот Роналдо, го привлече вниманието на фудбалскиот свет. Кристијано Роналдо неодамна беше гостин на Пирс Морган и во таа прилика даде изјава дека се смета себеси за најдобар играч на сите времиња. Одговорот дојде од Луис Назарио да Лима Роналдо, популарно познат како „Ил Феномено“, кој не се согласува со Португалецот. Бразилецот Роналдо, имено, верува дека Кристијано не е најдобриот на сите ...
Фудбалерот на барселона, Ламин Јамал е повлечен од шпанската репрезентација за претстојните натпревари против Грузија и Турција. Шпанската фудбалска федерација (РФЕФ) соопшти дека одлуката е донесена во согласност со приоритетите на здравјето, безбедноста и благосостојбата на играчите. Во соопштението за медиумите на РФЕФ се наведува дека медицинскиот тим на националната селекција со изненадување и непријатност дознал дека во понеделникот, 10 ...
Турската фудбалска федерација (ТФФ), суспендираше повеќе од 1.000 фудбалери како дел од растечкиот скандал со обложување, вклучувајќи го и дефанзивецот на Галатасарај, Ерен Елмали. Елмали издаде соопштение за да ја објасни својата вмешаност во случајот откако беше отстранет од составот на Турција кој се подготвува за квалификациите за Светското првенство против Шпанија и Бугарија. 25-годишниот фудбалер изјави на Инстаграм дека пред околу пет ...
Еден од најдобрите напаѓачи на 21 век, Роберт Левандовски, се соочува со ненадејно пензионирање, по извештаите дека Барселона не е заинтересирана да го продолжи неговиот договор. Иако има 37 години и се соочува со повреди, поради што на теренот поминува помалку од предвиденото, искусниот Полјак е најдобар стрелец на Каталонците во Примера оваа сезона со пет гола. Доцните фудбалски години не го спречуваат сè уште да го прави она што го знае ...