Белград
12ᴼ /
11ᴼ
Селекторот на Англија, Томас Тухел, го предупреди Џуд Белингам дека „однесувањето е клучно“ откако ѕвездата на Реал Мадрид реагираше бурно на замената за време на натпреварот против Албанија, кој Англија го доби со 2:0. Инцидентот се случи на крајот од натпреварот, веднаш откако Хари Кејн го постигна својот втор гол, а реакцијата на ѕвездата на Реал Мадрид предизвика остар одговор од тренерот. Се играше 84-та минута кога Морган Роџерс беше ...
Фудбалската репрезентација на Италија доживеа тежок пораз на „Сан Сиро“, во последното коло, во квалификациите за пласман на СП. Азурите водеа против Нрвешка, на крајот загубија со 1.4. И пред почетокот на натпреварот беше јасно дека Италија има невозможна задача, да победи со девет голови разлика за да го освои првото место. Водеа Италијаните со голот на Еспозито, а откако во вториот дел Нуса изедначи, на азурите целосно потоанаа во ...
Кошаркарите на Јута ги победија Чикаго Булс со 150:147 (127:127), по две продолженија, во најефикасниот натпревар од стартот на сезоната во НБА лигата. Херој на средбата беше Кеонте Џорџ, кој ја погоди клучната тројка на две секунди пред крајот. Лаури Марканен одигра феноменално и го заврши натпреварот со 47 поени, додека Џорџ додаде 32, вклучувајќи шест во второто продолжение. Ајзеа Колиер и Брајс Сенсабо постигнаа по 16, а Кевин Лав и Сви ...
Зинедин Зидан ќе седне на клупата на француската репрезентација по Светското првенство во 2026 година. Според француските медиуми, славниот Зизу ќе го наследи својот поранешен соиграч Дидие Дешан, кој се повлекува од селекторската позиција. Зидан не работел никаде од 2021 година, кога ја напушти клупата на Реал Мадрид, и никогаш не криел дека има голема желба да ја води репрезентацијата. Како играч, тој веќе ја водеше Франција до светската ...
Фудбалерите на ДР Конго се квалификуваа за интерконтиненталниот плејоф за Светското првенство, откако ја победија Нигерија во финалето на африканскиот плејоф во Рабат.. Во финалниот меч од плејофот, Конгоанците ја победија Нигерија по изведувањето пенали. По 120 минути, резултатот беше 1:1, а Конго потоа славеше по шест серии пенали со 4:3. Конго има шанса по прв пат да настапи на планетарната смотра под ова име. Тие учествуваа во 1974 година ...
Норвешките фудбалери го потврдија своето место на Светското првенство, со убедлива победа од 4:1 во Милано над Италија. Норвешка во голем стил ги мина овие квалификации, со максимален учинок од осум победи и гол разлика 37:5. На „Азурите“ им беше потребна победа од 9:0 на „Сан Сиро“ за првото место во Група И. И покрај водството, не освоија ниту еден бод. Исто како во Осло, во јуни, кога Норвешка победи со 3:0. Избраниците на Столе Солбакен ...
Во решавачкиот натпревар од 6-то коло од групата Д од квалификациите за Светското првенство, Украина го победи Исланд со 2:0 (0:0) и се избори за место во баражот за пласман на Светското првенство во САД, Мексико и Канада. Украина, во клучниот натпревар во борбата за второто место го победи Исланд со голови во последните 10 минути од натпреварот. Стрелци на головите на натпреварот одигран во Варшава беа Зубков во 82-та минута и Гуцуљак во ...
Јаник Синер го освои Завршниот Мастерс во Торино со победа од 2-0 во сетови над Карлос Алкараз. Синер го победи Алкараз со 7:6, 7:5 по два часа и 15 минути борба. Со ова, Италијанецот ја одбрани титулата на Завршниот Мастерс, без загубен сет, а неговиот настап на бетон во затворен простор се зголеми на 31 победа по ред, во последните 40+ натпревари, само Новак Ѓоковиќ го победи, и тоа во финалето на Торино 2023 година. Алкараз и покрај поразот ...
Екипа од Манчестер е прва што официјално стана тим на НБА Европа. Добро познатиот проект НБА Европа објави дека нивниот прв официјален тим е од Англија, поточно од Манчестер. Претседателот на Италијанската кошаркарска асоцијација, Џани Петручи, изјави дека маркетиншкиот потенцијал на НБА Европа е многу голем и потврди дека Манчестер Јунајтед е првиот тим од нивното натпреварување. „Ако Манчестер Јунајтед, тимот со најмногу навивачи во светот, ...
Ирска, во нереален расплет во Ф групата, победи в Будимпешта со 3:2 и обезбеди место во плејофот за Светското првенство. Оваа група ја освои Португалија. Нерешен резултат им беше доволен на Унгарците за да играа бараж за настап на Мундијалот наредното лето. Така не мислеше Трој Парот, човекот кој пред три дена со два гола им пресуди на Португалците во Даблин. Парот стана херој на нацијата, откако со хет-трик и донесе победа на Ирска во ...
Спектакл донесе првиот слалом во новата сезона, одржан во Леви, Финска. Победа во Леви му припадна на Лукас Пињеиро Братен. Победи со вкупно време 1:50,72, со што му го донесе на Бразил првиот триумф во скијање во историјата. Еден од најдобрите слалом скијачи на денешницата, Клемент Ноел, стигна до второто место со време од 1,51:03. Сепак, вистинкс асензација приреди домашниот репрезентативец, Едуард Халберг. Беше 29-ти на стартот, на крајот ...
Тотенхем повторно покажа интерес за крилниот напаѓач на Реал Сосиедад, Такефуса Кубо, објавува шпански „Ас“. Кубо, чија откупна клаузула е 60.000.000 евра, повторно е на листата на желби на Тотенхем, но барем засега нема информации дека клубот испратил конкретна понуда. Арсенал и Атлетико Мадрид покажаа интерес за јапонскиот репрезентативец, но мадридскиот клуб не е подготвен да ја активира клаузулата, што би можело да му користи на Тотенхем. ...
Марко Бецеки, возачот на Априлија, победи на трката за Големата награда на Валенсија, последна ваа сезона во Мото Гп шампионатот. Второто место му припадна на Раул Фернандез (Трекхаус Априлија), а трет заврши возачот на ВР46, Фабио ди Џанантонио. Априлија прв пат по 2023 година ги освои првите две позиции во трка, во Мото Гп шампионатот. Марко Бецеки, возачот на Априлија кој ја освои пол-позицијата претходниот ден, победи по шести пат во ...
Денвер Нагетс ги победија Минесота Тимбервулвс на гостински терен во саботата навечер со 112:123 (31:29, 29:26, 26:32, 26:36). Српскиот ас Никола Јокиќ, иако еден ден претходно тимот го наведе како „под знак прашалник“ поради „истегнување на левиот зглоб“, забележа нов трипл-дабл – седми во сезоната (од 12 натпревари), 171-ви во лигашкиот дел од НБА и 189-ти кога се сметаат и плејофот. Јокиќ натпреварот го заврши со 27 поени (8/5 од поле, 3/6 ...
Драмата во Групата Ц, за пласман на Светското првенство ќе продолжи до самиот крај. Данска и Шкотска се репрезентациите кои во претпоследното коло влегоа со 10 поени. На Днците им требапе победа, но кикснаа во Копенхаген против Белорусија, додека Шкотите загубија во Атина од Грција. Грците ги победија Шкотланѓаните со 3:2 (1:0) во возбудлив натпревар, домашната екипа немаше што да изгуби, а избраниците на Иван Јовановиќ успеаја да слават ...
Фудбалерите на Босна и Херцеговина ја победија Романија по пресвртот во Зеница со 3:1 во натпреварот од претпоследното коло, од Групата Х од европските квалификации за Светското првенство. Избраниците на Сергеј Барбарез знаеја дека мора да слават за да не зависат од другите, и тоа на крајот го направија. По втор пат во овој циклус ги победија Романците и обезбедија барем место во плејофот со 16 бода. Но, во вторник, во последното коло, БиХ ќе ...
Карлос Алкараз го победи Феликс Оже-Алијасим со 6:2, 6:4 и ќе се бори за својот прв трофеј на Завршниот Мастерс во Торино. Противник во финалето ќе му биде Јаник Синер. Канаѓанецот речиси и да немаше шанси да му наштети на Алкараз, кој му дозволи само една брејк шанса во текот на мечот. Феликс не ја искористи, додека првиот рекет на планетата во најголем дел ги реализираше своите шанси. Во првиот сет, прилично конфорни 6:2, во вториот, ...
Фудбалската репрезентација на Велс, вложи многу труд зада повбеди во Лихтенштајн. Велс го победи аутсајдерот со 1:0. Ова значи дека за три дена, на Македонија ќе и биде потребен еден бод за да го обезбеди второто место во Ј групата. Во терминот од 18 часот беа одиграни уште три натпреари, фаворитите победија. Шпанија ја декласира Грузија во Тбилиси со 4:0. Два гола постигна Ојерзабал, по еден Зубименди и Торес. Актуелните шампиони имаат ...
Италијанскиот тенисер Јаник Синер се квалификуваше за финалето на Завршниот Мастерс во Торино. Трета година по ред Синер ќе се бори за трофејот во Торино. Интересно е да се напомене дека Синер стана најмладиот тенисер во историјата кој играл во финалето на сите четири Гренд слем турнири и во финалето на завршниот турнир во иста сезона. На овој начин, тој ги повтори подвизиве на Ѓоковиќ и Федер, станувајќи само третиот играч на кого му успеало ...
Вечерва, со почеток во 20:45 часот, во Зеница ќе се игра квалификациски натпревар за Светското првенство помеѓу Босна и Херцеговина и Романија. БиХ моментално е втора во групата со 13 бода, Романија има десет. Австрија е лидер со 15 бода, а сите три репрезентации треба да одиграат уште два натпревари до крајот на квалификациите. Пред дуелот во Зеница, главна тема се романските навивачи. На пат кон Зеница тие поминаа низ Белград, се сликаа со ...
Фудбалерите од Казахстан и Белгија одиграа нерешено 1:1 во натпреварот од претпоследното коло од Групата Ј од европските квалификации за Светското првенство. Белгијците не го оправдаа својот статус на големи фаворити во далечната Астана, но сепак се единствените што се прашуваат за првото место и директен пласман на Светското првенство. Тие имаат 15 бода на првата позиција, два повеќе од Македонија и пет од Велс (кој има натпревар помалку). ...
Возачот на Гресини, Алекс Маркез, е победник на спринтот на Големата награда на Валенсија во шампионатот Мото ГП. Второто место го освои асот на КТМ, Педро Акоста, а подиумот го комплетираше Фабио Ди Џанантонио, ас на тимот ВР46. Раул Фернандез ја помина целта на четвртото место во Тракхаус, а по него следеше Марко Бецеки од Априлија. Италијанецот ја имаше пол-позицијата, но по лошиот старт „падна“ на шестото место. Шестото место му припадна ...
Доминик Ливаковиќ (30) е блиску до враќање во Динамо во зимскиот преоден рок. Ливаковиќ сака да се врати во Динамо, а и клубот сака легендата повторно да застане на голот. Извори блиски до клубот наведуваат дека договорот е блиску до завршување, со оглед на тоа што постои взаемна волја. Ова лето, Ливаковиќ отиде на позајмица во Џирона до крајот на сезоната од Фенербахче, со кого има договор до летото 2028 година. Двата и пол месеци по ...
Најдобриот стрелец на финската фудбалска репрезентација Тему Пуки (35) го одигра последниот натпревар за репрезентацијата. Тој немаше среќа да се збогува со победа, згора на тоа, Финците доживеаа прилично непријатен пораз од Малта на домашен терен (0:1), но дури ни таков неуспех не го засени најемотивниот момент на натпреварот. Солзите на Тему Пуки на крајот од натпреварот беа, без сомнение, најсилниот впечаток со кој неговите сонародници го ...
Ветераните Стеф Кари од Голден стејт Вориорс и Џејмс Харден од ЛА Клиперс, ги обележаа синоќешните натпревари во НБА купот. Голден Стејт Вориорс ги победија Сан Антонио Спарс со 109:108 во натпреварот од НБА Купот. Тој постигна 49 поени со 4 скока и 2 асистенции, а шутираше 16/26 од поле, односно 9/17 за три поени и 8/8 од линијата за слободни фрлања. Тој стана најстариот кошаркар што некогаш постигнал најмалку 46 поени во два последователни ...
Иако Серж Гнабри игра брилијантно оваа сезона во Баерн Минхен, постојат големи шанси да го напушти клубот по завршувањето на сезоната. Причината е возраста, но и неговиот договор, кој истекува во јуни 2026 година, па од јануари ќе стане слободен да преговара со потенцијални идни клубови. Први во редот да го земат Гнабри без обештетување се Ливерпул и Јувентус. „Билд“ пишува дека Баерн не сака да ја продолжи соработката со германскиот ...
Хрватската фудбалска репрезентација ги победи Фарските Острови со 3:1 во претпоследниот натпревар од квалификациите за Светското првенство и го потврди првото место во групата Л. Хрватите се третата европска репрезентација која обезбеди пласман на завршниот турнир во Канада, САД и Мексико, по Англија и Франција. Натпреварот од деветтото коло од европските квалификации одигран во Риека заврши со резултат 3:1 (1:1). Момците на Златко Далиќ имаат ...
Легендарниот претседател на Реал Мадрид, Флорентино Перез, одлучи да се пензионира пред крајот на својот мандат. Долгогодишниот прв човек на Реал Мадрид планира да ја напушти својата функција во 2026 година, две години пред крајот на актуелниот мандат, објавува новинарот Пепе Алварез. Како што е наведено, 78-годишниот Перес сака уредена и планска транзиција на власта во клубот, без оглед на тоа дали членовите на клубот ќе ги поддржат неговите ...
Поранешниот селектор на Шпанија, Хавиер Клементе, го критикуваше еден од најдобрите фудбалери на Барселона, Ламин Јамал. На искусниот стручњак не му се допаѓа однесувањето на 18-годишникот надвор од теренот и се плаши дека неговата кариера нема да трае долго поради тоа. „Како играч, тој е многу добар, но проблемот е што не знае како да се однесува надвор од теренот. Ако продолжи вака, неговата кариера нема да трае. Тоа е јасно“, остро рече ...
Аргентинската фудбалска репрезентација ја победи Ангола со 2:0, како гостин, во пријателски натпревар одигран на стадионот „11 Ноември“ во Луанда. Централна фигура на натпреварот беше Лео Меси, кој беше пречекан од домашните навивачи како божество или барем како национален херој. Меси се најде во почетниот состав диктиран од неговиот имењак Скалони, како и повеќето од најдобрите играчи на Аргентина, па публиката можеше да ги види светските ...