Поранешниот играч на Ливерпул, Џејми Карагер, го критикуваше настапот на „црвените“ во победата над Нотингем Форест, нарекувајќи го „еден од најголемите грабежи“ во сезоната. Екипата на Арне Слот обезбеди драматична победа од 1-0 благодарение на голот на Алексис Мекалистер во 97-та минута. Карагер беше незадоволен од настапот, особено издвојувајќи ги Мохамед Салах и Коди Гакпо. Поранешниот дефанзивец на Ливерпул, кој работи како стручен ...

Фудбалскиот клуб Партизан, п вчерашниот дебакл во „вечното дерби“ и поразот од Црвенз звезда (3:0), му врачи отказ на тренерот Ненад Стојаковиќ. Клубот потврди дека до крајот на сезоната тимот ќе го води поранешниот фудбалер на црно-белите, Дамир Чакар, а ќе му помага Ѓорѓије Ќетковиќ. Стојаковиќ во ноември го презеде првиот тим од Срѓан Благојевиќ, кој во тоа време изненадувачки доби отказ. Чакар ќе биде четвртиот тренер на Партизан, ...

Незадоволен од политиката на клубот, Кристијано Роналдо бојкотираше три натпревари на Ал Наср. Се појавија гласини, а португалските медиуми јавно пишуваа за тоа, дека еден од најпопуларните фудбалери во историјата, и покрај стотиците милиони долари што ги добива, ќе ја напушти Саудиска Арабија. Сепак, Роналдо го негираше сето тоа откако постигна два гола на натпреварот против Ал Хазем. „Јас припаѓам на Саудиска Арабија и сакам да останам ...

Милан доживеа шокнтен пораз од Парма на „Сан Сиро“ (0:1) и остана без Англичанецот Рубен Лофтус-Чик Милан во четири дена испадна од трката за титулата во Серија А. Во средата одигра нерешено на домашен терен со Комо (1:1), а синоќа на истото место беше шокиран од Парма. По 26 рубди во Серија А, Интер е лидер со 64 поени, 10 повеќе од Милан, додека со по 50 поени следуваат Наполи и Рома. Покрај поразот од Парма, проблем за Масимилијано ...

Бостон Селтикс ги победија Лејкерси во Лос Анџелес во можеби најголемиот НБА класик, дуел меѓу децениските ривали. Бостон беше убедлив со 111:89 во арената „Крипто Ком“. Бостон речиси и да немаше проблем да го контролира целиот натпревар против големиот ривал. Во второто полувреме направи сериозна двоцифрена разлика и немаше индикации дека ќе ја испушти. Тимот го предводеа Џејлен Браун со 32 и Пејтон Причард со 30 поени. Пејтон имаше шест ...

Кошаркарите на Голден Стејт го победија Денвер, во Сан Франциско со 128:117, во натпревар од НБА лигата. Натпреварот мина во доминација на десеткуваниот Голден Стејт. Вриорс настапија со само девет кошаркари и без главните играчи. И во таква ситуација одиграа инспирирано, погодија 15 тројки во првото полувреме, во кое ја имаа највисоката предност д 13 поени. Денвер беа далеку под своето ниво, со исклучок на Никола Јокиќ, но тој не можеше ...

Фудбалерите на Рома го победија Кремонезе со 3:0 (0:0) во натпреварот од 26-то коло од италијанското првенство. Со оваа победа, Рома стигна до третото место на табелата – прескокнувајќи го актуелниот шампион Наполи, кој претходно загуби од Аталанта. Рома беше доминантна во текот на целиот натпревар, но отпорот на гостите го скрши во второто полувреме кога головите ги постигнаа Кристанте, Ндика и Пизили. Foto/ EPA Фудбалерите на Рома го ...

Кошаркарите на Басконија го освоија овогодинешниот Куп на Кралот, во големото финале на завршниот турнир во Валенсија го победија Реал Мадрид со 100.89. По голема драма, Басконија, која е на самото дно во Евролигата, успеа да го победи „кралот“ и да го освои трофејот. Реал имаше и двоцифрена предност, 40:30 во вториот дел, +8 во третиот и +7 на почетокот на четвртиот. Сепак, Басконија на крилата на Тимоти Луваву, Трент Форест и конечно ...

Фудбалерите на Арсенал убедливо го добија дербито на северен Лондон против Тотенхем 4:1. Како гости, „Топџиите“ го надиграа својот голем ривал во натпреварот од 27-то коло од Премиер лигата. На клупата на Тотенхем дебитираше новиот тренер Игор Тудор. Еберечи Езе и Виктор Ѓокереш постигнаа по два гола и со тоа го режираа убедливиот триумф на тимот на Микел Артета. Арсенал славеше по два последователни нерешени резултати, тие се први на ...

Фудбалерите на Црвена звезда убедливо го победија Партизан (3:0) на стадионот „Рајко Митиќ“ во 178-то вечно дерби во рамките на 24-то коло од српската Суперлига. Црвена звезда ја забележа 72-та победа, сега има 24 победи повеќе од вечниот ривал и на табелата има четири бода повеќе од Партизан. Во дербито блескаа Василије Костов и Александар Катаи со по гол и асистенција. Дербито го обележа и дивеењето на навивачите на партизан. По вторито ...

Фудбалерите на Ливерпул славеа како гости против Нотингем Форест (1:0), во натпреварот од 26-то коло од Премиер лигата. Херој беше Алексис Мекалистер, во седмата минута од судиското продолжение, откако најдобро се снајде на одбиената топка по ударот на Вирџил ван Дајк. „Црвените“ беа блиску до победа претходно, но бизарниот гол на Алексис Мекалистер во 89-та минута беше поништен по интервенцијата на ВАР. Актуелниот шампион не личеше на ...

Фудбалерите на Аталанта го победија Наполи со резултат од 2:1 (0:1) во малото дерби од 26-то коло на италијанската Серија А. Херој на победата на „Ла Деа“ беше српскиот репрезентативец Лазар Самарџиќ, кој постигна гол во 81-та минута за пресврт на својот тим. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмаз, го одира целиот натпревар за Наполи. Наполи победи четири пати по ред во Бергамо и направи добар чекор кон петти триумф по ред кога Беукема ги ...

Кошаркарите на Мајами Хит ја продолжија импресивната победничка серија, откако ги победија Мемфис Гризлис со 136:120. Натпреварот го обелажаа Ендру Вигинс и Норман Пауел, како и инцидентот на крајот од натпреварот. Вигинс го предводеше домашниот тим со 28 поени, шутирајќи импресивни девет од 10 од поле, додека Пауел додаде 25 поени. Тие двајца беа клучни во третата четвртина кога Мајами доминираше со 39:26 и тука го реши победникот. Кај ...

Името на Алехандро Пједраита, не е многу позанто во светот на фудбалот, но она што го направи Колумбиецот во дербито на Софија го направи хит на социјалните мрежи. Масовно се дели неговиот гол против Сзлавија. Во 82-та минута, Колумбиецот го постигна единствениот гол за ЦСКА Софија во победата од 1:0 над нивниот голем ривал. Интересно, ова е прв пат за Колумбиецот откако пристигна во Бугарија. Тој дојде како слободен агент оваа зима, откако ...

Новата сезона на МЛС, американската професионална фудбалска лига, започна, а веќе во првото коло, актуелниот шампион доживеа дебакл. Интер од Мајами, предводен од Лионел Меси, еден од најдобрите фудбалери во историјата, загуби од Лос Анџелес со 3:0. Тимот од Градот на Ангелите беше подобар во првото полувреме, а добрата игра ја крунисаа со голот на Мартинез во 38-та минута. Во вториот дел, Интер беше подоминантен, додека Лос Анџелес се ...

Фудбалерите на Атлетико Мадрид го победија Еспањол со 4:2 во натпреварот од 25-то коло на Ла Лига. „Јорганџиите“, вечерва ја прекинаа лошата низа од три натпревари без триумф и без постигнат гол во Примера. Исто така, Атлетико прв пат по 2022 година успеа да го победи Еспањол. Гостите од Каталонија поведоа во пестата минута преку Жофре, но беа надиграни и поразени од фаворизираниот тим на Диего Симеоне. Атлетико по голот на Еспањол ја ...

Манчестер Сити го искористи киксот на Арсенал против Вулверхемптон и со победата над Њукасл (2:1) се доближи на два бода од лидерот. Нико О’Рајли беше херој на победата за тимот на Пеп Гвардиола. Тој постигна два гола, во 16-та у 27-та минута и беше блиску до хет-трик во првото полувреме. Луис Хол во 22-та минута беше стрелец за Њукасл. Сити освои три бода иако најдобриот стрелец Ерлинг Холанд не успеа да постигне гол. По канонадата во ...

Кошаркарите на Панатинаикос се освојувачи на Купот на Грција втора година по ред, откако го победија Олимпијакос со 79:68 во финалето на турнирот што се одржа во Хераклион. Панатинаикос имаше двоцифрена предност во раната фаза од натпреварот поради проблемите што Олимпијакос ги имаше во нападот. Не можеа црвено-белите никако да најдат решение за подвижната одбрана на ПАО. Единствениот расположен кошаркар на тимот од Пиреја беше крилниот ...

Осасуна победи со 2:1 против Реал Мадрид во 25-то коло од Ла Лига. Голот за победа, на спектакуларен начин го постигна Раул Гарсија во 90-та минута. Осасуна прв пат по јануари 2011 година го победи Реал, а во исто време „кралскиот клуб“ го доживеа првиот пораз во првенството по декември минатата година. Анте Будимир избори пенал и го претвори во гол во 38 минута. Ова беше 12-ти гол во првенството оваа сезона во неговиот 24-ти настап. ...

Фудбалерите на Интер го победија Лече на гостински терен со 2:0 во натпреварот одигран во 26-то коло од Серија А. „Нероазурите“, кои се прашуваа за сè, од почеток до крајот, на теренот на стадионот „Виа дел Маре“, направија нов чекор кон „скудетото“, кое, се чини, може да им избега само ако се случи некое чудо до крајот на сезоната. Екипата на Кристијан Киву победи по 12-ти пат во последните 13 натпревари во домашното првенство. Последниот ...

Нико Шлотербек, стоперот на Борусија Дортмунд и германската репрезентација, е првата желба на Реал во летниот преоден рок. Според „Ас“, „кралскиот клуб“ почнал да го подготвува теренот за трансферот. Според овој извор, цената на стоперот, паднала по завршувањето на зимскиот преоден рок. Пред еден месец беше објавено дека Борусија ќе го продаде за 70 милиони евра, но сегацената изнесува 50 милиони евра. „Ас“, објаснува дека тоа е затоа што ...

Фудбалерите на Челзи и Астон Вила, како домаќини, одиграа нерешено против Барнли и Лидс, во натпреварите од 27-то коло од Премиер лигата. Двата тима на тој начин ја пропуштија можноста да се позиционираат уште подобро на врвот на табелата и со триумфи да ја продолжат борбата за местото што води во Лигата на шампионите. Челзи ја загуби победата во третата минута од судиското продолжение на „Стемфорд Бриџ“. Херој на гостите е Зиан Фелминг, ...

Јувентус, во 26-то коло во Серија А, доживеа тежок пораз од Комо (0:2). Ова е прв триумф на Комо, против Јувентус во Торино по 1951 година. „Старата дама“ со овој пораз ја продлабочи кризата и под знак прашалник го става своето учество во Лигата на шампионите наредната сезона. Јувентус го запиша третиот пораз во низа, четврти на последните пет натпревари во сите натпреварувања. Од друга страна, Комо ја потврди одличната форма, тимот на Сеск ...

Еден од најдобрите натпревари оваа сезона во Шпанија се одигра во Сан Себастијан, Реал Сосиедад и Овиедо ремизираа 3:3. По лошото и неинтересно прво полувреме, во кое немаше голови, во второто присутните на „Аноета“ сведочеа на спектакуларен меч. „Фенерџијата“, поведе во 50-та минута преку Винас, две минути подоцна Уругваецот со својот втор гол ја зголеми предноста на својот тим. Оскарсон ја врати надежта во Сосиедад со гол во 64-та минута, ...

За неколку дена инцидентот што се случи на натпреварот меѓу Бенфика и Реал Мадрид, во Лигата на шампионите ќе добие епилог. УЕФА ги анализираше доказите, ги доби изјавите од инволвираните во инцидентот и се очекува да ги соопшти казните. Во центарот на вниманието е играчот на Бенфика, Џанлука Престијани. Тој беше обвинет од страна на Винисиус Жуниор и Килијан Мпбапе за расизам. Ѕвездите на Реал тврдат дека Престијани го нарекол Винисисус ...

Зинедин Зидан ќе стане нов селектор на Франција. Фабрицио Романо повтори дека Зидан ги договорил сите услови со Француската фудбалска федерација и дека практично сè е усно завршено, додека потпишувањето ќе следи во текот на летото. Дидие Дешан ќе ја предводи Франција на Светското првенство во 2026 година, со што ќе го заврши своето неверојатно патување кое траеше 14 години. Дешан ја презеде Франција во летото 2012 година, го освои Светското ...

Фудбалерите на Бетис, попладнево ќе го пречекаат Рајо Ваљекано во специјално изработени дресови направени од кора од портокал и рециклиран материјал. Бетис сака да ја подигне свеста за важноста на борбата против климатските промени, сето тоа во денови кога Андалузија се соочува со разорни дождови. „Животот во зелено започнува во соседството“, тоа е мотото под кое Бетис ги претстави дресовите што ќе ги носат овој викенд во Севилја. „Ова е ...

Денвер Нагетс и Лос Анџелес Лејкерс ја обележаа изминатата ноќ во НБА лигата. Нагетс забележаа клупски рекорд, со најмногу постигнати поени на еден тим оваа сезона, а Лејкерси славеа во градското дерби против Клиперс. Кошаркарите на Денвер остварија убедлива победа во Портланд со 157:103 и со тоа поставија франшизен рекорд по број на поени на гостински терен, воедно ова е и најефикасниот настап на еден тим во НБА оваа сезона. Никола Јокиќ ...

Вукашин Воркапиќ, репрезентаивец на Србија, потпиша договор на две и пол години со Вардар 1961. Договорот беше Воркапиќ да се пресели во Скопје на крајот од сезоната, но финансиските тешкотии со кои се соочува Војводина ја забрзаа реализацијата на трансферот. Тој ќе дебитира во дресот на македонскиот шампион, ви кендов, во дербито против Алкалоид. Воркапиќ е роден во Белград и има 28 години. Игра на позицијата десно крило и поголемиот дел ...

Фудбалерите на Црвена Звезда го шокираа Лил во Франција во првиот натпревар од плејофот за место во осминафиналето, во Лига Европа. Српскиот тим победи со 0:1, а единствениот стрелец на натпреварот беше Тебо Учена во првата минута од судиското продолжение во првото полувреме. Домашните навивачи не го криеја своето незадоволство. Кога нивните фудбалери отидоа да ги поздрават по последниот свиреж на судијата, реакцијата беше жестока. Тие ...

weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
2.57
57%
1014
weather icon

Белград

7ᴼ / 5ᴼ
2.57
65%
1015
weather icon

Загреб

5ᴼ / 5ᴼ
3.09
65%
1016
weather icon

Софија

4ᴼ / 4ᴼ
0.51
51%
1016
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
2.95
85%
1017
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
2.57
73%
1016
weather icon

Атина

10ᴼ / 9ᴼ
4.12
72%
1011
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
71%
1012
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
3.09
40%
1013
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
5.14
78%
1017
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 8ᴼ
4.63
54%
1017
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
89%
1010
Currency

61.6238

Currency

53.1629

Currency

71.3542

Currency

37.4525

Currency

38.7262

Currency

67.692

Currency

7.72202

Currency

0.63227

Currency

0.33549

Currency

0.52487

Currency

1.20167

Currency

0.56757

Алуминиум

3.19

Рутениум

56199.51

Кобалт

3.86

Сребро

2179.44

Калај

43.91

Родиум

353658.21

Паладиум

44753.84

Злато

144593.23

Иридиум

258288.78

Цинк

0.00

Бакар

10.65

Платина

61858.04