Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Нотингем Форест го сруши клупскиот рекорд за трансферот на Лиам Делап. Напаѓачот дојде од Челзи за околу 50 милиони фунти. Според англиските медиуми, сè е договорено, останува Лиам Делап да ги помине лекарските прегледи во наредните денови и да потпише договор со Нотингем. Делап пристигна во Челзи пред една година од Ипсвич за 30 милиони фунти, но Челзи одлучи да го продаде ова лето. Делап се мачеше минатата сезона прво со повреда на ...
Италијанецот Лука Марини ќе ја продолжи својата кариера во тимот „Teh3“, со кој потпиша двегодишен договор, потврди францускиот тим. Преминувањето на Марини во „Tech3“ беше познато со недели, но потврдата дојде дури пред Големата награда на Арагон оваа недела. Интересно е што помладиот брат на Валентино Роси речиси остана без ангажман во кралската класа, бидејќи немаше место во Хонда и првично не беше разгледуван од „Teh3“. Сè се промени ...
Њукасл Јунајтед го договори трансферот на Нико Гонзалез од Манчестер Сити вреден 60 милиони евра Шпанскиот играч за врска (24) пристигна во Сити од Порто, но по само 18 месеци се најде надвор од сериозните планови на клубот. Ова лето, Сити го донесе Ајуб Буади од Лил за 100 милиони евра, додека потрошија 135 милиони за Елиот Андерсон. Гонзалез претходно изјави дека не сака да го напушти „Етихад“, но се премисли откако доби гаранции дека ќе ...
Познати се 32 од вкупно 36 учесници во финалната фаза од Лигата на шампионите. За потсетување 29 се квалификуваа директно, плус три клуба кои го заработија тоа право синоќа преку плејофот. Листата ќе биде комплетирана во среда навечер, а ждрепката ќе се одржи во четврток, во „Фрималди Форум“ во Монако. Пари Сен Жермен ја брани титулата европски шампион од претходната сезона. Французите ја освојуваат Лигата на шампионите во последните две ...
Здружението на професионални фудбалери на Англија, во вторникот вечерта, ги додели наградите на најдобрите од претходната сезона. Најдобар играч е Бруно Фернандес, додека наградата за најдобра кај дамите ја освои Каџа Шо. Бруно Фернандес е првиот играч на Манчестер Јунајтед кој ја добива наградата, за која одлучуваат колегите играчи, од 2010 година, кога Вејн Руни беше лауреат. Што се однесува до Каџа Шо од Манчестер Сити, таа ја освои оваа ...
Поранешниот француски репрезентативец Кристоф Дугари го нападна Хулијан Алварез за начинот на кој се обидува да го напушти Атлетико Мадрид. Аргентинецот јасно ја изрази својата желба да оди во Барселона ова лето, но Атлетико одби да го пушти, а целата ситуација стана уште покомплицирана откако навивачите го исвиркаа на натпреварот против Виљареал. „Тој и неговите менаџери се идиоти. Како можете да кажете „Сакам да го напуштам клубот“? Дали ...
Габриел Мартинели го напушта Арсенал и ја продолжува кариерата во Саудиски Ал-Хилал. Според информациите на италијанскиот новинар Алфредо Педула, клубовите се договориле за трансфер вреден 59 милиони евра, што е воедно и најскапата продажба во историјата на Арсенал. Бразилецот веќе е во Ријад, каде што треба да помине лекарски прегледи и да го потпише договорот. Статусот на Мартинели во Лондон се промени за време на летниот преоден рок. ...
Челзи ќе ги предупреди своите навивачи за можни забрани за доаѓање на стадионот поради секташки скандирања од страна на некои навивачи за време на победата од 3:2 против Фулам. Раководството на клубот одлучи да реагира со писмо по инцидентот на натпреварот на градските ривали, пишува „Дејли Мејл“. За време на дербито на западен Лондон на стадионот „Крејвен Котиџ“, од трибината каде што се наоѓаа гостинските навивачи се слушна песната ...
Доминик Ливаковиќ од Фенербахче се сели во Барселона, но хрватскиот голман нема долго да се задржи на „Ноу Камп“. Каталонските медиуми, објавија дека Барселона ќе плати два милиони евра и уште толку преку одредени бонуси за Ливаковиќ. Планот на челниците, на актуелниот шпански шампион е веднаш да го испратат Ливаковиќ на едногодишна позајмица, бидејќи сезонава Полјакот, Војчех Шчесни е планиран да му биде резерва на Џоан Гарсија. Од ...
Фудбалскиот клуб Тотенхем денес потврди дека потпишал договор со поранешниот играч на Манчестер Сити, Савињо. Според британските медиуми, трансферот е вреден 75 милиони фунти (речиси 99 милиони евра), со дополнителни десет милиони фунти во бонуси. Sávio is Spurs 🇧🇷 pic.twitter.com/5n24JoUHLU — Tottenham Hotspur (@SpursOfficial) August 25, 2026 Савињо пристигнува во Тотенхем по две сезони поминати во Сити, со кого ја освои Лигата и ФА ...
Томас Милер, Матс Хумелс и Јан Зомер станаа мнозински сопственик на португалскиот прволигаш, Естрела Амадора. Германска инвестициска група купи 90 проценти од клубот за 40 милиони евра. Меѓу инвеститорите се познатите фудбалери Томас Милер, Матс Хумелс и Јан Зомер, додека функцијата претседател ќе ја преземе Јоханес Моцманг, поранешен член на одборот на Баерн. Сега веќе поранешниот сопственик Пауло Лопо ја презеде Естрела во 2020 година за ...
Македонскиот првак Вардар го засили својот состав со Сирики Дијабате. 🇨🇮 23-годишниот фудбалер од Брегот на Слоновата Коска настапува на позицијата централен дефанзивец. Со своите 192 сантиметри и физичките предиспозиции, Диабате ќе биде нова опција во одбранбената линија на црвено-црните. Вардар го донесе Дијабате, како замена за Дарко Велковски кој се пресели во Бахреин. Дијабате во кариерата има настапувано во Бугарија, во Ботев ...
Евентуалното заминување на Енцо Фернандез од Челзи, ќе предизвика мал домино ефект на фудбалскиот пазар, односно преселба на Едуардо камавинга на „Стенфорд Бриџ“. Финансиските барања на Челзи во врска со Енцо се јасни, 140 милиони евра, а како што стојат работите „граѓаните“ се подготвени да ги исполнат. Ако се случи трансферот, менаџерот на „сините“, Чаби Алонсо, знае каде ќе потроши половина од тие пари. Негова цел е Едуардо Камавинга, ...
Петмина фудбалери би можеле да ја напуштат Барселона до крајот на преодниот рок. До крајот на летниот трансфер период остана уште една недела. Најзвучно има на трансфер листата е Френки Де Јонг. Изненадувачки, шпанските медиуми тврдат дека по доаѓањето на Родри, за Холанѓанецот повеќе нема место во Барселона. За ваквиот развој на настаните придонесоа и честите повреди на репрезентативецот на Холандија. Според информациите од Барселона, ...
По мала пауза, Ненад Димитријевиќ повторно е дел од македонската сениорска репрезентација. Еден од најдобрите македонски кошаркари повторно ќе го носи националниот дрес во августовскиот ФИБА прозорец, во кој Македонија ја очекува важен дуел против Австрија во Виена. Повратникот во сениорскиот национален тим со големи амбиции го очекува новиот репрезентативен циклус. Противникот добро го познава, но верува дека Македонија има доволно време ...
Рафаел Леао (27) би можел да го напушти Милан во финишот на преодниот рок и да се пресели во Премиер лигата. Астон Вила започна преговори со Милан во врска со португалскиот напаѓач, објави „Скај Спортс Италија“. Менаџерот Жорже Мендеш ги поврза двата клуба, а Леао е отворен за трансфер во Бирмингем. Една од причините е фактот дека Астон Вила ќе игра во Лигата на шампионите оваа сезона. Сè уште не е постигнат договор меѓу клубовите и Вила сè ...
Чаби Алонсо го имаше своето деби на клупата на Челзи во победата од 3:2 против Фулам, клуб кој исто така ја започна новата сезона со нов тренер, Алваро Арбелоа. Токму Арбелоа го замени Алонсо на клупата на Реал Мадрид во јануари оваа година, што ѝ даде нова димензија на приказната за двајцата поранешни соиграчи. Заминувањето на Алонсо од Мадрид следеше по турбулентен период, при што медиумите известуваа за тензиите со Винисиус Жуниор и ...
Челзи ја отвори новата сезона во Премиер лигата со победа од 3:2 против Фулам, во натпреварот обележан со две големи грешки на голманот Роберт Санчез, што предизвика гнев кај навивачите. И покрај огромните инвестиции во тимот во текот на летото, во кое Морган Роџерс стана најскапиот играч во историјата на клубот, тренерот Чаби Алонсо во својот прв официјален натпревар се соочи со сериозен проблем на голманската позиција. Санчез, кој ...
Челзи триумфално ја отвори новата сезона во Премиер лигата, откако го победи Фулам со 3:2 во возбудливото лондонско дерби на „Крејвен Котиџ“. Екипата на Чаби Алонсо беше поконкретна во клучните моменти, додека домашните двапати ги искористија грешките на голманот Роберт Санчез, но не успеаја да го избегнат поразот. Гостите не можеа ни да замислат подобар почеток. Поминаа само 31 секунда кога Жоао Педро ја затресе мрежата на Фулам и му даде ...
Рома ја декласира Фирентина со 4:0 во првото коло, во Серија А. Натпреварот на „Олимпико“ го одбележаа тројниот стрелец Дониел Мален и тројниот асистент, Паоло Дибала. Рома ја имаше иницијативата од самиот почеток и поведе во 27-та минута. Мален го следеше додавањето во шеснаесетникот и мирно ја испрати топката во долниот десен агол за 1:0. Домашниот тим можеше да поведе порано. Во 20-та минута, Родриго Мора помина покрај неколку играчи и ...
Кристофер Нкунку се враќа во РБ Лајпциг, објави Фабрицио Романо. Германскиот клуб постигна договор со Милан за позајмица на францускиот напаѓач, а договорот ќе вклучува опција за откуп за нешто помалку од 30 милиони евра. Нкунку претходно ги договори личните услови и сакаше да се врати во клубот каде што го помина најдобриот период од својата кариера. Французинот играше за Лајпциг од 2019 до 2023 година и во 172 натпревари постигна 70 гола ...
Комо ќе донесе големо засилување во нападот, откако постигна договор за трансферот на напаѓачот на Фиорентина, Мојзе Кин, тврдат италијанските медиуми. Според информациите на „Газета дело Спорт“, зделката треба да вреди вкупно 45 милиони евра. Комо е подготвен веднаш да издвои 40 милиони, додека преостанатите пет милиони би биле исплатени преку бонуси. Фиорентина претходно одби понуда за својот напаѓач вредна околу 30 милиони евра, но Комо ...
Лацио ја започна новата сезона во Серија А со победа, откако победи во Болоња со 1:0. Екипата на Џенаро Гатузо стигна до трите бода благодарение на голот на Давиде Фратези во второто полувреме. Во 31-та минута, Лацио ја затресе мрежата преку Булеј Диа, но голот беше поништен поради офсајд. Болоња имаше неколку добри шанси во второто полувреме од натпреварот. Најубавата се случи во 49-та минута, кога Јенс Одгард шутираше со глава кон левата ...
На почетокот од новата сезона, Јувентус би можел да остане без еден од најважните напаѓачки адути. Повредата на Кенан Јилдиз за време на натпреварот со Фрозиноне сериозно ги загрижи челниците на торинскиот клуб, а доколку дополнителните прегледи го потврдат најлошото сценарио, турскиот репрезентативец би можел да биде надвор од теренот дури два месеци. Јилдиз го повреди левото стапало за време на натпреварот, поради што веднаш беше упатен ...
Возачот на Мерцедес, Кими Антонели, ќе добие сосема нов погонски агрегат на Големата награда на Италија, што значи дека ќе стартува последен, без оглед на резултатот што ќе го постигне во квалификациите. Лидерот во генералниот пласман веќе го искористи дозволениот број мотори за оваа сезона, па Мерцедес одлучи да ја отслужи казната во Монца. Возачите имаат на располагање четири погонски агрегати во текот на сезоната, но поради проблеми со ...
Бразилскиот репрезентативец, поранешен играч на Монако и Ливерпул, Фабињо, сезонава ќе го носи дресот на Трабзон. Фабињо во Трабзон дојде како слободен играч, откако му истече договорот со Ал Итихад. Бразилецот ќе ја обнови соработката со Мохамед Салах, кој две недели претходно потпиша две годишен договор со Трабзон. Фабињо и Салах беа дел од тимот што ја освои Лигата на шампионите во 2019 година и Премиер лигата една година подоцна. Foto/ ...
Манчестер Сити, во финишот на преодниот рок, одлучи да направи решителен чекор кон реализација на трансферот на Енцо Фернандес. Доколку информациите од Англија се точни, тоа значи дека „граѓаните“ се подготвен да ги исполни барањата на Челзи. Неофицијално, станува збор за сума од 140 милиони евра. Ако се реализира, ова би бил вториот најскап трансфер во историјата на Премиер лигата, веднаш зад трансферот на Александар Исак од Њукасл во ...
Јонг-Ву Сеол ја напушта Црвена звезда, репрезентативецот на Јужна Кореа договорил трансфер во Бундеслигата. Црвена звезда потврди дека Саол ќе се пресели во Аугсбург, а обештетувањето ќе биде 4.000.000 евра. Преку бонуси, Звезда може да добие уште 1.500.000 евра, а тука се и десет проценти од следниот трансфер. Сеол пристигна во Звезда пред две години за 1.500.000. Ќе биде запаметен како еден од подобрите странски фудбалери што го носеле ...
Фудбалскиот клуб Партизан преживува тежки моменти. Во неделата, доживеа чпора од Младост во Лучани (3:1) и по шест рунди во првенството се наоѓа на претпоследното место на табелата. Црно-белите, во првите пет натпревари веќе забележаа три порази. Ден по новиот дебакл во Суперлигата, ФК Партизан излезе со вонредно соопштение. „Во врска со моменталната состојба и резултатите во домашното првенство, се одржа состанок на кој присуствуваа ...
Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, вели дека Џани Инфантино не траба да заборави дека е Европеец. Дополнително, Чеферин го нарече планот на неговиот колега од ФИФА „полош од Суперлигата“. Порано овој месец, ФИФА го отфрли планот на Инфантино за основање нова подружница, која би управувала со комерцијалните права и правата за билети за сите натпреварувања на ФИФА, при што 21 отсто би биле продадени на приватна инвестициска компанија. ...