Натпреварот помеѓу Волфсбург и ХСВ во Бундеслигата, го обележа инцидентот што се случи по последниот судиски свиреж. ХСВ триумфираше по пресврт (2:1) и со тоа направи голем чекор кон опстанок, додека „Волците“ останаа на претпоследното место на табелата. Фудбалерите се судрија по натпреварот, додека лутите навивачи на теренот фрлаа пиротехника. Аналитичарот на „Скај Спорт Германија“, Дитмар Хаман беше многу директен по овој натпревар. ...

Фудбалерите на Осасуна и Мајорка одиграа нерешено 2:2 во 27-то коло од шпанската Ла Лига. Луд натпревар одиграа овие тимови во Памплона, гостите водеа со 0:2 до 90-та минута со головите на Ведат Муриќи, но не успеаја да победат. Тие ја прекинаа серијата од четири последователни порази, но нема да бидат задоволни со освоениот бод. Ведат Муричи, го прекина постот, 250 минути немаше постигнато гол. Напаѓачот роден во Призрен дојде до бројката ...

Фудбалерите на Арсенал се пласираа во 1/4 финалето на ФА Купот откако го победија Менсфилд Таун на гостински терен со резултат од 2:1. Лидерот во Премиер лигата и тимот кој, за многумина, игра најдобар фудбал оваа сезона, се мачеше на не многу добро подготвениот терен на членот на третата лига. Арсенал го контролираше натпреварот речиси цело време, поведе на крајот од првото полувреме, но наиде на неочекуван проблем на почетокот од второто ...

Јан Зомер ќе биде дел од смената на генерации на „Џузепе Меака“ следното лето, а според последните информации, негова замена треба да биде Андриј Лунин. Украинецот нема место покрај Тибо Куртоа во Реал и следното лето сака да оди во голем клуб каде што ќе биде прв голман, а Интер звучи како идеална дестинација. Ако се земе предвид дека Јан Зомер ќе го напушти клубот, доколку Интер испрати понуда, Лунин ќе ја прифати без двоумење. Украинецот ...

Антоан Гризман беше многу блиску до заминување од Атлетико Мадрид, но пласманот во финалето на Купот на кралот го натера да ја смени одлуката. Гризман има понуда од Орландо Сити на маса, и не е тајна дека сака да ја продолжи кариерата во Америка, но ќе остане во Мадрид до летото. Атлетико успеа да стигне до финалето на Кралскиот куп, прво од 2013 година, а Гризман сака да го подигне тој пехар, што би му бил четврти во црвено-белиот дрес. ...

Елиф Елмас, синоќа демонстрираше дека ја игра најдобрата сезона во кариерата. Ја потврди победата на Наполи над Торино (2:1), со голот во 68-та минута. Репрезентативецот на Македонија, сезонава е еден од најстандардните фудбалери на се уште актуелниот италијански првак. По мечот низа комплименти за неговата игра подели тренерот на Наполи, Антнио Конте. „Tреба да направиме статуа на Елиф Елмас. Го го разбира фудбалот. Може да игра на повеќе ...

Дебаклот на Денвер на домашен терен, враќањето на Џејсон Тејтум по долгата пауза, брилијатниот пресврт на Сан Антонио и Лука Дончиќ ја обележаа изминатата ноќ во НБА лигата. Њујорк Никс, во Денвер, ги декласираа Нагетс со 142:103. Покрај поразот, Денвер се загрижени за повредата на Џамал Мареј, кој го повреди зглобот на левата нога во првото полувреме. Дополнително ќе се утврдува степенот на повредата. Единствен кој им се спротивстави на ...

Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, утрово ја освои пол-позицијата за првата трка во овогодинешното првенство на Формула 1, кое ќе се одржи во Австралија. Расел стигна до осмата пол-позиција во својата кариера на патеката „Алберт Парк“ со време од 1.18.518 минути. Неговиот колега, Кими Антонели, беше втор, со заостанување од 0.293 секунди, додека Исак Хаџар од Ред Бул заврши трет, со заостанување од 0.785 секунди зад Расел. Возачот на Ферари, ...

Олимпијакос во вечното дерби го победи Панатинаикос со 86:80 и ја забележа 11-та победа по ред во Евролигата, против најголемиот ривал. Сепак, најмногу коментари по натпреварот, во грчката престолнина, предизвика потегот на газдата на Панатинаикос, Димитрис Јанакопулос, кој не го криеше своето незадоволство од арбитражата во дербито. Според информациите од Грција, тој смета дека судењето имало клучно влијание врз исходот на натпреварот во ...

Реал Мадрид победи во Виго, во првиот натпревар од 27-то коло во Примера. Нов кикс на Реал, спречи Валверде со голот во 94-та минута. Пред две недели, Реал беше лидер во Ла Лига, со два бода повеќе од Барселона. Но, работите експресно се сменија. Реал загуби од Хетафе и претходно од Осасуна, што и овозможи на Барселона да стекне предност од четири бода. Реал прв дојде до рпедност, во 11-та минута, по корнерот на Трент, Гулер ја врати ...

Фудбалерите на Монако го победија ПСЖ како гости со 3:1 во дербито на 25-то коло од Лига 1. Ова е прв пораз за ПСЖ, во Лига 1, на домашен терен. Доколку, во недела, Ленс го победи Мец, ќе му се доблиѓи на лидерот ПСЖ на само бод негатива. Ова беше трет натпревар меѓу овие два тима од средината на февруари, кога ПСЖ и Монако одиграа двомеч во првото коло од нокаут фазата во Лигата на шампионите. Актуелните европски шампиони излегоа како ...

Баерн Минхен сигурно чекори кон одбрана на шампионската титула во Бундес лигата. Без Хари Кејн, Баерн славеше со 4:1, во 25-коло, против Борусија Менхегладбах. Втора недела по ред, противник на Баварците беше клубо што го носи името Борусија, а резултатот беше идентичен, победа и три бода. Во минатото коло, Баварците триумфираа во Класиер во Дортмунд, а вечерва, имаа лесна задача против Борусија од Менхенгладбах. Актуелниот лидер и шампион ...

Фудбалерите на Наполи го совладаа Торино со 2:1, во првиот натпревар од 28-то коло во Серија А. Вториот гол за Наполитанците го постигна македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас. Наполи успеа да врзе две победи во Серија А и да се зацврсти на третото место на табелата. Победата над Торино, екипа која е во ужасна форма, ја најави позајмениот играч на Спортинг Лисабон, Алисон Сантос во седмата минута. За Сантос ова е втор гол во дресот на ...

Ситуацијата во кошаркарскиот клуб Монако станува сè потешка, а тренерот Василис Спанулис наводно размислува да го напушти клубот по поразот од Фенербахче. Тимот од Кнежевството моментално е на 10-то место во Евролигата со резултат од 14-16, а француските медиуми објавуваат дека инцидентот меѓу Мајк Џејмс и Ели Окобо, кој се случи по натпреварот во Истанбул, дополнително ја влоши веќе напнатата ситуација во тимот. „Вчерашниот инцидент меѓу ...

Тотенхем се најде во сериозна резултатска криза, а клубот веќе ја разгледува можноста за нова промена на клупата, иако Игор Тудор неодамна го презеде тимот. Кон средината на февруари, хрватскиот стручњак се согласи на привремен ангажман до крајот на сезоната, но почетокот на неговиот мандат не го донесе посакуваниот напредок. Лондонскиот клуб забележа три порази во првите три натпревари под негово водство, а најновиот неуспех против Кристал ...

Иранските фудбалерки беа прогласени на државната телевизија за воени предавници со кои треба строго да се постапи поради нивниот гест на Азискиот куп во Австралија. Имено, одбивањето на иранските жени да ја пеат националната химна пред натпреварот против Јужна Кореја предизвика остри осуди, а водителот на иранската државна телевизија рече дека тие мора да се соочат со срам и предавство. Радикалниот портпарол на режимот, Мохамад Реза ...

Фудбалерот на Реал Мадрид и репрезентативец на Бразил, 25-годишниот Родриго Гоес, ги скина предните вкрстени лигаменти во поразот од Хетафе (0:1) и неговата сезона е завршена. Исто така тој ќе го пропушти и Светското првенство, кое ќе се игра во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико ова лето. Бразилецот влезе во игра во 55-та минута наместо суперталентираниот Тијаго Питарч, го одигра натпреварот до крајот, и дури тогаш ...

Јирген Клоп, неколку пати изјави дека нема намера да му се врати на фудбалот во улога на тренер, но Шпанците тврдат дека од наредното лето тој ќе предводи клуб од Примера. Според шпакулациите, Клоп ќе го напушти Ред Бул, каде раководи со фудбалскиот проект. Разделбата ќе се случи бидејќи резултатите на клубовите под капа на Ред Бул се далелу од очекуваните. Јирген Клоп, легендата на Ливерпул, во периодот кога Чаби Алонсо доби отказ во Реал ...

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, очекувано, ги искористи фудбалерите (овој пат Интер од Мајами, последен пат Јувентус) како декор за својата пропаганда за надворешна политика. Фудбалерите на Интер Мајами, предводени од легенди како Лионел Меси, Луис Суарез, Хавиер Маскерано, присуствуваа на прием во Белата куќа во петокот. Откако, Трамп доби дрес на Интер со бројот 47 (симболизира дека Тамп е 47-от претседател ...

Возачот на Мекларен, Оскар Пјастри, на врвот, го заврши првиот ден од акцијата за Големата награда на Австралија, со која започнува новата сезона и новата ера на Формула 1. Австралиецот го забележа најбрзиот круг на патеката „Алберт Парк“ со време од 1:29.729 минути, со предност од 214 илјадити делови од секундата пред Андреа Кими Антонели во Мерцедес. Најблиску до нив двајца беше тимскиот колега на Антонели, Џорџ Расел, кој беше 32 ...

Фудбалерите на Тотенхем тонат на табелата во Премиер лигата. Во 29-то коло го забележаа петтиот пораз во низа, трет во дуелите со ривалите од Лондон. Новиот тренер, Игор Тудор се уште не освоил ниту бод. Тотенхем, во кошмарен меч, загуби од Кристал Палас со 1:3. Кобен за Тотенхем беше период од 38-та до 52-та минута, кога во целост се распадна играта на тимот предводен од Тудор. Започна добро за Тотенхем, голот на Соланке му донесе предност ...

Во неизвесна завршница, Денвер Нагетс ги надиграа Лос Анџелес Лејкерс со 120:113 и го одбранија петтото место во Западната конференција. во исориската ноќ на Леброн Џемс, блескаше Никола Јокиќ со 23-от трипл-дабл во сезоната. Тимот од Колорадо веќе во првата четвртина стекна двоцифрена предност, која продолжи да расте до максимални плус 15. Во ниту еден момент не изгледаше дека ривалот може да се врати во мечот, сè до финишот и последните ...

Фото и Видео/ facebook.com/fcshkendija Шкендија, во Скопје, го победи Вардар со 1:0, во дерби натпреварот, одигран во рамките на 21-то коло. Со овој триумф, Шкендија се доближи на само бод негатива во однос на лидерот на табелата Вардар. Дербито, кое донесе голема борба на средината и малку шанси, го реши Љатифи во 66-та минута. Љатифи реалзиираше молскавична контра на Шкендија и додавањето од Ибраими го претвори во гол. Истиот играч, 11 ...

Англиската фудбалска асоцијација (ФА) донесе одлука според која бројот на клубови што ќе учествуваат во квалификациите за влез во елитната Премиер лига ќе се зголеми од следната сезона. Следната сезона, како и оваа сезона, двата најдобри тима ќе обезбедат директен влез во Премиер лигата, но во дополнителните квалификации за последното место што води во елитата, нема да учествуваат тиимовите од третата до шестата позиција, туку во плеј офот ...

Португалскиот тренер Леонардо Жардим го презеде кормилото од бразилскиот гигант Фламенго. По изненадувачката смена на Фелипе Луис, кој му донесе на Фламенго седум трофеи минатата година, црвено-црните од Рио де Жанеиро се одлучија за Леонардо Жардим. Тој потпиша договор до декември 2027 година. Жардим е најпознат по својот мандат во Монако, со кој го освои француското првенство и промовираше многу играчи кои завршија во најголемите европски ...

Натпреварот помеѓу европскиот шампион Шпанија и јужноамериканскиот шампион Аргентина закажан за 27 март, во Доха, во рамките на Фудбалскиот фестивал, ќе биде преместен во Европа, поради војната на Блискиот Исток. . Иако ФИФА сè уште не донела конечна одлука, двете конфедерации се согласиле натпреварот дефинитивно да не се игра во регионот каде се води војна, туку во Европа. Прашањето кое се наметнува е каде ќе се одигра натпреварот, наречен ...

Шефот на Астон Мартин, Адриан Њуи, презентираше загрижувачки информации пред трката за Големата награда на Австралија, која овој викенд ќе го отвори овогодинешниот шампионат во Формула 1. Њуи откри дека возачите на тимот, Фернандо Алонсо и Ленс Строл, ризикуваат трајно оштетување на нервите во рацете поради силните вибрации во автомобилот. Тимот од Силверстоун имаше проблеми со новиот автомобил „AMR26“, дизајниран од Њуи, за време на ...

Во средата, на натпревар од Американската колеџ кошаркарска лига избувна масовна тепачка помеѓу Јужна Алабама и Каролина, што резултираше со исфрлање на осум кошаркарки. Во метежот, судијката исто така беше соборена на паркетот, а ѝ беше укажана медицинска помош на теренот. Инцидентот се случи на турнирот „Сан Белт“, помалку од шест минути пред крајот на четвртата четвртина. Сè започна со туркање под кошот помеѓу Кордасија Харис од Јужна ...

Реал Мадрид остана без планираното засилување за летниот преоден рок. Португалецот Витиња не сака да го напушти ПСЖ. Реал навистина го сака Португалецот. Во Мадрид го гледаат како идеален играч кој ги има карактеристиките на Лука Модриќ и кој би поврзал раштимуваниот среден ред оваа сезона. Флорентино Перез бил подготвен да издвои 100 милиони евра за неговите услуги. Сепак, Витиња, јасно стави до знаење, дека не сака да го напушти ПСЖ. „Би ...

Кошаркарите на Оклахома го победија Њујорк како гости со 103:100, а во исто време Шарлот го декласираше Бостон со 118:89. Синоќа, актуелниот шампион Тандер и претендентот за тронот од источниот брег го одиграа дербито, пред преполните трибини во Медисон Сквер Гарден. Оклахома, на крилата на Чет Холмгрен и Шеј Гилџис-Александер, ја продолжи својата победничка серија и ја зацврсти водечката позиција во Западната конференција. Холмгрен го ...

weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
2.57
57%
1014
weather icon

Белград

7ᴼ / 5ᴼ
2.57
65%
1015
weather icon

Загреб

5ᴼ / 5ᴼ
3.09
65%
1016
weather icon

Софија

4ᴼ / 4ᴼ
0.51
51%
1016
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
2.95
85%
1017
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
2.57
73%
1016
weather icon

Атина

10ᴼ / 9ᴼ
4.12
72%
1011
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
71%
1012
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
3.09
40%
1013
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
5.14
78%
1017
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 8ᴼ
4.63
54%
1017
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
89%
1010
Currency

61.6238

Currency

53.1629

Currency

71.3542

Currency

37.4525

Currency

38.7262

Currency

67.692

Currency

7.72202

Currency

0.63227

Currency

0.33549

Currency

0.52487

Currency

1.20167

Currency

0.56757

Платина

61858.04

Злато

144593.23

Калај

43.91

Родиум

353658.21

Сребро

2179.44

Иридиум

258288.78

Кобалт

3.86

Паладиум

44753.84

Рутениум

56199.51

Алуминиум

3.19

Бакар

10.65

Цинк

0.00