Фудбалерите на Манчестер Сити и Њукасл изборија пласман во полуфиналето на Лига куот. Сити на домашен терен го победи Брентфорд со 3:0. Стрелци за тимот на Пеп Гвардиола беа Рајан Шерки во 32-та минута и Савињо во 67-та. Францускиот фудбалер, овогодишно засилување од Лион, ја потврди својата класа. Посебно внимание заслужува голот што го постигна: откако ја прими топката веднаш надвор од шеснаесетникот, се ослободи противникот, а потоа испрати ...

Фудбалерите на Атлетико и Реал Мадрид се провлекоа во осминафиналето на Купот на Кралот, додека од ова натпреварување испаднаа Виљареал и Селта. Атлетико, победи со 3:2 кај членот на Четвртата лига, Атлетико Балеари, а Реал со ист резултат победи кај Талавера. Виљареал загуби во Снатандер, од Расин со 2:1, а Селта доживеа елиминација од Албасете, по изведувањето пенали. Атлетико Мадрид во првите 20 минути постигна два гола, преку Гризман и ...

Фудбалерите на ПСЖ го освоија Интерконтинеталниот куп. Во Ал Рајан, европскиот првак го победи шампионот на Јуѓна Америка, Фламенго, по избедувањето пенали. Натпреварот по 120 минути заврши 1:1, а пенал серијата ја добија „светците“ со 2:1. Рускиот голман Матвеј Сафонов, му го донесе на ПСЖ трофејот. По пенал серијата одбрани четири од петте обиди на играчите на Фламенго. Откако Де ла Круз погоди во првата серија, Сафонов потоа ги одбрани ...

Милан ќе го доведе Никлас Филкруг (32) од Вест Хем во јануарскиот преоден рок, пишува Фабрицио Романо. Трансферот е многу блиску до реализација, а германскиот централен напаѓач е приоритет на „росонерите“. Поради Милан, Филкруг одби две понуди од Бундеслигата и сега останува клубовите да се договорат за трансферот. На Милан итно му е потребен централен напаѓач откако Мексиканецот Сантијаго Хименез беше опериран, поради што ќе паузира неколку ...

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), објави дека наградниот фонд на Светското првенство во 2026 година ќе изнесува 655 милиони долари (558 милиони евра), што е зголемување од 50 проценти во споредба со последното Светско првенство одржано во 2022 година во Катар. Титулата светски шампион ја брани Аргентина, која пред три години ја победи Франција во финалето по изведувањето на пенали. Секоја репрезентација што ќе се пласира на Светското ...

Интер Мајами ја освои титулата во МЛС, а потоа Серхио Бускетс и Џорди Алба официјално ги завршија своите кариери. Во исто време, иднината на Луис Суарез не беше позната, бидејќи се шпекулираше дека поранешниот голгетер на Барселона би можел да го смени клубот. Сепак, како што пишува „Атлетик“, уругвајскиот напаѓач наскоро ќе го стави потписот на на новиот договор со Интер од Мајами. Ова значи дека, Суарез ќе остане со својот голем пријател ...

Фудбалскиот клуб Барселона планира да му понуди нов договор на Ханси Флик. Иако Германецот го обнови договорот до 2027 година пред неколку месеци, Џоан Лапорта сака да му понуди соработка за уште една сезона, до летото 2028 година. Германскиот весник „Билд“ додава и дека Барса сака да го засили тимот на Флик, но дека во моментов сè уште има финансиски проблеми, поради што ќе има големи проблеми да донесе нови играчи. . Флик е исто така среќен ...

Демократска Република Конго би можела да биде исфрлена од плејофот за пласман на Светското првенство. Нигерија поднесе жалба против ДР Конго. Нигеријците тврдат дека за ДР Конго насташиле фудбалери кои немале право да играат. ДР Конго неодамна ја елиминираше Нигерија во квалификациите за пласман во интернационалниот. Конгоанците, до дуелот со победникот од Јамајка и Нова Каледонија, дојдоа по подоброто изведување пенали. Нигеријците тврдат ...

Додека Усман Дембеле ја славеше наградата на ФИФА за 2025 година, во Барселона се крена вистинска бура. Сопругата на Рафиња, бразилскиот напаѓач на каталонскиот клуб, јавно го изрази своето незадоволство, затоа што нејзиниот сопруг не е во идеалниот тим на светот. На церемонијата во Доха, Дембеле од ПСЖ беше прогласен за најдобар фудбалер, додека Луис Енрике стана тренер на годината. Речиси половина од играчите од ПСЖ беа во идеалните 11, ...

Пари Сен Жермен и Фламенго ќе се сретнат, денес во 18:00 часот, во големото финале на Интерконтиненталниот куп во Катар, на стадионот „Ал Рајан“. Додека француските шампиони го бркаат првиот светски трофеј во историјата на клубот, бразилскиот великан има можност да се искачи на светскиот трон по втор пат по повеќе од четири децении. Дуелот во Доха носи судир на европски и јужноамерикански фудбал, но и огромен влог за двата тима. Пари Сен ...

Овиедо го назначи Гилермо Алмада за свој нов тренер, објави клубот на социјалните мрежи. Алмада е третиот тренер на Овиедо од почетокот на сезоната, по Вељко Пауновиќ и Луис Карион. Клубот се врати во Примера по 24 години, моментално е на 19-то место на табелата со само десет освоени бода. По отпуштањето на Пауновиќ, беше доведен Карион, кој не успеа да забележи ниту една победа. Алмада до оваа недела тој го водеше Ваљадолид, а на име на ...

Лука Дончиќ реши да им оддаде почит на своите соиграчи и вработени во Лос Анџелес Лејкерс пред Божиќ. Словенечката мегаѕвезда купи 103 електрични велосипеди и им ги подари на луѓето во клубот, а Лејкерси објавија видео во кое можете да видите како играчите на Лејкерси реагираа на тоа. „Тој купи подароци за сите во кошаркарските операции, мислам дека имаше вкупно 103 подароци. Многу, многу квалитетен електричен велосипед, па со нетрпение ...

Фудбалерот на Пари Сен Жермен и француската репрезентација, Усман Дембеле, беше избран за најдобар фудбалер во светот во 2025 година во изборот на ФИФА (The Best FIFA Football Awards). Селекторите и капитените на селекциите, членки на ФИФА право да дадат по три имиња за секоја категорија (најдобар фудбалер, тренер, голман…). Дембеле ги обедини двете најважни награди откако ја освои и „Златната топка“ во септември. Сега веќе поранешниот ...

Британец кој со автомобилот се заби во навивачите на Ливерпул за време на прославата на титулата во Премиер лигата во мај 2025 година е осуден на 21 година и шест месеци затвор. Пол Дојл, татко на три деца од Крокстет и поранешен член на Кралските маринци, повреди 134 лица, вклучувајќи осум деца, за само две минути кога со автомобилот се заби во толпата. Овој 54-годишен маж е осуден на 21 година и шест месеци затвор откако призна 31 точка од ...

Кошаркарите на Њујорк Никс ги победија Сан Антонио Спарс со 124:113 и го освоија НБА Купот. Њујорк Никс го освоија трофејот во НБА Купот за прв пат во својата историја. По Лос Анџелес Лејкерс и Милвоки Бакс, тие се третиот тим што го освои НБА Купот. Ова беше мини-одмазда за 1999 година и болниот пораз на Никс во финалето на НБА против Сан Антонио Спарс, кога повредениот тим (предводен од Патрик Јуинг, Лари Џонсон и Латрел Спривел) немаше ...

Фудбалерот на Пари Сен Жермен и француската репрезентација, Усман Дембеле ја освои наградата на ФИФА „Најдобар“ за најдобар фудбалер во 2025 година. Дембеле оваа година со ПСЖ ја освои Лигата на шампионите, првенството, Купот на Франција и Суперкупот на Франција. Наградата му ја врачи претседателот на ФИФА, Џани Инфантино. Главни конкуренти на Дембеле беа Килијан Мбапе и Ламин Јамал. Во женска конкуренција, Аитана Бонмати од Барселона ја освои ...

Претседателот на Барселона, Џоан Лапорта, возврати на навредата од Флорентино Перез, велејќи дека Реал Мадрид страда од „акутен барселонитис“. Првиот човек на Барса верува дека нападите поврзани со „аферата Негреира“ се само доказ за опсесијата на Реал, кој, според него, е повеќе загрижен за Барселона отколку за сопствените проблеми. Вербалната војна меѓу двата шпански фудбалски гиганти достигна ново ниво. Само неколку дена откако ...

Килијан Мбапе го доби судскиот спорт со поранешниот клуб, ПСЖ. Клубот ќе мора на Мбапе да му исплати 61.000.000 евра. Килијан Мбапе во ПСЖ пристугна во 2018 година од Монако, за сума од 180.000.000 евра. Овој трансфер е вториот најскап во историјата на фудбалот. Според меѓу клубот и фудбалерот настана кога, Мбапе во летото 2024 година реши како слободен играч да се пресели во Реал Мадрид. Откако замина побара клубот да му ги исплати платите и ...

Доаѓањето на Един Џеко во Фиорентина беше најавено како едно од најзначајните засилувања во летниот преоден рок во Серија А. Сепак, како што сега стојат работите „љубовта“ ќе заврши по само шест месеци. Лошите резултати на клубот и скромните перформанси на босанско-херцеговскиот напаѓач, се доволни Џеко да биде ставен на трасфер листата. Џеко ќе ја напушти Фиренца, но ќе остане во Италија. Фиорентина, минува низ веројатно најтешкиот период во ...

Десниот бек на Интер, Дензел Дамфрис, ќе мора да направи долга пауза. Холанѓанецот ќе паузира најмалку три месеци и ќе се врати на теренот дури во втората половина на март. Ова секако е лоша вест за Кристијан Киву кој ќе мора да истражи опции на пазарот, заедно со спротскиот директор, Бепе Марота. Италијанските медиуми се сигурни дека Интер ќе биде активен во зимскиот преоден рок, бидејќи тимот мора да биде конкурентен во борбата за сите ...

Белгискиот напаѓач Ромелу Лукаку (32), кој беше надвор од терените четири месеци поради повреда, почна со тренинзи и би можел да игра за Наполи оваа недела во Суперкупот, кој се одржува во Ријад, Саудиска Арабија, објавија италијанските медиуми. Пред почетокот на оваа сезона, кон средината на август, Лукаку го повреди бутниот мускул на пријателскиот натпревар против Олимпијакос. Поради ова, Наполи мораше да бара замена и во летниот преоден рок ...

Бразилскиот среден бек Жоао Педро да Силва од јануари ќе го засили Вардар. Искусниот организатор на игра ќе потпише договор до јуни 2028 година, со што „црвено-црните“ добиваат искусен играч во бековската линија за следните две ипол сезони. „Да Силва (1994) е препознатлив е по брзата реакција во играта, игра „два на два“ со линијата и веруваме дека со таков профил на играч Вардар го ќе добие на поголема разновидност во нападот. Доаѓањето на ...

Капитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандес, по спектакуларниот натпревар со Борнмут (4:4), реши да ја „отвори душата“, пред новинарите и да го навести заминувањето од клубот. . Португалецот беше играч на натпреварот по којзнае кој пат, но тоа не беше доволно за Јунајтед да победи. „Клубот сакаше да си заминам ова лето и така се чувствував. И им го кажав тоа на директорите, но не мислам дека имаа храброст да ја донесат таа одлука. Решив ...

Брендан Роџерс, утре, ќе биде претставен како нов тренер на Кадисија во Саудиска Арабија. Вчера имаше најави дека Брендан Роџерс е во преговори со саудискиот клуб, а официјална потврда дојде од клубот еден ден подоцна. Клубот со Роџерс потпишал договор на две и пол години, а тој официјално ќе биде претставен како нов шеф на стручниот штаб во среда. Роџерс ќе го замени Мигел Гонзалез на клупата, кој беше отпуштен во недела. „Ова е навистина ...

Од 2027 година, Португалија ќе се врати во календарот за трки на Формула 1. Трките ќе се возат на патеката Алгарве, во близина на Портимао, која беше домаќин на две Гран При трки за време на пандемијата ковид-19, во 2020 и 2021 година. Португалија практично ќе ја замени Големата награда на Португалија, која ќе се одржи на патеката Зандворт за последен пат следната година. Патеката Портимао е долга околу 4,65 км, се протега на ридест терен и е ...

Кошаркарите на Јута Џез ги победија Далас Маверикс по продолжение со 140:133 на домашен терен, во НБА лигата. Натпреварот го обележа, првиот пик на драфтот, Купер Флег, кој постигна рекордни 42 поени со седум скока и шест асистенции, што е негов рекорд во кариерата. Флег, стана најмладиот играч во историјата на Мавс кој постигнал најмалку 40 поени во еден натпревар. Тој исто така постигна најмногу поени, како играч помлад од 18 години, ...

Селекторот на Шкотска, Стив Кларк, ги повика навивачите да не се задолжуваат за да го следат тимот на претстојното Светско првенство во САД, Канада и Мексико. Се очекува осум проценти од билетите да им бидат достапни на навивачите на Шкотска за натпреварите против Хаити и Мароко во Бостон и против Бразил во Мајами, во групната фаза на Светското првенство. Шкотската фудбалска асоцијација изрази надеж дека бројот на билети за шкотските навивачи ...

Спектакуларен натпревар, во 16-то коло во Премиер лигата, одиграа Манчестер Јунајтед и Борнмут. Пресметката на „Олд Трафорд“ заврши без победник 4:4. Манчестер Јунајтед во првиот дел водеа со 1:0 и 2:1, во втроиот Борнмут направија пресврт за 2:3, на десет минути до крајот Јунајтед возврати со два гола за 4:3, на крајот Крупи во 84-та минута ги постави конечните 4:4. Рубен Аморим, стратегот на Јунајтед, не беше премногу задоволен од ...

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, повторно се пожали на судењето и се осврна на „аферата Негреира“, која фрла сенка врз шпанскиот фудбал: „Клубовите би можеле да испаднат од лигата“. Реал Мадрид славеше со многу тешкотии, во неделата кај Алавес и остана на четири бода зад лидерот Барселона. Флорентино Перез, претседателот на Реал Мадрид, учествуваше еден ден подоцна на традиционалниот божиќен ручек организиран од клубот со ...

Денвер и Хјустон одиграа супер интересен натпревар изминатата ноќ во НБА лигата. Во регуларниот дел, натпреварот во „Бол Арена“ заврши 117:117, по дополнителните пет минути победата им припадна на Денвер Нагетс 128:125. Никола Јокиќ и Алперен Шенгун натпреварот го завршија со по трип-дабл. Денвер избори продолженија на две секунди до крајот, кога од линијата за слободни фрлања погоди Џамал Мареј. Претходно двата тима се менуваа во водството, а ...

Повик

4 дена - МРТ
weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
0.0
93%
1023
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
2.06
89%
1022
weather icon

Загреб

3ᴼ / 2ᴼ
1.54
93%
1023
weather icon

Софија

2ᴼ / -2ᴼ
0.51
68%
1023
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
1.64
95%
1024
weather icon

Љубљана

-1ᴼ / -1ᴼ
1.03
100%
1023
weather icon

Атина

11ᴼ / 8ᴼ
1.34
83%
1019
weather icon

Тирана

3ᴼ / 3ᴼ
1.54
87%
1019
weather icon

Подгорица

3ᴼ / 3ᴼ
0.51
93%
1020
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 0ᴼ
1.54
87%
1025
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
0.45
94%
1023
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
4.12
82%
1022
Currency

61.545

Currency

52.5545

Currency

70.2721

Currency

34.7087

Currency

38.105

Currency

66.036

Currency

7.46434

Currency

0.65313

Currency

0.33427

Currency

0.52444

Currency

1.22773

Currency

0.5864

Платина

64479.52

Цинк

3.04

Кобалт

58.42

Калај

43.93

Родиум

258813.51

Иридиум

145787.60

Злато

139515.92

Рутениум

29192.88

Сребро

2159.01

Бакар

11.07

Алуминиум

2.95

Паладиум

54591.97